Ветеринарно катче

Член од
25 ноември 2013
Мислења
41
Поени од реакции
42
Дали некој имал проблем со рахитис кај куче? Станува збор за мало кутре од 3 месеци, констатирано е дека има рахитис, доби и искривување на предните нозе, па ме интересира дали некој имал искуства до сега и дали имал успех во лечењето. Би ве замолил и да ми препорачате добар ветеринар што се бави со оваа проблематика кај кучиња.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523

Ако си од Скопје, на Факултетот за Ветеринарна Медицина барај го проф. Тројачанец, тој е ортопед.
 
ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Маалскиот мачор фати крлеж му ставивме ампула ама сега има рани и од крлежи и од шо се тепал, со што да го мачкаме најефикасно?
 
K

Kacar

Гостин
Маалскиот мачор фати крлеж му ставивме ампула ама сега има рани и од крлежи и од шо се тепал, со што да го мачкаме најефикасно?
Мелем со невен и масло од кантарион за епителизација на ткиво. Ама првин пробајте избањајте го и ако има поголеми рани измијте со хидроген.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Имам женско куче од расата лабрадор, овој месец направи една година и за прв пат прокрварува, сакам да прашам дали можам од прв пат да го парам? И да напоменам дека до сега не е вакцинирано, само апчиња против глисти му имам давано.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не, не е паметно да ја париш.
 
K

Kacar

Гостин
Имам женско куче од расата лабрадор, овој месец направи една година и за прв пат прокрварува, сакам да прашам дали можам од прв пат да го парам? И да напоменам дека до сега не е вакцинирано, само апчиња против глисти му имам давано.
А зошто не е вакцинирано ?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
А зошто не е вакцинирано ?
Претпоставував дека ќе има вакво прашање уште пред да напишам. Причината е влошување на мојата здравствена состојба заради која ја изгубив работата, соочување со недоплатен кредит без никакви месечни примања, а мојте немаат можност да ми дадат пари за вакцинација затоа што тешко врзуваме крај со крај.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.290
Поени од реакции
4.695

И чекај малку, ти при таква состојба размислуваш за парење? Или мислиш дека од тоа ќе успееш да заработиш?
ЕЕЕЕЕ другарче да беше така лесно сите тоа ќе го правеа, ама имај во предвид дека одгледувањето на малите е страшно скапа работа која бара премногу време, внимание а богами и финансии.
 
Јас ќе ти донирам средства за најглавната вакцина и ревакцина ако треба, само треба да ми докажеш ?!
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
И чекај малку, ти при таква состојба размислуваш за парење? Или мислиш дека од тоа ќе успееш да заработиш?
ЕЕЕЕЕ другарче да беше така лесно сите тоа ќе го правеа, ама имај во предвид дека одгледувањето на малите е страшно скапа работа која бара премногу време, внимание а богами и финансии.
Финансиите ми се главен проблем, не се работи за невнимание, туку немање можност, затоа сакам да се консултирам, да прашам, зошто и прв пат чувам куче. За заработка не верувам дека некој би рекол дека не му е дојдено до тоа, доколку не е финансиски добро ситуиран. Би прашал уште нешто. Дали во овие 2-3 дена ако успеам да најдам финансии и ја однесам на вакцинација ќе можам да ја парам, и дали има некаква врска тоа што прв пат му доаѓа за парање, се консултирав со луѓе, еден рече не треба пошто кучето е многу младо и добро е да се прескокни за да зајакни, друг рече дека можам слободно, трет добро е првиот пат да се измелези?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Финансиите ми се главен проблем, не се работи за невнимание, туку немање можност, затоа сакам да се консултирам, да прашам, зошто и прв пат чувам куче. За заработка не верувам дека некој би рекол дека не му е дојдено до тоа, доколку не е финансиски добро ситуиран. Би прашал уште нешто. Дали во овие 2-3 дена ако успеам да најдам финансии и ја однесам на вакцинација ќе можам да ја парам, и дали има некаква врска тоа што прв пат му доаѓа за парање, се консултирав со луѓе, еден рече не треба пошто кучето е многу младо и добро е да се прескокни за да зајакни, друг рече дека можам слободно, трет добро е првиот пат да се измелези?
Najubavo e voopstvo da ne ja paris. Koja ti e celta na parenjeto? Sto znaes za genetikata i zdravjeto na tvoeto kuce? Dali e oceneta(sto i ne e problem) sto sakas da dobies od potomstvoto? Topol sovet, ne se vpustaj vo nesto za sto ne si podgotven. Uzivaj si vo kutreto i zaebi parenje. Dovoljno kucinja imame na ulica i sto se prodavaat za 50evra.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.290
Поени од реакции
4.695
Финансиите ми се главен проблем, не се работи за невнимание, туку немање можност, затоа сакам да се консултирам, да прашам, зошто и прв пат чувам куче. За заработка не верувам дека некој би рекол дека не му е дојдено до тоа, доколку не е финансиски добро ситуиран. Би прашал уште нешто. Дали во овие 2-3 дена ако успеам да најдам финансии и ја однесам на вакцинација ќе можам да ја парам, и дали има некаква врска тоа што прв пат му доаѓа за парање, се консултирав со луѓе, еден рече не треба пошто кучето е многу младо и добро е да се прескокни за да зајакни, друг рече дека можам слободно, трет добро е првиот пат да се измелези?
Еве ти јавно јас ја прашувам @SaltNPepa наместо тебе колку ја кошташе вештачкото млеко зашто сплет на околности мајката неможеше да ги дои малечките (иако ја знам јас цената само за да ја знаеш и ти), а тоа што е убиствено тешко да го најдеш не ти го кажувам. Пази сега дел од нејзиното легло ако не се лажам замина во странство, значи девојката има одгледувачница на која сериозно се посветила и работела за да направи име за да може после тоа кученцата да имаат цена со 4 цифри во евра а не да проба да извлече од нив 50 евра па и со такво име и такви цени прашај ја дали ќе се осуди пак да има малечки и колкава заработувачката кога ги продаваш по такви цени.
Еве јас ќе ти одговорам зашто по дома ми шета миленик од таа класа. Едвај се покрија трошоците и на нејзиното легло, и на леглото од каде јас го имам миленикот.
ПАК ЌЕ ТИ ПОВТОРАМ КУЧИЊА СО 4 ЦИФРЕНА ЦЕНА ВО ЕВРА (еве ти во најлош случај со толку цифри ти е 1000 евра по куче) НА КРАЈОТ КОГА ЌЕ СОБЕРЕШ КОЛКУ СИ ВЛОЖИЛ КОЛКУ СИ ДОБИЛ НЕМАШ ЗАРАБОТЕНО НИ ЗА ЕДНА ВРЕЌА КВАЛИТЕТНА ХРАНА ДА КУПИШ.
Не прашувај дали е добро да ја вакцинираш и париш, прашувај каде најефтино ќе ја стерилизираш.
Од @SaltNPepa доби професионално мислење од ветеринар и одгледувач, јас ти ја покажав математика низ која веќе сме поминале за да видиш дека не се заработува од ова, а ти како сакаш твој си е миленикот
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Имав некаде напишано еден пост колку кошта правилно одгледување на кучиња, кое опфаќа се од почеток до крај. Јас сум карактер што ако почнам нешто да правам сакам да го правам како што треба, а ако не можам да го направам не го ни почнувам. Ќе бидам искрена, иако леглото ми отиде на страна, небеа кученцата продавани со 4 цифрени цени, беа продавани толку колку што ние мислевме дека вредат. Инаку, трошоците сеуште не ми се покриени, и не можам ни да ти вратам. Оти трошокот не е само тие 4 месеци, туку и претходните три години пред парењето(да, мојата кучка прв пат беше спарена на 3 години, сега поминаа 2 и пол и сеуште не е повторно спарена, од многу причини. Јас не парам за да спарам и за да профитирам). @wiksa што прашува за млекото, во најголема фрка ми се најде жената што тој ја познава бидејќи кутрето му е од кај неа, вечно сум и благодарна, и тоа мене ме кошташе 2000ден. И не се парите проблем, верувајте не се, туку тоа се нервозите, тоа е обврската да се хранат, какат и мочкаат на 2 саати. Благодарна сум му на соработникот, кој ми е како роден брат и на неговата фамилија оти ова сами јас и он не можевме да го постигнеме. Знаевме зошто тој мажјак, знаевме многу работи, но не знаевме што ќе не чека. И мораш да се подготвиш за се, а никогаш не можеш да бидеш подготвен за се, реално. Јас сум среќна затоа што сите кутриња завршија таму каде што требаше, од сите сум задоволна. Не се впуштајте во нешто за што не сте подготвени. Кинологијата е скап бизнис, се лаже секој што мисли дека од ова се заработува.
 
K

Kacar

Гостин
Затоа има поише одгледувачи на мачки не го ли на кучиња.
Пријател, има 7 родилки сијамки, сите треба да родат периодов.
Една соба у куќа е специјално за нив. Само шо, мачињава дури серат и мочаат ги лижат мачкиве, а после директ брзо учат да користат песок.
Се очекува околу 40 мачиња, сите се пласираат на Српски пазар. Мачките и мачорот се со педигреа, а тука нема финололошки завод.
Трошшок е, 3 вреќи квалитетна храна за мали мачиња и родилки у лактационен период за два месеци 15.000 денари.
Машко се пласира 150 $, женско 100.
Многу му се исплаќа бизнисот кој му е бизнис настрана, поготово шо раѓаат по два пати годишно по 35-40 мачиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom