Возраст за политика

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
И еве детето покажува интерес за медицина на 10 години и во ред е се и тоа се едуцира се запишува средно медицинско и факултет потоа и станува лекар. Како мислиш дека би требало да биде со политиката? Наеднаш после 18 да му текне и да стане политичар а? А она за под 12 НЕ го реков затоа што политиката бара подли и бескрупулозни вештини, а дете помало од 12 години според мене не би било убаво да се учи на такви работи кои би можел да ги свати здраво за готово и да ги применвуа во секојдневниот живот.
Споредбата не ти е споредлива, можеби лесно започнува интересот за медицина, но не така лесно бива остварлива. И таа вештина бара полнолетни и едуцирани личности со тапија. Кога зборуваме за политика пак, не случајно полнолетноста ја диктира и дозволата за занимавање токму заради твојот цитат „политиката бара подли и бескрупулозни вештини, а дете помало од 12 години според мене не би било убаво да се учи на такви работи кои би можел да ги свати здраво за готово и да ги применвуа во секојдневниот живот“. А дете (овде мислам на дете до 16-17 па и 18 г.) кое во стадиумот на оформување како човек да ги научи тие работи, тогаш можеш да замислиш, каков политичар ќе добиеме на возраст спремна да донесува одлуки, доколку дојде до некоја политичка функција. Најдобар показател се дел од нашиве млади политичари кои беа тотално самобендисани талентирани деца, длабоко навлезени во политиката во фазата на сеуште незавршениот пубертет. Резултатите од нивната детска политика не чинеше премногу....
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
си има закон и со закон е регулирано нема потреба што да дискутираме, се почнува од 18 години ако немаш 18 години според статутот на сите партии не смееш да пополнеш пристапница, а доколку сака некој да биде порано член тогаш се пополнува пристапница каде што е наведено дека членот не е полнолетен, и дека има дозвола од родителите да пристапи кон партијата и тука има регулација односно од 16 па нагоре така да ако го почитуваме статутот на партијата тогаш се ќе биде во ред нема да има кавги помеѓу децата од 10 години за која партија си, и ај да го истепаме овој од ВМРО е или слично
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.508
Поени од реакции
33.668
Нема точно дефинирана дата, лоботомирање процесот знае да почне рано и со тек на време да достигне кулминација.
 

thegirl1

VIP член
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11
Поени од реакции
3
Нема точно определена возраст за политика. Се зависи од дете до дете и од возрасен човек до возрасен човек. Некој го интересира, некој не. Ако детето го интересира политиката зошто па да не дискутира околу неа?
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Бидејќи онаа навидум сеирџиска тема прерасна во уште една предизборна војна и `рвање на суети, отварам тука нова со надеж дека нема да има колеж, но сериозна дискусија. Значи...


Јас веднаш ќе ја поведам дискусијата во правец спротивен на цитираното. Младината нема потреба да пројавува интерес за политика. Особено во нашето општество каде со 18 години си далеку од полнолетен реално, мислам дека со политика треба да се занимаваат луѓе кои ќе поминат најмалку три декади. Оние кои ќе се почувствуваат доволно зрели а туку што ги почнале дваесеттите, и на нив мислам, политика не е за вас.

Повторно, особено во нашето општество, да се бави човек со политика веднаш се карактеризира со профитерство што и навистина сметам дека е. А тоа ми е така одвратно, бидејќи покажува толку лошо воспитување. Зар децата немаат родители да ги научат на вистински вредности, или навистина системот толку е изместен што личи на тоалет со затнати цефки?!
Во оваа држава децата се занимаваат со политика бидејќи копнеат по некакви промени кои ќе им ги подобрат условите за живот. Во САД за џабе не е што ни возрасни не си го знаат претседателот, тоа е бидејќи си имаат добри услови за живот си ја тераат својата работа и немаат потреба од политика. Овде кај нас е друго, сите се обидуваат да променат нешто, но за жал не успеваат бидејќи тоа не е правиот пат, се додека неспособни ја водат државата. Само што единствената грешка што ја прават младите е тоа што мислат дека политиката е професија па забораваат на образованието и уште мали се зачленуваат во политички партии па таму им ги перат мозоците.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
кој беше Артистотел ли што рекол со политика да се бават филозофите (Тие треба да владеат) и тоа пак над 55 година од животот, ама демократијава сегашна нема везе со античко време оти тогаш имало можност да се спречи култ на личноста преку тоа како беше да му го напишеш името незнам колку пати на плоштадо, а сеа срање све ! Одувек знаев дека е така!
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.679
Поени од реакции
11.744
кој беше Артистотел ли што рекол со политика да се бават филозофите (Тие треба да владеат) и тоа пак над 55 година од животот, ама демократијава сегашна нема везе со античко време оти тогаш имало можност да се спречи култ на личноста преку тоа како беше да му го напишеш името незнам колку пати на плоштадо, а сеа срање све ! Одувек знаев дека е така!
Платон рече дека треба да владеат филозофите во "Политеа", исто така рече дека треба внимателно да процениме кои се вистински филозофи и можат да ја согледаат вистината, а кои само се чинат како такви и не ја согледуваат туку само ја насетуваат. Абе се трудел човекот ама за кого.
А за демократијата рекол дека е едно од петте најлоши државни уредувања, само јебига, кој сака да се замара со филозофија.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Платон рече дека треба да владеат филозофите во "Политеа", исто така рече дека треба внимателно да процениме кои се вистински филозофи и можат да ја согледаат вистината, а кои само се чинат како такви и не ја согледуваат туку само ја насетуваат. Абе се трудел човекот ама за кого.
А за демократијата рекол дека е едно од петте најлоши државни уредувања, само јебига, кој сака да се замара со филозофија.
да да, у право си повеќето луѓе се фушерска стока, они се замараат со други ствари...
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Ако нешто ме иритира, тоа е ова прашање. Нема форум кај што се имам зачленето, вмешано во посериозна дискусија, а да не се најде кој ќе рече, "добро, што бараш ти тука со твоите 16 години?!". Значи, ако имам 16 години не мора да значи дека уште си играм со Барбики. Да, во некое нормално општество и јас би требала на 16 години да живеам мирен и спокоен живот и да уживам во младоста, но не, ова општество не е нормално и ме направи ова што сум денес.

Да беше се под контрола, никој од нас немаше да се замара со политика. Ама ете, суровоста на животот ја искусив на само 4 години, и кога мислев дека е најлошо, дојдоа уште полоши моменти. И не, јас не бев воопшто крива за тоа, вината е на владата, вината е на оние што се обидуваат да ги контролираат нашите животи. Па наместо да живеам живот како сите деца на таа возраст, јас имав тутори кои ме носеа во школо, беа со мене додека бев надвор и се обидував колку-толку да бидам како другите деца, фактички живеев под надзор затоа што тоа беа моменти кога не можеше да се излезе на улица без опасност дека некој заскитан куршум ќе те погоди и ќе те остави на лице место. Несигурни времиња, не викам дека и сега е подобро, ретко кој не се занимава со криминал.

Во ракви услови многу рано сфаќаш дека животот не е розев каков што ти го претставуваат и дека во еден момент се е добро, а во друг ти се руши цел свет под нозе. Се работи за доживотно искуство, и те тера да почнеш да сфаќаш работи кои и не се за деца на твоја возраст.

Факт е дека многу малолетници дома ги трујат со политика, им одбираат партии и ги носат по митинзи, но има и мал дел во кои и самата ќе се ставам кои поттикнати од тоа дека нема способни кадри за да раководат со една територија почнуваат да се замараат до тој степен што за цел си ставаат еден ден да дојдат на власт и да го направат животот на жителите на таа територија многу поубав.

Се замарам со политика повеќе од многу постари од мене, и не се работи само за интерес туку и за воспоставена цел која ја имам да направам подобро општество за сите. Најверојатно затоа што на некој начин сум била жртва како и сите други млади на одлуките на владата, па сакам да ги исправам грешките и да почнам нешто ново со цел да се има некаков прогрес.

Не сум јас крива поради тоа. Рано ми е да се занимавам со политика, но општеството е такво што се е политички поврзано и колку и да не те интересира, инволвиран си во голем дел од политичките случувања, донесените акти и санкционирањето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Значи, ако имам 16 години
А ти имаш 16 години? СТрамота, млади деца и политика :pos2::pos2: шала, кочам...

Шала на страна Аурора, тоа е твое право и мислам дека само ти или твој родител може да си го ограничите, друг никој. Возраста најчесто се користи како психолошка предност од постарите кон помладите...ако нема како да те среди, ќе проба да игра на години или исксутво на форум (број на постови). Тоа е најчесто ради тоа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не сум јас крива поради тоа. Рано ми е да се занимавам со политика, но општеството е такво што се е политички поврзано и колку и да не те интересира, инволвиран си во голем дел од политичките случувања, донесените акти и санкционирањето.
Малечко, не мораш да бидеш инволвирана во случувањата во Македонија кои медиумите ги нарекуваат политика. Поента да се занимаваат деца како тебе со политика има само колку што има поента тоа што “политичарите“ кај нас го работат. Ние не живееме во демократија каде политиката се бори за своите сфаќања и за подобро утре на нивните следбеници и народот општо, туку креираат некое политикантство (идеален е зборов) што ни ја прави реалноста чудно извртена па и децата си наоѓаат свое место во неа.

Во вистинската политика, во светот на политиката каде политичарите треба да донесуваат важни одлуки за иднината децата се само да им носат кафе додека овие мислат, бидејќи умот, едукацијата и искуството споени како едно ниту во 0,01% од случаите не можеш да го имаш ти повеќе од Lurtz, еве го за пример најблизу, со своите официјални 44.
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Напаѓате без веза, а и испомешавте многу работи. Аурора кажа дека сака да направи промени во нејзиниото општество во случајов Македонија, тоа и е целта во животот, барем за сега. Тоа што младите како Аурора гледаат вести на телевизија не значи дека сакаат да бидат политичари туку сакаат да бидат информирани за најновите случувања. За да промениш нешто што ти смета во ова општество не мора да си политичар за да го направиш тоа, можеш да влијаеш на многу други начини, не би се задржувал за ова. Политика е друго, политичари во власта се луѓето кои ја креираат иднината на државата, односно начинот на кој таа ќе се однесува спрема другите држави. Но, не значи дека ако Аурора сака да донесе промени дека сака да стане премиер или министер. За џабе го нападнавте девојчето како и сите млади кои се интересираат за оваа област, а и нема ништо лошо во ова.
 
M

marsovka

Гостин
Бидејќи онаа навидум сеирџиска тема прерасна во уште една предизборна војна и `рвање на суети, отварам тука нова со надеж дека нема да има колеж, но сериозна дискусија. Значи...


Јас веднаш ќе ја поведам дискусијата во правец спротивен на цитираното. Младината нема потреба да пројавува интерес за политика. Особено во нашето општество каде со 18 години си далеку од полнолетен реално, мислам дека со политика треба да се занимаваат луѓе кои ќе поминат најмалку три декади. Оние кои ќе се почувствуваат доволно зрели а туку што ги почнале дваесеттите, и на нив мислам, политика не е за вас.

Повторно, особено во нашето општество, да се бави човек со политика веднаш се карактеризира со профитерство што и навистина сметам дека е. А тоа ми е така одвратно, бидејќи покажува толку лошо воспитување. Зар децата немаат родители да ги научат на вистински вредности, или навистина системот толку е изместен што личи на тоалет со затнати цефки?!
Бидејќи темава отиде во насока колку стари требааат да бидат политичари ај да се прецизира убаво
Дали треба адолесцентите да бидат политичари и сериозно се бават со политика ( партиски книшки места итн ) ?

Или пак
Дали треба адолесцентите да говорат јавно во јавноста преку форуми, блогови, да се информираат за се што се случува со политиката и да коментираат на политичките случувања ?

Прашањето директно е упатени кон авторот да прецизира

викторе внимателно бирај :zlo:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Детето треба од најмало да се учи на политика (а поне да збори знаеш дека е време). Значи од мали нозе ќе му кажуеш овој е Бране, оној е Лупцо, онај е Глујо. Ќе го учиш овој е ваков, оној со нај си го имаше нати го дај ми го и така. Оние пукаа у шумите.

Коа ќе по порасне после кај 10-12 години обаезно да лепи плакети по улица и така уметнички да се изразуе. Јуе, јуе, за да може после коа ќе наполни 16 години со време да си извади челнска книшка и да шиба после напред. Првен ќе почне у млади сили на партијата, па ќе помине во средни сили на пертијата и на крај у големите, за да може да се бори да успее у животот оти денес ако не си у апртија осуден си на пропаст.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Речиси и да нема дете во Македонија што не слушнало за Европската Унија. Тоа зборче е толку употребувано кај нас, што веројатно секое дете го изговорило барем еднаш …за него се дебатира, се прават реклами, дури се учи и на училиште …насекаде.


Со твојот мобилен телефон имаш можност да одржуваш врска со пријателите и семејството, во секое време и насекаде. Ако кога патувате надвор од државата, продолжиш да разговaраш на телефонот, родителите може да преживеат голем шок од сметката која ќе пристигне…

Така почнува еден од едукативните материјали од специјалното „Детско катче“ на Европската унија. И продолжува, дека благодарение на ЕУ, кој воведе ограничувања на тарифите за разговори, текст пораките или сурфањето на интернет со мобилен телефон, цените на роаминг услугите, паднале со околу 60%.

Со „Детско катче“, Брисел се обидува да ја скрши сликата за ЕУ, дека сојузот е само куп институции со многу служители, кои се занимаваат со досадни и без-корисни нешта. „Детското катче“ е наменето за сите од 0 до 18 години, објаснува самиот сајт, но и за родители и учители. Целта е преку игри и забавни текстови, децата да добијат квалитетна информација за тоа што е ЕУ и какви се нивните права.

Европската унија се труди да го направи подобар животот за сите нас – тој се бори за заштита на животната средина, за квалитетот на нашата храна, работи за поефтинување на телефонските услуги, се справува со криминал и уште многу други активности. На овој начин веб страната ги пречекува децата и младите и ги кани да заиграат игри, разделени во различни категории, зависно од возраста. Во секцијата за права, сајтот е поделен на две групи- за деца од 0-12 години и за повозрасни од 13 до 18 години.

На страната во контакти има корисни броеви за соодветна држава, а освен игрите има и календар со различни празници на државите членки.

Дали знаеш дека белгијците претендираат дека тие ги измислиле пржените компирчиња-помфрит? Иако во многу држави тие се нарекуваат француски помфрит? Дали некогаш си пробал чоколадо од Белгија? Сите што пробале, велат дека е нај добро на цел свет.

Ова е дел од информацијата за Белгија, во катчето каде децата можат да ја запознаат историјата на создавањето на Европската унија, и уште многу интересни факти за државите членки. На пример, дека многу од познатите електронски брендови, хемиски производи и автомобили се произведуваат во Германија…

На страната има место и за родители и учители. Во „Катче за учители“ има бесплатни материјали за ЕУ и неговата политика.
Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom