Ваучерите поделени,ИТ Компаниите реагираат
Краток е рокот за купување на компјутер со ваучер - регираат ИТ компаниите. 14 000 компјутери не можат да се продадат за 10 дена вели директорот на Нико компјутери Жарко Никодиновски.
Тој се пожали дека не добиле ниту шифри за поништување на ваучерите, а без тоа не може да почне продажбата.
Првите ваучери, студентите ги добиле денеска.
Студентите не купуваат телевизор, туку конфигурација на компјутер. Ова за Сител го изјави Иван Митревски директорот на Стопанска комора за информатичка технологија. Тој рече дека ќе побара од Владата продолжување на рокот, до нова година.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски вели дека неможе да се продолжи рокот за продажба , заради завршување на буџетска година.