Видео од убивањето на двајца од Ројетрс во Ирак

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.818
Поени од реакции
8.449
Верувале или не, војниците кои го направија овој масакр не се виновни, и тоа не само дека не се виновни затоа што суд ги ослободил, туку не прекршиле ниту едно правило од Rules of Engagement. Зборам за пукањето во групата и за пукањето во возилото.

Им се видело дека луѓето носат оружје (сега гледав по интернет, камерата со долга леќа и троножац за истата) а се приближувала патрола па ги распукале, јадниот камерман кога клекнал да слика војникот со помлад глас демек помислил дека ке пука на патролата и ги распукал. Имало еден човек со калаш али он бил изгледа обезбедување и по Rules of Engagement не смееле да го нападнат се додека само шетал со калашот. Демек кога помислиле дека камерата е РПГ и дека нишани на патролата, тогаш ги подбрале.

Кога го рокаат комбето со децата, под предпоставка дека ранетите и убиените се милитанти, имаат право да го нападнат необележаното возило зошто по Женевска конвенција мора или да биде обележано со црвен крст/полумесечина или ранетите непријатели да се заробени од тебе, инаку се цел се дур не се предадат. Луѓето во комбето ако помагаат на милитанти се милитанти и затоа ги рокнале. Знам дека звучи лошо и страшно и јас барем не ги бранам Америте али до овде е случајна грешка на посадата во хеликоптерот.

Секако ова да го направеше некоја војска која не е во НАТО или не е од Русија/Кина/Индија за да ги боли уво за реакции ке следеа санкции.

Да беше војска од мала и сиромашна држава со мнозинско православно население ке следеше и бомбардирање.

Вака се е ОК освен за јадните загинати цивили.

Злосторството почнува после:

Ако гледате на викиликс полното видео од 30-на минути вистинското злосторство настанува подоцна кога со три водени ракети рокаат стамбена зграда заради предпоставка дека терористи таму се кријат. И по втората експлозија кога се гледа дека крвави жени и деца излегуваат од зградата хеликоптерот сепак испалува уште една ракета.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Мене ова повеќе ми личи на програмирана омраза каде невин народ од двете страни ќе страда за цели кои не се во доменот на националното туку исклучиво засегаат во профитот на 2%од населението на земјата кое пак поседува 95% од нејзините богатства.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.818
Поени од реакции
8.449
Плус видеото е од 2007, до сега Пентагон лажел за судбината на двата репортери на Ројтерс.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Единствена реченица во која што можат да стојат заедно „САД„ и „демократија„ е: Во САД нема демократија. :toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Во САД, за жал, има демократија, наместо САД да се она што биле - уставотворна република.

Војниците згрешиле, тоа е очигледно, а проблем искрснал кога едно возило е нападнато на раскрсницата од другата страна на местото на настанот.

Инаку, лошото е што претпоставените се обидувале да го заташкаат случајот.
Но кога ќе размислам дека се работи за Ројтерс, па и не е така лошо.

Бог да ги прости загинатите.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Најлошото е тоа што не ја признале грешката на време...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom