Дали мислите дека религијата е манипулативна алатка на човечката свест?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
Мудро е да не расправаш со религиозни догматици од стариот еон за наука, посебно не се заморувај со мислењето на мирјани, тие се обични... верници, на дното од таа толку гламурозна хиерархија искасапена низ вековите...
Многупати сме збореле дека големите иницијанти направиле многу ок и кажале многу ок ствари, наследниците се проблемот и тешко учи човештвото околу тие ствари бидејќи повеќето се тајни...
Муслиманите освен што зборуваа дека Иса е само пророк, да додадеа и дека е голем иницијант - ќе имаа 75% подобри разбирања и учења од она што направија!

Гледаш, за нив (религиозните догматици кои сеуште велат дека Аллах или Исус се боговите за човештвото) „верувањето“ во богови и „верувањето“ во наука е едно та исто бидејќи ете дома не си можел исто така да си докажеш многу работи од науката :)
Тоа се глупости. И не можеш да му објасниш какви глупости зборува... може само да читаш и да се чудиш и „да веруваш“ дека се е ок со човекот...

Тоа е нивниот добар метод за привлекување на проста раја во една религија каде што се бројат „глави по жител“ за да се докаже колку е ок таа религија :)
Забораваат на пропорциите и математичките формули кои не може да ги изиграш како ти сакаш... бидејќи ќе биде кршење на природните закони. Ама па кој се заморува со математика денес и применета физика?
Никој :)
 
D

Daedalus

Гостин
Образложи го заклучоков.
Научниот метод се базира на онтолошки натурализам. Онтолошкиот натурализам трга од премисите дека живееме во универзум со природни закони кои можеме да ги опсервираме. Ова се премиси и за истите мора консензуално да се согласиме, односно да веруваме во нив, за да можеме да оперираме со научниот метод и да носиме бенефитни заклучоци. Читај поише за епистемиологија у филозофија (има и добри клипчиња на јутуб).
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.823
Поени од реакции
80.343

јадара, јадара, епистмолошки, оториноралиголошки....

Се знае како е:
Прво, тие у белите мантили (доктори, научници како и да се fancy-уваат themselves) се договарат
после пишуват книга, за да имаат документ
и на крај на нас ни викат ова е закон, наука и секој кој нема ова да го подржава е шарлатан, фолијаш и општествено накажана личност
 
А

Атлантист

Гостин
Религијата е догма.

Науката не, напротив пожелно е тезите кои ги промовира постојано да се преиспитуваат и оспоруваат, се разбира од научници од соодветна област со научни аргументи.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Атлантист,

посочи ни една конечна научна вистина, а после тоа, посочи ни и зашто такво нешто не постои...

Која е смислата на живеењето, ако животот ти помине во бесцелно докажување и побивање научни вистинчиња?

И конечно, ако научниците треба да докажуваат и оспоруваат со научни аргументи, дали тоа значи дека ненаучниците треба да ги дочекуваат научните вистинчиња со отворена уста и напросто, само да веруваат во научните докажувања и побивања?
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.823
Поени од реакции
80.343
Атлантист,

посочи ни една конечна научна вистина, а после тоа, посочи ни и зашто такво нешто не постои...
Еве ти конечни научни вистини:

Плутон е планета
Окапи е изумрен вид
Погоден материјал за праење водоводни цевки е азбест
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.863
Поени од реакции
35.652
Научниот метод се базира на онтолошки натурализам. Онтолошкиот натурализам трга од премисите дека живееме во универзум со природни закони кои можеме да ги опсервираме. Ова се премиси и за истите мора консензуално да се согласиме, односно да веруваме во нив, за да можеме да оперираме со научниот метод и да носиме бенефитни заклучоци. Читај поише за епистемиологија у филозофија (има и добри клипчиња на јутуб).
Се согласувам дека поаѓаме од консензус дека некоја работа тече по х закони, но науката не тврди дека тоа што го приложува е апсолутната вистина туку секој може да истражува дополнително, за разлика од тоа имаш религија која ти вика верувај во тоа што ти го кажувам затоа што тоа е апсолутната вистина, а нема никаков доказ за истото.
 
А

Атлантист

Гостин
Атлантист,

посочи ни една конечна научна вистина, а после тоа, посочи ни и зашто такво нешто не постои...

И која е смислата на живеењето, ако животот ти помине во бесцелно докажување и побивање научни вистинчиња.
Вселената се шири и растојанијата помеѓу галаксиите се зголемуваат. Има и други но ова прво ми падна на памет.
Е сега има различни интерпретации, најприфатлива е теоријата за големата експлозија, но истата има еден куп недостатоци. Кога некој ќе даде подобро објаснување на горниов факт, тогаш истата ќе биде надополнета или отфрлена итн.

Религијата е спротивна на ова, не се прифаќа никаква критика и се верува во она што се проповеда како апсолутна вистина.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.863
Поени од реакции
35.652
Мудро е да не расправаш со религиозни догматици од стариот еон за наука, посебно не се заморувај со мислењето на мирјани, тие се обични... верници, на дното од таа толку гламурозна хиерархија искасапена низ вековите...
Многупати сме збореле дека големите иницијанти направиле многу ок и кажале многу ок ствари, наследниците се проблемот и тешко учи човештвото околу тие ствари бидејќи повеќето се тајни...
Муслиманите освен што зборуваа дека Иса е само пророк, да додадеа и дека е голем иницијант - ќе имаа 75% подобри разбирања и учења од она што направија!

Гледаш, за нив (религиозните догматици кои сеуште велат дека Аллах или Исус се боговите за човештвото) „верувањето“ во богови и „верувањето“ во наука е едно та исто бидејќи ете дома не си можел исто така да си докажеш многу работи од науката :)
Тоа се глупости. И не можеш да му објасниш какви глупости зборува... може само да читаш и да се чудиш и „да веруваш“ дека се е ок со човекот...

Тоа е нивниот добар метод за привлекување на проста раја во една религија каде што се бројат „глави по жител“ за да се докаже колку е ок таа религија :)
Забораваат на пропорциите и математичките формули кои не може да ги изиграш како ти сакаш... бидејќи ќе биде кршење на природните закони. Ама па кој се заморува со математика денес и применета физика?
Никој :)
Не може се што не разбираме доволно добро да го етикетираме дека е поради што госпо така сака кога немаме доказ дека дотичниот госпо постои онака како што е опишан во религијата (без разлика за која религија разговараме).
 
А

Атлантист

Гостин
Еве ти конечни научни вистини:

Плутон е планета
Окапи е изумрен вид
Погоден материјал за праење водоводни цевки е азбест
Епа не се конечни и затоа се преиспитани. А ова со азбестот е и напредок затоа што негогаш и од олово ги правеле. :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.863
Поени од реакции
35.652
Напротив; верните во Црквата секогаш биле, се и ќе бидат малцинство во однос на „масите„. Верните веќе имаат материјални икони во своите домови па не им требаат виртуелни (икони). Надежта од верните не е насочена кон иконите, туку кон Бога и кон Светиите.

Како што гледаш и самиот, во криво си, така да испаѓа дека ти самиот си „маса„, кој размислува како „маса„ а не како „личност„.[DOUBLEPOST=1502027070][/DOUBLEPOST]

И тоа како е битно во што верува масата; она во кое масата верува, тоа и го добива.

Што се тиче научните докази, веќе посочив која е и колкава е нивната достапнос ти проверливост, така да масите можат и мораат само да веруваат, без да проверуваат и истражуваат.

Толку од доказите...[DOUBLEPOST=1502027134][/DOUBLEPOST]

Да, сигурен сум дека и Теориите на релативитетот можат да се испитаат, онака, по дома...:pos:...и секој домаќин ќе биде убеден во нивната точност.[DOUBLEPOST=1502027514][/DOUBLEPOST]

Се‘ додека бараш погрешни нешта, нема да ги најдеш. Ваљда имаш доволно И КУ за да ти текне дека грешиш....

Се сомнeвам...
Тие верните испаѓа дека се за дополнителен медицински третман, овие „масите“ одат од што се збунети и да не ги етикетира погрешно општеството каде што живеат. Еден куп познавам што не веруваат во тоа што се проповеда, али ајде одат во црква, се крстат, се венчаваат и т.н и што е жално тоа го прават пред се да не се делат и да не ги етикетираат што според мене е апсолутно погрешно.
Теоријата на релативноста и специјалната теорија на релативноста ти се применети во навигацијата што ја користиш, часовниците на сателитите кои ти ги користи твојот гпс уред или телефонот секојдневно се корегираат за 38микросекунди за да имаме точни мерења.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Вселената се шири и растојанијата помеѓу галаксиите се зголемуваат. Има и други но ова прво ми падна на памет.
Е сега има различни интерпретации, најприфатлива е теоријата за големата експлозија, но истата има еден куп недостатоци. Кога некој ќе даде подобро објаснување на горниов факт, тогаш истата ќе биде надополнета или отфрлена итн.

Религијата е спротивна на ова, не се прифаќа никаква критика и се верува во она што се проповеда како апсолутна вистина.
Атлантист,

теоријата за т.н. инфлаторна Вселена е само една од многуте теории и ни оддалеку не е конечна научна вистина. Дека Вселената навистина се шири во една насока, тоа е само едно можно објаснување за Вселената. Ако Вселената навистина само се шири, а тоа мислење е засновано само на т.н. црвено поместување, така ширечката Вселена станува обична бесмислица.

Теоријата на „големата експлозија„ е само парафразиран антички мит за создавањето на Вселената, спакуван во (привидно) научна амбалажа-чисто ради убедливост и „као„ оригиналност. Просто е; не можеш да зборуваш за изгледот од Вселената при непостоење на субјект кој може да го набљудува тоа создавање.

Во религиите, критиката не е забранета, посебно ако е добро заснована. Такви критики веќе постојат и често се применуваат од апологетите од православната вера и Црква.[DOUBLEPOST=1502032620][/DOUBLEPOST]
Тие верните испаѓа дека се за дополнителен медицински третман, овие „масите“ одат од што се збунети и да не ги етикетира погрешно општеството каде што живеат.
Зашто себе си се амнестираш од потребата од медицински преглед, кога и самиот си дел од масата?...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.863
Поени од реакции
35.652
Атлантист,

теоријата за т.н. инфлаторна Вселена е само една од многуте теории и ни оддалеку не е конечна научна вистина. Дека Вселената навистина се шири во една насока, тоа е само едно можно објаснување за Вселената. Ако Вселената навистина само се шири, а тоа мислење е засновано само на т.н. црвено поместување, така ширечката Вселена станува обична бесмислица.

Теоријата на „големата експлозија„ е само парафразиран антички мит за создавањето на Вселената, спакуван во (привидно) научна амбалажа-чисто ради убедливост и „као„ оригиналност. Просто е; не можеш да зборуваш за изгледот од Вселената при непостоење на субјект кој може да го набљудува тоа создавање.

Во религиите, критиката не е забранета, посебно ако е добро заснована. Такви критики веќе постојат и често се применуваат од апологетите од православната вера и Црква.[DOUBLEPOST=1502032620][/DOUBLEPOST]

Зашто себе си се амнестираш од потребата од медицински преглед, кога и самиот си дел од масата?...
Македонски бегаше од часови, ај види каде е запирката, верните се батка за дополнителен преглед, да се молиш на иконата купена од пазарче и да палиш кандилце со надеж дека нешто ќе се смени не ми личи на психички стабилна личност.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еден куп познавам што не веруваат во тоа што се проповеда, али ајде одат во црква, се крстат, се венчаваат и т.н и што е жално тоа го прават пред се да не се делат и да не ги етикетираат што според мене е апсолутно погрешно.
.
А што е, според твојата телесна премудрост, исправно?
Зашто се фаќаш за погрешни примери и од нив вадиш афирмативни заклучоци?

И јас знам „...еден куп...„ кој е дел од Црквата и кој (куп) точно знаеш во што/кого верува и што чини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom