Ваши идеи за патната инфраструктура во Македонија

Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Инспириран од градежниот бум на соседите албанци кои многу ги почитуам како ја водат државата во моментот,отворив темичка тука да ми ги кажете вашите замисли за патната мрежа кај нас,што ви фали во родниот крај,предлози и слично,истотака и за поврзување на Македонија со странство,еве мене што ме засега и што би сакал да се направе во мојата околија

1,Патот Градско_Прилеп што побрзо да се направи трета(теретна лента)
2,Патот до ски центар Кожув,од Кавадарци не преку село Радња,кој ако го направат преку тоа село нема да можиме да одиме бидејки ке биде цело време по снег,туку над село Бохула по сртот да се стигне до некоја точка и после да се сврте под агол од 90 степени лево и право на ски центар кожув,воа е моја замисла,но нека терат така,по ова траса патот ке биде цело време сув(90%) оти на сртот сонце грее цел ден,а таму во долот кај что го пикат они ке има смешки
3.Уште од мал сум се прашувал зошто Велес не се поврзе преку котлината кај Богомила па правец нагоре до Кичево,така би го поврзале истокот со западот тоа би било добро за бизнисот,

сега вие сте на ред
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Јас имам отворено посебна тема за тоа што му фали на Охрид, културниот и духовниот центар на Македонија, а во клучните проекти ги имам набројано развој и изградба на инфраструктурата, можеби најбитен сегмент и предуслов за добар туристички град, за поголема конкурентност и успешност на полето на туризмот. Значи ова би била мојата (се надевам и на сите охриѓани) желба:

Според мене, најважниот приоритет за еден модерен туристички град е инфраструктурната мрежа и поврзаноста на градот со останатиот дел од Македонија. Постојната инфраструктура (посебно патниот правец Охрид-Св. Наум) е на катастрофално ниво.

Град кој сака да се развива и да придобива туристи од целиот свет треба првин тоа да им го овозможи преку градење на современ (авто)пат (проектот стар веќе 30 години), преку поправка на стариот пат од св. Стефан до св. Наум кој има безброј дупки, особено потегот кај нас. Лагадин кој летно време претставува црна точка и место каде што се случуваат многубројни несреќи.
Најкрупна инвестиција за мене (но и за туристите во летниот период) треба да биде изградбата на новиот пат (во проектна фаза ми се чини дека е сеуште) Охрид-св. Стефан-Коњско-Елшани-Пештани-св.Наум кој значително ќе го намали сообраќајниот метеж во летниот период и ќе придонесе за зголемување на бројот на туристите кои го посетуваат Охрид. Патот е најавен и во програмата на владата и во програмата на нивниот кандидат за градоначалник се спомнува, но дали тоа ќе "воскресне" ќе видиме. Дај боже!

Главните приоритети на Нанче во кои се спомнува патот:
Основни предуслови за развој на туризмот се спречување на натамошна урбана деградација на Охрид, прекинување на трендот на неконтролирирано проширување и понуда на станбен простор во општината, решени комунални инфраструктурни проблеми (посебно во изградба на канализационите системи, колекторскиот систем и водоснабдувањето), изградба на нова автобуска станица и доизградба на патната мрежа (посебно новиот пат Охрид-Св.Наум, во соработка со Владата на Република Македонија)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
да и на таа тема сум размислуел,патот до св. Наум и мене ме засега,барем летото таа гужва,тој е малку скап,со сите тие планини,тежок за изведување но мислам дека треба да биде приоритет,би бил посреќе ако еден ден се реализира,час поскоро се надевам:smir:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Итно фаќање за работа на Коридорот 8 и 10.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.148
Поени од реакции
4.929
Patot Gostivar - Kicevo - Struga

Skopje- Kumanovo koj vo nekoi delovi e vo katastrofalna sostojba .
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
да и на таа тема сум размислуел,патот до св. Наум и мене ме засега,барем летото таа гужва,тој е малку скап,со сите тие планини,тежок за изведување но мислам дека треба да биде приоритет,би бил посреќе ако еден ден се реализира,час поскоро се надевам:smir:
Mалку повеќе поскап, според некои информации (неофицијално) би чинел преку 150 милиони евра. А овој пат би донел прилив на уште поголем број на туристи и би го растеретил стариот пат кој е претесен на лето. Исто така бидејќи се планира да поминува над (или под) неколку охридски села (Коњско-Елшани-Пештани), би придонел и за развојот на селскиот туризам, но и за отворање нови работни места. Како што напоменав погоре проектот е стар скоро 30 години, изработени се идејните решенија, главниот проблем е финансирањето на проектот, а со тоа и реализација на зацртаното.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Ајде да ја збогатам малку темава:helou:


Заврши изградбата на обиколницата на Скопје

Делницата од Хиподром до Оризари ќе биде предадена во употреба в понеделник
Билјана Ангеловска
Заврши изградбата на обиколницата на Скопје од Хиподром до Оризари и в понеделник ќе биде предадена во употреба. Конечно, по цели седум години изградба, завршена е една од најзначајните сообраќајни инвестиции во државава. Според состојбата на терен, комплетно се завршени градежните работи, до крајот на неделава ќе се комплетира и последната активност околу еден насип, трасата е обележена, се поставуваат страничните табли и во наредниве денови ќе треба да се вклучи струјата. Потоа, ќе може да следува и свеченото сечење лента.

Иако министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најавуваше дека обиколницата ќе биде завршена до април, како што се покажа, на градежниците им требаше повеќе време да го комплетираат проектот, пред се', поради незавршената обврска на Агенцијата за државни патишта (поранешниот Фонд за патишта), која не успеа навреме да се договори со МЕПСО да ги исклучи од напон далноводите за да можат да се дислоцираат. Но, откако зимоска Јанакиески го посети градилиштето, работата тргна од мртва точка, па проблемите беа надминати, а на оперативата и' се отвори фронт да може да работи.

Сега се' е завршено, останува уште да се вклучи струјата и објектот да биде предаден во употреба. Иако обиколницата официјално не е пуштена, по трасата веќе се одвива интензивен сообраќај. Со оглед на тоа дека сообраќајницата е завршена и обележена, по неа секојдневно можат да се забележат камиони, кои користејќи ги изградените клучки, лесно се приклучуваат на новиот автопат.

Маратонската изградба на првата фаза од скопската обиколница стартуваше во август 2002 година. Оваа делница од Хиподром до Оризари, во вкупна должина од 14,7 километри, ја градеше скопски „Гранит“, додека втората делница од Оризари до Сарај, со должина од 11,8 километри, ја изгради „Терна“ од Грција. Како што е познато, за разлика од „Гранит“, грчката фирма немаше проблеми со трасата, доби релативно „чисто“ земјиште неоптоварено со имотноправни проблеми и брзо ја заврши својата работа. „Гранит“ мораше цели седум години да „се бори“ со несериозниот однос на одговорните во поранешниот Фонд за патишта. Одамна стана јасно дека релативизирањето на проблемите не води кон нивно решавање, бидејќи беше очигледно дека Фондот тешко се справува со експропријацијата на земјиштето. Една година откако беше предаден во употреба вториот дел од обиколницата, правата делница конечно е завршена. Со тоа се комплетирани вкупно 26,7 километри од северната обиколница на Скопје, од Хиподром до Сарај.

Обиколницата е автопат со вкупна широчина од над 22 метра, со девет приклучоци кон градот, три големи објекти - вијадукти и многу натпатници што ќе им го олеснат движењето на жителите од бројните скопски села. Клучките преку кои ќе биде овозможен влез и излез од Скопје се кај Хиподром, Стајковци, Ченто, Бутел, Оризари, Стенковец, Орман, Стопански Двор и Сарај. Обиколниот пат на Скопје е дел од Коридорот 8 и има посебна важност за Македонија, бидејќи ја поврзува со Бугарија и со Албанија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6912D5FEA7E1A74490632A9B0BF10AE3
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
фала богу,конечно,сега нека не спијат,за месец ке има тендер за давање под концесија на делницата Кичево-Струга да се гради автопат,па ке видиме како ке одат работите,таму со земјиштето ке видиме како ке оди,знаејки дека жителите се по странство,ако почекаат уште малку ке не изеде времето
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова како желботека му доаѓа,па и јас да си посакам желба:)Сакам да го направат патот Велес-Штип каде загинаа многу луѓе,меѓу кои и многу млади.Исто и од Штип до Струмица.
И локално,на партизанска има кратер на улицата кај Карпош 2,можам и да ја сликам за да ве уверам,таму наскоро некоја кола ќе направи таква трагедија за која треба да плати кој?Дупката е длабока и широка колку едно тркало,а на партизанска возат со огромна брзина.Значи нека почнат барем локално,ако сакаат де:smir:
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
0
колку што разбрав темава е во економија и предпоставувам дека се работи за патна инфраструктура како помош во трговска размена и задоволување на европските стандарди за трговско-транспортните коридори во земјава, со оглед на фактот дека се базираме на друмски сообрачај и железнички за друго не доаѓа во предвид хихихи,
иначе јас би рекол дека мора да ги модернизимрае со најновата опрема и технологија за контрола,мерење и замена на пишани потврди и царински документи со електронски системи за да станеме попримамливи за помин односно луѓето да немаат многу чекање,друго тоа подразбира поставување на сензори на патиштата а со самото тоа и поголем број на патарини со кои би ги исплатиле инвестициите кои ги имаме направено,сепак сме земја со поволна местоположба и стратешка позиција низ која сакале не сакале мора да поминат,ако успееме главните транспортни коридори да ги дотераме топ тоа би значело поголеми приходи за државната каса а со самотот тоа зазадравување и на одредени економски сфери во државава, од др страна повеќе патарини значи и нови вработувања, повеќе транспортни возила ако минуваат значи повеќе шпедиции и складишници што ќе отвори можност за помали бизнисис и пак нови вработувања,сакам да кажам дека имаме се само малце желба ни треба од "лидериве" во државава
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.508
Поени од реакции
1.730
чисто да пишам дека почнаа да го работат новиот автопат од демир капија до гевгелија, кој ќе поминува на другата страна од вардар, значи веќе постојниот пат од удово до демир капија ќе си остане регионален.

градењето оди ептен бавно ама важно почнаа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom