Да му помогнеме на Светомир

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Враќајки се накај дома вчера во 12.30 навечер, здогледав човек чии опис се совпаѓаше со оној на човек без дом, без храна. Си реков, некако да му помогнам сакам. И порано тоа сум си го викал, али никогаш не сум постапил така...овој пат си дадов предизвик самиот себе си дека немам гз тоа да го направам (тоа пали кај мене :P). Тргнав кон најблиската продавница, бар една асална вечера да му земам на човекот, а додека се оддалечував до него забележав и едно маче (подоцна е многу важно ова).
Купив 4 јаболка, 2 кроасани, еден листа густи сок, а од пекарата земав топол кроасан, знам дека тие се најубави толку касно. Рипнав на точакот и тргнав назад да го пресретнам. Но ко за инает човекот си беше отишол од таму. Ме стрефи една мака дека не се вратив доволно брзо, но позади една зграда здогледав нешто бело како се шмугна. Темници, кучиња, манијаци, али ја ко мува без глава тргнав да видам дали тоа белото е човекот што го барам.
И навистина испадна така, тоа беше човекот од претходно. Отпрвин го набљудував од далеку, за да видам дали е безбедно да му придам, денес има секакви будали со дом, така да кога ќе го изгубат којзнае што може да настане. Кога решив да му придам, тој мислеше дека ќе го бркам од контејерите низ кои гледаше, и почна да се одалечува. „Пријателе!“ беше зборот кој го сврти назад.
Му ја подадов кесата, објаснувајќи му дека е за него, нешто да касне убаво вечерта. Под неколкуте џемпери и дебела брада, веднаш се појави мала насмевка.
Иако беше надвор грч ладно, иако беше веќе 1 часот по полноќ, најчовечки беше тогаш да направам некој муабет со човекот, достоинството да му го вратам, па и надежта дека има по некој арен тука.
Тој се викаше Светомир, или Свето како надимак. Може имаше едно 50 години, и више. Излезе дека има некоја барака во Трнодол, но без струја само со вода (на ова ладно ја со клима се тресам дома, а тој?). Се зачудив кога почнавме да дискутираме на разни научни теми. Астрономија, економија, политика, биологија...па ова беше учен човек. Неговијот речник не доликуваше на некој необразован питач. Најголемиот шок беше кога дознав што работел: Доктор. Доктор во воена болница, човек со лице, со кариера, завршил на улица. Причината: Критикувал југословенски генерали во својот дневник. Поради тоа бил исфрлен, натепан неколку пати и кривично гонет. Низ муабетот неколкупати спомна колку му недостига Југославија, но во поарните времиња, а не после Тито, кога и сето тоа му се случило.Свето месечно има пензија од 15000 денари. За опстанок тоа е доволно. Ме зачуди зошто со 15000 тој оди по контејнери. Неговиот одговор беше: Ги имам тие 15 илјади на лист, но не и во рака. Никоја банка несака да ми ги исплати, сум немал правилна документација. Тој веќе долго време не ја зема таа пензија, а ако му се собере сето тоа што му должат нашиве, можам да замислам само која сума ќе дојде...
Свето имаше голема верба во бог и во здравата исхрана. Ги проколна и НАТО што се мешаат во сите војни како и во 2001вата и во Либија (од што се гледа дека човекот си го оддржува достоинството и чита за нови настани). Тој велеше дека со правилна исхрана и со чесност, така до ден денес си е жив и си е среќен. Ми прераскажа дел од пасусите од Библијата што се соодветствуваат со денешни настани, и како се е веќе предвидено.
Неколкупати ми се извини што ме гњавеше на разни теми, но иако смрзнав на ладното со едно јакниче само, немав ни грам сила во душата да го одбијам тој разговор кој нему му е толку потребен.
На крајот Светомир ми се заблагодари уште еднаш за доброто дело, но и ме замоли нешто:

„Доаѓа зима, но јас никако да најдам добри обувки. Или се многу мали, или многу големи. Али големите ги земам, па ќе ставам повеќе пара чорапи и таман (се смее). Јас сум број 42, доколку знаеш некој кој што сака да ги фрли нивните обувки, те молам земи ги и зачувај ги за мене. Тоа ми е сега најголемиот проблем.“​
Си помислив, јас се нервирам дали утре за кола ќе положам, дали ќе имам лабараториски вежби на факс или дали интернетот ќе ми е брз или не. А тој се секира дали ќе има топли обувки?
Па у пичку матер со нашиве измислени и нереални проблеми, кога светов има толку големи маки, само некој да го согледа треба.
И врз сето тоа, Светомир ми кажува:

„Јас не јадам месо, но секогаш кога ќе најдам им давам на мачињава тука да јадат. Баш прееска хранев едно маче онаму. Па и леб ако најдам оставам на птиците, најчесто на тие ниските кровови за да може да каснат и они нешто“​
Бездомник кој скита по контејнери за храна, ги храни и животните. Нема придавки со кои може да се опише добрината на овој човек.

Можеби ова беше доста долго, но средбата со Светомир вчера навистина ме натера да размислувам дека доколку ние како луѓе не си помагаме заедно, кој ќе ни помогне? Па Светомир е некој што е најблизок за нас: Ем е човек, ем е Македонец, ем Скопјанец, па дури и во близина на моето маало живее. Зар не би му помогнал на твој комшија?

Затоа имам 3 молби за оние од вас кои стигнаа до крајов на тестов:
  1. Доколку имате обувки број 42 или поголеми, а се за фрлање, побарајте ме мене за да може да му ги оставиме негде на Светомир.
  2. Доколку сте или знаете некој што може да му помогне во вадење на лични документи, за конечно да може да ја подигне пензијата која праведно му следува, ВЕ МОЛАМ исконтактирајте ме за да договориме средба со него!
  3. Доколку најдете некој наш сограѓанин кој е во слична ситуација, одвоете 30 минути од вашето време, и 150 денари од вашите пари за да му го посреќите денот, и да му ја вратите вербата во човечката хуманост.
  4. еве каде да се обратите за ако може да помогнете
  5. http://www.facebook.com/notes/горјан-јовановски/светомир/10150352073928114
 
S

Sagan

Гостин
Само што сакав да ја отворам темава
Ќе си бил третиот што ќе го стори тоа денеска.
Тема за ова беше отворена рано денеска, оваа е втора.

Пак ќе речам, на човекот може да му се помогне само ако добие документи, за да си ги подигне парите од пензијата.
Нему не му треба туѓа милостина.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Незнам зошто но додека го читав текстот ми се насолзија очиве. Одамна непамтам кога сум бил вака емотивен да речам. Се наежив целосно, ова една од ретките приказни кои успеале вака да ме растревожат.
@macko i
Секоја чест за тебе што си решил да му помогнеш на човекот. Да имаше повече храбри луѓе како тебе светот денес ке беше подобро место.
За Светомир можам само да му посакам среќа, да ја истера правдата до крај и да си добие тоа што заслужил. Малку се луѓето како него кои иако во тешка ситуација си го сакаат животот.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Секоја чест за делото што си го направил, мислам дека како и на друг начин да ги потрошеше времето и парите никогаш немаше толку да те исполнат и да те направат среќен
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Одлично,браво мацко,ретки се таквите луѓе веќе.за жал
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Ме трогна приказнава, браво дечко.
Жал ми е што не можам да помогнам
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Имам забележано еден човек што шета секоја вечер после полноќ во областа на Капиштец, Жданец и Тафталице со една цела глутница на кучиња позади него. Дали е тоа тој? Го имам приметено го собира особено лебот што ќе го најде од контињерите, нешто за него, другото го дава на кучињата, мачињата...
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Имам забележано еден човек што шета секоја вечер после полноќ во областа на Капиштец, Жданец и Тафталице со една цела глутница на кучиња позади него. Дали е тоа тој? Го имам приметено го собира особено лебот што ќе го најде од контињерите, нешто за него, другото го дава на кучињата, мачињата...
Да другар тој е
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Како треба да му помогнеме за документи? Да му собереме пари за да уплати за вадење лична карта во МВР или на друго се мисли?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
macko i Tи си Гојран или ?
Сепак малку етика и морал не е на штета...
инаку споделено на FB за жал малку сум далеку за друга помош...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.278
Поени од реакции
27.739
мислам дека не е текстот од мацко, туку само е пастиран текстот на Горјан.
кој сака да помогне може да отиде во групата погоре.
Инаку веќе Вечер го имаат исконтактирано за да го најдат човеков и да му се пружи помошта.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Како може да му се помогне за документи?
Имам познаници, кога би знаела со кого да зборувам би било полесно. Каква документација му недостига?
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Како може да му се помогне за документи?
Имам познаници, кога би знаела со кого да зборувам би било полесно. Каква документација му недостига?
Најубаво во групата на Фејсбук или директно да го прашаш Горјан Јовановски

https://www.facebook.com/groups/177167712364342/

http://www.facebook.com/gorjanjovanovski
 

Kajgana Shop

На врв Bottom