Девојки, жалам....имам лоша и добра вест

Статус
Затворена за нови мислења.

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Лошата вест за сите моми кои се надеваа дека ќе го легнат кога тогаш, дека ќе допрат до неговото срце кое години и години е резервирано, дека ќе успеат да станат нешто повеќе од...нешто обично...

...лошата вест за вас, а среќна за момата која го кандиса да се стави на луд камен е дека:

ТрН_Во_ОкО се ожени!

Добрата секако е дека сеуште не има нам, ергените, кои не планираме да предадеме меч уште некое време :)

Гоце, сета среќа на светов ви ја посакувам. Многу челад, патриотчиња кои ќе раснат со љубов и мерак, успешни и плодни години заедно за тебе и за твојата невеста. Имајте успешен и среќен, полн со љубов и добро здравје живот, и бидете заедно додека Дедо Боже не означи дека е време вашата љубов да премине во доменот на вечните работи кои другите ќе ги паметат.

Па, да се веселиме и да играме на матури на внуци! (ко за почеток)


Честитки, и се најубаво!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Гоце, со среќа да ви е, се надевам дек нестата е домаќинка. :))))))))
Нек се угоде, за скоро и дечиња низ дома да ви се мотет. :back:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Честитки Трн, се` најубаво, да си дочекаме од тебе мали Кајганџичиња, на татко му метнати :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ајде честитки! Се најубаво да ви биде, да ви се нареди како што вие си сакате, многу деца, внучиња и правнучиња да си дочекате!:smir:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.806
Поени од реакции
23.083
Ум во глава и к.р во пантолони. Ти реков млад падна ама не ме слушаш:pos2:. Честито и нек се угоде. И нормално чекаме мекици за Аминта, Пердика или Персеј Џуниор :pos2:.
 
O

Out Boy

Гостин
Аууу, што убава вест!!! :back:
Се среќа ТрН_Во_ОкО, нека Ви е вечна љубовта и бројна челадта.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Пред се', да сте живи и здрави, зашто тоа е предуслов за се' останато што ќе планирате... Ви честитам, и ви посакувам да бидете вечно дел од вашата бајка. Се" најубаво! :smir:
 
P

Princ

Гостин
Уште еден херој падна, моментов е тажен :baeh:
Немам веќе батерија па ќе скратам: со среќа Гоце. Многу меѓусебна љубов и разбирање ви посакувам, и нормално многу деца :)
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Со среќа нека ви е, Трн.
Да ја наполните куќата со дечиња.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Честитки Трн и од мене и нека ти е со среќа :)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Ај честито,ко за старт работете барем на еден стандард на Груевски - Имај трето дете!!! :)))))
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Трну ти посакувам среќен брак исполнет со многу љубов,здравје и разбирање....но како круна на ова во блиска иднина да ви даде господ здрави и прави дечиња...па ако продолжиш да ги правиш...можеш и фаланга да направиш!:vozbud:
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Трнчо па за крштевки да си дочекаш.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
A затоа замре галерија :(
Со среќа, да си се погодите, да се ќердосате.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom