Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ко така овие од Халкбанк станале најсигурни преку ноќ :D. Во право си за тоа само мислам дека во случајов овие од Халк се насобрале со нови депозити и на крај ги паднале каматите за милион посто.
Или банката не работи како што треба.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.464
Депозитите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.
Да ама фондот ти признава само некаква номинална камата (мислам дека сега е 3.75%), а не таа на која си ги орочил. Плус ќе треба да чекаш со години дури државата ти ги врати парите.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Да ама фондот ти признава само некаква номинална камата (мислам дека сега е 3.75%), а не таа на која си ги орочил. Плус ќе треба да чекаш со години дури државата ти ги врати парите.
За тоа постојат форуми, бргу да се реагира. Не како за време на распадот на Југослвија банките ршум да направат ;)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.464
Едноставно чекаш сабајле да дојде и ги вадиш. Го оставаш минимумот од 30.000 ден и пријатно. Конкретно за еуростандард.
Да, ама ако претходната вечер се расчуе по форуми, тогаш сабајлето ќе имаш стотици гневни граѓани пред банката. Луѓето тука за тоалетна хартија ќе се испотепаат а камо ли за пари. Веројатноста да си ги извадиш = 0.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Да, ама ако претходната вечер се расчуе по форуми, тогаш сабајлето ќе имаш стотици гневни граѓани пред банката. Луѓето тука за тоалетна хартија ќе се испотепаат а камо ли за пари. Веројатноста да си ги извадиш = 0.
А ја имам врски на шалтерите, скоро од сите филијали ме знаат. Прв ќе завршам работа ;)
 
Член од
11 октомври 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите, дали има некој на форумов искуство со депозити во Халкбанк? Пред неколку дена реков да орочам депозит таму пошто каматите за денари беа најатрактивни. Е сега, сумљиво ми падна тоа што вработената на шалтерон кога ја прашав дали се каматите фиксни или променливи кажа дека се променливи ама “банката имала политика за сите постојани депозити, сите промени на каматните стапки да се применуваат по реорочување на истите“ што во превод како сфатив би му дошло фиксна каматна стапка ама нормално ова не би го пишело во договорот. Дури и ми даде лист со каматни каде го пишит истото. Денес гледам на странава од Халкбанк ги намалиле депозитите за повеќе од 2% и од најатрактивни испаднаа најмизерни камативе а нигде не прочитав дека новиве камати се однесуваат за сите нови депозити. Знајт некој за ваква политика на банкава или оваа вработенава ме дриблала цело време?
Друже, јас подолго време штедам во ИК (ХАЛК).

Имам лупнато депозит непосредно пред да се намалат каматите, како резултат на купувањето на ЗИРААТ од страна на ХАЛК (тоа се однесува на Турција, па така и тука си влече)
Према тоа, инвестицијата им е огромна, па затоа намалива (поскапе целата банка)..

Е сеа. Статусот на е-банка, ми вика дека е сеуште старата каматна стапка.. Не прашав ништо, ама очекував наредниот месец да ја спуштат.
Ако тебе ти кажале дека тоа трае до преорочување, ондак така и би требало да биде :) (поминато е веќе месец дена, така да..) Тоа значи дека у принцип сите депозити во ХАЛК се со фиксна каматна стапка.

Инаку, во ниту една друга банка (мислев дека тоа важи и за ХАЛК) не сум сретнал фиксни каматни стапки, освен ако не е тоа изрично понудено, и тоа со многу по-тиња каматна стапка. пр. ако за орочување на 36м, камата е некаде да речеме 8%, ако сакаш за целиот период на орочување, каматата да биде фиксна, стапката ќе ти биде 6.5% уместо 8. И да рипа и да паѓа каматата на останатите понуди, твојата си останува иста се додека не истече рокот на договорот (орочувањето)
Сепак, ХАЛК останува со најатрактивни понуди за депозити во МКД, им парираат само ццбанк, ама и они имаат намалено (башка кој ги знае тие?!), а се борат и еуростандард и уни..
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 21:33 ---
него има ли муш кој има „пријателки“ кои ќе можат да му дадат компаративна анализа на депозити на сите(барем она што вреди) банки во МК?
Секоја банка си прави интерна анализа, спрема која си прават понуди.. Мене кога и да сакам да видам шо како нудат, не ми ни текињаат пола банки, а камо ли да правам анализи :)
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 21:59 ---
Колку за опис: чек дис аут: http://is.gd/Cj4rY9
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Сепак, ХАЛК останува со најатрактивни понуди за депозити во МКД, им парираат само ццбанк, ама и они имаат намалено (башка кој ги знае тие?!), а се борат и еуростандард и уни..
не би рекол најатрактивни понуди, имаат околу 1% помали каматаи од најатрактивните ...
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
21
Поени од реакции
6
Ги анализирав каматите низ повеќето банки. Уни и Еуростандард нудат најдобри камати моментално. Но сеуште се мислам дали вреди да се орочат пари? Дали е можно да дојде до девалвација на денарот во брзо време?



Даночна основа
  • За дивидендите и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица основа претставува бруто дивидендата, односно приходите од учество во добивката распределени на обврзникот.
  • За камати по заеми дадени на физички и правни лица, камати на обврзници или други хартии од вредност и камати на орочени штедни и други депозити основа претставува износот на пресметаната камата.
  • Оданочувањето на каматите на орочени штедни и други депозити ќе се применува од 1 јануари 2013 година.
Дали има некоја нова информација во врска со овој закон дали ќе стапи на сила или повторно е одложен? Доколку орочиш пари, а ти земат 10% од сумата која си ја орочил, џабе е каматата, повеќе во минус ќе бидеш
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Дали има некоја нова информација во врска со овој закон дали ќе стапи на сила или повторно е одложен? Доколку орочиш пари, а ти земат 10% од сумата која си ја орочил, џабе е каматата, повеќе во минус ќе бидеш
Не го сметаат данокот на сумата што ќе ја орочиш, туку на каматата што ќе ја добиеш. Просто кажано, за брза пресметка, каматата што ти е договорена ја множиш со 0,9 и знаеш колку ти е реалната камата.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Не го сметаат данокот на сумата што ќе ја орочиш, туку на каматата што ќе ја добиеш. Просто кажано, за брза пресметка, каматата што ти е договорена ја множиш со 0,9 и знаеш колку ти е реалната камата.
Не е спорна пресметката, но дали законот е донесен или е одложен праша инсајдерот а искрено и мене ме интересира.... Или како за сите работи во 5 до 12 Гвујо и Ставре ќе донесат закон usual! Инаку кога сме кај даноците... http://kajgana.com/najvisokata-godishna-plata-vo-makedonija-pogolema-od-milion-evra ... Сител или Шител како за кого вели пензионер пријавил данок за остварен приход од 1,1 милион Евра се разбира!
А бе Бане бе, што не работиш на црно, што пријавуваш се... гледаш ова поморанџиве саде споменици прават, што ако плаќаш данок!? Ееееј еден од најголемите мецени излезе ... :pos:, абе само у живац на поларизираните... малку! :P
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
БанкЕкспо: Граѓаните му веруваат на банкарскиот сектор и денарот

Македонските граѓани имаат доверба во банките и во домашната валута. Трета година по ред учеството на денарското штедење расте, од 35 отсто во 2009 на 48 проценти во 2012 година. Вкупните влогови изнесуваат 171 милијарда денари, беше речено на денешниот форум БанкЕкспо организиран по повод Светскиот ден на штедењето.
- Годинашниот Светски ден на штедењето Република Македонија го дочекува на најдобар можен начин, со историски највисоко ниво на штедење. Според податоците на Народната банка, на крајот на минатиот месец вкупните депозити во банкарскиот сектор изнесуваат 238 милијарди денари. Зборуваме за капитал кој моментно циркулира во стопанството и постојано се оплодува, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во обраќањето на форумот.
Благодарение на стабилноста на националната валута, додаде, интересот за штедење во денари е засилен. Истовремено, зајакнат е и интересот за подолгорочно штедење.
- Денарските депозити на населението се зголемени за нешто повеќе за 17 милијарди денари или за 26,3 отсто. Склоноста кон штедење во домашна валута доведе до промени во валутната структура во корист на денарските депозити. Првпат по 2007 година, во септември 2012 денарските депозити ги надминаа девизните за 19 милијарди денари. Орочените депозити, пак, остварија годишен раст од над девет милијарди денари и го зголемија учеството во вкупните депозити од 17 на 20 проценти, нагласи министерот.
Според него, овие факти покажуваат дека и во услови на глобални предизвици како финансиската и економската криза проследени со должничка криза и криза на еврото, довербата на македонските граѓани во денарот и во домашниот финансиски систем се задржа, но и зајакна. Ова, потенцира Ставрески, е резултат на воспоставената макроекономска стабилност, стабилноста на денарот, добро дизајнираната регулатива и прудентното однесување на банките.
Осврнувајќи се на Фондот за осигурување депозити, вицепремиерот напомена дека заштедите растат кога клиентите се добро заштитени.
- Со последните измени на Законот за осигурување депозити од крајот на 2010 година, сумата на осигурени депозити се зголеми на 30.000 евра во поединечна банка. Од тогаш до денес депозитите на населението се зголемија за речиси 27 милијарди денари. Шемата на осигурување покрива повеќе од 80 отсто од вкупните депозити на населението, рече Ставрески.
Тој порача дека Владата и натаму со особено внимание ќе ги следи случувањата на меѓународниот и домашниот финансиски пазар и, доколку е потребно, во рамки на своите надлежности ќе презема мерки за одржување стабилен банкарски сектор.
И гувернерот Богов потврди дека македонските граѓани имаат доверба во банките. Штедењето на населението продолжува да расте. Годинава бележи зголемување од 9,2 отсто во однос на лани.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Се убаво, само што не му верувам премногу.... каматите на орочени влогови кажуваат се! Тиња станава и во Еуростандард Банка... а во ТНБ СТБ, КБ.... несакам ни да коментирам! Во UNI и Sparkasse се држат на едно прифатливо ниво!
Што не кажа нешто за билансот на банките, особено за билансот на на КБ бе Ставре! Или Гувернерот нешто да кажеше за тоа. Во реалниот видовме - пад веќе 13 месеци... Како ураганот Sandy во NY, и во финансовиот сектор удара кризава и то јако... ова рецесијава, депресијава, аждајава... како сакате викајте ја дефинитивно удара и во банкарскиот сектор. То е! Нема бегање!
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
So fiksniot kurs na denarot ke ja uništat industrijata i domasnoto proizvodstvo do kraj,posle veke ni gospod ne moze da pomogne pa neka se falat kolku sto sakaat,Kinezite si ja znaat rabotata,sekoja godina go devalviraat juanot za 10% i zatoa e denes najgolema industrijska velesila i država so najgolem rast na ekonomijata. tamu nema paraziti sto cekaat od kamati da ziveat.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom