Движењето на неврзаните - колку е влијателно денес?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Неврзаното движење сé уште има влијание, велат водачите

Одбележувајќи ја својата 50-годишнина, Движењето на неврзаните се врати оваа година во Белград -- градот каде што се роди. Дводневниот собир започна во понеделникот (5-ти септември), при што присуствуваа 600 делегати од преку 100 држави.

Светската мапа радикално се промени откако започна движењето, но членовите велат дека истото останува релевантно, и покрај крајот на Студената војна и неговиот биполарен светски поредок.

„Движењето се развиваше и продолжува да се развива“, рече претседателот на движењето, египетскиот министер за надворешни работи, Амр Мохамед Камел. „Од 25 членки во 1961 година, истото сега има 130, што е две третини од сите земји во светот.“

Иако поранешна Југославија имаше клучна улога во неговото формирање, ниту една од земјите-наследнички не е членка. Земјата-домаќин, Србија, е набљудувач, исто како и Босна и Херцеговина и Хрватска.

„Нашата намера е да ја подигнеме на повисоко ниво политичката и економската соработка со гордите земји кои се денес со нас во Белград“, им рече српскиот претседател Борис Тадиќ на учесниците на конференцијата, додавајќи дека неговата земја останува посветена на принципите на неврзаните.

Со оглед на тоа што земјите во движењето сочинуваат пазар од околу две милијарди луѓе, властите велат дека влогот е голем.

„Воената индустрија е столбот на соработката меѓу Србија и неврзаните“, рече за SETimes министерот за одбрана, Драган Шутановиќ. „Само од соработката со Алжир и Ирак добиваме 800 милиони американски долари.“

Но, некои ги сметаат врските со движењето за обврска, а не придобивка.

„Приближувањето до неврзаните е негирање на потребата Србија да ј припаѓа на евроатланската цивилизација“, рече професорот по историја, Никола Самарџиќ, за SETimes. „ЕУ има обврска да изврши конкретен притисок врз власта во Србија да им помогне на граѓаните да се ослободат од нивните грешки што произлегуваат од национализмот и комунизмот.“

Предизвикот за српската демократија беше евидентен оваа недела, кога учесниците на конференцијата силно го поддржаа формирањето независна Палестина. Со оглед на тоа што Генералното собрание овој месец треба да го разгледа приемот на Палестина во ОН, поддршката од неврзаното движење може да биде решавачка.

„Како домаќини, ние немавме намера да го отвораме ова политичко прашање на конференцијата на неврзаните, но земјите-членки сакаат да дискутираат за истото“, рече српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, за SETimes. „Србија не е членка на Движењето на неврзаните, но ние се приклучуваме на нивниот став.“

Србија има добри односи со Израел и експертите се чинеа уверени дека тоа нема да биде загрозено. . . .

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/09/07/feature-04
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
имаат влијание шипки...........можеби на времето имале сега немаат.....кога најголемите Неврзани им го тинтраат на западот
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
imaat vlijanie, da popolnat mediumski dupki vo eter i da zakrpat budzeti za patuvanja i sranja
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Рецидив од минатото, сега без никакво значење, ете тоа се неврзаните. Порано без важни, но не заради неврзаноста и неутралноста, туку поради оневозможувањето на советскиот блок да се шири. Најголемиот дел од тие неврзани беа неразвиени земји, со влијателни левичарски организации и партии, од кои некои беа и на власт. Па така, со оваа движење беа намалени можностите за нарушување на политичката рамнотежа меѓу двата големи ривали, која во овој случај би одела во прилог на СССР.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Репутацијата и авторитетот на "неврзаните",е колку на А2 телевизијата.(т.е пиши пропало)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom