Градоначалниче, пуштај светло и затворај дупки!

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.181
Поени од реакции
34.394
Налет бесплатните интернет зони (во најава) и инвазијата од статуи и споменици, кога одредени делови од Скопје се како зона на самракот. Не сум сигурен кој треба да покрене иницијатива за замена на светилките (кои патем со години дремат прегорени), но навистина не ми е јасно како толку долго никој не презема ништо околу тоа. Светилките се за да светат, а не да се постават и да се баталат.

Конкретно зборам за неколку локации за центарот на Скопје кои изгледаат застрашувачки навечер. За Влае, Ѓорче, Чаир и населбите на периферијата на Скопје да не збориме. Ништо чудно што никој веќе не оди на прошетка низ населба...

Игралиштето позади гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Центар е во тотален мрак веќе 5-6 години. Додека работеа светилките се играше фудбал и баскет до полноќ, а сега се собираат џанкерчиња, се пијанчат малолетници, се кршат флаши од вино и секое ќоше се користи за извршување физиолошки потреби (читај - мочки и гомца има насекаде). Еве, веќе 5-6 години на никој не ми текнува да постави 4-5 сијалици и да го осветли просторот.

Да не ја развлекувам, ова е една локација, еден пример. Ги има многу.

Друга работа се улиците. Нема една улица која не е изорана и на која нема да си ја поебеш колата ако не располагаш со способности од типот на Колин Мекри, па треба да си махер и успешно да ги ескивираш сите дупки по патот. Недај боже да заврне. Цел град е исполнет со „базени“ од водата која се собира во кратерите. До кога ќе се чека на санација? Додека не пропадне некоја кола во земја?

Мене ми изгледа за нон-сенс е да се поставуваат некакви гумени гомца за да ја обележуват жолтата лента на Партизанска (кои веќе почнаа да се распаѓаат и да личат на отпадна пластика најдена на ѓубриште во Индија) и да се ставаат жардињери долж цела Партизанска, кога сите останати улици имаат кратери. Па добро бе да му се сневиди, во Аквила имаат поздрави улици, а таму имаше земјотрес пред некоја недела.


Денешниве градоначалници се модернизирани. Во секоја општина има интернет. Пишете си ги маките тука и споделете ги вашите проблеми со јавноста, пигурен сум дека аберот ќе го најде патот до вистинскиот човек. Каде има проблем со осветлувањето? Кои улици се во најлоша состојба? Слободно споделете трикови за избегнување на дупки и информирајте ги останатите во кое маало да не пешачиме навечер.

Ајде, време е за чистење на сите срања. И не збориме за што под чија ингеренција спаѓа. Ако сака функционален град и општина, градоначалникот треба да ги координира сите структури и да ги активира сите механизми за да го направи градот попријатно место за сите нас.


Надополнето:
Штотуку го најдов ова на сајтот на Општина Центар:
"Општина Центар ги замолува своите граѓани доколку забележат дефект со уличното осветлување истиот да го пријават на тел. 3 203-647, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот."
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Се согласувам со тебе.Некои делови од градот се осветлени како ден,чисто е и средено....а некои делови(како игралиштето на ЈБТ)е тотално несредено,неосветлено,неисчистено...едноставно е запоставено.Мислам дека треба да се поработи и на другите делови од градот-општината,рамномерно секаде да е средено.
:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom