Голата вистина скриена зад трите ѕида

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ова што го гледате на сликите не е отпад или бувљак туку е нечиј дом, дом со 3 ѕида бидејќи четвртиот го изел забот на времето. Во вакви услови во Скопје животари едно живо битие , без струја, без вода, без храна, без основни услови за хигиена заглавена во институциите и заборавена од пријателите. Личноста (која по свој избор сакаше да не и го откриваме името) преживува питачејќи и лутајќи по улиците. Пар скинати патики и фармерки се се што има на овој свет ,ни домот со 3 ѕида не е нејзин, туку е нечија добра воља и привремено решение кое наскоро ќе се сруши .

Оставена на милост и немилост со своите 23 години сама да се снаоѓа, потпирајќи се на добрата воља на луѓето , бидејќи кога немаш што да облечеш и кога немаш каде да се избањаш ретко кој би те вработил.

Затоа ве замолуваме вас добри луѓе кој е во можност да помогне ова заборавена душа да ја преживее зимава , да се стопли ,облече и најаде нека не контактира на 071/381-831 или 078 523-176.

Еве неколку работи подредени по приоритет како би можеле да помогнете:

- Доколку работите во медиум или познавате некој кој би го заинтересирала оваа приказна за сето ова да излезе во јавност и некако да се реши или да и се помогне;

- Доколку имате некаков станбен простор кој би можел да и го дадете на користење ;

- Доколку сте работодавец или пак можете да помогнете околу нејзиното вработување;

- Доколку сте сопственик на некој ресторан,сендвичара и би можеле да понудите континуирана помош во храна или пак сакате да донирате храна во трајни конзерви бидејќи во домот нема струја каде би можела да се складира;

- Доколку сакате да донирате некој шпорет на дрва или пак дрва за огрев за да може да се згрее и да си зготви;


- Доколку работите во служба за дератизација или пак имате финансии да ја платите истата бидејќи невозможно да се живее од стаорците кои шетаат и и ја јадат и таа малку храна и облека што ја има;

- Доколку имате стари врати и прозорци и сакате да ги донирате;

- Доколку сакате да донирате парична помош бидејќи истата има итна потреба од посета на лекар а не е во можност да ја плати;

- Доколку можете да донирате средства за лична хигиена ,перници, ќебиња,облека, прибор за јадење,кревет или друг мебел.

Верувајте секоја помош е добродојдена, денес тажните очи светнаа од среќа задоволни од неколкуте пара фармерки и џемпери кои и ги дониравме. Не штедете се ,секоја ситница донирана за неа е од огромна помош. Додека вие денес се радувате на новиот телефон ,таа се радува на сувата корка леб во контејнер, но и покрај сета немаштија го дели со неколку маченца и кученца. Таа безрезервно помага и на бездомните бидејќи сочувстува со нив …Ја делат истата приказна - улицата.
201.jpg
202.jpg
203.jpg
204.jpg
205.jpg
207.jpg
208.jpg
209.jpg
211.jpg
212.jpg
:(

Го конвертирав на кирилица, пошто на нет го среќавам на латиница, али болката е сеуште иста.Само 23 години, а животот веќе не и се римува во розево :( Ах, оваа моја убава земја!

Кајганџии да им покажеме како се прави тоа, да донираме!
 

Attachments

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тешко на луѓе, има доста кои живеат во слични услови посебно во Шутка.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Луѓе ја од сабајле вртам на телефоните,( за да се информираме подетално каде се наоѓа девојката, каде да се достави помошта, дали постои жиро сметка, број за донации ) ама ми го одбиваат повикот :(
 
Член од
14 ноември 2012
Мислења
14
Поени од реакции
15
Јас сум дел на тимот на донации.мк. Ќе видам што може да се направи за добивање на донациски број за да и отвориме и апел за помош.
 
Член од
14 ноември 2012
Мислења
14
Поени од реакции
15
Да Помогнеме на младата девојка Персида


Повик до сите граѓани за испомош на Персида која е 23 год. девојка - бездом во Скопје . Сите во седиштето на Н.К.Т Хуманитарни акции во Македонија секој ден од 18 до 20 часот (Н. Аеродром – до Мајчин дом) за Персида донесете облека (спакувана), храна , козметика , мала рингла , маса – биро , столици , ќебиња , постелнина , парична помош (кај нас или на доленаведениот број) , приоритетно е да најдеме сместување за неа (со греење и тоалет-бања) за еден до два месеца (бидејќи денес и најдовме работа - барањето доле не важи ) . Сите испратете порака за објаснување каде сме лоцирани точно да добиете објаснување. !!! Поздрав !!!
 
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Вртев 3 пати денеска на двата броја никој не ми крева ?
 
Член од
14 ноември 2012
Мислења
14
Поени од реакции
15
До сите !!!
Најдовме привремен дом кај прекрасна личност и работа за Персида - од цела Македонија доагаат донации со облека , храна , козметика , чевли , биро , столче , кебиња , постелнина , ве очекуваме споделете сите. ....
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Каде може да се донира пишете адреса, место и контакт телефон.
 
Член од
14 ноември 2012
Мислења
14
Поени од реакции
15
Еве ви контакт тел јавете се и повелете 077 978 455 ... Поздрав :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
од еден другар разбрав дека ќе имало акциjа за донации во недела во некоj скопски кафич, не знаеше точно коj, имате повеќе информации?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom