Кој како успеал да се збогати не е битно... А уште колку ќе се збогатува е негова работа. Ни треба да им береме гајле ни да не интересира. Во туѓа манџа не се става запршка.
Чекај вака да те прашам една работа:???
Зошто истото не го викаш за Маршалот/Браварот? Зошто не речиш не е битно што тој браварот/маршалот заработил едвај 10 милиони марки и кадилак и мерцедес??? Аааа??? Што не речиш де за него алал да му е не е битно од каде ги заработил тие пари аааа??/
Стварно овие луѓе што ја мразат Југославија се крајно чудни луѓе... Тоа ти се луѓе со двојни стандарди...
Како може да им смета еден бравар/маршал којшто поседувал едвај 10 милиони марки, а воопшто не им сметаат денес едно 10 олигарси, тајкуни, магнати, којшто заедно поседуваат едно 60% од вкупниот буџет во Македонија во вредност од околу 4 милијарди евра???
Тоа е исто како што сега секој ЕСДЕЕСОВЕЦ за било кој од сегашнава власт ќе ти каже дека е успешен и чесен бизнисмен, а за ВМРОВЦИТЕ ќе ти каже дека секој од Грујо па до Мицко и од претходната власт и остала тајфа е најголем хоштаплер/преварант и лопов...
И секој ВМРОВЕЦ ќе ти каже Грујо и брачед му беа чесни и поштени луѓе, градеа, твореа, а сите Комуњари најголеми лопови...
Секој „ПРОАМЕРИКАНСКИ И ПРОЗАПАДНО ОРИЕНТИРАНА ЛИЧНОСТ“ ќе ти каже дека сите Руски, Кинески, Бразилски, Индијски милијардери се експлоататори, угнетувачи, а секој милијардер којшто е американец, британец, француз, њемац се снашле и се успешни бизнисмени и тие им се идоли...
Свативте ли што сакам да кажам???