Ваша идеја за бизнис во Македонија

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Онак убава бизнис презентација,сега обрати се кај некоја банка и опиши го истово.100 000 евра е мала пара за бизнис проект,некако лесно ми звучи вака напишано,може оти не се разбирам во електрични котли.Ама мојата логика ми вели дека не ништо лесно како што изгледа :)
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Кога ќе ги споиш Раде Кончар,кабли Неготино,греачи и слично во еден производствен погон,тогаш ќе збориме за извоз.Додека сите си седат настрана и си произведуваат делчиња,дотогаш Македонија ќе биде увозна земја.А и не би сакале да се спојат,оти вака им е убаво.

Патем пиперки има кај нас,да.Еве сега од мојата бранша ќе ти кажам.Се извезуваат во ладилници на температура за одржување.Додека не им дојде сезона,газдите на овие капацитети се понашаат како говеда,даваат ниска цена за превоз,па не ти даваат тури и слично.Денес е екот на извоз....камионџиите не им возат ни за дупло повисока цена на превоз.Нема ладилници во Македонија,има пиперки за извоз...ќе скапат и ќе изгубат на квалитет.Сите се заглавени негде надвор,неможат да се вратат оти Македонија нема толку голем капацитет ни на увоз за да ги врати.И така доаѓаме пак до неорганизирано производство.И така...:)
Во Македонија општо незнам дали има ладилници знам во Тиквешијата има неколку. Една само зе занимава со складирање и обработување на пиперки, другите се за откуп на трпезно грозје.
И на сите им оди добро работата. На сметка на трудот на граѓаните. Секоја година континуирано цената на грозјето се спушта за 2-3 денари по килограм додека тие го извезуваат по константна голема цена. Прават добар бизнис но не баш легално. Секогаш наоѓаат мани на грозјето за да кутнат уште некој денар од цената, имаат заостанати исплати на грозјето. Има покренато тужби, но ништо никој не им може ништо.
Ист е и случајот со винариите а најголем пример е Тиквеш, кој има заостанато исплати и по неколку години.
Е сега да се најде некој паметен да инвестира во голем ладилник и винарија со голем капацитет, и да го исплаќа грозјето во рок од 2 месеца или веднаш, јас гарантирам дека секој лозар секундарно би се префрлил кај него. Нема лозар во Кавадарци на кој некоја винарија или откупна станица не му должи неисплатено грозје, а сите лозари имаат трошоци за гориво, препарати за прскање, кредити итн итн. Така би се здобил со многу понудувачи на грозје и би можел да го избере она со поголем квалитет, и поголеми количини.
Потребна е ОГРОМНА инвестиција за овој проект, но ако се оствари, тој веднаш се здобива со огромен број на кооперанти, лозарите.

ПС. поради ваквата политика во Тиквешијата почнаа да се намалуваат лозовите насади и се повеќе се префлаат на тутун, кајсии и други култури. Поради тоа лозарството оди во надолна линија:nenene:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^Под ладилник мислев на камион ладилник.
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Јас мислев на хладњача:icon_bigg Каде што можеш да сместиш огромни количини на производи.

Кога го предаваат грозјето од хладњачите идат и по десетина такви камиони наеднаш, и за два саата се празнат над 40тина тони грозје.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Немам некои познавања од областа во која што имаш намера да произведуваш, но можам да ти кажам неколку забелешки општо во поглед на бизнис идејата.

Прво, цената не е единствен фактор кој влијае на тоа дали производот е конкурентен или не. Ти колку што можам да забележам, сакаш да влезеш на веќе постоечки пазар, каде постојат веќе етаблирани фирми, а тоа не се прави со претпоставки од типот најверојатно ќе бидеме најконкурентни... што ако не сте ? што ако некој има подобра понуда од вас во друг правец, на пример сервисирање и гаранција ? што ако конкурентите започнат ценовна војна.. колку долго ќе можеш тоа да го издржиш ?

Второ, велиш дека 90% од потрошувачите ќе се префрлат кај тебе. Практиката скоро секогаш кажува поинаку.

Трето, веројатно и најважно, како планираш да набавиш средства за да го финансираш проектов ? Велиш потребни се 100.000 евра... дали некогаш имаш подигнато кредит од 10.000 евра и дали воопшто знаеш што се ќе ти побараат во банка ? Сигурно не мислиш сериозно само со бизнис план да се појавиш на врата ?
 
A

Antigona

Гостин
Ја отварам групава за да разгледаме најразлични предлози за бизнис во Република Македонија.

Мора да наведете факти и причини за нивното економско оправдување, на кој регион ке се работи, на кое поле, начинот на кој што ке работи.
Може и да дадете предлог за усовршување на некој бизнис што го знаете.
Секој предлог мора да биде во рамките на законските регулативи, а не во спротивност со нив.

ПС ако темава е дупликат се извинувам...
Проституција бе душо . Ионака дошле такви времиња кадешто младите невини и непослушни девојчиња за пусти пари би направиле се , така да се додека има прости деца,ќе можеш да си го водиш бизнисот

Џабе е што на вести кажуваат кога на децата не им доаѓа паметот
 
F

Frankie Yale

Гостин
Шлепер со 30 кила хероин, ова има поголема шанса за успех него све друго во оваа држава у пм....
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Немам некои познавања од областа во која што имаш намера да произведуваш, но можам да ти кажам неколку забелешки општо во поглед на бизнис идејата.

Прво, цената не е единствен фактор кој влијае на тоа дали производот е конкурентен или не. Ти колку што можам да забележам, сакаш да влезеш на веќе постоечки пазар, каде постојат веќе етаблирани фирми, а тоа не се прави со претпоставки од типот најверојатно ќе бидеме најконкурентни... што ако не сте ? што ако некој има подобра понуда од вас во друг правец, на пример сервисирање и гаранција ? што ако конкурентите започнат ценовна војна.. колку долго ќе можеш тоа да го издржиш ?

Второ, велиш дека 90% од потрошувачите ќе се префрлат кај тебе. Практиката скоро секогаш кажува поинаку.

Трето, веројатно и најважно, како планираш да набавиш средства за да го финансираш проектов ? Велиш потребни се 100.000 евра... дали некогаш имаш подигнато кредит од 10.000 евра и дали воопшто знаеш што се ќе ти побараат во банка ? Сигурно не мислиш сериозно само со бизнис план да се појавиш на врата ?
да.. имам земено кредити до сега и вратено во целост.

туку ова што го презентирав како идеја... слободно некој нека земе и нека ја реализира. нема да се лутам. јас само дадов идеја за бизнис и не реков дека имам намера тоа до го работам.

околу гаранциите, се знае, такви уреди имаат 12 месеци гаранција. во принцип се иде со замена. ако не работи, тогаш се мења, мада сите тие прво проаѓаат на тестирање во производство па после се пуштаат во оптек на продажба...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

хе,..добра идеа, но кога веќе фантазираме, јас би ја проширил и маалку гланцнал: евтин прост автомобил за земјите од трет свет...мислам на Африка. Нема fancy електроника, нема ништо high-tech. Дизел мотор-генератор-2акумилатора-контролер-хаб-електро мотори во секое тркало. Нема мењач, нема диференцијали, погон на 4 тркала Дизелот работи на цедено палмино масло+тајни адитиви :). Се организира во МКД матрица од 1000 кооперанти поредени во неколку виртуелни линии на окрупнување на компонентите, кои на крај во некоја хала на самата граница со Грција се пакуваат во CKD комплети. Мислам дека песма лета би била серија од 20.000 комада.....Монтажа домицилно т.е. локално кај ќе бидат испорачани, со тамошни предприемачи кои ќе си авансираат количини . И не се продаваат, туку разменуваат за стока и суровини, на што всусност ќе се прави профитот...:)
Името на играта е: УМ, ЛОГИСТИКА И ОРГАНИЗАЦИЈА и реално многу малку пари...споредено со потенцијалниот профит :)
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Немам некои познавања од областа во која што имаш намера да произведуваш, но можам да ти кажам неколку забелешки општо во поглед на бизнис идејата.

Прво, цената не е единствен фактор кој влијае на тоа дали производот е конкурентен или не. Ти колку што можам да забележам, сакаш да влезеш на веќе постоечки пазар, каде постојат веќе етаблирани фирми, а тоа не се прави со претпоставки од типот најверојатно ќе бидеме најконкурентни... што ако не сте ? што ако некој има подобра понуда од вас во друг правец, на пример сервисирање и гаранција ? што ако конкурентите започнат ценовна војна.. колку долго ќе можеш тоа да го издржиш ?

Второ, велиш дека 90% од потрошувачите ќе се префрлат кај тебе. Практиката скоро секогаш кажува поинаку.

Трето, веројатно и најважно, како планираш да набавиш средства за да го финансираш проектов ? Велиш потребни се 100.000 евра... дали некогаш имаш подигнато кредит од 10.000 евра и дали воопшто знаеш што се ќе ти побараат во банка ? Сигурно не мислиш сериозно само со бизнис план да се појавиш на врата ?
Па ако навистина работната рака и репроматеријалите се многу повисоки отколку кај нас не би се грижел за ценовна војна. Естаблираните фирми не смеат да продаваат под цената на чинење, па така би бил конкурентен во тој поглед.
Би се загрижил во поглед на државата. Во која држава извезуваш, колкава царина ке ти дадат, давачки, во тој поглед можат да ти ја накачат цената и да биде слична со конкурентите. А ако има доста учесници на пазарот можат и да ти забранат да учествуваш.
Друг проблем за влез на пазарот би бил брендот. Останатите конкуренти ако се естаблирани добро, и имаат стекнато добар углед и име ке биде многу тешко да ги победиш во нивната игра.
А во поглед на сервис и гаранција можеш да се договориш со локални фирми да ти ја вршат таа услуга.
Финансии - главен проблем кај нас. Тешко да ги обезбедиш за ваков проект, ако земиш од банка една планина пари, ке ти влечи едно ридче камати, освен ако не си ненормално богат.

Проституција бе душо . Ионака дошле такви времиња кадешто младите невини и непослушни девојчиња за пусти пари би направиле се , така да се додека има прости деца,ќе можеш да си го водиш бизнисот

Џабе е што на вести кажуваат кога на децата не им доаѓа паметот
Да биде во рамките на законските регулативи, а не во спротивност цо нив.

Освен ако не ја легализираат, не доаѓа во предвид.

Шлепер со 30 кила хероин, ова има поголема шанса за успех него све друго во оваа држава у пм....
Не верувам, но сепак е во сротивност со законот.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Не верувам, но сепак е во сротивност со законот.
Како и да е, имам чичко (далечен) со Q7 и X5 у гаража, сигурно не ги купил со парите од депонијата што ја држи...
У оваа земја најисплатливо е да работиш на другата страна на законот, малите затворски казни ќе се согласат со мене...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
ха... има отпад за откуп на старо железо? дали знаеш дека тие за оној период од 5 месеци кога подивеа цената на железото (кога поскапуваше горивото скоро секој ден) направија МИЛИЈАРДИ за само тие неколку дена?
 
Член од
16 септември 2010
Мислења
31
Поени од реакции
1
Како што ја гледам цената на становите во Скопје по 1500 евра од квадрат и пола се продадени однапред ако има некој врски во министерството за врски или општина нека бара ниви, дозвола за маркица и почнува да гради. Со оваа цена на работните ресурси и материјалите за вградување мене ова ми изгледа најдоходовен бизнис.

Не се нормални 1500 евра квадрат стан на Водно, да го ренташ 130 години нема да ја повратиш инвестицијата
Abe jaka drzava, jaki plati, jaki ceni.
pa uste ako zemes kredit, ke go plakaat i pravnucite
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Abe jaka drzava, jaki plati, jaki ceni.
pa uste ako zemes kredit, ke go plakaat i pravnucite
Па тоа викам и јас цените не се нормални, арно ама заинтересирани еден куп се испотепаа за 1000-ка од квадрат на јавна лицитација. Инаку ако ме прашаш мене цел живот ќе рентам не давам 1000-ка од квадрат.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Нај доходовен бизнис во мк би бил отварање на Агенција за посредување за вработување во странство им собереш парите па идеш после месец или два иста шема со различно име и си збориш сам со себе по форуми како тоа баш таа агенција е нај кул и нај добра
 
Kajgana Shop

На врв Bottom