- Член од
- 26 јануари 2009
- Мислења
- 11.729
- Поени од реакции
- 18.282
Еден од секторите за кој и ден денес расте побарувачката на нови кадри е ИТ секторот. Тој се смета како еден од најплатените сектори нo исто така и индустрија во која се бара постојано учење како и следење на новите трендови и технологии. Македонија не е исклучок и како земја според бројот на фриленсери по глава сме во светски врв. Па доколку сте дел од овој сектор или сакате да станете дел од овој сектор и имате да прашате нешто или да споделите некакво искуство и тоа пред се да не биде технички специфично, туку општо поврзано со работата и условите тука или во странство, направете го во оваа тема без да ги упропастуваме темите од Програмирање и програмски јазици подфорумот.
Автоматски споено мислење:
Тоа ќе биде класично самоубиство од заседа. Државава ќе дознае што значи brain drain во вистинска смисла на зборот. Во ист период кога Црна Гора станува tax free за дигитални номади од цел светЕпа темате откако постои е за рандом дискусии.
Ако одиме за што треба да се користи, тогаш треба да се пишува само за плати/огласи и услови во фирмите.
Друже поголеми снегулки од овие во ИТ нема, а каков шитсторм доаѓа ако навистина воведат прогресивни даноци и фул придонеси на договорите на дело не се ни самите свесни.
Инаку во градежен сектор денот беше горе-доле следниот: патуваш до градилиште (некогаш држиш по 3-4 градилишта истовремено, а некогаш ти се на далечина од 30-120км во правец), во 4:30 сабајле стануваш, во 6:30-7 вечер влегуваш во град, и се тоа за 250-300 евра во првите година и пол, па се до 500 евра после 3 години стаж + магистерски и овластување Б категорија. Канцеларијата ти е контејнер/службената кола, некогаш нема ни каде да се измиеш раце за да си го изведеш сендвичот од дома кој веќе се сварил цел ден во ранец, и мочаш во џбуновите или во TOI TOI вцто кое е парфемисано со парфем на природна база.
Со А категорија се стигаше до 40-45к, ама главата ќе ти биде тапан на дневна основа и може да заглавиш затвор ако ти подментат некој проект и не ги отвориш очите 100%, а закон за градење има повеќе верзии на годишно ниво и од Angular, па со среќа во следење на легислативата
Така да кога ми се жалат во ИТ некогаш успевам да ги дослушам и да не се искезам, а некогаш се свртувам и ги игнорирам уште од првата секунда. Мочковци од по 24 години во моментов тепаат по 1200 евра плати (осигурани на сите), а на 27-8 имаш ликови што имаат и по 3-4к месечна плата и пак една верзија нема да пуштат без да сиби мајката нешто.