Венчавка или панаѓур

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Вчера присустував на венчавање, и тоа не било каде, туку во Метрополата Скопје,
во неговито „матично“,како ли се вика,баш во неговото градско собрание-централно-главно, а не во некоја затуцана канцеларија,училница,околна општина или предпростор на некоја стара кино сала.
И еве што видов,ќе ви опишам само со зборови, но еве слика од ексклузивниот објект од надвор.
- Суви-исушени дрва во дворот, трева никаква, цвеќиња одамна е таму заборавен збор.
- Уште кога влегувате, внимавајте по „душемето“ има големи дупки и лесно некоја сваќа ќе падне, па да шине нога или не дај боже да и се види газето.
- Теписоните се веројатно од НА-МА, земени на попуст при поплавата во 1962 година.
- Единствено парче тепих е пред младоженците(ист таков може да се види само пред некој голубарник)
- Завесите што виснале на повеќе места последно перење имале кога уште бил Маршалот жив,односно недела пред мојата венчавка овде.
- Чивилуците во просториите се без држачи-закачалки,поточно служат како за колци за домати.( уф,како немав внатре мобилка да ги сликам )
- На некои врати наместо брави има катанци- маде ин чајна од 60 денари.
- За таваните и ѕидовите да се опишат со зборови,е тема на некоја емисија „времеплов“ или било некогаш бело а сега повеќе не е. ( Е Коце, и ти ли се венчаше овде70 и неке)
- И ова кога излегувате мора да ги прескокнете колоната мравки,кои тргнале за Солун или Трст и сами незнаат како вашите дедовци во 1945 год.- Точно прочитавте мравки во главната просторија за венчавање и тоа во Метрополата - Скопје.
- На излезот ве чекаат и музиканти со завртени тарабуки така да му ги пикаат секому со отворот нагоре,а ако не ви е јасно и ви покажува со прст кон отворот за да клајте нешто,па како е ова дозволено на овој свечен чин да ви ометаат овие необразовани музичари.
Сигурно во Чешиново-Облешево или која дгуга општина е поинаку.
Ако се постават и слики тогаш тоа е за рубрика „ Верувале или не“- кои ќе го обиколат светот,
но секако и со фотографии од проектот Скопје 2014 година. Picture 345.jpg Picture 347.jpg ....Метропола или ... Picture 346.jpg ...или Панаѓур
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Обете.

Он-топик....мислам дека ова е под надлежност на градоначалникот на Центар.....зимајте по некој хамбургер,и идемо на по некој џам да му скршиме.:coffee:
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Анчо биди среќен што матичното изгледа такво какво што е. Замисли да го направеа со барокна фасада? Тогаш ќе беше уште позаникаде. Однадвор мазно а внатре празно :D
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Сурова реалност. Цркви на секоја кривина има, а просторот за матично во нашата ни метропола изгледа како објект од SIlent Hill франшизата. Па само во и околу Ново Лисиче (кадешто живеам) бројам во моментов 4 црквичиња и една ископана детска улица, којашто тераше со асфалт дебел 20цм од формирање на населбата, а ќе тераше уште во наредни 300 години. Мораше малце пари да се исперат со бекатон.
Основни работи како матичново, секој ден го гледам (работам во близина) и баш на истово помислувам како темава, што по ѓаволите не ги направат овие основни објекти како што треба да изгледаат, чумки бракот бил многу света и значајна работа.
Ќе ја спомнам и железничката, но да не одам оф-топик за останати заборавени а битни објекти.
 
Да бе стварно. Што им требаше да ја копаат детската улица и да ставаат нов асвалт. Некој дебели пари пере тука. Треба да се потпише некоја петиција за да се побараат пари за обновување на матичното. Сигурен сум дека владава ке даде пари. Чим даваат милиони евра за глупости сигурно не ке им биде тешко да дадат 100.000 евра за матичново. Ќе видиме што ке биде. Времето ке покаже.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Да бе стварно. Што им требаше да ја копаат детската улица и да ставаат нов асвалт. Некој дебели пари пере тука. Треба да се потпише некоја петиција за да се побараат пари за обновување на матичното. Сигурен сум дека владава ке даде пари. Чим даваат милиони евра за глупости сигурно не ке им биде тешко да дадат 100.000 евра за матичново. Ќе видиме што ке биде. Времето ке покаже.
Бекатон ставаат, не асфалт, уште асфалт да ставаа па да беше киксот уште поголем.
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Јас па си мислев темава е како свадбите и веридбите кај нас се невиден кичерај....башка се прај веридба со регистрација , башка свадба в црква ...абе да се крстиш............
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Јас па си мислев темава е како свадбите и веридбите кај нас се невиден кичерај....башка се прај веридба со регистрација , башка свадба в црква ...абе да се крстиш............
Истото и јас ќе го кажев :)

Кога се реновирало нешто, зашто се трошеле народни пари, кога не се реновира па зашто не се реновира.

Ах таа моја чудесна земја :свиркам:
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Граѓански брак - комуњарска работа....нек се распадне тоа бараката....
Бар да даваат опција да ти дојдат матичарите на местото на прославата, да се спасиш од овие лепоти....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Делот со мравките во Метрополата посебно го доживеав како многу тешка драма... И наместо плех музичари необразовани, треба веројатно надвор да се организираат пречеци од Македонската Филхармонија лично, и тоа во полн состав...

Скромниот изглед на матичното веројатно е оставен како таков за да им сугерира како се води домаќинлук и Икономија на тазе регистрираните парови. И онака скоро цело население сеуште користи мебел и украсни домаќински аксесори купени од пред скоро половина век, во матичното ќе се почувствуваат автентично, како дома.
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Бар да даваат опција да ти дојдат матичарите на местото на прославата, да се спасиш од овие лепоти....
Има таква опција, се доплаќа мислам, и треба да се закаже 5943093 милениуми однапред.
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Сељаништата се виновни! ГО запустеа СКопје. И мравки си носат од дома. :pos:
Не само Скопје. Цела македонија страда од нив. Се преполниа сите градови со сељачишта.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Анчо биди среќен што матичното изгледа такво какво што е. Замисли да го направеа со барокна фасада? Тогаш ќе беше уште позаникаде. Однадвор мазно а внатре празно :D
Тогаш ќе заличело на нешто барем однадвор;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom