Гостивар - Градот на Вардар

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Информации за градот Гостивар

Градот Гостивар се наѓа во западниот дел на Македонија, поточно во Горен Полог. Има исклучително добра местоположба бидејќи лежи на крстопат со исклучително значајни линии. Тие водат на север кон градот Тетово и понатаму кон Скопје, на југ кон градовите Кичево и Охрид, а на југозапад кон градот Дебар. Поради тоа Гостивар се има развиено во исклучително важна населба како во полето така и во планинската област.

Повеќе инфо на подолната адреса-
http://www.gostivar.com.mk/indexmak.html
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Маврово

Гледан од повеќе аспекти и димензии, Гостиварскиот крај јасно се дели на неколку помали пределни единици. Едната од нив ја сочинува Мавровскиот крај со своите три села Леуново, Ниќифорово и Маврово. Со оглед на тоа што повеќе векови се истакнуваше со најголем број на жители и најугледни родови и семејства, целиот овој микро регион од поодамна го носи името Маврово

Погодната положба, планината Бистра и вештачкото Мавровско езеро, придонесуваат овој регион да прерасне во голем туристички центар како на лето така и во зима. Маврово е наш најпознат зимски центар.

Скијачкиот центар „Заре Лазарески“ располага со 2 седешници и повеќе ски-лифтови, кои се синхроно поврзани. Со седешниците на час може да се превезат 1.100 лица, а со ски-лифтовите, над 5.000 скијачи на час (во моментов скијачкиот центар се реновира и се додаваат уште седешници и ски-лифтови, така да капацитетот е зголемен, а до која бројка ќе ве информираме во иднина). Скијачките патеки започнуваат на 1.960м. надморска височина а завршуваат на 1.250м.

Мавровското езеро лежи на надморска височина од 1.220м. а неговото формирање започна во 1953г. Мавровското езеро е долго 12 километри, а широко 3 километри. Површината изнесува 13,3 квадратни километри, вкупната должина на брегот е 24км, а најголемата длабочина на водата изнесува 48м. Езерото е богато со риба (пастрмка, плашица и кленови) и во деновите на викендот има голем број на риболовци.


Веб страна на скијачкиот центар Заре Лазаревски

http://www.zarelaz.com/

Слики од Маврово

http://www.gostivar.com.mk/mavrovo/galerija/galerijammak.html
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Манастирот Јован Бигорски

Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на прекрасната Радика. Името Бигорски, го има добиено заради тоа што е изграден од бигор.

Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбрамбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Според Бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Петре Филипов - Гарката, братму Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело.

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Св. Јован и Св. Богородица.

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна е изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Кога во XVI век, во времето на султанот Селим втори Турците го запалиле манастирот иконата мистериозно исчезнала за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи запишано е дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благословувачка. Се верува и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца. Во склоп на легендата е и приказнава:

Бег од Албанија во 16 век дошол во манастирот на поклонение. Наредната година добил син и сиот свој имот му го подарил на „Свети Јован”. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Луѓе велат дека денеска на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.

Убавината на манастирскиот комплекс ја надокнадуваат и старите конаци заедно со трпезаријата. Тие се изградени кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. Големиот конак кој се состои од приземје и два ката, со пространи чардаци и голем број одаи, служел за живеење на калуѓерите. Некои од одаите украсени се со убаво обработени дрвени тавани и розети во резба. Повеќето од одаите биле опремени со вградени долапи, полици, комори, камини и сл. од кои голем број подоцна се заѕидани.

Денес, монашкото братство на Бигорскиот манастир го сочинуваат четирите монаси и тројцата искушеници. Нивниот игумен и старец Архимандритот Партениј основите на својот монашки живот ги стекнал на Света Гора Атонска.





 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Галичник



Малубројна по налталитет, многубројна по дух и школувана интелигенција, Мијачијата има преродбенички епицентар во Галичник. Од трите еднопросторни и духовни царства, Мијачијата јазично, етнички, народно и индивидуално материјално и духовно, од своето славно писмено и усмено, фолклорно и уметничко (современо) творештво е најславно, најпрочуено - тоа е простор за кој постојано, и во војна и во мир, сакале да го освојат-присвојат, останало Мијачкото царство, хомогено, изворно, автентично. Понекогаш љубоморно завидно самото на себе, а камоли на други! Галичник. Ремек дело на градителската Мијачка рака-куќи-кули. Пред градот, град.

Старата галичка куќа е комплетна архитектонска творба, заснована на логичната просторна организираност, таа и во надворешниот изглед делува рационално и одмерено. Без дилема се работи за дело со највисоки архитектонски квалитети во нашето народно градителство.


Галичка свадба



Речиси 4 децени, со мали прекини, на Петровден (12 јули), во Галичник се одржува атрактивната туристичка манифестација „Галичка Свадба”-единствена од ваков вид во нашата држава и пошироко.

Галичката Свадба во своето опстојување придонесе да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите, да се сочува Галичник, на кој во седумдесеттите години на овој век му претстоеше целосно „умирање”. Токму оваа манифестација придонесе да се асфалтира патот низ Бистра, од Маврово до Галичник, во 1974 година, со што започна обновување на галичките куќи, кои се со специфична и автентична архитектура, дури почнаа да се градат и нови. Сето ова овозможува во Галичник да се врати животот од Ѓурѓовден до Митровден, но се прават напори животот да опстојува и во зимските месеци, континуирано цела година.

Петровденската Галичка свадба е богата со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река”, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови.

И денеска сеуште е актуелна една порака од народната песна во која народниот пејач, за овој ден, на галичкиот печалбар му порачува: „каде и да си-за Петровден дома да си”. И навистина: галичките печалбари растурени ширум светот брзале, не жалејќи ни пари ни време, на овој ден да бидат дома меѓу своите. И сега како и порано, Галичани на Петровден се во својот Галичник и меѓу своите.

Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чекањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото...




Повеќе слики

http://www.gostivar.com.mk/galicnik/galerija/galerijagmak.html
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Вардар


Во срцето на гостиварските природни убавини секако се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар.

Таму над селото Вруток, во еден долински усек на апсолутна надморска височина од 683 м. убаво се сместил изворот на едно од најголемите македонски богатства. Од изворот кон селото Вруток и понатаму вардаровото корито се повеќе се проширува, па на места се стеснува, мирно тече низ рамнини и села, па на места подивува, се искривува пред својот излез од Гостивар. Вистинска природна убавина, одмор за човечките очи.

Но, од изворот па следејќи го нејзиниот тек низ населените места, реката ја изгубила својата чистота и убавина. Таа се претворила во депонија, во ѓубриште на несовесни луѓе. Да го исчистиме тоа ѓубриште и да го сочуваме нашето богатство, за повторно да блесне Вардаровата убавина и нашиот срам повторно да стане наша гордост, нашата вистинска река Вардар.

Вардар е најдолга и најзначајна река во Македонија. Неговата вкупна должина изнесува 388 км, од кои на нашата земја и припаѓа 301 км. Има композитна долина со среден проток кај Гевгелија од 144,9 м³/с. На својот тек низ Републиката прима 37 поголеми притоки меѓу кои 15 од десната и 22 од левата страна. Меѓу нив позначајни се: Пена, Лепенец, Пчиња, Брегалница, Треска, Маркова Река, Тополка, Бабуна и Црна Река.
Повеќе информации ќе најдете на www.water.org.mk.








 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Еее бравос, за овоа може пиво да г'таме сеа :)
Глеа се дека си завршил домашното :pos:
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Кафе-бар „Каприкорн“


Кафе-бар „Каприкорн“
Ул.„Гоце Делчев“ 56; капацитет: 50 лица

Кафе-бар „Кај Гоце“


Кафе-бар „Кај Гоце“
Бул.„Браќа Ѓиноски“ 52; капацитет: 40 лица; тел: 042 61 654

Кафе-бар „Квинс“


Кафе-бар „Квинс“
Бул. „Браќа Ѓиноски“ б.б.; капацитет: 90 лица; тел: 042 69 669


Кафе-бар „Текила“


Кафе-бар „Текила“
Се наоѓа во комплексот спроти Општинската зграда, на I кат

Ноќен клуб „Аксиос“


Ноќен-Клуб „Аксиос“
Се наоѓа во комплексот спроти Општинската зграда, на II кат


Ноќен клуб „Елдорадо“


Ноќен-Клуб „Елдорадо“
Се наоѓа во комплексот наспроти зградата на Општина Гостивар на I кат (капацитет: 600 лица )

Еве неколку интересни места за излегување во Гостивар:icon_lol:
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Еве ресторани

Ресторан „Мифи“


се наоѓа во близина на автобуската и железничката станица


Пицерија „Стари“


бул. „Браќа Ѓиноски“ 132; телефон: 042 218 111

Пицерија „Тексас“


Се наоѓа во комплексот спроти зградата на Општина Гостивар


Ресторан „Тиквеш“


ул. „Кеј Вардар“ 63; телефон: 042 63 266

Слаткарница „Мињон“


ул. „Борче Јованоски“ 60 телефон:042 65 247


Слаткарница „Рекорд“


ул. „Борче Јованоски“ телефон:042 66 892
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
25
Jas do den denes ne znam...vo Gostivar poveke Albanci ziveat ili Turci?
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
VMRO напиша:
Jas do den denes ne znam...vo Gostivar poveke Albanci ziveat ili Turci?
Албанци има повеќе. Али тренд е сеуште да стануваат турци оние кои што сакаат. :)
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Не разбирам, кои тоа стануваат Турци и зошто тоа го сакаат?

StormAngel напиша:
Албанци има повеќе. Али тренд е сеуште да стануваат турци оние кои што сакаат. :)
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
PetarK напиша:
Не разбирам, кои тоа стануваат Турци и зошто тоа го сакаат?
Па, луѓе од Албанска националност стануваат Турци. Некои и со документација, а некои делимично. То ест, читаат турски весници, гледаат турска телевизија, седат у чајџилници и играат оксан, зборат турски по дома и така натаму, а у заводите за статистика се водат како Албанци. :)
Зошто тоа го сакаат, не знам, или пак да бидам попрецизен, не сакам да навлегувам у таква дебата. :)

Јас имам во комшии неколку случаеви вакви.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
cccc..... abe extra sme nema sto... da se dopolnam na The Bitch iako ne so sliki : najnova ponuda od gv

Diskoteka Massiva.. momentalno najposeteno mesto vo gradot... vo trgovskiot centar odnosno zanaetciskiot centar vo gostivar... toa e blizu pozarnata

Energy kaffe bar... btw moeto omileno mesto... extra mestence sproti green centarot Hilton. po ul Goce Delcev... super atmosfera i zgodni kelnercinja.. barem za mene
... na leto e fenomenalno zatoa sto letnata bavca im ne prlicno dobra

V-Clab isto edno od ponovite kafulinja vo gradov.... onaka e.. sto znam barem za mene.... vo lokacija sproti montenegro te na ul Goce Delcev.. blizu do poranesnoto capricorn.... .. ubavo sredeno no bidejki e na ulica mi dava cuvstvo kako da sum na izlog

Pizzerija Diplomat shtipjani si imaat pastrmajlija; ohrid pastrmkata i po dolgo baranje na jadenje karakteristicno za nasiov grad dojdovme do zaklucok deka pizza-solenkite od Diplomat se tokmu ona.. vo trgovskiot centar na 20metri od massiva

Pizzerija Dolcino pozadi zgradite koi se sproti trgovskiot centar... cool mestence posebno sega... sredeno e so vkus na dva sprata.... pizzata i ne e nesto posebno ali atmosferata dokolku ne ti ja narusi nekoj od kenlerite e super


Baby Blue:
edno od najpopularnite kafulinja vo gv... sproti montenegro odnosno na 30metri od germanos... ulicata mislam deka e Ilindenska... stvarno e dobro mestence samo vi preporacuvam nemojte nikako da piete nes caffe koga ke pojdete..

Zoom najnovo mesto u gv za izlaganje na pomlada populacija kao mene na primer iako seuste ne sum bila.. izgleda interesno.. vo trgovskiot centar na gv

ima uste nekoi ali mi se cinat ne tolku vazni i poseteni... inaku mestencava vredi da se posetat
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
auuu, dobra prezentacija na Gostivar ste izvrsile, sekoja cest. Ce se razocarav ako nemase na podforumov nikoj nisto pisano za Gostivar :)

Sto drugo da dodam za Gostivar osven da gi spomnam moite omileni mesta vo nego. Epa prvo najomileno mesto mi e kejot na rekata Vardar so parkot sto e podelen so rekata Vardar na eden poposeten i na eden ne tolku poseten :) Ima setaliste sto poslednava godina Bejta go sredi (sekoja cest) i sega da ti e milina da setas i a sednes pokraj Vardar. Tuku e i mosne popularnoto mesto sto nie go vikame "kaj spomenicite" i tamu na leto vrie od mladi :)

vtoro moe omileno mestence e zeleznickata (navecer posebno e cool) taka odvoena e od gradot i koga sedis na shinite tamu imas nekoj poseben feeling, jes da sega otkako ja pustija zeleznicata, mnogu ja osvetlija i malku se izgubi od feeling-ot ali pak dobro e :)
 

Attachments

ForFokSake

The Only Thing To Fear Is Running Out Of BEER !
Член од
26 јануари 2007
Мислења
429
Поени од реакции
0
ОООО му текнало некој и за Гв да пише нешо.Брао брао.ЈА иначе имам роднини и братучеди таму и се дешава да наминам.Епа убаво.Ајт поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom