Во Македонија е најдобро да си должник !

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Во Македонија е најдобро да си должник !

Власта размислувала како да им помогне на социјално загрозените лица и најранливите категории, оти тие биле на удар на големата економска криза, па дошле до идеја да им ги отпишат долговите за струја, парно, телефонија, радиодифузна такса, како и долговите на граѓаните кон банките по основ на минусни салда на тековни сметки, кредитни картички и потрошувачки кредити, кои биле оценети како ризични... Ај што оваа мерка е неуставна, ај што нема никаква економска логика, најголемата штета што се прави со ваквото кокетирање со гласачите е пораката која се праќа. Дека секогаш е подобро да должиш, наместо да плаќаш. И дека ако еднаш се случи ваков отпис на долгови, надвор од сите закони, сигурно за некоја година повторно ќе се случи истото. Тогаш зошто воопшто да се плаќаат сметки и кредити? Ова е класичен морален хазард.

***

Сите се погодени од економската криза. Компаниите на кои заради кризата им се намали извозот во странство, ги намалуваат платите или едвај со задоцнување исплаќаат плати на вработените. Тие граѓани исто така се погодени од кризата и сигурно имаат долгови за неплатени сметки и кредити кон банки. Кој нив да им помогне? Зошто и како некои социјални случаи, кои немаат вработување или доволни приходи, земале кредити и се задолжувале во банка за да трошат над своите можности?

***

Биљана Здравковска Стојчевскаbiljana.zdravkovska@kapital.mk

Македонија може слободно да се самопрогласи за земја на должниците. Земја во која е најдобро да се биде должник. Оти секој може да должи кому сака и колку сака, а за тоа да не му фали ни влакно на главата. Земја во која должникот ги ужива сите права и заштитен е од законите како ретко животно.

И нормално е во земја во кој никој никому не плаќа и во која должниците се мнозинство, политичарите да го кажуваат она што мнозинството сака да го слушне. Оти нели политичарите на власт, посебно кај нас, секогаш го слушаат гласот на народот.

И еве на самиот почеток на предизборната кампања министерот за финансии вети дека власта ќе спаси десетици илјади граѓани од нивните долгови.

Власта размислувала како да им помогне на социјално загрозените лица и најранливите категории, оти тие биле на удар на големата економска криза, па дошле до идеја да им ги отпишат долговите за струја, парно, телефонија, радиодифузна такса, како и долговите на граѓаните кон банките по основ на минусни салда на тековни сметки, кредитни картички и потрошувачки кредити, кои биле оценети како ризични...

Отписот на долговите ќе им помогнело на десетици илјади најсиромашни граѓани во земјава, кои заради кризата, последиците од кризата останале без работа или едноставно се во рамките на групата на социјалните категории. Оти “граѓаните токму од ова имале тежина” и власта по барање и идеја на граѓаните ја ставила оваа мерка во новата програма. Тоа се вика власт блиска со народот.

А тие, должниците, кои во Македонија се во мнозинство, треба само едно да направат. Да гласаат за оној кој ветува дека ќе ги спаси од долговите. Та не може само да седат и да чекаат господ да им помогне и да ги спаси од долговите. Мора малку да му помогнат и тие на господ, оти и тој јадниот не може се сам да направи.

Ај што оваа мерка е неуставна, ај што нема никаква економска логика, најголемата штета што се прави со ваквото кокетирање со гласачите е пораката која се праќа. Дека секогаш е подобро да должиш, наместо да плаќаш. И дека ако еднаш се случи ваков отпис на долгови, надвор од сите закони, сигурно за некоја година повторно ќе се случи. Тогаш зошто воопшто да се плаќа?
Тоа се вика морален хазард. Луѓето едноставно го менуваат однесувањето кога знаат дека се осигурани и кога знаат дека некое однесување нема да им донесе никакви последици и казна. Ако знаете дека поправањето на заби чини многу скапо ќе внимавате повеќе на хигиената на забите. Ако сте јавно претпријатие не мора да водите грижа дали работите со загуба бидејќи не може да одите во стечај. Ако државата ќе ги плати долговите наместо вас, зошто вие да ги плаќате?

Што е со оние кои редовно плаќале и плаќаат сметки на државата и кредити кон банки? Со оние совесни граѓани кои откако ќе земат плата прво ги плаќаат сметките и обврските, а потоа трошат тоа што им останува? Не може главно објаснување за вакво ветување да биде дека мерката ќе се носи само за социјално загрозените лица оти тие биле најпогодени од големата економска криза. Сите се погодени од економската криза. Компаниите на кои заради кризата им се намали извозот во странство, ги намалуваат платите или едвај со задоцнување исплаќаат плати на вработените. Тие граѓани исто така се погодени од кризата и сигурно имаат долгови за неплатени сметки и кредити кон банки. Кој нив да им помогне? Зошто и како некои социјални случаи, кои немаат вработување или доволни приходи, земале кредити и се задолжувале во банка за да трошат над своите можности? Дали тоа значи дека некои банки, ако и во иднина одобруваат кредити секому и без критериуми за оценка на нивните можности за отплата, можат да се надеваат дека ќе бидат спасени од лошите кредити од страна на државата?

Предизборните ветувања веќе ги надминуваат сите граници. Од сите политички партии стигаат такви небулозни ветувања, кои ако навистина би се спровеле ќе ја доведат државата и компаниите во банкрот. Останува да се надеваме дека оваа мерка со отписот на долговите е само предизборно ветување кое ќе остане неисполнето заради било каква причина.

Еве веќе некои експерти изјавија дека за отпис на долговите ќе било потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Е тука може да запне и господовата работа. Па ветувањето да не се исполни, оти ете проклетата опозиција нема да сака да гласа за оваа суштинска реформска мерка за спас на задолженото граѓанство. Или, пак, ќе гласа? Се е можно во нашата чудесна земја Дембелија.

Македонија со години е заложник на должниците, односно на граѓаните и на фирмите кои се задолжени. И многу клучни економски мерки, кои треба и мора да се донесат за побрз раст на македонската економија, со години не се носат токму за да не се навлече бесот на задолженото граѓанство. Кое со години политичарите го уверуваат дека е можно да се живее убаво и без да се работи, да се добиваат и користат работи и услуги без за нив да се плати, да се должи без да те казнат...Државата е тука да се грижи за сите. Само треба државата да се стави пред се и над се.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Ова е идеален предизборен потег со двоен ќар за Гвујо. Прво ќе фрли дел од буџетот да им плати сметки на задолжените, што ќе му купи мандат, а после парите сами ќе се вратат во државната каса, зошто и онака буџетот се храни воглавно од ДДВ, кој пак цица најмногу пари од најсиромашните, а токму тие ќе добијат екстра пари за трошење.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Koga ke si misli covek deka ovie vo vladata ne moze da napravat pogolema glupost od predhodnata go istrelaa ovoj biser i se prekosija sami seme. Poraka do site, so poprvo site rabotnici pod zavod i nikoj da ne plaka smetki, i site rabotete na crno.
Kaj nas znaci nerabotenjeto se nagraduva a rabotenjeto se kaznuva.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас ти кажувам ти неверуваш :D

Па фирмите кои должат како се заштитени законски, абе пара неможеш да наплатиш. Неверојатно љуткава земја.Никој на никого не плаќа, кој е будала па да плати, кога и онака по судски пат во третата годин од судењата ќе заглавиш само на листа за чекање.

Читав дека биле уапсени двајца кои затаиле данок од милион денари, а имале верувале или не по 39 фирми секој од нив! Епа иди наплати.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Можда се користи во кампањата ама дали знае г-ѓа Билјана што смее да поседува како социјален случај? Палтото од пазар. Значи не е во прашање мнозинството кое должи туку должниците социјални случаи (ако законот е ист од порано).
За 2014, материјално необезбедено лице на пример е лице кое остварува помалку приходи од висината на социјалната помош. А таа се дивжи од 2450 за 1 лице 5170 за 4 лица.
http://www.mtsp.gov.mk/default.asp?ItemID=281D4217116B224982FD938A16A3624F
А зошто земале кредит (мада се сомневам со тој поим кредит на социјално загрозено лице пошто условите ми се горе доле познати) или зошто трошеле над можностите пак би ја прашал авторката дали може со сума од 3-4 илјади да подмири трошоци за леб, млеко, греење или вода. Значи постојат трошоци кои ни најсиромашниот не може да ги избегне. Постојат и дубари со социјалното ама главно не би им завидувал. Не знам колку човечност више има во нас, ако воопшто имало некогаш.
За нормална европска држава најголемиот број вработени овде дури и со високо образование се фактички социјално загрозени, но и без нив, околу 27-30% од населението е во онаа граница што ја викаат линија на сиромаштија. Некој имал среќа па ќе јаде колачиња и ќе се чуди, а на друг и водата му е мрсна
 
Ako si vraboten na *belo* mu kazues na gazdata da te odjavi i posle si vraboten na crno to est socijalec. Isto i zenati/mazot I vece ne plakas smetki. Simple. Od edna strana sakaat da go namalat rabotenjeto na crno, od druga sami si zabivaat avtogol. Sega ke se svrti situacijata namesto gazdite da ne se slozuvaat da gi prijavuvaat rabotnicite po novo samite rabotnici nema da sakaat gazdite da gi prijavuvaat.
A pa tek kakvi gabolebarista ima po gradov sto ne se fakaat za nikakva rabota toa e cudo, duzni vo site banki, cicaat po nekoja para od mama i tate i na ovie sve ke im se otpisuva.
Bukvalno nagrada za gabolebarenje.
 
Последно уредено:
F

FARANG

Гостин
Јас ти кажувам ти неверуваш :D

Па фирмите кои должат како се заштитени законски, абе пара неможеш да наплатиш. Неверојатно љуткава земја.Никој на никого не плаќа, кој е будала па да плати, кога и онака по судски пат во третата годин од судењата ќе заглавиш само на листа за чекање.

Читав дека биле уапсени двајца кои затаиле данок од милион денари, а имале верувале или не по 39 фирми секој од нив! Епа иди наплати.

Љацо ти верувам, немам намера јас да работам со наши фирми, дури ни со владините. Се за извоз, искористи евтина работна рака и ниски даноци. Батали дуинг бизнис ин маседониа освен ако нема кеш на рака. Тој дел ми е јасен. Треба да го средат тоа, незнам зошто не го прават, очигледно им одговара
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ako si vraboten na *belo* mu kazues na gazdata da te odjavi i posle si vraboten na crno to est socijalec. Isto i zenati/mazot I vece ne plakas smetki. Simple. Od edna strana sakaat da go namalat rabotenjeto na crno, od druga sami si zabivaat avtogol. Sega ke se svrti situacijata namesto gazdite da ne se slozuvaat da gi prijavuvaat rabotnicite po novo samite rabotnici nema da sakaat gazdite da gi prijavuvaat.
A pa tek kakvi gabolebarista ima po gradov sto ne se fakaat za nikakva rabota toa e cudo, duzni vo site banki, cicaat po nekoja para od mama i tate i na ovie sve ke im se otpisuva.
Bukvalno nagrada za gabolebarenje.
Проблемот со работа на црно на работник па и на цели фирми треба да го реши министерството и инспекторатот. Сега и кај нив зависи за кои. Некои ако ги казнат и ако им наложат соодветни стандарди, услови и давачки, ќе останат буквално без леб што не е добро.
Споменав дека се прават дубари ама оние навистина загрозено лице кое живее во овие гета, далеку од пријателство со соседот тафталиџе, водно, аеродром, вработен во уо на некоја банка или не знам кое звање, а со тоа далеку од било каква можност за работа. Не може да му се склопат коцките секому. Знам дека беше строго за добивање помош.
А тоа дека овие што се стварно социјални случаи се должници на банки е неточно. Ниедна банка не дава кредит ако си со такви приходи.
Добиваат субвенции земјоделците, странските инвеститори, туристичките друштва. Бараа субвенции текстилците, транспортерите, бизнисмените за халал системот, мелничарите...зошто да не им се помогне и на овие луѓе само затоа што ги еб**ала судбината. Нели индиректно и нивните долгови кон фирмите се проблем за фирмите?
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Љацо ти верувам, немам намера јас да работам со наши фирми, дури ни со владините. Се за извоз, искористи евтина работна рака и ниски даноци. Батали дуинг бизнис ин маседониа освен ако нема кеш на рака. Тој дел ми е јасен. Треба да го средат тоа, незнам зошто не го прават, очигледно им одговара
Зошто се нивни луѓе од нив се финансираат. Замисли една машина за перење ете ти ја Македонска економија. Не се знае кој јаде и кој пие, само се знае кој плаќа. Фактички судството наше има такви кратери, што поедноставно ти е да станеш криманелец, одколку чесно да работиш. Нешто као идеален систем за брзо богатење. Искради, измами и затвори ја фирмата, отвори нова, па нова, па нова, па нова и нема крај. Казната и онака е до висина на основен фиктивен влог 5000 евра. Што ќе ти земат масите и столовите? Ништо нема на фирма. Слободен криминал.

А најмногу страдаат оние чесните кои се малку на пазарот, тие се на кредити забуцани, за да може да издржат. Во исто време претставуваат банка за соработниците.

Незнам да го објаснам системот, мора да отвори некој свое и да види како функционира системот. Само такви мислења поштувам, друго е се филм од чул недочул, неискуство и живеење во облаци. Еден се нема пофалено од бизнис ситуацијата во Македонија. Јас лично не познавам ни една фирма, а работам со многу да каже Леандра наплаќаме како што треба. Сите до еден бришат конта, завршни сметки се преправаат, сите богаташи на хартија. Да ги истресеш 5 денари од џебот нема да им паднат. 30 000 денари ги плаќа на 5 месеци и за фирми ќе зборуваме, за какви фирми да зборуваме не ми е јасно.
 
Затоа и ти викам, само кеш на рака за во МКД и само работа со надвор. Она што порано го работев BPO - business process outsourcing, донеси што може да се сработи во МКД за евтино пари и после назад продажба на запад. За во МКД само кеш бизниси, пиљара, механичар, седнивичара се друго дур не се направат законите тешко. Labour intensive businesses што пропаѓаат на запад со добра стратегија да се префрлат сега во МКД би успеале. Најди во Германија некој liquidator (незнам како се викаат на македонски) и барај банкротирани бизниси ради скапа работна рака. Ако има добра база на муштерии само префрли тоа во МКД и цепај... Нешто како производство на камп приколки, каравани во МКД а продажба во Германија би било идеално.
 
Искрено не ми се замара, иначе тоа е реалноста што збориш. Префрли се доле, ефтина работна рака, насочи извоз само, кога гледаш дека не оди, земи си ја приколката и одлетај си. Ни лук јал ни лук мирисал :)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Проблемот со работа на црно на работник па и на цели фирми треба да го реши министерството и инспекторатот. Сега и кај нив зависи за кои. Некои ако ги казнат и ако им наложат соодветни стандарди, услови и давачки, ќе останат буквално без леб што не е добро.
Споменав дека се прават дубари ама оние навистина загрозено лице кое живее во овие гета, далеку од пријателство со соседот тафталиџе, водно, аеродром, вработен во уо на некоја банка или не знам кое звање, а со тоа далеку од било каква можност за работа. Не може да му се склопат коцките секому. Знам дека беше строго за добивање помош.
А тоа дека овие што се стварно социјални случаи се должници на банки е неточно. Ниедна банка не дава кредит ако си со такви приходи.
Добиваат субвенции земјоделците, странските инвеститори, туристичките друштва. Бараа субвенции текстилците, транспортерите, бизнисмените за халал системот, мелничарите...зошто да не им се помогне и на овие луѓе само затоа што ги еб**ала судбината. Нели индиректно и нивните долгови кон фирмите се проблем за фирмите?
Отворена е Пандорината кутија со субвенции и секакви помоши...Еднаш кога ќе се навикнат и навлечат на таква „дрога“ им нема спас. Сега секој планира и ги вкалкулирува средствата од овие додатоци во планот. Додека може ќе се тера после Грција не ни бега. Ова е позната работа и многу држави во историјата пропаднале поради ова Македонија нема да биде ни прва а ни последна...ама толку мислат со зелникот и граѓаните и политичарите.
Едвај чекам да заглават и да дојдат од ММФ и компанија и да ги превоспитаат...катастрофално се глупави.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Отворена е Пандорината кутија со субвенции и секакви помоши...Еднаш кога ќе се навикнат и навлечат на таква „дрога“ им нема спас. Сега секој планира и ги вкалкулирува средствата од овие додатоци во планот. Додека може ќе се тера после Грција не ни бега. Ова е позната работа и многу држави во историјата пропаднале поради ова Македонија нема да биде ни прва а ни последна...ама толку мислат со зелникот и граѓаните и политичарите.
Едвај чекам да заглават и да дојдат од ММФ и компанија и да ги превоспитаат...катастрофално се глупави.
Те прочитав МПЦ да ги превоспита :pos:

Стварно за се има субвенции кои гледаме каков резултат носат, остана уште за црквата да се помогне. Во очекување на субвенции за поповите до следните избори, поп за секое семејство. Уствари кога добро ќе размислам и нив ги субвенционираме со неплаќање на даноци. Океј нема веќе што да се субвенционира нека дојде ММФ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom