Дали свинското месо е забрането во христијанството?

Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Не навлегувај во здраствените причини, тие ден денес се познати.. замисли Бог забранил неколку работи и ни наредил неколку, а ние како луѓе само си наоѓаме причини за непослушност
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Исус нејадел свинско, но ги сметал свињите за прљави, ..едноставно е бе луѓе, свињата ќе изеде и човек кога е гладна, ќе му ги сомеле коските и ќе ги искрши за секунд..ова барем ви е познато..
Абе и човек кога е гладен...

Знаеш ли за авионската несреќа на Андите?

Дали и човекот е прљаво суштество?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Абе и човек кога е гладен...

Знаеш ли за авионската несреќа на Андите?

Дали и човекот е прљаво суштество?
Разбирам да наведуваш причини од типот - штетно по здравје....ама морал...етика?! Како причина да јадеш или не некое животно?! Не јадам свинско, затоа што свињата не се пазела што јаде?!
Демек кокошките ако ги оставиш на некоја депонија, ќе се навредат и од глад ќе умрат, ама нема да јадат било што!:pos:
И тоа што го потенцираше во постот....значи најподобен за јадење испаѓа дека е човекот!:pos: Нели.....како "најчист".
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Не ме разбираш..читај ја библијата и просвети се зошто свињата е прљава. Јас да те оставам 10 дена да живееш со свињи или 10 дена во кафез со кокошки..
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:47 ---
поинаку незнам како би ти објаснил
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Не ме разбираш..читај ја библијата и просвети се зошто свињата е прљава. Јас да те оставам 10 дена да живееш со свињи или 10 дена во кафез со кокошки..
--- надополнето: 20 февруари 2012 во 23:47 ---
поинаку незнам како би ти објаснил
Па сите животни се нечисти....каде има животни со кој ако останеш десет дена, ќе излезеш чист?
Кое животно се тушира? Или си мие заби пред легнување? Не ме зезај!
Ако тоа е причина за да јадеме или не некое животно, треба трева да почнеме да пасеме сите.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Стариот завет е јасен по тоа прашање и не е за џабе свињата која е синоним на валканост и смрдеж и која е далеку поголем преносител на заразни болести од сите други домашни животи да ја ставаш во ист кош со кокошката.Ова мали деца да ги прашаш знаат.
 
G

galaxy

Гостин
Стариот завет е јасен по тоа прашање и не е за џабе свињата која е синоним на валканост и смрдеж и која е далеку поголем преносител на заразни болести од сите други домашни животи да ја ставаш во ист кош со кокошката.Ова мали деца да ги прашаш знаат.
Дали санитетските причини се единствените поради кои не треба да се јаде свинско?
Денес на пример многу е поштетно да се јаде пилешкото заради хормоните. Тоа Алах и Јахве не го предвиделе? И никаде не стои дека не смее да се ставаат хормони во кокошките, така да тоа не е против религиите.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Стариот завет е јасен по тоа прашање и не е за џабе свињата која е синоним на валканост и смрдеж и која е далеку поголем преносител на заразни болести од сите други домашни животи да ја ставаш во ист кош со кокошката.Ова мали деца да ги прашаш знаат.
Е го погоди авторитетот......баш стариот завет го консултирам пред јадење....и по јадење!

П.С. За споредба стави човек и свиња, во идентични услови, и после 10 дена јави ми кој произвел поголем смрдеж. Свињата за разлика од луѓето нема потни жлезди, но исто како и луѓето е омнивор (јаде се).

П.П.С Во последниве неколку децении, најголемите пандемии и зарази беа предизвикани од кокошки, кој беа причината за птичјиот грип.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не е само тоа..во библијата пишува причината..мислам дека се копитата кои се раздвоени, ова означува нешто..исто како и животните кои имаат развиени очњаци..
Загреота тоа маите и инките. Цел живот само лами у трлото... Кај да најдат, кутрите, стока без раздвоени копита?
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 01:02 ---
Стариот завет е јасен по тоа прашање и не е за џабе свињата која е синоним на валканост и смрдеж и која е далеку поголем преносител на заразни болести од сите други домашни животи да ја ставаш во ист кош со кокошката.Ова мали деца да ги прашаш знаат.
Свињата не е „далеку поголем преносител на заразни болести.“ Си се збунил нешто. Синонимот за валканост, пак, е од третманот кој човекот и' го дава. Кај баба ми у село, свињата секогаш беше чиста и розева, пошто слободно се акаше низ двор.

За пошироко информирање, речиси сите народи северно од 40-тиот напоредник уживаат во свинско.

Арапиве/евреиве не се толку, пошто жешко е таму, па народот не работи... следи забрана!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Стариот завет е јасен по тоа прашање и не е за џабе свињата која е синоним на валканост и смрдеж и која е далеку поголем преносител на заразни болести од сите други домашни животи да ја ставаш во ист кош со кокошката.Ова мали деца да ги прашаш знаат.
Остај, не пишувај за смрдеата, бидејќи ќе стане смешно.

Батали, дај за нешто друго да дискутираме..
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Што говорат Библијата и Благородниот Куран за свињата

Библиски стихови
:
„А свињата, иако има копита, не прежива-нечиста е за вас.
“(ЛЕВИТ–ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА Глава 11:7)
„А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста завас. Не јадете од нејзиното месо ниту допирајте ја нејзината мрша.
“(ВТОРОЗАКОНИЕ-ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА Глава 14:8)


Златна обетка на носот на свињата: таква е убава жена а без разум.
“(ПОСЛОВИЦИ Глава 11:22)„
„Оние кои се посветуваат и се чистат во градините зад оној еден насредина,
кои јадат свинско, нечисто и глувци
-сите ќезагинат заедно
,”говори Господ.
“(КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 66:17)
„..живеат по гробовите и ноќе, на скришни места,
јадат свинско,ставаат восадовите нечисти јадења.
“(КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 65:4)
„Кој коле вол, исто е како да убива луѓе; кој жртвува јагне, исто е како дасече врат на куче. Кој принесува жртва,исто е како да принесува свинскакрв;кој кади, исто е како да му се моли на идолот. Како што тие ги избраасвоите патишта и на душите им се мили нивните гадости.
“(КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 66:3)„
”Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги
своитебисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и даве раскинат.”
(ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава 7:6)
„А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме восвињите.”
.....
А свињарите побегнаа, и штом дојдоа во градот, известија за сè,и за она што им се случи на опседнатите.

(ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава
8:31 и 33)(Истиот случај е и во Марко и Лука)

Користен е превод од
online
Библија на македонски јазик
. ------------------------------------------------------------
Курански
стихови
:
„172. О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и
бидете Мублагодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!
173.Тој навистина ви ги забранува: мршата, крвта, свинското месо
и тоашто е заклано во нечие друго име, а нево Аллаховото. А на тој што ќе бидеприморан без своја волја и алчност, тогаш не енегов грев. Аллах навистинапростува и Милостив е.“
(Ел Бекара

(Крава), стихови 172 и 173)


Ви се забранува мрша, крв, свинско месо
и тоа што е заклано во нечиедруго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено и убиено, и штопри паде загинато, и со рог забодено, или од ѕвер начнато, освен ако сте го заклалепред да умре, и што на жртвениците е жртвувано, и ви се забранува гатање сострелички.
„Тоа е порок! Денес неверниците изгубија секаква надеж дека виеод својата вера ќе отпаднете, затоа не плашете се од нив, туку плашете се одМене. Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера. А на тој што ќе бидепринуден, кога има глад, без намера да стори грев, Аллах ќе му прости иМилостив ќе биде.
“(Ел Маида (Трпеза), стих 3)
59. Кажи: „О, следбеници на Книгата, зарем нас да нè осудувате поради тоашто веруваме во Аллах и во тоа што
ни се објавува, и во тоа што е објавенопретходно, а повеќето сте грешници?“
60. Кажи: „Сакате ли да ви кажам кои се полоши од таквите
и кои Аллахуште потешко ќе ги казни? Тие кои Аллах ги проколнал и на кои се разгневили во мајмуни и свињи ги претворил, тие кои на тагутот му робувале
–нив гичека најлошото место, бидејќи тие најдалеку од Вистинскиот пат заталкале.“
“(Ел Маида (Трпеза), стихови 59 и 60)
„Кажи: „Јас не гледам во ова што ми се објавува дека на некого му е забрането да јаде што било друго освен мрша, или крв која истекува, или
свинско месо, тоа е навистина нечисто, или што како грев е заклано во нечиедруго, а не во името на Аллах“. А на тој што ќе биде принуден, но не оджелба, туку само колку гладта да ја прекине, Господарот твој навистина ќему прости и Милостив ќе биде.

(Ел Енам(Добиток), стих
145)
„Toj ви забранува само мрша, крв и свинско месо и тоа што е заклано вонечие друго име, а не во Аллаховото. А на тој што ќе биде принуден, но не оджелба, туку само колку гладта да ја прекине, Господарот твој навистина ќему прости и Милостив ќе биде.“
(Ен Нахл
(Пчели), стих115)
Користен е најнов превод од Благородниот Куран
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Стариот завет е јасен по тоа прашање и не е за џабе свињата која е синоним на валканост и смрдеж и која е далеку поголем преносител на заразни болести од сите други домашни животи да ја ставаш во ист кош со кокошката.Ова мали деца да ги прашаш знаат.
Бисерче, ниедно животно не е гнасно и прљаво. Свињата е едно паметно и интелегентно животно кое одамна се чува дома и како милениче. Прашањето е следно, дали треба да се јадат интелегентни животни? И дали ако ти се даде нож да го заколеш сам ќе можеш тоа да го направиш? Сигурна сум дека нема да можеш, а ако ти се понуди во продавница средено и исчистено лесно од навика го купуваш. Јас не сум класичен вегетаријанец, но месо консумиран многу ретко (секакво месо) само заради прашањето дека и тоа мевце било нечие детенце.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Zabraneto e, sto mislis subotarite adventistickata hristijanska crkva na sedmiot den zs ne jadat svinsko? Zatoa sto se povikuvaat na jasen citat od Biblija kkade e zabraneto svinsko meso! Sea vie najdete koe poslanie ili zitie koja stavka clen koj ama jas znam oni idat po istata Biblija i tamu jasno pisuva svinsko JOK! i zatoa oni ne jadat svinsko poso taka pisue u Biblia e sea ova pravoslavnive rucno kako im odgovara ovoj del bukvalno ke go prifatime ovoj ke go tumacime alegoricno i metaforicko i ispadja si biraat u eden del od Biblia veruvaat u drug nme veruvaat kako im odgovara inace jas sum ja cital biblijata puno pati i tamo pisuva svinsko JOK!!!! Ete dokaz subotarite oni se risjani biblija citaat ama vika tamu pisuva svinsko JOK i oni JOK nema svinsko jadejne i KRAJ!!!!
 
Член од
20 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
Многу рани христијани или рани христијански секти како сакате, не јаделе свинско месо, овај факт е познат кај секој кој барем малку го знае христијанството...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom