Дали сте суеверни?

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
На 6. јануари вечерта е Бадникова Вечер. Се дочекува денот на Христовото Раѓање. Познато Ви е дека на трпезата (која треба да е посна) има и лепче со паричка. Тоа се крши и се верува дека оној кому ќе му се падне паричката ќе има среќа цела година. Ако не се лажам ваков обичај има и за Василица. Тоа е суеверие. Нешто кое нема врска со здравата Вера. Верникот, Божјото Чедо е среќно цела година и цел живот без оглед дали страда или се радува. Среќно е зашто е во Божјата Прегратка која топло Татковски го гушка.
Внимавајте!

Друго, дали дочекувате Нова Година со радост и со веселба верувајќи дека ќе Ви биде радосна целата година поради тоа што весели сте ја дочекале? Внимавајте, тоа е суеверие! Ноќта на дочекот на новата година треба МОЖЕБИ по нешто да е поинаква од другите ноќи. Прво: Треба да сме помолитвено наклонети за да го замолиме Бога да ни ја благослови годината и не само годината која доаѓа туку целиот живот кој ни претстои. Второ: Треба да се сетиме на сите свои маани за да ги поправиме, на сите свои гревови кон Бога и кон луѓето и да се покаеме, измириме со оние на кои сме им згрешиле. Реков МОЖЕБИ зашто сето ова сме должни да го правиме секој ден. Дочекот на новата година е само уште една непреспиена ноќ, евентуално ноќ во која сме си поминале убаво со драгите личности, со смеа, песна, радост - нешто кое се случува СЕКОГАШ кога ги имаш вистинските личности покрај се*е. Дочекот не е ништо посебно.

Имате ли предмет кој го носите секогаш со се*е верувајќи дека ви носи среќа и дека ве чува од несреќа? Внимавајте, тоа е суеверие. Немојте да се врзувате за предмети зашто тие не носат среќа, бидејќи не ја ни поседуваат среќата. Само Бог е извор на сета човекова среќа. Ако Господ не сака, ти можеш како амајлија да го носиш целиот Космос, џабе е. Барај од Бога успех и ќе имаш успех. Барај од Бога заштита и ќе имаш заштита. Се’ што е одвојува од Него е од ѓаволот бидејќи ѓаволот работи на тоа потполно да те оддалечи од Бога, од луѓето, од природата и од те*е самиот (шизофренија) и да направи да им се поклонуваш на созданијата наместо на Создателот.

Исфрлете ја од умот помислата дека една маичка Ви носи среќа друга Ви е баксуз. Дека комшиката ако ја сретнете ќе Ви биде (не)среќен целиот ден, дека скршеното огледало е несреќа Х години, дека црна мачка, поп, оџачар се среќа или несреќа. Свеќа кога палите (освен лоена - за осветлување) купете ја ИСКЛУЧИВО во Православен Храм. Не знаете оној кој продава на улица од каде купил и дали се тие свеќи благословени. Немојте да мислите дека свеќа ако се изгаси ќе се случи несреќа. Дека кукавица ако закука ќе има несреќа. Дека ако се истури сол ќе има несреќа. Немојте да одите по јасновидци, бајачи, гатачи, врзувачи и одврзувачи на бели, црни, не знам какви магии. Не фрлајте пченица врз жешка рингла на шпорет на Благовец за да си ја сонувате љубовта, не горете кончиња за да видите кој колку ќе живее.

На сите овие работи НЕМОЈТЕ ДА МИСЛИТЕ! Потешко е во умот да чувате толку многу нешта, а немате корист од нив. Извор на Вистинската среќа, Благослов, Благодат е Господ, Тој е ЕДИНСТВЕНО НЕШТО, ЕДИНСТВЕНА ЛИЧНОСТ на Која треба да мислите за да бидете среќни, за да Ви биде животот исполнет со убави нешта, Тој е ЕДИНСТВЕНИОТ од кого треба да барате заштита од СЕ’.

Хороскоп на човекот кој Му верува на Бога не му треба, ниту вечен календар, зашто овој човек знае каква му е иднината - светла, радосна, исполнета. Среќата? Вечна!
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Внесе малку спокојство и божји дух помеѓу форумџиите.

Што се однесува до суеверијата, јас на пример сум суеверен дека бадниковата паричка ми носи несреќа, на два пати ми се има случено тоа.

Но, како што би рекол Крстителот:

"Верникот, Божјото Чедо е среќно цела година и цел живот без оглед дали страда или се радува. Среќно е зашто е во Божјата Прегратка која топло Татковски го гушка."
 
gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
Kрстителот,
Не е спорно дека во болно општество какво што е нашево, луѓето проблемите ги решаваат со бегање од реалноста: дрогирање, проституирање, алкохолизам и сл. Бегање од реалноста е решавање на проблемите со молење и верба во некој бог, политичар или сл.
Човекот го вози истиот "хардвер" од пред 5000 години, има само понов "софтвер". Има ист механизам на егзистенција, склон е кон истите пороци, донесува одлуки врз истите принципи. Разликата е во кутурата и начинот на однесување(како разлика од DOS и Windows XP). Некој што бил пописмен и попаметен тогаш сватил како стојат и на каде одат работите. Го запишал тоа на хартија, други по него го филувале тоа и така ние денес имаме Библија, Куран и други "свети" книги. Пророци, гатачи, Супермен, Дедо Мраз и други не постојат. Не бил еден од нив ни тој што се сетил каде лежи зајакот.
Психата на човекот е таа, тој се плаши од непознатото. Затоа е воведена религијата, механизам за контрола на маса прости луѓе.
Господ не е ни личност, ни нешто, тоа е измислица која луѓето ги држи во покорност, механизам кој не им дозволува да ја согледаат реалноста и да се справат со неа. Барање утеха и спас од Господ, Алах, Буда или некој друг измислен карактер е само криење на проблемот под тепих. Тие не ја кријат тајната на нашето постоење и работите кои неможеме да си го објасниме.
Сепак подобро е да се има верба во нешто, па макар и во бадниковата паричка. Тоа не успокојува од секојдневната тензија, ја враќа нашата самодоверба и ни дава елан за успех во животот. Еден дел од мене верува дека има некоја надприродна енергија која ме прати и влијае на моите позитвни и негативни моменти.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
gOJDO напиша:

Дали ти сакаш да веруваш во некои празни работи за да ти биде подобро? Јас НЕ!
Дали ти сакаш да избегнеш од реалноста со дроги? Јас НЕ!

Дали луѓето го измислија Господ? Еве да речеме: ’да’. Тоа би значело дека Господ не постои. Но како ќе си ги објасниме сите феномени на пројава на Виша Сила која е Свесна Личност?

Ти: Сепак подобро е да се има верба во нешто, па макар и во бадниковата паричка. Тоа не успокојува од секојдневната тензија, ја враќа нашата самодоверба и ни дава елан за успех во животот

Јас: Блазе си ти ако од една паричка се успокојуваш од секојдневната тензија и ако една паричка ја враќа твојата самодоверба и ако една паричка ти дава елан за успех во животот.
 
The_Grim

Acid Nightmare
Член од
22 ноември 2005
Мислења
1.501
Поени од реакции
24
neli e malku zgresena temata....ova e za hristijanstvo ne eza sueverija....ali so znam i taka sum ateist pa ne znam bas.....enivej kako sto kazav ateist sum i ne sum ama ic sueveren...
 
pinky**

..all over again..
Член од
16 декември 2005
Мислења
383
Поени од реакции
4
pa luge zarem ne sfakate deka se sto se slusuva so nas i okoklu nas e sueverie...no zavisi od nas na koj nacin ke go sfatime i smislime...Vsusnost nasiot zivot e obicno sueverie...Dali nekogas ste se zaprasale ZOSTO ZIVEEME???zosto se ragame za na kraj pak da umreme???
toa e apsurdno no bezrazlika na nasite prasanja odgovor ne naogame...
ednostavno toa e taka i taka i ke bide sekogas...Sekoj eden vo svojot zivot si zacrtal odredeni raboti koi spored nego se dobri i koi moze da gi pravi a koi ne se i ne moze...Toa e vcusnost celta i na naseto postoenje....samo sto postojat razlicni luge so razlicni sfakanje i razlicni sueverija...pa sega KOJ KAKO SI JA NAREDIL :):)
 
gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
Крстителот напиша:
Дали луѓето го измислија Господ?
Еве да речеме: ’да’. Тоа би значело дека Господ не постои. Но како ќе си ги објасниме сите феномени на пројава на Виша Сила која е Свесна Личност?
Кога зборувам "надприродна енергија" немислам на некаква сила виша или нижа, уште помалку на личност. Има работи кои сеуште не сме способни да ги објасниме, јас мислам дека Робин и Бетмен ги праат тие феномени.
Мистичен напиша:
Што се однесува до суеверијата, јас на пример сум суеверен дека бадниковата паричка ми носи несреќа, на два пати ми се има случено тоа.
Јас несреќа го прочитав како среќа.
Сепак стојам на моето, Мистичен се чувствува подобро кога нема да му падне бадниковата паричка, еден дел од него верува дека тоа е така.

Крстителот напиша:
Јас: Блазе си ти ако од една паричка се успокојуваш од секојдневната тензија и ако една паричка ја враќа твојата самодоверба и ако една паричка ти дава елан за успех во животот.
Твојата смисла за сарказам и цинизам е далеку од поентата која сакаш да ја доловиш, не ме чуди што имаш ник Крстителот
За разлика од другите форми на забегување, верата не е штетна ако правилно се свати. Ама ретко кој ја сватил
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
gOJDO напиша:
Твојата смисла за сарказам и цинизам е далеку од поентата која сакаш да ја доловиш, не ме чуди што имаш ник Крстителот
За разлика од другите форми на забегување, верата не е штетна ако правилно се свати. Ама ретко кој ја сватил
Ниту сум циничен ниту сум саркастичен. Само критикувам каде што СПОРЕД МОЕТО МИСЛЕЊЕ треба. Значи субјективно! Твое е што ќе прифатиш, што ќе отфрлиш. Јас само ти го ставив пред очи (ако можам така да кажам) твојот светоглед - од една паричка ти зависат овие работи кои ги наброја:
Сепак подобро е да се има верба во нешто, па макар и во бадниковата паричка. Тоа не успокојува од секојдневната тензија, ја враќа нашата самодоверба и ни дава елан за успех во животот. Еден дел од мене верува дека има некоја надприродна енергија која ме прати и влијае на моите позитвни и негативни моменти.

Јас својата утеха и среќа ги црпам од Верата во нешто Живо, во Личност, а не во предмет! Личноста знае и да чуе кога молам и да притрча во помош. Личноста знае и да сослуша кога имам потреба. Натприродната енергија која ја спомнуваш, кај мене има облик на Личност.
Паричката е мртов предмет. Во текстот од темата ти кажав: ѓаволот прави се’ за да те оттргне од Верата во Создателот и да те натера, принуди да им се поклонуваш и да им веруваш на предметите, на созданијата и на него самиот - ѓаволот.

А никот ми е Крстителот од најдлабоки Верски Чувства. Не поради цинизам, не поради саркастичност. Чест ми е што го избрав овој прекар поради Личноста на Свети Јован Крстителот.
 
gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
Браво Крстителе, ти сосема си во право
 
NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Абе Јово Икс, зашто на тебе и твоите увек ви е крив ѓаволот за нешто? Дежурен кривец ви е да ви ибам. Све ѓаволо ги тера луѓето на лошо. Демек они сами по себе не се, па ќопавиот ги натерал. И од каде таков егоизам дека Створителот(ако постои како таков), директно е задужен за твојата персона? Нема он друга работа, па ај на Крстителот ќе му стои на услуга. Личен бодигард со две, три пуш паузи.

А што се тиче суеверија. Суеверијата одсекогаш постоеле кај човекот. Тие се и основа за таа твоја религија. И за секоја религија. Прашањата постоеле, на нив се одговарало адекватно, на кој колку му сечел паметот. И ко што кажа Гојдо, како општеството станало покомплексно, така и религијата станала потребна алатка зоа контрола на рајата. Не е џабе финтата со пастирот и овците.

Значи суеверијата се кул, се додека не се претерува. Тоа со паричката ни останало од словените, Бадник е постар празник од Божик. А амајлии као амајлии постојат. Само не е тоа секаква џиџа-миџа која ќе ја купиш од циганка(она окото), New Age shop, или овие црните наруквици у црква што ги продаваат(се вклучија и они у бизнисот). И крстот на вратот што го носиш е амајлија.

Ама се се тоа џиџи-миџи. Амајлија е предмет кој има некоја моќ. Сега таа моќ може да биде само сугестивна(т.е. да делуе само на тебе), што не е за потценување. Како амајлија може да делува некој предмет кој „попримил” некаква моќ(позитивна или негативна), при некоја случка. Многу луѓе чуваат предмети кои биле значајни или присутни при некоја весела случка. И тие на подсвесно ниво ги вржуваат со тој момент на среќа и барем така ги усреќува. Или пак за некои предмети мислат дека носат лоша среќа, затоа што имале удел во некоја немила случка. Тоа е углавном тоа за амајлиите. Не е лошо да се има понекоја, ако таа ве подсеќа на нешто добро и ве прави среќни. Или пак да се отарасите од некој предмет за кој мислите дека ви носи несреќа. Дури и да нема никаква вистинска моќ, има голема моќ во вашата подсвест. А подсвеста доста пати не контролира.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
NikolaP напиша:
Абе Јово Икс, зашто на тебе и твоите увек ви е крив ѓаволот за нешто? Дежурен кривец ви е да ви ибам. Све ѓаволо ги тера луѓето на лошо. Демек они сами по себе не се, па ќопавиот ги натерал. И од каде таков егоизам дека Створителот(ако постои како таков), директно е задужен за твојата персона? Нема он друга работа, па ај на Крстителот ќе му стои на услуга. Личен бодигард со две, три пуш паузи.
Кога го создал човекот, Господ зел одговорност да биде Татко на СЕКОЈ ЧОВЕК. Ако си родител знаеш, ако се’уште не си, ќе научиш кога ќе станеш(ако станеш) што е тоа Татковска Љубов и Грижа!

Точно е дека ѓаволот ја изопачува волјата на луѓето и ги труе со смртоносен отров. Навистина многу работи зависат од нашата волја, но кога ќе ти биде уништен критериумот за тоа што е добро што е зло и кога ќе ти биде испомешано во умот се’, ако сакаш кажи во тој случај дека се тие криви
 
NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Абе остај ти тоа, дали го создал човекот и што изјавил господ тогаш. Да не си бил ти сведок, па знаеш дека се заколнал?
Љубов знам што е и грижа, ама затоа се родителите, да се грижат за своите чеда, додека се неспособни сами да се грижат за себе. Потоа секој човек за себе си се грижи, му потпомагаат и неговите блиски, а кога ќе си најде партнер во животот тие ќе се грижат еден за друг. Кога овие ќе постанат пак неспособни за грижа самите за себеси, тука се децата или општеството(ако е хумано). Затоа и сме формирале семејство, општество и држава, да се грижи некој за нас и ние за другите. Ако сме оставеле само на Татковата Грижа на Неговото Стварателство, не би стигнале далеку. Сепак, можда и Тој го измислил целиот тој систем, па автоматски го исполнува ветувањето. Никад се незна.
А тоа дека Господот заедно со неговиот фејворит син Исус се извор на сето добро, а не толку фејворитите синови Луцифер и компанија на сето зло и не држи многу вода.
Човекот е во исто време зол и добар. Прави и зли и добри работи. Целиот универзум е создаден на принцип на дуализам и равнотежа, ала клацкалица. За работите да се движат мора да постојат спротивности. Значи и злото е нужно исто толку колку доброто што е.
Имаат подеднакво важна улога.

А за амајлиите и суеверијата ќе кажеш нешто? Уште три цели параграфа пишуе.
 
gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
Ја викам да напраиме туча. Нека молбите од Крстителот ја повикаат неговата возвишена светост "Господ Бог". Ја ќе искочам на тераса и ќе го викам Супермен, па да видиме кој е појак. А и Никола и ти викни ако имаш кого да викнеш да му ја исркши Супермен кичмата.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.184
Поени од реакции
34.407
Не забегувајте од темата толку. :wink:
 
ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
25
gOJDO напиша:
Кога зборувам "надприродна енергија" немислам на некаква сила виша или нижа, уште помалку на личност.

Pa nikoj ne go videl Gospod Bog vo licnost...kako sto gledas i na Sinot Bozji Isus Hristos, mu se javuva kako glas, a ne kako licnost. Razlikuvajte be luge od Sin Bozji i od Gospod Bog.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom