Да се родиш на дрво…

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Раѓање на пат, можеби не е нешто невообичаено, но да родиш близнаци на две различни магистрали – тоа навистина е нешто уникатно. Такви се коментарите на медиумите во врска со случајот на Шивон Андерсон од Лонг Ајленд, која на 28 јули 2012 роди две момчиња, на пат кон болницата, притоа на две различни магистрали.


Пред камерите на Еј Би Си, самата Шивон која планирала да се породи навреме, споделува дека е потресена од раѓањето. Таа и двете момчиња, се добро. По тој повод Huffington Post, објави список на нај-невообичаените места, за кои се знае, дека има случаи на породување. Според изданието, постојат многу уникатни случаи, слични на историјата на Шивон. Како пример се посочува Аманда Мекбрајди од Минесота, која во 2010 година родила додека возела сама кон болницата.

Друг познат случај датира од 2000 година, кога Софија Педро, која била во блажена состојба, морала да се качи на дрво, за да се спаси од поплава. Смелата жена, се држела за гранките додека се пораѓала со својата Розита. За среќа, спасувачката екипа од Јужна Африка, пристигнала веднаш и успеала да ја хоспитализира.


Од 2009 година датира случајот на Доминик Тревино која добила контракции, додека патувала со автобус кон болницата. За среќа во автобусот се нашло и медицинско лице, кое ја советувало да се симнат во бибилиотекaта покрај која поминувале во моментот. Само што се симнала од автобусот, биле доволни две стегања, за да ја роди ќерката, а нејзини помошници-акушери биле вработените во библиотеката.

Над 2000 лица пак, станале сведоци на раѓањето на Ненси Салгуеро, која тој момент го овековечила преку интернет лајфстрим. А врвката на бебето била пресечена од нејзиниот двегодишен син.

Во 2009 година Тифани Колс ,родила на зебрата (пешачкиот премин), на само неколку чекори пред влезот на болницата во Висконсин. За раѓањето на синот Келан и помогнале, една сестра и обезбедувањето на болницата.

Уметникот Марни Котак ,исто привлекла внимание со раѓањето, откако решила тоа да се случи во уметничката галерија во ЊуЈорк. Според неа, да даваш живот е највисоката форма на уметност, па затоа пред повеќе од 20 лица, во салата на галеријата, таа го родила бебето Ајакс.

Ако знаете некoи интересни места на породување, било во Македонија или светот, споделете...Порано, во времето на нашите баби и дедовци, особено тие што живееле во села, било нормално да се родиш на нива или во штала...
Извор
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
сега детето е на 50 години, а се породи мајка му во портирница - чуварска куќичка на тогашен Југопетрол во Маџари.
Тој е оној склад-магацин пред Термо централата.Тогаш немаше телефони по домовите,само по еден вака по некој фирми,или имаа поточно некој и дома ама имаа и неколку чварки на рамениците,а ние другите бевме РАЈАТА.
Жената отишла да се јави на телефон кај чуварот кој бил сам на ноќна смена,ама не издржала и го донела на свет тука.
Е тој со што го пресекол папокот незнам -парашјте.(тие години секојдневно бев во тој склад и ова долго се раскажуваше таму)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Едит Пјаф е родена на тротоар...Една декемвриска вечер, осамениот фенер на париската улица “Белвил“ 72, станува најсветлиот акушер во историјата. Токму под него, на самиот тротоар, се раѓа Едит Жиована Гасион.
Многу ја сакам :)
Пред Клиника Чаир на бетон.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Да се родиш на дрво е привилегија.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Anco е роден во магацин...ако има уште некој член роден на интересно место, нека сподели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom