Дежурна Ординација! #2

Член од
20 мај 2023
Мислења
537
Поени од реакции
2.353
Најлошиот совет што постои и го даде...

Општо се препорачува да се нанесе топлина на задниот дел на вратот или челото наместо на нозете за олеснување на мигренските симптоми. Ова може да помогне во опуштањето на напегнатите мускули и подобрувањето на циркулацијата на крвта кон главата, што може да ја олесни болката од мигрена. Покрај тоа, други немедикаментни методи како што се одмор во тивка, темна соба, вежбање на техники за опуштање.
А ти вака крвта ја насочуваш во нозете место во главата кога ке ги ставиш во топла вода.
Мигрена кога сум имала лудило ме фаќало, знам што све сум пробала.
И топло сум ставала на глава, и не помага, мислим уште поголема болка ми ствара и обратно - цело вреќиче со мраз и тоа не ми помагало. Чиниш една минута ти е подобро и после пак исто.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.478
Поени од реакции
9.430
Мигрена кога сум имала лудило ме фаќало, знам што све сум пробала.
И топло сум ставала на глава, и не помага, мислим уште поголема болка ми ствара и обратно - цело вреќиче со мраз и тоа не ми помагало. Чиниш една минута ти е подобро и после пак исто.
Порано ретко ме фаќаше, ама сега секоја недела по два пати и многу е неиздржливо, а немам можност да легнам во темно и тивко место и онака сабајле кога ќе станам прво отворам очи си велам немој денес пак те молам и станувам. И да повратам не ме смирува. Од мраз па како уште повеќе да ме боли иако мислам дека со мигрената го достигам најкрајниот левел на болка.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.963
Поени од реакции
6.273
Порано ретко ме фаќаше, ама сега секоја недела по два пати и многу е неиздржливо, а немам можност да легнам во темно и тивко место и онака сабајле кога ќе станам прво отворам очи си велам немој денес пак те молам и станувам. И да повратам не ме смирува. Од мраз па како уште повеќе да ме боли иако мислам дека со мигрената го достигам најкрајниот левел на болка.
A shto pishuvav ponazad za Crvena Lamba prochita ?
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
321
Поени од реакции
620
Последно уредено од модератор:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.478
Поени од реакции
9.430
A shto pishuvav ponazad za Crvena Lamba prochita ?
Не?
А @BiKuul како мислиш да ја лечам причината, нема ваљда да барам уназад во времето која траума сум ја доживеала па да ја лечам. Или во минатиот живот главата ми ја имаат сечено па сега затоа мигрена имам. :toe:

Ништо не помага а богами те носи и до лудило од болка.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.963
Поени од реакции
6.273
Не?
А @BiKuul како мислиш да ја лечам причината, нема ваљда да барам уназад во времето која траума сум ја доживеала па да ја лечам. Или во минатиот живот главата ми ја имаат сечено па сега затоа мигрена имам. :toe:

Ништо не помага а богами те носи и до лудило од болка.
Pa shto chekash?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.923
Поени од реакции
35.377
Devojce. Samo sto sednav kafe da se napijam posle ,,podolga seriozna operacija,,
...немојте така, затоа земате висока плата, тоа е ваша обврска и подолга и посериозна операција
i ti pak si se ,,razmaftala so hartiite,,. Nemoj na mene so hartii povrzani so hirurgija da mi paftas, cel zivot sum vo sala, ,,staro magare sum,,. Nemoj na mene za post-op rani i nivni tretman da ,,mi predavas,,. Drsko i bezobrazno od tvoja strana.
... интересно, можеби бевте преморени па не ми ја разбравте ниту поентата, ниту напишаното кое најмалку се однесуваше лично за вас, а тоа што ве цитирав е само објаснување на вашиот коментар од аспект на работа на приватни болници, но не и личната професионална работа, не знам зошто таква негатива кај вас, како форум овде дебатираме, но да знаете и колку да сте искусен и ветеран, зошто би потценувале и туѓото мислење, па макар било погрешно може, нели да се објасни да биде правилно, но без напнатост и нервоза, впрочем и вие не знаете кој е позади форумскиот ник и мониторот, а најмалку е безобразно кога дебатираме посебно кога имаме и различно мислење, осудувањата не се пожелни.
Kratko ke ti odgovoram, ne samo sto sum veke umoren //imam uste nekolku casa dopolnitelno da bidam na rabota za ,,da si gi vidam,, operiranite pacienti//, tuku bezpotrebno e ,,da ti raskazuvam,, sto e, zosto e i kako e.
... ваша желба на одговор, но препорачливо е да напишете, не поради мене, туку поради други читатели кои ја читаат Кајгана форум, било да се регистрирани или нерегистрирани членови, а ако сте уморни, одморите и после напишете, што да речат рударите под земја со уморноста и ниските плати.
1. Konce ne e da ne se razgradi posle pola godina od OP poradi ,,nekvalitet ili nestrucnost,,. Ednostavno ,,TKIVOTO GO DRZI,, do odreden moment t.e se dodeka ne dojde momentot ,,koga kje sozree,, za da go isfrli.
...секој хирушки конец има својата спецификација дали апсорптивен или неарпсотивен, хирурзите ги одредува врз основа на нивниот личен избор и видот на операцијата, апсорбирачките конци може да не траат толку долго како другите хирушки конци што не се апсорбираат бидејќи тие се раствораат во ткивото со текот на времето, па некогаш во минатото се веруваше дека овој тип на конци ги отвора хирушките рани почесто од оние кои не се апсорбираат, но истражувањата покажале дека хирушките рани со употреба на апсорптивнии конци имаат помали шанси за повторно отворање во споредба со оние што не се апсорбираат, но понекогаш телото може да биде чувствително на хирушки конци што се апсорбираат, бидејќи го препознава материјалот како туѓа супстанција, ова може да предизвика реакција и да го одложи процесот на заздравување на раните, па изборот на хирушкиот конец повторно останува на хирургот,
...еве прашање, како абдоминален хирург за кој хирушки конец се одредувате (апсорптивен или неапсортивен) за одредената абдоминална операција и дали секогаш тој конец ви е достапен и квалитетен при манипулирање без проблем?
2. Potrosniot materijal sto se koristi //konci, gazi, medikamenti itd itd// vo privatno i drzavno zdravstvo e IST!
3. Nisto dopolnitelno ne dobivas vo privatno zdravstvo ti kako pacient vo odnos na kvalitetot na edna operacija //sem dokolku ,,ne vgraduvame,, nesto koe e so povisok kvalitet//.
...штом хирушките конци и во приватно здравство и државно здравство е „ист“ тогаш во глобала имаме многу неквалитетни операции поради неквалитетни хирушки конци од кинеско потекло, со што во прииватните болници неоправдано се исплатува високи суми за операција, а всушност конецот како неквалитетен гарантира проблеми пост оп. на хирушката рана, па дури и за време на операција со разни компликации од слабиот квалитет.

...но тука кај нас голем фактор е со кои конци располага самата болница било државна било приватна, така да пишуваме за квалитет, а со тоа повлекува и цена и финасинска моќ на болницата, па не е исто да болницата мора да обезбеди 20 милони за хирушки конци или 2 милиона од кинеско потекло конци, тука веќе умешноста на хирургот се губи поради „виша сила“ квалитет на хирушките конци, односно џабе виртуозноста на хирургот кога среде операција има проблем со хирушкиот конец се мисли за квалитет, односно пост оп. непредвидливи ситуации поради неквалитетниот хирушки конец, ако секаде е исто сме го обрале бостанот!

...‌колку долго се раствораат конците што можат да се апсорбираат зависи од материјалот на употребените конци, хирурзите го избираат материјалот за шиење врз основа на тоа колку време е потребно на раната да зарасне, пример, по царски рез, лекарот може да избере материјал за шиење што ќе се раствори во рок од неколку недели, додека тој може да избере материјал на кој му требаат неколку месеци да се раствори замена на колк, на секој хирушки конец е означено и деновите на ресорбција (апсорпција) дали 10 дена, 20 дена, 30 дена, 60 дена, 180 дена 210 дена, но што со квалитетот на тој хирушки конец, дали гарантира цела таа спецификација ако една кутија е со цена од 20 денари (кинеско потекло) или ЕУ потеко со 500 денари кутија?
Jas sum istiot sekade. Sto mrezica za hernija ke dobijam, toa i ke sosijam. A znam da razlkuvam kvalitet i vo ,,najdlabokiot son,,.
...еве ви грешка, повторно ќе напишеме за квалитетот на таа мрежа, а го вложувате вашиот труд, умешност, а ризикувате пост.оп.проблеми токму поради тој неквалитетен вграден материјал кој според цена од 80 денари за една мрежа да речеме од 10 см наспрем 500 ден за иста мрежа ама од бренд фирма, нели болницата да штеди и вие ќе бидете крив пред пациентот, а и пациентот повторно ќе иде на нож?

... што мислите дека ќе можете да објасните дека мрежата е крива, пациентот ќе рече ете хирургот е крив, никогаш ама никогаш немојте вашиот труд и виртуозност да ви зависи од неквалитетна мрежа при санирање на хернија, ете не ви оправдувам вашето „што мрежа ќе добијам тоа ќе сошијам“ џабе препознавате квлаитет ако не го применувате, ќе се изборите токму со вашиот авторитет кај менаџерите или дури кај пациентот кој сигурно ќе си ја плати мрежата од најквалитетна фирма, па нема секој месец да се оперира, значи ви ја кажувам реалноста, не ви мавкам ни со документи ни ве учам нешто!
I nitu eden pacient ne sum zadrzal hospitaliziran nitu eden cas podolgo od potrebnoto, nitu pokratko od potrebnoto.
...не зборуваме за лично работење, зборуваме за глобала работење во приватните болници, ако пациентот после операција во државна болница ќе остане пет, десет дена со примање пост оперативна терапија, во приватните болници поради високи износи на болнички ден, а и приватен пост оп.третман со лекови си заминува после ден, два, па се префрлува во државните болнички соби за да не се истошти финасински, затоа секоја приватна болница во својот влез располага и со сопствена приватна аптека и сопствена лабораторија која не ги признава резултатите од друга лабораторија, да го докрајчи финасински пациентот кој не само што ја плаќа со висок износ операцијата туку и сите попратни работи и пред опрација и пост операција што од лабораторија анализи, што од лекови.
Mene voopsto ne mi e gajle, jas sum rabotel i rabotam isto sekade //ova vekje go kazav//. Isto taka, ne rabotime ,,so zlatni instrumenti,, nie lekarite sme tie //koi sme preminale od drzavno vo privatno//.
Cenite? Ne e toa moja rabota //si ima menadzemnt za taa namena//, skapo e ta preskapo za narodot i toa ne go poddrzuvam. No toa licno ne me zasega, bidejki mene platata mi e fixna. //sebicno deluva, no vistinito//.
...повторно грешно, ова го пишувам за сите медицински кадри кои се префрлиле во приватните болници, значи немојте да го сватите лично, но не постои тука „мене ми е гајле“ во име на хуманата професија не смее да се дозволи експлотација на пациентот при давање здравствена услуга, тоа веќе не е хумана професија туку бизнис и нема тука „си има менаџмент тука“ кои не се може ниту медицински лица и нив ги интересира само парата, тие не дале Хипократова заклетва за хуманата професија и токму медицинскиот кадар е тој што треба да реагира на тој менаџмент во име на својот авторитет и професија, а не само во име на парата или „лично не ме засега“ , затоа ние никогаш нема да имаме здравство како треба, медицинско лице треба да биде универзално со знаење и све да го засега ако ја допира неговата професија кон давање услуга кон пациентот, пациентот е светото нешто за сите медицински лица, а не парата, менаџментот, „не е моја работа“, „ми е гајле“, „не ме засега“ оти платата е фиксна, зарем све треба да се наплати, каде е тука хуманоста?
...ништо лично, ваков разговор и размислување го имаат повеќето медицински лица и затоа треба реорганизација и можност на пациентот да се информира, да избира, да се едуцира и да му се објаснат неговите права, а не ваму сите како муви без глава нит некој им објаснува, нит пак има на високи функции во здравството кадри едуцирани и способни каде треба да ја имаат таа улога за организација и информација на пациентот и унапредување на здравство, со што со купени дипломи и партиска книшка во џеб?
Mene nemoj. ,,Igraj si so drugi,,. Ne so mene. I ovoj text na koj ti ,,posvetiv vnimanie,, ti bese premnogu no ajde neka tece Vardar.
...токму тоа, јас не „играм“ здравство, критики треба да се прифатат или грешките да се објаснат, тоа не е тешко ако сум погрешила, но вие дали грешите? ДА, токму сега што напишавте дека „мене “ ми посветивте внимание, не не , вие треба да посветите внимание со пишување општо за сите регистрирани и нерегистрирани членови штом сте се зачлениле на форумов и ве читаат и знаат дека сте абдоминален хирург, а да пишувате треба некој да ве цитира или да има поинакво мислење како јас на пример, нели? :)

...и ако тече Вардар нема да напишам дека карванот си врви, оти мене ништо не ми е премногу! :smirce:
П.С.
се извинувам за долгиот пост, но ете мерак ми е да се пишувам со нашиот член @Stern :backa:.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.923
Поени од реакции
35.377
Дајте ако треба некој бабински лек за мигрена, зошто ни номигрен, ни сите апчиња за болка не помагаат, а болката е до повраќање. И башка тоа и следниот ден како мамурлук од болката вчера. А се случува сигурно два пати неделно. Неподносливо.
... ако е докажано дека имаш мигрена (и крвниот притисок ти е во нормала), при најмал знак на почеток на болка веднаш да го испиеш лекот не да чекаш дека „ќе помине“ или пробај со повисока доза на кофеин, Номигрен има 20 мг кофеин, испи еден Кафетин (50мг кофеин), не ја опишаа локацијата на болката и дали тој напад си го поврзала временски со биоритамот и хормонскиот баланс на твојот организам!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.478
Поени од реакции
9.430
... ако е докажано дека имаш мигрена (и крвниот притисок ти е во нормала), при најмал знак на почеток на болка веднаш да го испиеш лекот не да чекаш дека „ќе помине“ или пробај со повисока доза на кофеин, Номигрен има 20 мг кофеин, испи еден Кафетин (50мг кофеин), не ја опишаа локацијата на болката.
Докажано е, се тоа имам пробано и се е џабе. Локацијата е секогаш на различна страна на главата, никогаш цела глава, а најчесто левиот дел од окото па се назад до зад увото.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.923
Поени од реакции
35.377
... мораш да следиш кои се тригерите на нападите, дали хормони, дали нагла временска промена, дали местото на престој дома/ работа, пролет склона на алергиски реакции и комбинирано со мигренозни напади,
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
Дајте ако треба некој бабински лек за мигрена, зошто ни номигрен, ни сите апчиња за болка не помагаат, а болката е до повраќање. И башка тоа и следниот ден како мамурлук од болката вчера. А се случува сигурно два пати неделно. Неподносливо.

1. Води си дневник, запишувај си што си правелa секој ден, што си јаделa, колку кафиња си испилa, ако пушиш - колку цигари, стрес на работа/дома, колку саати си спиелa, дали си пиелa алкохол (ако ДА кој алкохол? на пример црвено вино е еден од почестите тригери за мигрена кај многу луге) и слично. - сигурно имаш некои тригери за мигрената и треба да откриеш кои се.
2. Набави си ACEFEIN од бугарија, ги има во секоја аптека, не се скапи, веднаш штом осетиш дека почнува главоболка зимај. Ако продолжи болката земи си кетопрофен 50mg, ако не помага земи уште едно од 50mg. Кетопрофенот обиди се да не го пиеш на гладен стомак, и покрај него испиј и реглан една таблета за да ти се намалат маките со повраќање.
3. Ако немаш шанси да дојдеш до ACEFEIN, кога ќе осетиш дека започнува (некогаш е со аура некогаш без, ама предвесници има скоро секогаш) земи комбинација од парацетамол и аспирин, ако не помогне продолжи со кетопрофенот и регланот како што пишав погоре.
4 - Optional: Во Виола аптеките има Migralen кесички, се продаваат и на парче, набави си да имаш дома и кога ке осетиш проблем веднаш 2 под јазик, во некои ситуации помага. Ова е повеќе на природна база лек и има краток рок така да од овие не прави големи залихи затоа што ќе им помине рокот.
5- Nomigren-от фрли го, мене ниту еднаш не ми помогна..

БИТНО!!! Види да не си алергична на некои од лековите. Додека откриеш кои се тригерите Кетоналот обиди се да не го пиеш на гладен стомак (кекс, било што нешто малку само грицни).

И јас патам од мигрена, ме фаќа од нередовен сон понекогаш, понекогаш од стрес/силна емоција, од истоштеност, од промена на време... приметувам дека се почести во есен и пролет (баш кога има почесто промени на временски услови).

Среќно
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.209
Поени од реакции
10.733
...грешка во изразување, пациентите се тие што доаѓаат во пресрет на матичните, оти без нив матичните нема да имаат котизација од ФЗОСРМ, а со тоа и никаква плата, осигурениците (пациенти) си ја плаќаат здравствената услуга, а не дека матичните им „испаѓат во пресрет“ на пациентите,

...препишување на лекарства значи познавање на генеричните (хемиски) имиња на лекови кои се и те како на позитивна листа, а не само фабричките кои се најлесно за памтење па ќе се препише тоа што се памти, а не се отвара ниеден регистар со лекови да се потруди да го напише генеричното име, па ајде фабричко на розов рецепт „иде приватно“, како да не, иде иде ако се преферира некоја фирма, фабрика, а не дотичниот лек со генерично име единствен на позитивна листа!

... лековите кои идат исклучиво преку специјалисти е поради задолжителна контрола на пациентот за да се провери дијагностички, лабораториски дали има промена која би била пресудна во дозирањето или менувањето на лекот со друг лек со слична (или иста) генерика за акутната или хроничната болест, ако има несакани ефекти кои тогаш во моментот лабораториски ќе се согледа промена, а не дека специјалистите го имаат ексклузивното право за препишување на специфични лекови кои скоро сите така и го разбираат и најодговорно велам дека под инерција го препишуваат истиот лек истата доза без никакви контроли, тоа „доживотно ќе го пиеш лекот“ не е баш така, затоа има екцеси во здравјето на луѓето!
Како и обично, целосно промашена поента.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom