Дали треба да отворам нова фирма

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Имам фирма-фабрика за производство,а сум основач,коспственик,партнер во други фирми со различни дејности од мојата.
Планирам самостојно да почнам работам со некоја од дејностите,т.е да отворам бутик во склоп на мојата фирма или е подобро да регистрирам друга фирма(ДОО,ДОЕЛ,Трговец поединец).
Ми треба помош некој да ми објасни која опција е подобра и која е процедурата за регистрација
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Ако сакаш сам да ја основаш треба да ти биде ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност на едно лице ) јас ова го знам учев за ова по Бизнис !:D
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Имаш веќе фирма која е само твоја?
Работи си со неа, единствено ќе си регистрираш подружница (бутикот) и готово.
Тоа што имаш некој удел и во др. фирми нема врска.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Имаш веќе фирма која е само твоја?
Работи си со неа, единствено ќе си регистрираш подружница (бутикот) и готово.
Бутикот и фискалната на адресата на фирма ли треба бидат и со иста ли ж-ска ќе функционираат
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Бутикот и фискалната на адресата на фирма ли треба бидат и со иста ли ж-ска ќе функционираат
Бутикот и фискалната ќе ти бидат на адреса каде вистински се наоѓаат (затоа и подружница).
На иста сметка ќе се.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Имам фирма-фабрика за производство,а сум основач,коспственик,партнер во други фирми со различни дејности од мојата.
Планирам самостојно да почнам работам со некоја од дејностите,т.е да отворам бутик во склоп на мојата фирма или е подобро да регистрирам друга фирма(ДОО,ДОЕЛ,Трговец поединец).
Ми треба помош некој да ми објасни која опција е подобра и која е процедурата за регистрација
Темата е префрлена во Економија и Бизнис.
Те цитирам чисто за да знаеш дека не е избришана, туку преместена.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сега под една шифра можеш да работиш повеќе дејности. Струмикс ти кажа, отвори подружница на постоечката твоја фирма што е твоја. Тоа значи ќе има подружницата (како фирма во фирма) свое седиште, адреса и сметка посебно од главната фирма, а сметководствено двете ќе ти ги рамнат.
Не се трупај само со фирми тешко се затвораат.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Сега под една шифра можеш да работиш повеќе дејности. Струмикс ти кажа, отвори подружница на постоечката твоја фирма што е твоја. Тоа значи ќе има подружницата (како фирма во фирма) свое седиште, адреса и сметка посебно од главната фирма, а сметководствено двете ќе ти ги рамнат.
Не се трупај само со фирми тешко се затвораат.
Планирав да отворам(основач)друга вирма со посебна сметка и посебно вработени,ама кога подружницата ќе има свое седиште и сметка нема да имам потреба.
Благодарам на одговорот
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
седиштето на фирмата ти е каде што ти е главната фирма, а подружницата е на новата локација. на име на подружницата (која може да биде со комплетно друго име од фирмата сем што на вратат горе ке мора да ти пишува со мали или ситни бели печатни букви името на правата фирма) можеш да си имаш и посебна жиро сметка, посебно сметководствено да се тера, ама на крај на година ке ти ги порамнуваат сите сметки т.е. тоа е една фирма нели... понатака ако ти тргне бизнисот, отвараш друга подружница (друг бутик) и можеш со комплетно ново име и од подружницата прва и од фирмата а пак да е на постоечката фирма...

јас тоа го искористив така што фирмата ми е на една стационирана адреса од која немем намера сега за сега да се дислоцирам, а канцелраијата на пример (под кирија ја држам) ми е подружница. магацинот и производството(под кирија се) ми се подружница 2... сем што мене не ми иде во прилог да ги мењам имињата затоа што тоа ми е дел од маркетинг, на сите ми пишува кано инжинеринг, а одоздола си пишува подружница 1, подружница 2, па здравје ако се отвора друг објект ке иде подружница 3 итн... сакам да кажам, можев да мењам имиња ако сакам, ама не сакам...

на времето и јас имав бутик... фирмата ми беше со едно име а дуќано (подружницата) со сосема друго име...
 
Член од
1 декември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
0
a ako dvete se vo ist objekt primer trgovija i servis....potrebno e dve fiskalni ili so edna moze?
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
27
Поени од реакции
3
Здраво,

Дали некој знае што е потребно за регистрација на подружница?
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Треба да се знае конкретно која ќе ти биде математиката со ДДВ? Дали враќаш ДДВ на постоечката фирма или плаќаш? Кои произвиди влегуваа по кои стапки на ДДВ и кои производи излегуваат по кои стапки на ДДВ? Размисли од ДДВ-аспект кој се бенефити/слабости... Ако ништо не ти менува ти препорачувам да останеш со истата фирма затоа што така ќе имаш помалце трошоци... Само си регистираш подружница... Но ако се работи за ДДВ равенка во која ќе испаднеш ќар од нова фирма ова треба да го ставиш во однос со трошоците за водеење на истата и да донесеш одлука на база на тоа...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
седиштето на фирмата ти е каде што ти е главната фирма, а подружницата е на новата локација. на име на подружницата (која може да биде со комплетно друго име од фирмата сем што на вратат горе ке мора да ти пишува со мали или ситни бели печатни букви името на правата фирма) можеш да си имаш и посебна жиро сметка, посебно сметководствено да се тера, ама на крај на година ке ти ги порамнуваат сите сметки т.е. тоа е една фирма нели... понатака ако ти тргне бизнисот, отвараш друга подружница (друг бутик) и можеш со комплетно ново име и од подружницата прва и од фирмата а пак да е на постоечката фирма...

јас тоа го искористив така што фирмата ми е на една стационирана адреса од која немем намера сега за сега да се дислоцирам, а канцелраијата на пример (под кирија ја држам) ми е подружница. магацинот и производството(под кирија се) ми се подружница 2... сем што мене не ми иде во прилог да ги мењам имињата затоа што тоа ми е дел од маркетинг, на сите ми пишува кано инжинеринг, а одоздола си пишува подружница 1, подружница 2, па здравје ако се отвора друг објект ке иде подружница 3 итн... сакам да кажам, можев да мењам имиња ако сакам, ама не сакам...

на времето и јас имав бутик... фирмата ми беше со едно име а дуќано (подружницата) со сосема друго име...
..колку ги намножи??? ко Џенерал Моторс си станал... :) :)[DOUBLEPOST=1479141295][/DOUBLEPOST]
Треба да се знае конкретно која ќе ти биде математиката со ДДВ? Дали враќаш ДДВ на постоечката фирма или плаќаш? Кои произвиди влегуваа по кои стапки на ДДВ и кои производи излегуваат по кои стапки на ДДВ? Размисли од ДДВ-аспект кој се бенефити/слабости... Ако ништо не ти менува ти препорачувам да останеш со истата фирма затоа што така ќе имаш помалце трошоци... Само си регистираш подружница... Но ако се работи за ДДВ равенка во која ќе испаднеш ќар од нова фирма ова треба да го ставиш во однос со трошоците за водеење на истата и да донесеш одлука на база на тоа...
ДДВ-то ако си ист газда со ист џеб на пантолоните, никогаш и со букви никогаш не го враќаш , незнам низ колку иглени уши да го протињаш...., само платениот го минусираш од оној кој си го пресметал на купувачот и не го плаќаш на крај двапати... :) освен во случај на извоз......што е денес мноооогу редок случај. Зар мислите дека џабе е ДДВ-то крстено од својот основоположник како : буџето-полнач??? :sneaky:
 
Последно уредено:

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
..колку ги намножи??? ко Џенерал Моторс си станал... :) :)[DOUBLEPOST=1479141295][/DOUBLEPOST]
ДДВ-то ако си ист газда со ист џеб на пантолоните, никогаш и со букви никогаш не го враќаш , незнам низ колку иглени уши да го протињаш...., само платениот го минусираш од оној кој си го пресметал на купувачот и не го плаќаш на крај двапати... :) освен во случај на извоз......што е денес мноооогу редок случај. Зар мислите дека џабе е ДДВ-то крстено од својот основоположник како : буџето-полнач??? :sneaky:
На извоз мислев :D Човекот има производство не е чудо да извезува и да повраќа ДДВ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom