Глобално затоплување - нормален период низ кој земјата поминува?

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Некои глечери на Хималаите не само што не се топат, туку и се зголемуваат а глобалното затоплување не е одлучувачки фактор за тоа дали глечерите ќе “преживеат“ или не, укажува прва поголема студија изработена после контроверзниот извештај на ОН за климатските промени.

Сега научниците од универзитетите Калифорнија и Потсдам откриваат дека половина од глечерите на падините на Каракорам (северозападни Хималаи), всушност се зголемуваат и дека глобалното затоплување нема суштинска улога во нивната судбина.

Со проучување на 286 глечери експертите Бодо Букаген, Дирк Шерлер и Манфред Стрекер воочиле дека главен фактор кој што влијае врз глечерите е количеството на кал и камења што се наоѓаат на површината а не климатските промени.

Научниците објаснуваат дека тоа значи дека глечерите кои се опкружени со високи планини и покриени со повеќе од два сантиметри камења и кал се заштитени од растопување, па според тоа 50% од глечерите на Каракорам напредуваат или се стабилни.

Во 2007-та Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) предводен од Раџендра Пачаури од Индија објави дека е спроведено најдеталното истражување за влијанието на глобалното затоплување, при што клучна точка беше тврдењето дека глечерите во светот се топат со толкава брзина, што оние на Хималаите до 2035-та година целосно ќе исчезнат.

Иако раководителот на панелот подоцна призна дека тврдењето било погрешно заради непроверени истражувања, тој не отстапи од ставот дека глобалното затоплување ги топи глечерите.

извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom