Гихт

  • Креатор на темата IBIZA SOUND
  • Време на започнување
S

SpaceTraveler

Гостин
...највероватно да не мислиш на природниот минерал кој настанал со мешање на подземни алкални води и вулканската лава -Зеолит !!! тој содржи кристали од миркоелементи меѓу кој и магнезиум и е силен антиоксидант, детоксикатор и имунолошки катализатор ( го има во активни рудници Облешево), но го нема во индикација - примена како велиш ти директното ,,чистење на кристали во месото,, односно магнезиумот споредно помага за подобра циркулација да речеме при што не дозволува да се концентрираат веќе искристализирани ,,урични кристали,, на зглобовите туку да циркулира низ крвта се додека не се исфрлат преку бубрези, а тоа ќе го помогнеме со пиење голема количина вода - 3 литри дневно при што се зголемува диурезата и со тоа елиминирање преку тие бубрези, односно доколку телото нема повеќе течност од вообичаеното пиење вода џабе ке се пие тој магнезиум , може нема да се задржат кристалите во зглоб ама сигурно ќе се задржат во бубрег и ете ти беља, нема да се има кристали на зглоб- гихт ама ќе се има во бубрег формирајќи се камчиња ...итн
...затоа многу е важно точно да се знае што се случува во нашето тело, како се ресорбира како делува како се биотрансформира, дали има споредни ефекти, несакани дејства, антагонизам... како се елиминира... за да речеме ДА ! правилно го пиеш тој минерал, витамин, лек... храна... било што ! :)
Имам слушнато дека магнезиумот и ги премногу опушта мускулите така да... btw ти благодарам за деталната анализа. ♥
 
Член од
17 август 2021
Мислења
4
Поени од реакции
1
Има ли нешто ново на оваа тема? И јас се борам со Гихтот, речиси година и пол немав напад, но еве сега сум 6 дена со болки на стапалото. Има нешто што би можело да помогне? Дали некој од вас пие Алопуринол како превенција цело време?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.723
Поени од реакции
34.999

... треба барем да знаеш дали е проблемот во зголемено метаболно создавање на урична (мочна) киселина и проблемот е искобиниран со зголемен внес на храна богата со пурини морска риба како скуша, харинга, црвено месо, колбаси, шунка, грашок, грав или конзумирање алкохол посебно пиво,

... дали е проблемот од секундарна причина тестостеронот(која вредност ја имаш) ја намалува елиминацијата на мочната киселина преку бубрезите, а ја зголемува нејзината апсорпција во бубрежните тубули или некои болести и состојби го зголемуваат ризикот како гојазност, прекумерена физичка активност, дијабетис, покачен крвен притисок, присутни камчиња во бубрег, покачен холестерол или ако си планинар па често висински престој на разреден воздух.

...дали е проблемот само во елиминирање, па ацидум урикум ти се „задржува во организмот“ со што мора да го потврдиш тоа како ти функционираат бубрезите кои ја имаат таа функција на елиминација.

...дали немаш никаков проблем од горе наведените можности туку проблемот е во твојата навика да не пиеш доволно вода во текот на денот, па поради тоа доаѓа до таложење на солите во мочната киселина што ти прават проблем, па проблемот ќе го решиш со пиење најмлаку 2 литри вода во тек на денот.

...кога ќе се исцрпат сите овие горенаведени обиди да се намали таа мочна киселина да не се создава кристалчиња и да се таложи во бубрези и ткивата, посебно на зглобовите и на ножниот голем прст, се зема лек Алопуринол кој е инхибитор на ксантин оксидазасо што не дозволува синтезата на урична киселина (уростатично дејство), инаку ензимот ксантин оксидаза е одговорен за стимулација оксидацијата на хипоксантин во ксантинот и неговата последователна конверзија во урична киселина, но поради многуте несакани реакции и интреакции лекот би требало да биде последен за примена, а да се потрудиш на поинаков начин да ја намалиш уричната киселина, гледајќи во сите примери што ти ги напишав погоре каде е пречката што си во таква ситуација со покачена уринска киселина која веќе ти создава болка на зглобовите.
 
Ти благодарам за информациите. Пред година и пол имав повреда на колено која го активираше гихтот (кога си го враќам филмот назад, и пред тоа имав напади од гихт, но не беа премногу силни и не знаев за што се работи). Со повредата на коленото, болката траеше премногу долго, по што докторот се посомнева на гихт и ме прати на анализи за уричната киселина. Истата ми беше покачена над нормалата, поради што дијагнистицира гихт и покрај останатите лекарства, ми даде и Алопуринол, кој го пиев по шема (300 мг првите 10 дена, 200 мг втори 10 дена за да завршам со 100 мг последните 10 дена).
После тоа, Алопуринол веќе не се напив, внимавав на исхраната, ослабев 6-7 кг (не сум дебел но тие кг ми се одповеќе) и бев физички активен. Проблемот, односно гихтот не се повтори 1,5 година, се до сега, кога по опуштање за време на празниците со храна и алхохол, и враќање на тие неколку килограми, се врати и тој и тоа налутен :).
Читам многу на оваа тема, лек сеуште нема, иако науката вели дека е излечива болест. Во изминатава 1,5 година, пиев и Кишоре Гугул периодично, кои можеби помогнаа, не сум сигурен (и нив ги запоставив изминативе 4-5 месеци). Според сите информации, гихтот се активира кај секој различно, односно активатор може да биде различна храна кај секого, стрес, дебелина, проблем со бубрези итн.
Инаку лично за мене, пијам и по 3 литри вода во текот на денот, сум немал проблеми со бубрези, не сум дебел (имам само некој кг повеќе). Е сега си сакам храна и да си се опуштам со алхохол некогаш.
Читам дека Алопуринолот со редовна употреба драстично ги намалува шансите да се повтори гихтот, и покрај конзумирање на 'забранетата' храна и пијалоци, па не знам дали е паметно да се пие константно, според она што го кажуваш. Ти благодарам уште еднаш.
 
Член од
17 август 2021
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво. Ајде да видиме дали имаме нешто ново во однос на оваа не-многу позната болест, а верувам се повеќе страдаат од неа.
Гихтот ми беше дијагностициран при повреда на коленото. Самата повреда го активира истиот, 1.5 месец имав невидени болки, солзи ми одеа на очи. Кога докторот виде дека не минуваат болките, веднаш се посомнева на гихт, и ме прати да направам крвна слика, вклучувајќи и ниво на урична киселина. Таа ми беше покачена, поради што докторот ми даде алопуринол, кој го пиев еден месец (10 дена по 300мг., 10 дена по 200мг. и 10 дена по 100 мг, а држев и диета и изгубив цели 8 кг (не сум дебел, но имам некое килце повеќе). Потоа алопуринолот го прекинав, ситуацијата се среди, и немав напад од Гихт наредна 1.5 година. Сега скоро, повторно напад, овој пат на големиот прст од ногата, по што прошета и низ стапало. Овој пат во кревет бев 4 дена. Болки имам сеуште, иако поминаа речиси 3 недели од почетокот на нападот.
Изминатите две недели, додека траеше нападот, почнав да пијам Кишоре Гугул. Пред неколку дена бев да испитам крв и мокрача. Уричната киселина ми беше на нормално ниво (со докторот сметаме дека Кишоре гугул апчињата ја намалиле, затоа што креатининот ми беше на горна граница, а тој е тесно врзан со големи нивоа на урична киселина). Мене овие апчиња, според сите показатели ми делуваат, ја држат во контрола уричната киселина, нормално со регулирање на храната. Регулирање на храна за мене значи нормална исхрана, јадење на речиси се, но во помали количини (освен некои морски плодови). Избегнувам конзервирано и преработена храна, како што се паштети, нарезаци, чајни, кулени, алхохол итн. Некаде прочитав, но и од искуства од луѓе со Гихт, едно кафено лажиче сода бикарбона со вода на гладно, многу помагало во превенција на истиот. Ова не ми е пробано, треба да пробам. Споделувајте искуства, да си помогнеме еден на друг, затоа што тој што ја има оваа болест, знае што значи напад на гихт.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
135
Поени од реакции
101
Заборави, на масно јадење, алкохол и сите гурмански адети.
Гихт е царска болест, се добива од многу уживање во храна и алкохол.
Ниту едни апчиња нема да ти помогнат ако не смениш исхрана.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.723
Поени од реакции
34.999

веќе трета подтема, ако може некако @Zlatikevichius да ги спои во една, па попрактично за пишување!
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.834
Поени од реакции
33.744

веќе трета трета подтема, ако може некако @Zlatikevichius да ги спои во една, па попрактично за пишување!
Средено
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.723
Поени од реакции
34.999
Гихтот ми беше дијагностициран при повреда на коленото. Самата повреда го активира истиот,
...не може повреда на колено да го „активира гихтот“, ниту да биде дијагностициран гихт при повреда на колено, ако не се направи со намера таква лаборатотиска анализа за сомневање на гихт како кривец за промените на колено што можеби е причина за самата повреда, а не обратно повредата да го активира гихтот!

Таа ми беше покачена, поради што докторот ми даде алопуринол, кој го пиев еден месец (10 дена по 300мг., 10 дена по 200мг. и 10 дена по 100 мг, а држев и диета и изгубив цели 8 кг (не сум дебел, но имам некое килце повеќе). Потоа алопуринолот го прекинав, ситуацијата се среди, и немав напад од Гихт наредна 1.5 година. Сега скоро, повторно напад, овој пат на големиот прст од ногата, по што прошета и низ стапало. Овој пат во кревет бев 4 дена. Болки имам сеуште, иако поминаа речиси 3 недели од почетокот на нападот.
Изминатите две недели, додека траеше нападот, почнав да пијам Кишоре Гугул.
... повторената ситуацијана појава на гихт со ненајдена болка е поради тоа што само ти се даде лек како последица на покачена урична киселина во крвта да се „неутрализира“ острани од крвта, но не ти се најде причината ЗОШТО доаѓа до повеќе урична киселина која циркулира низ твоето тело, завршувајќи во коленото како кристали на урична киселина прв пат или во големиот прст како втор пат со силни болки како напад што пишуваш самиот.
затоа што креатининот ми беше на горна граница, а тој е тесно врзан со големи нивоа на урична киселина
...аууу како таков заклучок, покачен креатинин како еден параметар за тоа каква ни е функцијата на бубрегот не значи дека имаме проблем со бубрегот, ако другиот параметар за функцијата на бубрег- уреата ни е нормална, тогаш едноставно укажува дека можеби сме „месари“ па премногу јадеме месо или внесуваме протеини повеќе посебно тие кои вежбаат во теретана, нели?
а албуминот, која вредност ја имаше, покачен албумин укажува исто дисфункција на бубрегот!?

...еве ти пишувам од сопствено искуство, да временски Х период кога не пијам во текот на денот тие фамозни 2 литри или барем 1,5 вода ја имам и јас покачена таа вредност, доколку почнувам да се хидрирам во текот на денот да пијам повеќе вода, па макар со сила, веднаш уричната киселина се нормализира со што бубрезите „имаат што да вртат“ нели водата, а со тоа ќе ми го исфрлат и тој секундарен продукт од телото преку урина, ако нема вода бубрегот нема што да исфрла и таа уремична киселина ќе се концентрира толку што мора да се акумулира некаде и ќе си се смести во зглобовите каде што ти ги имаш осетено, еееее онака пластично ти објаснив, пиј вода во текот на денот до 2 литри и нема да имаш проблем.
почнав да пијам Кишоре Гугул. Пред неколку дена бев да испитам крв и мокрача. Уричната киселина ми беше на нормално ниво (со докторот сметаме дека Кишоре гугул апчињата ја намалиле,
...да го прашаме твојот доктор што содржи „Кишоре Гугул“ што му го препишува бенефитот на нормалната урична киселина за толку краток период? еве вртам сеуште да видам што содржи тоа чудо од суплемент што толку пари се троши, а да не се знае што содржи?

ice_screenshot_20230427-175552.jpeg

...класична ајуверда формулација со 64 растенија и све природно? и? толку ли? апрувед од ФДА и нашава агенција за храна, ОК, да се има дел од 65 растенија во едно без меѓусебна интеракција, па колку сака да е природно,
... еве конечно содржината на Kaishore би била :
  1. Guduchi (Tinospora cordifolia)
  2. Amalaki (Emblica Officinalis)
  3. Bibhitaki (Terminalia bellirica)
  4. Haritaki (Terminalia chebula)
  5. Shuddha Guggulu (Commiphora Mukul)
  6. Ginger (Zingiber Officinale)
  7. Black pepper (Piper Nigrum)
  8. Long pepper (Piper longum)
  9. Vidanga (Embelia Ribes)
  10. Nishoth (Operculina Turpethum)
  11. Danti moola (Baliospermum Montanum)
... оф оф, ѓумбирот(бр.6) може да го префорсира лачењето на жолчна киселина,па вишокот да се акумулира во жолчката па убав терен на создавање на можни жолчни камчиња,

...а и растенијето срцев лист (бр1) иако ја немало докажано ефикасноста за било која болест, „ за време на пандемија со коронавирусот (СОВИД-19 2020-22)во Индија, Министерството за AYUSH го препорача употреба на T. cordifolia како домашен лек за имунолошка поддршка, при што таквата примена највероватно била поврзана со случаи на хепатитис меѓу шест лица во Мумбаи кои користеле варени или капсулни препарати“.
...навистина не знам како со само пишување “природни билки“ мислите дека све е природно и дека не може да има последици, ама вие си знаете да не се мешам!
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2021
Мислења
4
Поени од реакции
1
...не може повреда на колено да го „активира гихтот“, ниту да биде дијагностициран гихт при повреда на колено, ако не се направи со намера таква лаборатотиска анализа за сомневање на гихт како кривец за промените на колено што можеби е причина за самата повреда, а не обратно повредата да го активира гихтот!

... повторената ситуацијана појава на гихт со ненајдена болка е поради тоа што само ти се даде лек како последица на покачена урична киселина во крвта да се „неутрализира“ острани од крвта, но не ти се најде причината ЗОШТО доаѓа до повеќе урична киселина која циркулира низ твоето тело, завршувајќи во коленото како кристали на урична киселина прв пат или во големиот прст како втор пат со силни болки како напад што пишуваш самиот.

...аууу како таков заклучок, покачен креатинин како еден параметар за тоа каква ни е функцијата на бубрегот не значи дека имаме проблем со бубрегот, ако другиот параметар за функцијата на бубрег- уреата ни е нормална, тогаш едноставно укажува дека можеби сме „месари“ па премногу јадеме месо или внесуваме протеини повеќе посебно тие кои вежбаат во теретана, нели?
а албуминот, која вредност ја имаше, покачен албумин укажува исто дисфункција на бубрегот!?

...еве ти пишувам од сопствено искуство, да временски Х период кога не пијам во текот на денот тие фамозни 2 литри или барем 1,5 вода ја имам и јас покачена таа вредност, доколку почнувам да се хидрирам во текот на денот да пијам повеќе вода, па макар со сила, веднаш уричната киселина се нормализира со што бубрезите „имаат што да вртат“ нели водата, а со тоа ќе ми го исфрлат и тој секундарен продукт од телото преку урина, ако нема вода бубрегот нема што да исфрла и таа уремична киселина ќе се концентрира толку што мора да се акумулира некаде и ќе си се смести во зглобовите каде што ти ги имаш осетено, еееее онака пластично ти објаснив, пиј вода во текот на денот до 2 литри и нема да имаш проблем.

...да го прашаме твојот доктор што содржи „Кишоре Гугул“ што му го препишува бенефитот на нормалната урична киселина за толку краток период? еве вртам сеуште да видам што содржи тоа чудо од суплемент што толку пари се троши, а да не се знае што содржи?

Прегледај го приврзокот 376848

...класична ајуверда формулација со 64 растенија и све природно? и? толку ли? апрувед од ФДА и нашава агенција за храна, ОК, да се има дел од 65 растенија во едно без меѓусебна интеракција, па колку сака да е природно,
... еве конечно содржината на Kaishore би била :
  1. Guduchi (Tinospora cordifolia)
  2. Amalaki (Emblica Officinalis)
  3. Bibhitaki (Terminalia bellirica)
  4. Haritaki (Terminalia chebula)
  5. Shuddha Guggulu (Commiphora Mukul)
  6. Ginger (Zingiber Officinale)
  7. Black pepper (Piper Nigrum)
  8. Long pepper (Piper longum)
  9. Vidanga (Embelia Ribes)
  10. Nishoth (Operculina Turpethum)
  11. Danti moola (Baliospermum Montanum)
... оф оф, ѓумбирот(бр.6) може да го префорсира лачењето на жолчна киселина,па вишокот да се акумулира во жолчката па убав терен на создавање на можни жолчни камчиња,

...а и растенијето срцев лист (бр1) иако ја немало докажано ефикасноста за било која болест, „ за време на пандемија со коронавирусот (СОВИД-19 2020-22)во Индија, Министерството за AYUSH го препорача употреба на T. cordifolia како домашен лек за имунолошка поддршка, при што таквата примена највероватно била поврзана со случаи на хепатитис меѓу шест лица во Мумбаи кои користеле варени или капсулни препарати“.
...навистина не знам како со само пишување “природни билки“ мислите дека све е природно и дека не може да има последици, ама вие си знаете да не се мешам!
Види братче, јас кажувам мое искуство и барам мислење, односно искуство од други, дали и на кој начин ја контролираат оваа злобна болест. Не знам дали си имал напад од Гихт, ако си имал, знаеш што значи тоа и дека и на крај свет ќе отидеш ако треба за да најдеш чаре. Две литри вода во денот не го решаваат проблемот, верувај. Алопуринол, не сакам да почнам да пијам, барем не за сега, затоа што и тој има споредни ефекти, многу поголеми од Кишоре. И да, Кишоре мене ми помага, не е ова рекламирање на продукт, туку лично искуство. А ѓумбирот, хех, не ќе да е толку штетен колку што велиш. Но пред се, балансирана и здрава исхрана, вежбање (возење велосипед е најдобро, немаш терет на зглобовите), одржување нормална телесна тежина, 2-3 литри вода во денот помага, тоа е точно, минимални количини алхохол, избегнување продукти кои содржат глукоза итн. Се ова драстично ја намалува веројатноста да се повтори Гихтот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.723
Поени од реакции
34.999
Две литри вода во денот не го решаваат проблемот, верувај.
...елиминација по природен пат преку пофорсирана работа на бубрезите со пиење на 2 литри вода во текот на денот е еден од начините на исфрлување и намалаување на acidum uricum од циркулацијата, сакал верувал сакал не!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom