Се склопија стрелките на часовникот. Означија почеток на нов ден.
И во овој ден некој на некого му недостига, некој некого го мисли непрекинато, некој некого го изневерува, некој се кара со некој, некој некого го моли за трошка љубов, некој некого сака, како што јас те сакам тебе, без трошка себичност, без да се посомнева во љубовта, без да се срами од тебе...само искрено, убаво, се надевам безгрешно. Сакам да бидеме заедно, да бидеме среќни и насмеани како досега. Да ни биде убаво и да не се караме.
Се би сторила за тебе знаеш!?
Дури би рекла и едно искрено извини...
Ноќта изминува, но не и мојата љубов за тебе.
Сакам само да ме сакаш...само толку...
Зарем тоа што го барам е премногу!?