Лаењето претставува начин на комуникација, чуство за нелагодност и лошо одгледување, изразување агресивност, давање знаци дека во негова близина има некој посакуван/непосакуван посетител, понекогаш и од задоволство. Прост пример за тоа може да бидат кучиња скитници, диви животни на пример лисици, куни... Денес и така и така врие лисици и куни на секој чекор. Провери дали имате такви посетители, нелагодност може да му биде доколку е премногу силно врзано со ланец (иако најчесто е гушење и кашлање). Ржење користат доколку сакат да заплашат нешто. А можеби сопствениците ги користат и за борби со други кучиња, со самото тоа доколку местото каде што е кучето е отворено накај патот, поради активноста на луѓето и животните предизвикува лаење кај кучињата. Доколку кучето вие како волк, проверете го од можни повреди, паразити и заразни болести, или обрнете внимание на шепите можеби имаат исекотина од остар предмет или трн во шепата.
Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk