Eпа доизвади му ја душата уште некоја година, нека цркни копилето млад од нерви. После ти и онака ќе си продолжиш со животецот, цело време со куку оле ле, мене никој не можи да ме сфати, мене никој не знае колку ми е тешко.
Ај малце реалити чек...
прво, ПРЕтоксична си. Го сфаќаш тоа? Претоксична си
за самата себе, а потоа и за околината.
Мажот ти дома ти вика да продолжиш и да не живееш во минатото (кое и онака е далечно), овде на форум отвори тема и пола форум скокна во твоја одбрана и те советува да крениш глава горе, да растераш тоа облаците и да мислиш позитивно (секако и да делуваш)... ти повторно како пијан за бандера дека многу ти е тешко и дека никој не те сфаќа.
Океј, ПЕКИ, на маката што ја имаш и на тешкотиите низ кои врвиш... НО, само ти имаш мака? Само ти имаш тешкотии? На мажот ти лесно му е? На другите членови од твоето потесно или пошироко семејство (барем оние кои те сакаат) лесно им е?
Секој има некои проблеми во животот.
Овде, барем сите до сега, добронамерно те посоветуваа да продолжиш понатаму. АКО има потреба оди разговарај со психолог, земи некој активност дополнителна во вид на „излегување од дома“ т.е. не знам оди во некоја теретана, оди на часеви по факинг балет ако треба или било што и да правиш, да си активна.
Се надевам работиш, ако работиш тоа само по себе ти е еден вид издувен вентил пошто денес ќе смениш средина, ќе се сретниш со луѓе, ќе излезиш од дома.
КОГА ќе се вратиш дома те чека дете и маж што те сака и спремен е да направи СЕ за тебе.
ЛУЃЕ, БИ УБИЛЕ да се на твое место. Да имаат нормален партнер што ги сака и да имаат дете.
Потруди се повеќе.
Впечатокот ми е дека не се трудиш доволно.
Секако, како и сите човечки суштества и ТИ
заслужуваш среќа.
Епа не чекај, заслужи ја, бори се за неа.
(животот не дава ништо на тацна, повеќе зема одошто да ти подари нешто...)