Дали парите на трансакциона сметка се оданочуваат ???

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Здраво,

Ме интересира дали ако сам ставам пари на трансакциона сметка, дали тие се оданочуваат? На пример роднини од странство што ќе пуштат, ќе заштедам некој денар од плата и се топтан ко ќе ставам на трансакиона смета. Пример 15-20000 ден. Дали постои можност или законски како е регулирано да ми задржат дел од парите? На трансакциска ми се побезбедни некако отколку дома да ги чувам
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Немој Грујо да слушне и парите на сметка пратени од физичко на физичко лице да стави 10% данок. :P

Јас имам пари на сметка заштедени од пред 3 години, а испратени од правно лице и сеуште се на сметка. Дали некој е бил во ваква ситуација подолго време да чува пари во банка а нема решение за данок?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.865
имам и јас прашање, пример вадам пари преку пеј пал, дали се плаќа некаков данок?
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот
што го остварува во земјата и во странство.
Обврзник на данокот на доход е и физичко лице кое непријавено врши дејност и остварува приходи
кои подлежат на оданочување според одредбите на овој закон.


Доходот што подлежи на оданочување го сочинуваат следниве видови приходи остварени во земјата и
во странство:
1. лични примања;
2. приходи од самостојна дејност;
3. приходи од имот и имотни права;
4. приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;
5. приходи од капитал;
6. капитални добивки;
7. добивки од игри на среќа; и
8. други приходи.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Добро а од кај ќе знае некој дека парите што ти идат на трансакциска се од заработка, може некој должен ти бил па ти исплаќа сеа, или пак ти ги праќа како во вид на подарок.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Parite sto ne ti se prihod ne bi trebalo da se danocat, ama vo cudesnava zemja sve e mozno.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
У 4та у средно (сеа сум 2ра факултет) имавме предавање од една жена од УЈП за даноци и сл. и ја прашав дали ако Х лице од странство ми прати пари на сметка (мислев за како фриленсер ако работам) таа ми рече демек „роднини, вујковци од странство“ не било проблем да праќаат, т.е. не се даночат
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Има разлика помеѓу прилив и приход. Секоја уплата на пари на сметка е прилив, а секој прилив не значи дека автоматски тоа е приход кој треба да се даночи.
Ако сам си уплаќаш пари на сметка не треба да плаќаш данок.
Е сеа друго прашање е ако веќе работиш и добиваш плата на сметка, едноставно не ги вади и готово. Мада тоа веќе е твоја работа и прај си како сакаш.
 

Schhh87

schhh...
Член од
3 февруари 2009
Мислења
356
Поени од реакции
16
До некаде разбрав ама пак да прашам. Јас сум невработен, осигуран сум во фондот за здравство како невработен. Е сега во 2014 ставив пари на трансакциска, депозит поточно. со што го надминувам лимитот кој е за лица со ниски примања на годишно ниво. Сега прашањето ми е дали тие примања ми се оданочуваат и ги сметаат како приход, бидејќи тие пари не ми се ни од работа во мк, ни ми се регистрирани, подарени ми се и заштедени од минатото(т.е не се ни примања). Сам лично си ги внесов на сметка, тогаш ја отворив, не се префрлани. Знае некој како треба да се постапи? Дали треба да плаќам данок во ујп за нив, и дали може да продолжам да си бидам здравствено осигуран со ниски примања?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Онака ... чудесно !

СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА БАНКИ

ВЛАДАТА ЌЕ ТИ ГИ ЗНАЕ ПАРИТЕ ВО БАНКА

Банките ќе им даваат податоци за поединечни лица на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и на Фондот за здравственото осигурување. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за банки, кои се на прво читање во собраниската Комисија за финансирање и буџет, на седницата закажана за понеделник.

Со актуелниот Закон за банки, "документите, податоците и информациите кои се стекнати при вршење на банкарски и на други финансиски активности за поединечни лица и трансакции со поединечни лица, како и за депозитите на поединечни лица претставуваат банкарска тајна, која банката е должна да ја заштити и чува". Со измените на Законот, банкарската тајна ќе може да им се открие и на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и на Фондот за здравственото осигурување, "за потребите на вршење на работите од нивните надлежности и во согласност со прописите за заштита на личните податоци", стои во измената.
За да можат да добијат податоци за клиентите на банката, владините институции треба да склучат меморандум за соработка со банката, со кој се регулира начинот на достапност на податоците.
Владата, како предлагач на измените, образложува дека пред трите наведени институции се одвиваат постапки во кои физички лица се јавуваат како баратели за остварување на одредени права и оти податоците им се потребни за проверка на она што го навеле во барањето.
"За да ги остварат тие права, барателите треба да исполнат одредени услови кои можат да се потврдат со информациите и податоците со кои располагаат банките во Република Македонија. Поради тоа, потребно е да се изврши измена на Законот за банките", објаснува предлагачот.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките бил утврден на седница на Владата одржана на 29 декември лани.
Со важечкиот Закон за банки, информациите за поединечни лица кои ги поседува банката, смее да ги открие, без да бара притоа дозвола од лицето, на: Народна банка, Управа за јавни приходи, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Управа за финансиска полиција, Државен девизен инспекторат, Фонд за осигурување на депозити, Кредитен регистар на НБРМ и на извршители.
(А.С.)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
До некаде разбрав ама пак да прашам. Јас сум невработен, осигуран сум во фондот за здравство како невработен. Е сега во 2014 ставив пари на трансакциска, депозит поточно. со што го надминувам лимитот кој е за лица со ниски примања на годишно ниво. Сега прашањето ми е дали тие примања ми се оданочуваат и ги сметаат како приход, бидејќи тие пари не ми се ни од работа во мк, ни ми се регистрирани, подарени ми се и заштедени од минатото(т.е не се ни примања). Сам лично си ги внесов на сметка, тогаш ја отворив, не се префрлани. Знае некој како треба да се постапи? Дали треба да плаќам данок во ујп за нив, и дали може да продолжам да си бидам здравствено осигуран со ниски примања?
Тука го јадеше немаш право на здраствено осигурување ако си го поминал лимиот мислам дека беше 185.000 ама ако во последните 2 месеца немаш направено 16.500денари
 

Schhh87

schhh...
Член од
3 февруари 2009
Мислења
356
Поени од реакции
16
Тука го јадеше немаш право на здраствено осигурување ако си го поминал лимиот мислам дека беше 185.000 ама ако во последните 2 месеца немаш направено 16.500денари
работава е шо не ми се примања, а заштеда... се надевав дека прават разлика, а и со овој нов закон се бетер и бетер станува
 
Член од
16 април 2014
Мислења
32
Поени од реакции
2
http://alsat.mk/index.php/ekonomija/12438-државата-ќе-ги-контролира-сметките-на-граѓаните.html

„ Агенцијата за вработување ќе ги контролира банкарските сметки на граѓаните кои бараат работа. И ако имаат прилив од странство може да бидта избришани од евиденцијата на невработени. Исто така и Фондот за здравствена заштита за сите кои имаат приходи од некој извор ќе им биде неизвесно бесплатното здравственото осигурување. Тоа ќе ги стимулира граѓаните паричните неформални трансфери да не ги вршат во Македонија само за да ги заштитат личните податоци“, рече Изет Зекири, Универзитетски професор.

dali ova znaci deka do sega nemalo kontrola koj se ima priliv od stranstvo na smetki vo makedonija ili stranski smetki?

najdobro javno na internet da objavat se heheh

pozdrav :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom