Ветеринарно катче

Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
1. 1месец е мало кученце и треба да си цица од мајка му :), најмалку 45дена треба да е со мама, препорачливо е 2месеци(8недели).
2. Млеко ?!?! Какво млеко ?!?! обично онакво од крава млеко ?!?! Не се будали не му давај такво млеко, може да му направиш проблеми во дигестивен систем(пример: дијареа).

На така мало кутре му треба високо протеинска храна со повеќе додатоци(витамини, минерали, калциум и сл.) одколку нормалната кучешка храна. Тоа што му треба највеќе го има во оние puppy формули(дехидрирана храна за мали кучиња, junior или puppy формула), ама неможе да ја чвака таква па ке треба да му ја топиш за да ја напраиш мека(со вода, или специјално млеко за толку мали кутриња). И уште една битна работа, треба да му даваш повеќе пати дневно(4 да речеме), не како кај возрасните(кај нив треба 2пати, валда знаеш тоа :)) И тоа би било од прилика, коа ке му се развијат забите убаво(8-9недели коа ке напраи) ке може и да си ја џвака храната, немора да му ја топиш.
Ако сакаш домашно готвење незнам, удрирај повеќе на протеинска храна и витамини, ама тогаш давај му калциум за да му се развијат убаво коските.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Бидејќи кучето е сеуште мало за домашно готвена храна, а во моментов му требаат најмногу протеини и масти, најпогодна е сувата храна, пр. Royal Canin starter или Bosch strarter. Малце се поскапи, но за доброто на кучето е и само две недели е доволно да јаде таква храна, а потоа може да премине на некоја поевтина Puppy, мешано со домашно зготвен ориз и месо. Доколку му дава Royal Canin, Eukanuba... што е квалитетна храна за кучиња, тогаш НЕ СМЕЕ да му дава калциум, бидејќи во храната ги има избланасирано, а вишокот калциум создава калцификат што ги оптеретува коските. Калциум може додека менува заби, околу 1 месец и толку.
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
На папагалчево нонстоп му се лушпи клунот. Еднаш и делче му се скрши.
Премногу гриза од сипината коска. Се мава и од неа кога пее :pos:
Јаде витамина па не верувам дека има недостаток од некои витамини за да му се лушти:/

Плус и му купив (незнам како точно се викаат) просо на стапче:) и он се плаши од тоа а камоли да јаде:(
 
Тогаш тргни му ја сипината коска, нека не му седи внатре цело време.
И јас на почеток таква храна купував, ама воопшто не бев задоволна и од Амазон земав во кеса, со најразлични витаними внатре, беше некаде 90 денари или помалце и таа многу ја сакаше моето.
 
Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Чисто млеко може да му предизвика дијареа, малите кучиња имаат осетлив стомак. Нека ја побара подобро форумата од ветеринар, пошто има повеќе начини да се нарави.
Да, козјо, кравјо па да видиш како ќе напредува побрзо кучето, пробај па кажи. Не тетрапак! Чисто млеко, селско.
 
lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
Малечко,со кој препарат се заштитува најдобро од надворешни паразити.
Болви,крлежи...?Јас едни ампули што му ставам,нема ни две недели пак че фати некоја болва,прво излегување надвор одма некоја че закачи.
Мислам дека често го бањам,еднаш неделно и тоа се одмива,губи од ефект.А со каишка да пробам?
 
Од ампулите со Front Line е најдобро и Trixy, а можеш да пробаш и со каивче.
Само ампулата нека му ја стават на ветеринар и не смееш да го бањаш пред да му ја стават и откако ќе му ја стават ( 1-2 недели отприлика ).
А чим толку често го бањаш, подобро ти е да земеш каивче.
 
lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
Фала,баш и ќе земам вака по 500 ден толку кратко време,а мора да го бањам,со мене спие,бар еднаш неделно мора.Каивче земам:back:
 
B

Blacks

Гостин
Пред некое време мачето ми го згази комбе ама онака асално на задната нога и се гледаше коската и абдоменот и беше целосно смакнат(спуштен). 3 дена ни јадеше ни пиеше и после тоа некако се опорави и пак е среќно маче но абдоменот и е уште спуштен онака се примеќа. Значи несреќата се случи пред месец дена (тогаш не знаев дека постои ваква тема на форумов). Ме интересира дали тоа спуштено стомаче може да доведе до понатамошни компликации? И не знам дали да и дадам да се пари со други шмекерски мачки пошто се плашам бременоста да не ја убие? Иначе сега за сега е супер само малце накривнува со задната нога...

Поздрав
 
Можеш да ја однесеш на снимка за да бидеш сигурен, но убедена сум дека има повредени органи кои сега за сега сеуште добро си ја извршуваат функцијата.
И бременоста мислам дека е огромен ризик и не верувам дека ќе може да ја издржи.
Треба да си среќен што мачето ти е воопшто живо.

За секој случај, однеси ја да ја снимат и да ти кажат каква е ситуацијата со сигурност.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Од ампулите со Front Line е најдобро и Trixy, а можеш да пробаш и со каивче.
Само ампулата нека му ја стават на ветеринар и не смееш да го бањаш пред да му ја стават и откако ќе му ја стават ( 1-2 недели отприлика ).
А чим толку често го бањаш, подобро ти е да земеш каивче.
Каде ги има овие ампули? Освен на ветеринар, може да се купат некаде на друго место, аптека, пет шоп?

Е да и ова да ве прашам: Кучето на другарка ми одненадеж почна да јаде трева :icon_lol: 8 години е старо и од вчера почна да скубе цвеќиња по дома и во парк речиси и да почна да пасе. Што може да е проблемов?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Каде ги има овие ампули? Освен на ветеринар, може да се купат некаде на друго место, аптека, пет шоп?
За аптека не верувам, ама по пет шопови ги има. Барем во овој кај мене што е има.
 
Д

Демијан

Гостин
За аптека не верувам, ама по пет шопови ги има. Барем во овој кај мене што е има.
А кои се најефикасни?Мене ветеринарот ми дава protector 400 денари се за куче до 20кг и задоволен сум,до сега нема фатено ниеден(а башка јас не ја стаив како што треба,ми истече малце)
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Е да и ова да ве прашам: Кучето на другарка ми одненадеж почна да јаде трева :icon_lol: 8 години е старо и од вчера почна да скубе цвеќиња по дома и во парк речиси и да почна да пасе. Што може да е проблемов?
Можда има сами проблеми со желудникот. Кучињата кога чувствуваат мачнина, самите си помагаат за да повратат со тоа што јадат трева.
Кучињата јадат три вида на трева. Ситната е за да си ги исчистат забите, а потоа ја плукаат. Високата и леплива трева е да полесно варење на храната, а билките ги јадат кога ги боли стомакот, имаат дијареа или глисти.
Нека не и` дозволува да јаде претерано многу трева, бидејќи може да се случи да се заглави некаде и да предизвика проблеми или да голтне камче кое е замотано во тревата, а после нема да може ниту да го свари, ниту да го поврати.

А кои се најефикасни?Мене ветеринарот ми дава protector 400 денари се за куче до 20кг и задоволен сум,до сега нема фатено ниеден(а башка јас не ја стаив како што треба,ми истече малце)
Чим не фаќа со овие-терај вака. За најефикасни се сметаат Trixy и Front Line, но ако не фаќа крлежи со protector нема потреба да менуваш. Плус, да не дојде до некоја алергиска реакција, ако ги помешаш хемикалиите.
 
Д

Демијан

Гостин
Решив кучкава да ја кастрирам.Имам неколку причини,кога ја оставаме сама во двор има шанси да влезе некоја џукела па да ја спари,неможеме да ја имаме под контрола цело време.Другата причина е што е пит бул,и кученцата што ќе ги дадам страв ми е да не ги дадам на некој што не треба па да се користат за борби и слично.Зборев со ветеринар и ми кажа дека најдобро е да се кастрира пред прв циклус а оваа уште нема добиено.Ми кажа дека со мал рез на стомакот и не е страшна операцијата,ама ме загрижува после тоа да не си ја гризе раната и слично.Барам пар совети што да правам откога ќе ја кастрирам,јадење какво и сл работи.Дали ќе се одрази на растот и развојот и сл?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom