Дежурна Ординација! #2

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Дали може да ми помогнете во врска со еден женски проблем...постојано осека потреба да иде да мокри,осека цело време тежина во бешиката како воопшто цел ден да нема отидено во вц,кога иде да се олесни наместо мокрача има по неколку капки крв...
Ешерихија коли можеби е, нека провери мокрачата
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Дали може да ми помогнете во врска со еден женски проблем...постојано осека потреба да иде да мокри,осека цело време тежина во бешиката како воопшто цел ден да нема отидено во вц,кога иде да се олесни наместо мокрача има по неколку капки крв...
Не мора да значи веднаш дека е Ешерихија коли без паника, ова е честа појава кај девојките и најчесто е само одбична прелада. Таблети Палин од 200 мг два пати на ден по две капсули и увин чај наутро и навечер скоро секогаш го решаваат проблемот за ден-два.
Можеш наместо палин да семеш Лидаприм, и тие се пијат двапати по две. Ефектот е исти.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
А што е тоа поточно ќе може да ми кажеш ? за сериозно нешто станува збор ?
Ешерихија коли е условно патогена бактерија која нормално се наоѓа во ректумот (аналниот простор.) Доколку дојде на места каде што нормално не треба да живее (како на пр. вагина, утерус и сл) предизвикува проблеми, не е страшна се лекува само многу тешко се искоренува. Најчеста терапија во овој случај е пиење на таблети Фуролин или Пиелосептил по шема и тоа, 10 дена 3 пати по една таблета, 10 дена 2 пати по една таблета и усште 10 дена по една таблета на ден. Оваа шема дава најдобри резултати кај терапија на Ешерихија коли и овозможува нејзино потполно излекување.
Но како што кажав нека проба со терапијата погоре што ти ја пишав, гарант ќе има ефект.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Прашувам за близок млад човек кој смета дека "се храни здраво" (освен жив зеленчук и овошје друго скоро и не јаде), а всушност е премногу ослабен. Се плашам дека веќе преминува во фаза анорексија (ако така се вика), а со оглед на фактот како реагираат кон доктори или психолози, сметаат дека не им е ништо.
Каде човек да се обрати?
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
А што е тоа поточно ќе може да ми кажеш ? за сериозно нешто станува збор ?
Сепак јас не би препорачала на своја рака да зема терапија, нека отиде на доктор, нека провери мокрача. На своја рака само чај од брусница и увин чај. Чајот од брусница на виталиа е многу добар. По најмалку 1литро да пие на ден.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Ешерихија коли можеби е, нека провери мокрачата
Не мора да значи веднаш дека е Ешерихија коли без паника, ова е честа појава кај девојките и најчесто е само одбична прелада. Таблети Палин од 200 мг два пати на ден по две капсули и увин чај наутро и навечер скоро секогаш го решаваат проблемот за ден-два.
Можеш наместо палин да семеш Лидаприм, и тие се пијат двапати по две. Ефектот е исти.
Jaс типувам на камчиња. Се моли жената да иде на доктор подхитно за да видиме кој е најблиску.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.482
Поени од реакции
68.983
Имам еден голем проблем во последно време ама врска немам како да го објаснам, малце е покомплицирано.
Уште од мал сум имал проблеми со кондиција, лесно сум се уморувал колку и да сум спортувал.
Имав шум на срцето ама со тек на време се изгуби.
Проблмот со кондицијата остана ист...
Значи не сум некој којзнае каков спортист, ама за денешниов начин на живеење пак може да сум каже дека сум физички активен.
Не возам кола, често одам пешки, скоро секоја вечер удираме долги прошетки, активен навивач, кога е добро времето обавезно сум на игралиште кај мене, играме воглавно баскет итн...
Е сега последниве месеци откако завршив факс седам дома (класика) и за жал преку ден немам некоја физичка активност, и тоа што си работам е во седечка позиција...
Последниве 2-3 недели за да надоместам одиме активно на Водно, д крст или до средно. Се заморувам бајаги после средно (т.е. не е онака умор да неможеш воздух да земеш, него срцево ќе ми искочи и мора да правам пауза), ама со паузи искачувам до врв по стрмните патеки. За надоле шпринтаме и не се осеќа многу заморот.
Скоро сите што доаѓаат до кај мене во маало а се од други населби кога ја искачуваат една угорница неможат воздух да земат :D
По тоа можам да оценам дека горе-доле имам кондиција колку и секој просечен 20+ годишњак...
Значи пешачење неми е проблем, можам цело Скопје да го поминам и да не се уморам, сум осдел по којзане колку километри на ден, ама проблемот е кога трчам на пример, одма се уморувам.
Проблемот почна да ми се јавува пред година дена негде...
Почна да ми пречи кога во автобус има гужва. Не дека на други не им пречи, ама осеќав како да неможам воздух да земам, погадно чувство амин.
А и на отворен простор, по стадиониве ми смета кога сум опкружен со луѓе од сите страни, затоа скоро никогаш не стојам во средина...
Пред некои 4-5 месеци една вечер почнав да с е гушам во спиење. Се разбудив испаничен и срцево уште толку ми залупа од што бев исплашен.
Дента бев на утакмица вон Скопје, па уште толку полошо ми беше...
Од тогаш од време на време слична приказна ми се случуваше навечер, исклучиво навечер.
Си легнувам, неможам да заспијам, почнувам да се гушам, заспивам малку, се гушам, се будам нагло и од паника срцево ќе ми искочи.
Еден период по нова година ептен се интензивираше, се до една вечер, кога апла неможев да земам воздух.
Губев и плунка, имав потреба да голтнам плунка пошто осеќав дека ми стои во грло, а уствари немав ништо. Плус срцето ме стегаше од време на време тој ден.
Се јавивме во брза помош, рекоа се е на психичка база.
Дека сум испаничен од срцето што ме стегало и ми рекоа да стегнам дијазепам.
Се напив и заспав во 8 сабајле...
Реков чим е на психичка база, одам на лекар за да ми потврдат дека не е некоја болест.
Правев ЕКГ и давав крв и крвната слика и ЕКГ-то ми беа одлични...
Некој период бев добро, ама почна пак да ми се случува истото навечер.
Во последниве неколку дена пак ми се интензивираше. Целиот сум стегнат у пм, неможам никако да се опуштам, земам воздух ама исто како да не земам. Неможам да објаснам :(
Вчера пак си легнувам, заспива, се будам испаничен целиот, си вика смири се ајде ништо не е, а го осеќаш срцето чука 200 на саат.

Имал ли некој сличен проблем :confused:
Ептен се осеќам глупо, претпоставувбам дека е нешто на психичка база :facepalm:
Нешто највеќе што сум мрзел на нервна база да боледуваш од нешто, свесен сум сам ама неможам да се опуштам...
Може па некои проблеми приватни ме јадат од внатре :confused:
Али и тоа нервоното доаѓа од некој страв да не се работи за некоја болест.
На нет што и да прочитам, било кои симптоми кон рак водат :facepalm:
Можно ли е да има некои запушувања на некои канали?
Што ми проверија со крвната слика? Треба ли некои додатни испитувања?
Може ли да е некоја бактерија?
На каков лекар треба да одам воопшто? :confused:
Има ли врска исхраната, пошто да бидам искрен не се хранам којзнае колку здраво...
Во итна помош викаат само наервна база, таа матичната ми вика супер си, а пак имам проблеми...
Бајачка да не е решение у пм :facepalm:
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
А јас па премногу лесно се возбудувам. Пример се дешава некоја банална работа, мене срцево ми игра ненормално.

Некоја причина за ова?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.358
Поени од реакции
7.439
Реков чим е на психичка база, одам на лекар за да ми потврдат дека не е некоја болест.
Правев ЕКГ и давав крв и крвната слика и ЕКГ-то ми беа одлични...
Дефинитивно ти е на психичка база!

Зошто бајачка не е решение?

Кај некои со вакви проблеми после бајачка има подобрување.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.482
Поени од реакции
68.983
Дефинитивно ти е на психичка база!

Зошто бајачка не е решение?

Кај некои со вакви проблеми после бајачка има подобрување.
Немам идеја што се прави на бајачка искрено :)
Не е психијатар подобро решение?

Иначе Чичко Кумплунг и јас го имам истиот проблем, ама заборавив да споменам.
Исто многу лесно се нервирам и возбудувам, особено кога гледам некоја неправда.
Што се вика од банална работа, ќе се возбудам и срцево лупа ко ненормално...
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
И јас го имав истиов проблем...ништо не е само обични панични напади од нервоза и стрес ништо неможе да ти се деси уживај...ако немоеш сам да се справиш иди напрај муабет со некое компетенто лице во ова поле.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Jaс типувам на камчиња. Се моли жената да иде на доктор подхитно за да видиме кој е најблиску.
Не знам дали го виде постот каде што е опишано што е ешерихија коли и која терапија се користи за да се излечи. Затоа реков дека не препорачувам да се зема терапија. И во двата поста имам пишано да се иде на доктор да се испита мокрача.
И не пишувам тука за да се натпреварувам дали ќе погодам или не, туку за да помогнам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.482
Поени од реакции
68.983
И јас го имав истиов проблем...ништо не е само обични панични напади од нервоза и стрес ништо неможе да ти се деси уживај...ако немоеш сам да се справиш иди напрај муабет со некое компетенто лице во ова поле.
Епа тоа прашувам, кој е компетентно лице од оваа област? :)
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Немам идеја што се прави на бајачка искрено :)
Не е психијатар подобро решение?

Иначе Чичко Кумплунг и јас го имам истиот проблем, ама заборавив да споменам.
Исто многу лесно се нервирам и возбудувам, особено кога гледам некоја неправда.
Што се вика од банална работа, ќе се возбудам и срцево лупа ко ненормално...
Брат си за пензија? :)))
Семките и у ложа на Јужна, очигледно не сме веќе за адреналин :D

А на бајачка ќе ти баат, друго што би можеле да ти прават? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom