Генерална дискусија за ЕП 2016

Кој ќе го освои ЕП во ракомет во Полска?


  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Катар постанаа многу сериозна репрезентација,Риверо прави чуда.Ги гледав со Данска,ракомет ала Металург.:icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Дебело го сркнале полјациве од шпанците.
Шпанија - Полска 26:12 :eek:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Jeс да е доста убедливо и само 12 голови дадени, но не ги земајте толку во предвид пријателски. Шпанија доста добар состав има, не памтам подобар да имала овие години. Полска вчера на пример тепаше со Шведска.

Франција го сркна вчера од Катар, а сеа води 7 разлика со Данска. Словенија 2 пати ремизираше со нас, а вчера ја потопи Хрватска 32-17. Доста ротации има на пријателски со играчите сите добиваа шанса, така да не се овие вистинските лица на репрезентацииве.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.945
Поени од реакции
1.824
Мое мислење е дека овие пет репрезентации ке се очекува освојување на првите три места,Франција,Полска,Шпанија,Хрватска и Данска.Од пријателските натпревари што ги видов голем хендикеп кај Шпанците беше што ги немаше Шема и Дани Сармиенто(незнам дали ке играат на ЕП) а тоа мислам ке ги коштат златото,истото го мислам и за Пољаците како домаќини дека без средните бекови Вартоломеј Јашка и Грегор Ткачик тешко ке дојдат до златото.
Затоа мислам дека Французите се и натаму кандидат број еден секако ако не се десит некоја неочекувана повреда за време на ЕП....пу пу пу да не им кобам.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дојде и 15 Јануари. Се е спремно за новото ЕП и за неколку часа ќе ги гледаме нашите момци против французките гладијатори. Што значи одличен момент за една кратка прогноза за првенството :)

група А

Франција - Доминантна во последнава деценија на ракометните терени, на ова првенство оди со осакатена бековска линија. Но додека чичко Карабатиќ е во игра тие сепак се фаворити. Колку Карабатиќ, Нарсис, Мае и Порте сами ќе можат да го понесат товарот на бековската линија ќе видиме (или можеби некој од младите ќе блесне?) но за сепак да бидат фаворити во групата имаат доволно.

Полска - Полска требаше да биде меѓу фаворитите во групата. Домашен терен, одличен избор на играчи, бронза од пред една година... Но како што одминува времето некако не сум убеден дека ќе биде така. Без 2та клучни средни бека (Јашка и Ткачик), како и без универзалецот Јуркиевич, ми се чини дека ќе имаат доста проблеми во нападот. Многу репрезентации се изгореа на сличен начин без брз продорен среден бек последниве години. Друг проблем е и што Шмал не е во којзнае каква форма. Полскиот домашен терен е голема работа и ќе бидат високо пласирани, ама за злато ми се чни дека немаат доволно. Јурецки и Лијевски не можат сами.

Македонија - Нема што многу да се коментира. Веројатно сме подобри од порано со поширока клупа, пораздвижен напад, но сеуште имаме 2 јасни слабости - голман и лев бек. Во една тешка група моја прогноза е дека се ќе зависи од тоа како ќе се покажеме во одбраната - која последно време е во надолна линија, но искрено треба да бидеме задоволни со пласман во втор круг и со тоа надминување на прогнозите на обложувалниците кои сметаат дека сме 13та селекција.

Србија - Со доста изменет и подмладен состав, Србите влегуваат и со доста изменети амбиции на ова ЕП. Мислам дека оваа екипа игра доста покомпактно и Периќ од оваа група колку толку ќе го извади максимумот но прашање е колкав е тој максимум. Особено ако немаат расположен голман (а формата на Станиќ е под голем знак прашалник) ќе имаат доста проблеми. Генерално ќе бидат опасни против сите но тешко може да се надеваат на некој повисок пласман.

распоред во групата:
Франција
Полска
Македонија
-----------------
Србија

група Б

Хрватска - Подмладена, со нов селектор, прашање е колку ќе може Хрватска да го одржи тој чекор со останатите од големата четворка. Искрено, освен Сулиќ, ова им е горе долу најдобриот состав кој може да го извадат моментално без олгед што се помлади добар дел од играчите, но големиот број на повреди, ми се чини дека ќе си го направат своето и Хрватска иако нема да биде катастрофа, сепак ќе има незбележителен настап на првенството.

Исланд - Можеби за првпат исланѓаните на првенство доаѓаат со целосен тим без сериозни повреди на клучните играчи. На хартија би требало да се многу опасни, но целината некако последниве години не функционира како што треба. Иако патот делува дека им е отворен за историски успех, се ми се чини дека ќе си завршат со некој просечен пласман повторно.

Норвешка - Исклучително млада екипа со светла иднина. Една од најпотценетите екипи на првенството кое може да биде многу опасна. Но не сум убеден дека имаат доволно искуство за некој сериозен пласман. Минувањето на групата не би требало да е проблем, а можно е да изненадат и некој од погорните екипи, но шанси за медал немаат...

Белорусија - Што прави екипа со еден главен играч и доволно просечни за да може да се пласира на првенство, кога главниот играч е во сомнителна форма и во надолен дел од кариерата? А што во случај кога го има најлошиот голмански пар на првенството? Белорусија ја очекува потоп...

распоред во групата:
Хрватска
Исланд
Норвешка
---------------
Белорусија

група Ц

Шпанија - Со добар здравствен билтен, со можеби најдоброто голманско дуо на првенството, и со голема доза на стабилност на екипата, Шпанците се мојот фаворит на ова ЕП. Време им е конечно за европско злато, без разлика што се во тешка група.

Шведска - Можеби и најдобра одбранбена екипа на првенството, но со многу големи проблеми во позициониот напад. Со Ким Андерсон се екипа од светска класа, без него ќе се мачат дадат 25 гола. Имаат доста талентирани млади бекови, но тие сеуште не се дораснати за да играат за медал на европски шампионат. Нивното време доаѓа но засега, иако некои ги прогнозираат високо мене ми се чини дека ќе имаат доста проблеми...

Германија - Со подмладена екипа и со многу повредени играчи Германија е доведена до ситуација каде ќе биде среќна да ја мине групата. Германците во било каков состав се опасни - имаат длабочина за едно 5-6 екипи но јас не би ги вклучил во битката за медали... Очекувам еден просечен настап

Словенија - На прв поглед делуваше дека словенците се спремни да имаат одлично првенство. Но повредата на Доленец мислам дека многу скапо ќе ги чини иако сите портали се истепаа да напишат дека сепак Гајиќ ќе играл и дека Словенците се назад во игра. Гајиќ и нема ништо да им смени покрај Маргуч, Но без Доленец и само еден класичен шутер во цела екипа (Мачковшек - кој и онака не којзнае што) ќе имаат доста проблеми, без разлика какви средни бекови имаат. Наместо втори во групата, сега лесно може да завршат четврти.

распоред во групата:
Шпанија
Германија
Шведска
----------------
Словенија

група Д

Данска - Повредата на Рене Тофт Хансен е голем удар за Данците, но и покрај тоа со Хансен во животна форма, тие се фаворити за медал. Каков ќе зависи од формата на Ландин.

Унгарија - Душебаев пробува да направи промена на генерации и се чини започнува проект на подолг рок. Но и покрај неговото реноме не сум баш убеден дека овој состав може до некој повисок пласман иако имаат лесна група.

Русија - Русите без Игропуло и Деревен, и стандардно без квалитетна одбрана и голман. Ќе играат забавен ракомет но прашање е колку тој ќе биде ефективен. предводени од остатокот Вардарци, очекувам тивок и незабележителен настап.

Црна гора - Млада екипа со многу светла иднина според мене. Но прашање е дали имаат веќе доволно искуство за да отидат чекор напред. Ќе бидат многу потежок орев отколку што некои прогнозираат, но нема да биде лесно да ја минат групата

распоред во групата:
Данска
Унгарија
Русија
Црна Гора

Финален распоред на првенството:

1. Шпанија
2. Данска
3. Франција
4. Полска
--------------------
5. Хрватска
6. Германија
7. Исланд
8. Унгарија
9. Шведска
10. Македонија
11. Норвешка
12. Русија
----------------------
13. Словенија
14. Србија
15. Црна Гора
16. Белорусија


Бонус - што прогнозираат кладилниците

France 2.54
Spain 4.20
Denmark 4.76
Poland 7.25
Croatia 11.50
Germany 25.25
Hungary 26.00
Sweden 30.50
Slovenia 33.75
Iceland 45.50
Russia 69.50
Serbia 94.25
Macedonia 138.00
Norway 150.50
Belarus 513.00
Montenegro 600.67
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.989
Поени од реакции
35.865
По социјалните мрежи невидена еуфорија , вечерта ќе пцујат и ќе постираат слики од македонски шуми. Класика.

Далеку сум од оптимист. Ќе ни удрат сефтето вечерва французите.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
По социјалните мрежи невидена еуфорија , вечерта ќе пцујат и ќе постираат слики од македонски шуми. Класика.

Далеку сум од оптимист. Ќе ни удрат сефтето вечерва французите.
Сами сме си криви за тоа. Едно е да се фураш против Србија и Полска ама против Франција постирање ќе тепаме ќе паѓаат и после да се трескаш од земи докажува колку сме неписмени од спортска гледна точка :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.811
Поени од реакции
15.918
@Xsago :cuc: секоја чест за најавата, може и пинед да иде на почеток од тема:bravobe:

За една работа не би се сложил, а тоа е пласманот на Германија и пласманот на Словенија, германците имаат неколку повредени играчи, не знам зошто си ги типувал толку високо дека ќе стигнат, мислам не се ич за потценување тие што се викнати во тимот ете и на СП во Катар покажаа дека имаат доста талентирана генерација, ама сепак мислам дека до толку високо не би догурале.
Мислам дека ќе има изненадувања ова првенство, доста интересно ќе биде.

А за првиот меч на репрезентацијата против Франција, да не се залажуваме дека тука за малце ќе сме им изваделе реми и не знам таму што, се под 6-7 разлика пораз ќе биде и те како добро за репрезентацијата, ме страв само да не не отворат со двоцифрена разлика, после сме го ебале ежот.:нинџ:

На линкот мислам дека сите натпревари ќе одат во директен пренос - https://www.youtube.com/channel/UCr1lbOmn3etpKrzBRJA0FPA
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.971
Поени од реакции
84.438
Let's do this.

Не знам што да очекувам. Само сакам жар и борба. Нека има желба. Последна шанса им е. Нека не спијат на тоа "Ај некоја јака ќе освои титула па ќе идеме на ЛОИ". Не. Нека се борат за добар пласман.

Се освен пласман во втора рунда е разочарување. А за повеќе од 1 победа...ќе видиме.

Ко за старт не ќе е лошо да почнеме со Франција и да не им ја предадеме победата тукутака.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
МТВ што пуштаат пред ракометов бе :ROFLMAO: ми иде да се наоружам и да тргнам накај Полска :lolzz:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Сами сме си криви за тоа. Едно е да се фураш против Србија и Полска ама против Франција постирање ќе тепаме ќе паѓаат и после да се трескаш од земи докажува колку сме неписмени од спортска гледна точка :)
Само од спортска? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom