Верниот исток :)

Член од
29 септември 2011
Мислења
2.099
Поени од реакции
2.228
Можеме да разговараме малку за источниот дел од нашата прекрасна татковина,за малку заборавените гратчиња како Паланка,Виница,Делчево,Берово,Пехчево...Крајно време е владата да посвети внимание на овој дел,не само инвестиции и странски фирми да се отвараат во Скопје и во некој др. поголеми градови.Значи не навредувам никој немојте погрешно да ме сфатите единствено што сакам е да изразам еден мал револт затоа што во овие краеви живее најсиромашното население во републиката,има најмалку вработувања и најниски плати,најчесто луѓето работат во конфекции за мизерни 5/6 000 денари.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Крајно време е владата да посвети внимание на овој дел,не само инвестиции и странски фирми да се отвараат во Скопје и во некој др. поголеми градови
Владата парче напрај, го среди Скопје и др. поголеми градови :facepalm: , па сеа уште источна Македонија да ја среди...
проект: Источна Македонија 3014 :tapp:
И плус ништо не му фали на истокот... Барем има љубов и позитивна енергија помеѓу луѓето... за разлика од кај нас..

п.с. Насловов на темава ми е некако... муџахедински o_O:D
 
V

Vollstandig

Гостин
п.с. Насловов на темава ми е некако... муџахедински o_O:D
И ја очекував некое источњначко-каменувано видео да видам. Ептен си го утнал бе пријателе насловот, а што ти држи место темата- држи. Стварно го уназадија ептен тој источниот дел, а и некако потрадиционално живеат натаму, друг е стилот на живот,подруг менталитет, коа ќе подвлечи човек една дебела линија на сред македонја, ќе види две големи разлики а ако толку мало парче земја.Али па 50 % што ги знаам, од таму се женети, источна мк.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
West Side :love: East Side




Освен Струмица и нешто делумно Штип/Кочани поради УГД, можда и Каменица поради моменталната состојба во Саса, другите се мислам во таа категорија која ја наброја членот погоре и голем дел од Виница, Делчево,Пробиштип, па и нешто од Штип/Кочани/Каменица се заминати по Италија.Од Југоистокот пак, скоро секоја втора фамилија во Струмичко е со роднина во Швајцарија, ова пооддамна, а во поново време Италија (исто и Валандово).
Не знам какво е во Крива Паланка (Тораница), Кратово, Свети Николе (МИК, АК Џумајлија, Снитекс), претпоставувам не е поразлично.Особено Кратово поради Силекс.
Гевгелија (ако ја сметаме ЈугоИсток) е подобра и некаде читав со најмала невработеност општина или една од најниските проценти на невработеност.

Постојат добри услови за алтернативна енергија (ветерници) во делот меѓу Св.Николе и Штип (или триаголникот меѓу овие две места и Велес), ама досега се само најави.Знам дека имаше една проба ама испадна проблем со земјиштето (проце...проблем со локалната, исто како и во Охрид за слична намена - само соларна).
И патиштата им се ка-та-стро-фа...најзапоставен дел од Македонија, ако воопшто можиме некој дел да го класифицираме како таков.








Како и да е...го чекаме *LION* за објаснување зошто Источна Македонија е најсиромашниот дел од Македонија и кој е крив...
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.099
Поени од реакции
2.228
Кога го прочитав насловот на темава помислив дека Влатко Ѓорчев се регистрирал на форумов. :D
Pa i toa e ne deka go utnav naslovot namerno staviv verniot istok,za izbori sme verniot istok i posle nisto od vernost i ljubov :))I ne go pravam ova od partiski pricini eve clen sum na vladejackata partija ama dosega site vladi vo izminative 20 god. nisto ne storija za ovoj del od Makedonija.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.099
Поени од реакции
2.228
Рудникот Саса има околу 700 вработени најголем дел од М.Каменица и од Делчево но од М.Каменица исто има многу млади што се во Италија,Словенија и Грција.Пред 5/6 год. пред рестартирањето на рудникот градот беше како пустина,ноќен живот скоро и да немаше и баш тогаш избегаа најголем дел од младите.Плус Каменица е и мало градче со 2 главни улици.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Владата ВРАБОТУВА таму кај што има рамковно , а во источна Македонија нема рамковци па затоа е ОПУСТОШЕН .....
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.099
Поени од реакции
2.228
Во источна Македонија се вработуваат ромите од рамковниот.Можеби затоа што и едното и другото име започнува на буквата Р.Инаку нз како беа загрозени ромите и за кои права се бореа тие.Искористија без маки да добијат државни вработувања.Ама пак затоа сега се одолжуваат,сите гласаат за ДУИ.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
И мене ме изненади насловот :confused:

Во право е сомнително лице: прво треба патиштата да се направат!!
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Владата парче напрај, го среди Скопје и др. поголеми градови :facepalm: , па сеа уште источна Македонија да ја среди...
проект: Источна Македонија 3014 :tapp:
И плус ништо не му фали на истокот... Барем има љубов и позитивна енергија помеѓу луѓето... за разлика од кај нас..

п.с. Насловов на темава ми е некако... муџахедински o_O:D
Некогаш си бил да видиш како се живее на истокот,или само коментар да се дадело.Од мизерниот живот луѓето од истокот разочарани се повеќе ја губат љубовта и позитивната енергија гледајќи како се трошат народните пари на безвезни рабиоти(Скопје 2014),партиски и рамковни вработувања.
--- надополнето: 16 јуни 2012 во 14:10 ---
Владата ВРАБОТУВА таму кај што има рамковно , а во источна Македонија нема рамковци па затоа е ОПУСТОШЕН .....
Опустошен е како што си ти замрзнат.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Насловот еј :icon_lol: кога го видов, мислев пак некоја тема во религија, не отварам...
100 пати имам пишано и пак ќе се повторам, Македонија е преубава држава, со многу пријатни луѓе, се летат надвор од државава на шетање, јас би им препорачал да фатат автобус и да прошетаат по нашава држава, не само по градовите, туку и по селата. И дефинитивно така шетајќи можам да кажам дека на истокот од земјата нарoдот е најпријатен и најдругарски расположен. Еднаш шетајќи по беровско, заглавив во едно село, во селово 4-5 куќи таму живееја едни баба и дедо, нивните отидени во Германија на печалба, немаат намера да се враќаат, стариве си живееја скромно, ме оставија на вечера, не ми дадоа да се вратам по мракот во градот иако не ме знаеја ме оставија да преспијам кај нив.
Но дефинитивно во источна Македонија владее сивило и крвта ми зоврива кога ќе видам празни улици, нема народ, властиве ќе си гризнат од да не кажам што, ќе сфатат што направија...
Нема работа ни во другиве поголеми градови и таму се иселуваат, но повеќе се па не можеш да забележиш. Се надевам дека ситуацијата ќе појде на подобро. :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
Помош за Источна Македонија...
УЈП направи решето низ Источна Македонија
МАКЕДОНИЈА, ТОП1 | МАРТ 28, 2012 ВО 09:51 | ВКУПНО ПРЕГЛЕДИ: 412
Викендов беше извршена контрола за фискализација од Управата за јавни приходи во неколку градови. Штип, Кочани, Свети Никола, Струмица и Радовиш беа на мета на иснпекциите. Утврдени се неправилности во 56 % од контролираните објекти, односно во 27 случаи. Како што соопштува УЈП, 22 даночни обврзници не ги регистрирале парите во готово преку фискалниот апарат, пет не воделе финансиска документација, а кај еден случај е констатирано дека обврзникот не поседувал решение за уплатно место согласно Законот за игри на среќа.
Во сите случаи каде се утврдени неправилности и прекршоци, на даночните обврзници им е изречена парична казна и мерка за времена забрана за вршење на дејност. Од УЈП најавуваат дека кампањата „Стоп на сивата економија, стоп на плаќања под рака“, продолжува!
Јована Арсовска
БезПардон.Мк
UJPicki.jpg
 
Член од
3 декември 2010
Мислења
168
Поени од реакции
77
Помош за Источна Македонија...
УЈП направи решето низ Источна Македонија
МАКЕДОНИЈА, ТОП1 | МАРТ 28, 2012 ВО 09:51 | ВКУПНО ПРЕГЛЕДИ: 412
Викендов беше извршена контрола за фискализација од Управата за јавни приходи во неколку градови. Штип, Кочани, Свети Никола, Струмица и Радовиш беа на мета на иснпекциите. Утврдени се неправилности во 56 % од контролираните објекти, односно во 27 случаи. Како што соопштува УЈП, 22 даночни обврзници не ги регистрирале парите во готово преку фискалниот апарат, пет не воделе финансиска документација, а кај еден случај е констатирано дека обврзникот не поседувал решение за уплатно место согласно Законот за игри на среќа.
Во сите случаи каде се утврдени неправилности и прекршоци, на даночните обврзници им е изречена парична казна и мерка за времена забрана за вршење на дејност. Од УЈП најавуваат дека кампањата „Стоп на сивата економија, стоп на плаќања под рака“, продолжува!
Јована Арсовска
БезПардон.Мк
Прегледај го приврзокот 44791
 
M

Moon Child

Гостин
Од источна Македонија единствено Гевгелија, Струмица и Штип живуркаат, останатото веќе се е опустошено, од Велес па на даље.
Штип во последниве години многу се извади со УГД, повеќето од источна Македонија таму студираат, Гевгелија дрма со казината, за Струмица не ни зборувам.

За Штип едно не ми е јасно, како е можно да е таков батал град кога е еден од поразвиените во И.М. Кога ќе земеме во обзир колку само пари од студенти им се слеваат во градот, од ќирии, па се останато, не ми е јасно како може тој град да е останат така опустошен, со дупки сред центар, како последно уште во времето на Југославија да се изградиле тие патишта и така останале непипнати досега. Бев пред некој месец со сестра ми, таму студира и искрено се запрепастив. Многу сив и тмурен град, несреден, неубав... Башка тоа што во последно време имаат и по некоја инвестиција таму, и конфекциите како што имам слушнато (немора да е точно) не ги плаќаат вработените така бедно. Грда слика за градот, веројатно некој таму паразитира, незнам зошто Штипјани не се побунат.

Во Берово е жална ситуацијата, сите млади гледаат да избегаат накај Скопје и да не се вратат повеќе, или пак надвор од Македонија. Жалосна е глетката колку само повеќе има возрасни (стари) жители, отколку млади таму. Лошо е тоа што таму има многу голем потенцијал да се развие во доста атрактивно туристичко место, но веројатно никој не се ангажира доволно, па младите во потрага по подобра иднина, масовно се исселуваат од таму.

Кавадарци имам слушнато дека почнал да се развива, дури и скоро е пред Велес, за Пробиштип имам слушнато дека доста бедно живееле луѓето, за ептен мизерни плати работеле, по 4 000 - 5 000 денари земале плата :confused:
Во Кратово не сум била, нити имам некаков контакт со некој од таму, единствено знам дека Ѕинго пали и жари таму и дека луѓето ги третирал како робови.
За Велес, мислам дека не ни треба да зборувам колку е жалосна овде ситуацијата, од толку гиганти, ниеден не е повеќе функционален, дури е жално да ги гледаш така, во фаза на распаѓање. Татко ми порано работеше во Благој Ѓорев, денес половината од таа фабрика е руина, бројот на вработени е преполовен, и истите тие вработени работат работа што треба да ја работат тројца, во бедни услови и за многу ниски плати. Денес татко ми на скоро 50 години е таксист, а и многу други негови колеги, или пак поранешни вработени во некоја од фабриките, денешните рушевини ја имаат доживеано истата судбина...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom