Вашите дијалекти

Член од
2 декември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
4
Здраво,

Јас сум студент по лингвистика, а инаку Македонец сум по потекло. Во моментов подготвувам теза за македонските дијалекти. Дојдов во Кајгана зашто го забележав големиот интерес од страна на форумџиите во темата „Дијалекти“, па си реков да започнам слична тема која ќе ми помогне со трудот.

Ве молам да го преведете списокот што е прикажано подолу на својот дијалект. Обидете се да ги зачувувате облиците на зборовите (значи, без слободен превод) затоа што понатака ќе ги споредувам различните облици од различни дијалекти. Покрај тоа, ако во вашиот дијалект нема третосложно акцентирање, тогаш подвлечете го (underline) слогот којшто се нагласува.

Благодарам однапред. Знам дека е многу, но вашето учество ќе биде од голема помош и е многу ценето.

[Име на селото/градот]

Именки:

Деклинација:
човек, човекот, човеков, човекон, човеку ~ човече (вокатив); луѓе
маж, мажу (вокатив), мажи, мажите

жена, жено (вокатив), жената, женава, женана, жени, жените
куче, кучето, кучево, кучено, кучиња, кучињата
нож, ножеви


Разни:
волк, пекол, солза, жолт
сон, ден
лушпа
цреша
длабочина
внук, вчера
коњ, дење, камен
еж, езеро, еден
здравје, илјада
итно
орев, трева, чаша, жедост
гулаб, лебед
ветар, ветрот, ветрови
оган, огнот, огнови
клуч, недела, чешел, желка
мува, болва, грев
снаа, меур

рака, раце
нога, нозе
ѕид, ѕвезда
фрла, фали
дрво, крв

сонце
касмет, саклет
јазик
куќа, меѓа, гаќи, плеќи
срамота, зрелост


Именки со предлог:
во градот, во вода
со кола, со секира


Придавки:
бел, бела, бело, бели, побел, најбел
добар, остар

очаен, краен

Заменки:
Лични:
јас, ти, тој, таа, тоа, ние, вие, тие
мене/ме ~ мене/ми, тебе/те ~ тебе/ти

него/го ~ нему/му, неа/ја ~ нејзе/ѝ
нас/нѐ ~ нам/ни, вас/ве ~ вам/ви, нив/ги ~ ним/им

Лични заменки со предлог:
со мене, со тебе, со него, со неа, со нас, со вас, со нив


Присвојни:
мој, моја, мое, мои
твој
свој
негов, негова, негово, негови
нејзин, нејзина, нејзино, нејзини
наш, наша, наше, наши
ваш
нивен, нивна, нивно, нивни


Показни:
тој, таа, тоа, тие
овој, оваа, ова, овие
оној, онаа, она, оние
таков, таква, такво, такви
онаков
толкав


Општи:
секој, секоја, секое, секои
секаков

сешто
сиот, сета, сето, сите, сѐ

Прашални:
кој, кого, кому ~ на кого
чиј, чија, чие, чии
каков
колку


Одречни и неопределени:
никој, ничиј, никаков, николку
некој, нечиј, некаков, неколку
нешто, ништо


Глаголи:
читам, читаш, чита, читаме, читате, читаат, читаа, читав
перам, переш, пере, переме, перете, перат, переа, перев
(да) видам, видиш, види, видиме, видите, видат, видоа, видов
знам, знаеш, знае, знаеме, знаете, знаат, знаеја, знаев
кажувам, кажував
пијам, пиеш, пие, пиеме, пиете, пијат, пиеја, пиев

мислам, мислат
џвака


Конјугација на „сум“:
сум, си, е, сме, сте, се


Прилози и др.:
како, што, кој, зошто, зашто, каде, кога, тука, овде, онде, онаму, таму, ваму
така, вака, онака
каде, некаде, никаде, секаде
некогаш, никогаш, секогаш
еднаш
близу, долу

дека (како во реченицата „знаев дека ме сакаш“)
 
Последно уредено од модератор:

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.697
Поени од реакции
898
Здраво,

Јас сум студент по лингвистика, а инаку Македонец сум по потекло. Во моментов подготвувам теза за македонските дијалекти. Дојдов во Кајгана зашто го забележав големиот интерес од страна на форумџиите во темата „Дијалекти“, па си реков да започнам слична тема која ќе ми помогне со трудот.

Ве молам да го преведете списокот што е прикажано подолу на својот дијалект. Обидете се да ги зачувувате облиците на зборовите (значи, без слободен превод) затоа што понатака ќе ги споредувам различните облици од различни дијалекти. Покрај тоа, ако во вашиот дијалект нема третосложно акцентирање, тогаш подвлечете го (underline) слогот којшто се нагласува.

Благодарам однапред. Знам дека е многу, но вашето учество ќе биде од голема помош и е многу ценето.
Еве ти на прилепски дијалект :
Именки

Деклинација :

чоек, чоеко, чоекоф, чоекон, чоеку ~ чоече ( вокатив ) ; лујџе
маж, мажу (вокатив), мажи, мажите
жена, жено (вокатив), жената, женава, женана, жени, жените
куче, кучето, кучево, кучено, кучина, кучината
нож, ножој

Разни:
волк, пекол, солза, жолт
сон, ден
лушпа
цреша
длабочина
внук, вчера
којн, дење, камен
еж, езеро, еден
здравје, иљада
итно
орев, трева, чаша, жедост
гулаб, лебед
ветар, ветро, ветрој
оган, огно, огној
клуч, недела, чешел, желка
мува, болва, греф
снаа, меур
рака, раце
нога, нозе
ѕид, ѕвезда
врла, фали
дрво, крф
сонце
к`смет, с`клет
јазик
кујча, мејџа, гајчи, плејчи
срамота, зрелост

Именки со предлог:
во градо, во вода ( се изговара сврзано , вовода )
со кола, со секира

Придавки:
бел, бела, бело, бели, побел, најбел
добар, остар
очајен, крајен

Заменки:
Лични:
јас, ти, тој, таа, тоа, ние, вие, тие
мене/ме ~ мене/ми, тебе/те ~ тебе/ти
него/го ~ нему/му, неа/ја ~ нејзе/ѝ
нас/нѐ ~ нам/ни, вас/ве ~ вам/ви, нив/ги ~ ним/им

Лични заменки со предлог:
со мене, со тебе, со него, со неа, со нас, со вас, со нив
( сите овие се изговараат сврзано , на пример сомене , сотебе итн. )

Присвојни:
мој, моја, мое, мои
твој
свој
негоф, негова, негово, негој
нејзин, нејзина, нејзино, нејзини
наш, наша, наше, наши
ваш
нивен, нивна, нивно, нивни

Показни:
тој, таа, тоа, тие
овој, ова, ова, овие
оној, она, она, оние
таков, таква, такво, такви
онакоф
толкаф

Општи:
секој, секоја, секое, секоји
секаков
сешто
сио, сета, сето, сите, сѐ

Прашални:
кој, кого, кому ~ на кого
чиј, чија, чие, чии
каков
колку

Одречни и неопределени:
никој, ничиј, никаков, николку
некој, нечиј, некаков, неколку
нешто, ништо

Глаголи:
читам, читаш, чита, читаме, читате, читаат, читаа, читав
перам, периш, пери, периме, перите, пера, переја, перев
(да) видам, видиш, види, видиме, видите, вида, видоа, видов
знам, знајш, знај, знајме, знајте, зна, знаеја, знаев
кажувам, кажував
пијам, пијаш, пија, пијаме, пијате, пијат, пиеја, пијеф
мислам, мислат
џвака

Конјугација на „сум“:
сум, си, е, сме, сте, се

Прилози и др.:
како, шо, кој, зошто, зашто ( во оригиналниот прилепски говор не постои зашто ), каде, кога, тука, овде, онде, онаму, таму, ваму
така, вака, онака
каде, негде, нигде, сегде
некош, никош, секош
еднаш
близу, долу
дека (како во реченицата „знаев дека ме сакаш“ .

Се ова што го напишав е така како што се изговараат зборовите во Прилеп . Не сум филолог но одлично си го познавам мајчиниот прилепски јазик :) , и мислам дека точно ги напишав сите зборови како што се изговараат во Прилеп . Иначе во прилепскиот говор се користи правилен акцент , т.е. третосложно акцентирање .
 
Последно уредено од модератор:
Член од
2 декември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
4
Благодарам, Ptolomej!

Показни:
тој, таа, тоа, тие
овој, ова, ова, овие
оној, она, она, оние
Јас мислев дека беше та(ја), то итн. во повеќето централни дијалекти. Благодарам уште еднаш.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.697
Поени од реакции
898
Благодарам, Ptolomej!



Јас мислев дека беше та(ја), то итн. во повеќето централни дијалекти. Благодарам уште еднаш.
Во право си за таја и то , така се изговараат во Прилеп... сум ги испуштил , добро е што си забележал .
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
[Велес - запад]
Еве ти делумен одоговор, колку што јас знам се е стаднардно освен овие:
волк = в'к
болва = б'а
касмет = к'смет
саклет = с'клет
жолт = ж'т

орев = орав
трева = трава
ветар = ветер
оган = огин,
огнот = огинот
огнови = огини
гулаб = галаб
 
Член од
13 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7
Мило ми е колега, јас студирам лингвистика во Универзитетот на Илиноис во Чикаго. Кажи ми дали сеуште ти треба транскрипција, би можел да направам една на охридски. Прво те прашувам за да не испадне дека ти си завршил работа, а јас попусто сум превел едно чудо зборови. :) Покрај тоа, кажи ми дали ти требаат некои други идеи. Би ти препорачал една ФЕНОМЕНАЛНА лекција од проф. Илина Јакимовска на ТЕД Скопје.
http://tedxskopje.mk/archives/1029
 
Член од
2 декември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
4
[Велес - запад]
Еве ти делумен одоговор, колку што јас знам се е стаднардно освен овие:
Благодарам, zuska.

Можеш ли да потврдиш дали позакните заменки во велешкиот дијалект се исти како и во литературниот јазик (т.е. овој, оваа, ова, овие итн.)?

Кажи ми дали сеуште ти треба транскрипција, би можел да направам една на охридски.
Ако можеш, да.

Покрај тоа, кажи ми дали ти требаат некои други идеи.
Сега засега треба да ги споредувам различните рефклекси меѓу дијалектите: рака наспр. рука, рока; тоа наспр. това; овие наспр. овија итн.

Би ти препорачал една ФЕНОМЕНАЛНА лекција од проф. Илина Јакимовска на ТЕД Скопје.
http://tedxskopje.mk/archives/1029
Го имам гледано клипчето на Јутуб. Навистина е феноменална.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom