Васко Ефтов vs. Вики Ралева, Големиот Брат и останатите "реални" шоуа и фејк личности

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 ноември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
5
Прочитав извесен дел од коментарите за минатонеделната емисија по нашите портали и YouTube и иако воопшто не сум изненаден за нивната конотација, очекував да се дадат повеќе размислувања за тезата која што Ефтов ни ја изнесе, без обзир дали се истомислени или спротивни. Наместо тоа грото од јавноста се осврнува кон стилот на комуникација на интервјуираните и водителот. Секако дека ни беа претставени грст од моменти кои на секоја индивидуа уште во првиот момент и стануваат предмет на потсмев: Од оскудниот вокабулар и неразвиена ораторика на Викторија Ралева, преку агресивниот и наведувачки начин на конверзација на Ефтов, па се до, за нас, неприфатливите и неразбирливи гледишта за родителството на г-нот Ралев.

Не сметам дека така лесно можеме и да пресудиме дека Виолета (или Викторија?) Ралева е празноглава девојка со тесен распон на погрешно поставени интереси само заради тоа што го повторува зборот значи на почетокот на скоро секоја мисла или затоа што нејзиниот телесен говор остава впечаток на плитко толкување на прашањата кои и беа поставени или затоа што беше прелесно доминирана и во еден дел извозена од сопствените мисли кон тие на Ефтов. Од каде знаеме дека можеби јака страна не и е математиката или природните науки? Или дека можеби не знае да наслика нешто посебно? Или дека можеби не знае да зготви некој вкусен деликатес? Или пак за мене најценетото: да биде одлична пријателка и да им се најде на своите другари и другарки со совет или било каква помош кога таа им е најпотребна? Сите овие и многу други примери се убави карактеристики кои не сме имале шанса да дознаеме дали се присутни во било кој од учесниците на овие шоуа. Знам дека во оваа точка читателот ќе се осети должен да дофрли реплика: "Јас го гледав Големиот Брат цело време и во ниеден момент не видов таков дисплеј на квалитети кај било кој од тие луѓе, па според тоа сум надлежен/на да дадам полна оценка за личностите на сите до еден."

И секако следниве видеа само ќе одат во прилог на еден таков цитат, но зар тие навистина можат наполно да ни ги отсликаат личностите, нивните идеи и вредности?

Мислам дека сите слободно можеме да се согласиме дека содржината во нив е помалку дегутанта. Не заради самата содржина која е секојдневица за сите нас. Туку поради јавното прикажување на тоа. Од почетокот на 20тиот век до денешниов ден, стандардите за пристојноста драстично се спуштија. Ако во почетокот на 70тите јавна голотија по филмови беше невидено безобразие и најголемиот skin factor претставуваше потколеницата на жена над своите 30ти, денес слободно можете да видите полу-разголени тинејџерки како ги клатат своите свежо инсталирани силиконски дојки пред камерите на многу средно- и ниско-буџетни серии, "документарки" и шоуа ширум светот. И секогаш сметаме дека сме поставиле црвена линија без обзир на тоа колку ниско тие нурнале и секогаш се појавуваат пионерите кои таа линија ја спуштаат дополнително. Во извесен момент, многу од нас тоа не го толерираат и реагираат на за себе најприкладниот начин. Васко Ефтов, згрозен од јавното прикажување на содржини идентични или слични на гореистакнатите, бил провоциран да ја направи оваа емисија. И мислам дека тоа е неговата единствена, ако не, бар главна мотивација, а не затоа што сакал да се постави супериорно над 19 годишна девојка, да го "изренда" Белов или збуни Тодевска. Тоа се добро познати штосови за да се подзачини интересот на публиката, но не целосно да го сврти кон нив. Фокусот сепак треба да остане на суштината.

Лесно забележителна е и иронијата:
Во таа пуста желба на наводната ароганција и лажна воздигнатост на учесниците на реалните шоуа, да возвратиме знаеме само со малициозен сеир пренесен во писмена форма со, за мене, неприкладен речник, кој пак ист речник е предмет на ситењето. Јас тоа не можам да го разберам поинаку освен како себенавредување и себеисмевање. Мое мислење е дека ако овие реални шоу старлети нас не иритираат со својата краткотрајна, но интензивна помпезност, најсоодветниот одговор на тоа би бил менување на каналот кој ги прикажува или преоѓање на следната статија во весникот кој пишува за нив. Зашто воопшто се чувствуваме дожни да ги "спуштиме" или да навиваме за тој или таа што тоа ќе го стори?

Она за кое се надевав дека ќе биде главен предмет на дискусија по нашите портали кога ги истакнав видева од емисијата е големата слика која Ефтов ни ја претстави, низ очите низ кои што тој ја гледа.
По моето, а бар и како што можев да разберам по негово гледиште, предметот е нискиот вкус на македонската, балканската, а богами и светската публика за вакви, како што ги нарекува почитуваната професорка д-р Вујовиќ, безсодржински наслови како Големиот Брат. Џигал тоа го оправдува со потребата на нашиот народ да гледа лесни содржини кои премногу не би го оптеретувале мозокот на просечната македонска индивидуа. И навистина, ако погледнете наоколу така е. Ретки се луѓето кои сакаат да гледаат епизода од Southpark и да се насмеат слатко на нивниот остар сарказам и безусловен напад на тоа што тие сметаат дека треба да биде нивна мета. Ретки се и луѓето кои наслови како Crash, Pursuit of Happyness, Angels in America и слични ги оставиле со воопшто било какви впечатоци.

Тука јас би запрашал и зашто главните емитувачи на овие шоуа, националните концесионери како Сител и А1 не го искористат нивниот медиумски авторитет да наметнат поинтересни и повклучувачки содржини? Примерот со Battlestar Galactica на Канал 5 беше за поздравување. Навистина бев пријатно изненаден кога видов дека на македонски медиум ќе се емитува ваква реномирана серија која обработува длабока социолошка и општествена тематика, која има големи шанси да не биде разберена. И така и беше. Но зашто уредниците тука се откажаа? Зашто своите тешко заработени пари од адвертајзингот не ги дадат на откуп на лиценца за програмите од Discovery Channel или History Channel или слично? Зарем не се свесни дека буквално секој член од публиката ќе побуди интерес за барем една или две емисии од тој карактер? Зашто на македонската публика, освен Телма која редовно емитува синхронизирани документарни, никој друг не и нуди шанса да научи на кој принцип работи една нукеларна подморница или кои се точните мотиви за почетокот и развојот на Втората Светска Војна или како изгледа животот на едно фасцинантно суштество како што се пумата или поларната мечка? Примери можам да редам до утринските мугри и ви гарантирам дека окото ќе ви застане на барем неколку десетици. Работи за кои никогаш не сте мислеле дека ќе пројавите интерес одеднаш ви стануваат редовно хоби токму заради емитување и експонирање на вас како публиката на тој жанр. За жал, нашите најугледни телевизиски куќи се ориентираат кон реални шоуа кои, навистина не знам од каква корист се за било кој. Смешно но и тажно ми беше кога ја слушнав Дебарлиева (или некоја нејзина колешка) како со задоволство го најавува емитувањето на Големиот Брат на А1 и тоа во ударниот термин на вестите во 19.
Истото се случи и на Сител, кога Ивона Талевска со широка насмевка на нејзиното ведро и симпатично лице го најави емитувањето на "Survivor" на Сител среде најважните за тој ден домашни политички вести, давајќи на непотребен значај на шоуто, небаре е тоа едно од најголемите постигнувања во уредувачката политика на Сител. И сигурен сум дека ако приватно ги запрашате нивните уредници зашто токму тие емисии ги одбрале тие или гордо ќе тврдат дека се најгледани и им ги носат потребниот viewer rating, истиот го зголемуваат од ден на ден и паралелно со тоа квантитетот на реклами и нивната цена или ќе се стават во дефанзива тврдејќи дека бар Сабрина, Милан Тарот или оној Светоно Око, што лечи шизофренија и рак со вчудоневидувачки третман преку инсерција на суклијаш во простатата со 18 милиметарска игла, не ги давале во нивниот етер.

Тоа според мене е она што треба да не замисли нас публиката и медиумите, а не дали Васко Ефтов не можел да ги дослуша своите соговорници или пак овие биле ментално, морално и етички оспорени. Горе ја наведов темата што јас сметав дека е најсуштинска и врз чиј исход најмногу може да се влијае. Во Центар беа начнати и други теми меѓу кои и нереципрочната културна доминација на Србија над Македонија (сосема очекувани резидуалности од времето на СФРЈ кои Ефтов прашува зашто по скоро 20 години се сеуште присутни) но тие се преопсежни и подалеку од темата на топиков па затоа не ги разгледав. Освен тоа, постов стана епски долг и без нив, а по мое искуство никој не сака да се оптеретува со поединечни предолги излагања.
 
kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
greota e devojcevo nema pomos za vakov mozok ko na ovaa !:salut::uvo:
 
M

marsovka

Гостин
Uf uf тема која ме смее ... ја гледав емисијата дел по дел убаво...

Васко ефтов го прави тоа што му наложува работата да биде гледан просто кратко и јасно. Има убави емисии на алфа како пулс или мокош ама не им го памтам името на водителите нит термините кад ќе ги фатам тогаш ги гледам .
Зошто ? зошто се досадни , зошто мамлаат без страст се трудат да водат ДЕБАТА на балкану а бе кај се видело тоа . Туку Васко не го осудувајте човекот си го дига рејтингот и си прави парички тоа е тоа. Јас сакам да тече крв, да има блуаници до максимум, и плукање до смрт и пуканки :pipi: и васе ми ја даде дозата на блујаници денес.
Затоа се викаат медиуми тие служат за забавување а не за учење и не знам што ти не. Башка секоја емисија, канал што и да е е создадена за одреден тип на публика. Голем брат за просечни домаќинки , во центар за морално чисти личности итн итн Како што има емисии од типот покемон за деца , за нас се глупи ама за децата се интересни.

И тука не гледам некој проблем ... али јбг мора да се плукне.

А вики е типка коа со тој мозок ова е врвот на нејзината кариера понатаму ќе иде надолу , типката извадила и земала максимално што можела . Пари плус слава и не сваќам тука што е проблемот .

Додека ние останатите се тешиме дека имае морал и стандарди и дека ете не ни се децата боже сачуј ко вики или пак не сме неа.
Дека сме мање-више попаметни од васе итн итн
Ајде уживајте во пуканките и забавата аманте луѓе :back:
едит:живееме у капиталистичко општество понудата треба да ја задоволи побарувачката не го заборавајте тоа.
Што укажува на кое ниво сме у култура и свест :) Peace
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Емисијата имаше поента, која ретко кој ја сфати. Ајде ќе ве просветлам, будистички сум настроена денес.
1. Реалните шоуа, во кои низок слој на публиката, се пали на ниски страсти, денес се сфатени како нормална појава. Всушност, тие заслужуваат психијатриски пристап кој во емисијата беше на задоволително ниво.
2. Васко Ефтов е школуван аналитички новинар, со висок коефициент на интелигенција, партијски неопределен, едноставно - објективен, нешто кое толку многу нам, ценетите консументи на телевизиски продукт ни е потребно. Апсолутно е нормално, дури и посакувано, новинарот да ја „помине“ темата што ја обработува низ својата морална призма. И не туку ми серете, дека е полошо да бидеш Ефтов отколку Вики, кога се работи за моралните вредности и културата. Денес не е веќе „во мода“ изгледа да си паметен, туку треба да си згоден и по можност гол на телевизија... Преиспитајте си ги нормите.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412

Ова браниш по новинарска линија?:smir:
Не ја жалам,никој не и стави пиштол да иде кај него.
Го знае како прашува и дека не дава да се доискажеш дури и на моменти ги вади зборовите од контекст.Не е лошо да си бербер,мислам дека треба да му замерат сите луѓе за оваа негова изјава.
 
Бранам по линија на телевизиски гледач. Право да му замери на Ефтов за „бербер тетовиран ко таписерија“, има оној кој не ги гледа реалните шоуа. Ако не ви пречи, таму да гледате во живо, експлицитни порки во ударни термини, пцовки и останати префинети „сегменти од забавен карактер“, тогаш изјавата на Ефтов е за вас - пичкин дим, да ми прости софрава. Страшното е што, на празнолетниците им се главна тема ликовите - херои, нивните role модели од телевизија, па не можат да симнат очи од телевизорот. Ех, златна Црвенкапа.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Емисијата имаше поента, која ретко кој ја сфати. Ајде ќе ве просветлам, будистички сум настроена денес.

:) Ти благодариме, Новинарке, за просветитлувањето кое толку широкоградо ни го упати нам, заблудените!

1. Реалните шоуа, во кои низок слој на публиката, се пали на ниски страсти, денес се сфатени како нормална појава. Всушност, тие заслужуваат психијатриски пристап кој во емисијата беше на задоволително ниво.
Психијатриски пристап? Таа момата на ИЧ презиме што мудро го цитираше Ајнштајна како задоволителен психијатриски пристап беше за тебе? Или тој експертот?! Или таа другата тетка? Не заебавај, педер:) Луѓето сакаат да гледаат во туѓите животи.. Дали низ пенџере или преку телевизија или преку читање мемоари... Секој со својот начин. Реалните шоу-а се глупави, изгледаат фејк и не се забавни. Ама за оние на кои тоа им е забавно - ми е совршено сеедно. Таа публика и јас не очекувам да имаме исти интереси. Таман работа ако сите сакавме да гледаме „паметни“ емисии, од што ќе живееше тогаш „Новинаров“ за кој муабетиме?!

2. Васко Ефтов е школуван аналитички новинар, со висок коефициент на интелигенција, партијски неопределен, едноставно - објективен, нешто кое толку многу нам, ценетите консументи на телевизиски продукт ни е потребно. Апсолутно е нормално, дури и посакувано, новинарот да ја „помине“ темата што ја обработува низ својата морална призма.
Има еден куп школувани луѓе кои се дибеци. Овој исто:)
Во Менса да не е? :)) Многу смешен момент извади морам да кажам!
Може да е партиски определен или неопределен, да знае како да ги мрда рацете кога зборува или не (која лоша гестикулација, дем ит), да отупи со моралната призма или не... Не знам што е посакувано, кај вам, консументите (консуматори, не е?)... Јас не гледам телевизија како дневна рутина, кога ќе фатам нешто си земам за право да го искоментирам и овде коментарот ми е: бул-факинг-шит!

И не туку ми серете, дека е полошо да бидеш Ефтов отколку Вики, кога се работи за моралните вредности и културата. Денес не е веќе „во мода“ изгледа да си паметен, туку треба да си згоден и по можност гол на телевизија... Преиспитајте си ги нормите.

Каков речник, Новинарке? Асистент можеш на „стенкачов“ да му бидеш, ако вака продолжиш... Околу моралните вредности... Ми е гајле и за Вики, и за татко и, и за Истетовираниот, па во истиот кош - и за Ефтов. Сите можат да си прават што сакаат каде сакаат, тука спаѓа сексање пред камери, лупање глупости пред камери, правење бистар пред камери. Особено за вики и татко и ми е сеедно. Повеќе ме јаде тоа што ти и добар дел од другите сметаат дека Ефтов е некаков паметен чичко со добри намери кои ја направи емисијата за да, исто акко и тебе - не просветли, нас, кутрите.

Не си ги преиспитувам нормите. Сакам да си продолжам импулсивно да реагирам, на се. Извини.

Право да му замери на Ефтов за „бербер тетовиран ко таписерија“, има оној кој не ги гледа реалните шоуа.

Не ги гледам, ни една епизода немам ни фатено, а не изгледано. Така што, замерките ми се на место.
Тенќу.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
:) Ти благодариме, Новинарке, за просветитлувањето кое толку широкоградо ни го упати нам, заблудените!
Да гледавте документарци, онолку колку што гледате голи газови, немаше да има потреба да ве просветлувам.

Психијатриски пристап? Таа момата на ИЧ презиме што мудро го цитираше Ајнштајна како задоволителен психијатриски пристап беше за тебе? Или тој експертот?! Или таа другата тетка? Не заебавај, педер:) Луѓето сакаат да гледаат во туѓите животи.. Дали низ пенџере или преку телевизија или преку читање мемоари... Секој со својот начин. Реалните шоу-а се глупави, изгледаат фејк и не се забавни. Ама за оние на кои тоа им е забавно - ми е совршено сеедно. Таа публика и јас не очекувам да имаме исти интереси. Таман работа ако сите сакавме да гледаме „паметни“ емисии, од што ќе живееше тогаш „Новинаров“ за кој муабетиме?!
Инаку, да, тие се психолози истакнати во своите професии, универзитетски професори, комуниколози и убаво кажаа дека реалните шоуа се еден зоолошки експеримент кој треба да анимира некоја публика која што не сака да гледа содржајни емисии, пошто наводно „се презаситила од содржини“ во и онака не многу содржајниот живот. Ако тебе ти изгледа во ред, тоа што гледателските навики на еден Македонец се сведени на јебана дневна политика и јебано реално шоу кое нема никаква, ама буквално никаква функција (освен еротска), тогаш ти се согласуваш да бидеш дел од нација која нема никакво ниво ниту вкус за еманципација, да не речам, наследуваме некоја си про - бугарска телевизиска навика и очекувања. Иначе, фала што ми кажа дека сме ние луѓето воајери. Мене ми е сосема јасно дека да му дадеш на некого реални шоуа уз мезе, цел ден ќе седи и ќе се теши како „живее прекрасен живот“ и ѕирка во интимата на другите кои имаат „срање - живот“. И цела колекција од Џејмисон да даваш во ударно време, гледаноста ќе биде голема. Тоа нема да ја направи порнографијата општествено полезна, драга моја, слично како што нема да ги направи овие кловнови признаени „претставници“ на нашата земја.

Има еден куп школувани луѓе кои се дибеци. Овој исто:)
Во Менса да не е? :)) Многу смешен момент извади морам да кажам!
Може да е партиски определен или неопределен, да знае како да ги мрда рацете кога зборува или не (која лоша гестикулација, дем ит), да отупи со моралната призма или не... Не знам што е посакувано, кај вам, консументите (консуматори, не е?)... Јас не гледам телевизија како дневна рутина, кога ќе фатам нешто си земам за право да го искоментирам и овде коментарот ми е: бул-факинг-шит!
Можам да приметам дека има еден куп школувани дибеци, од фактот што и покрај тоа што имаат јаки просеци, седат и чекаат да видат што тоа Вики Кики Сики и не знам кој тоа таму ќе направи, па уште и гласаат мајке ми, гласаат човече, да го избереле својот идол:nesvest:.
И повеќе од очигледно е дека, не си баш компетентна да судиш за добро и лошо како и сензационалистичко новинарство, затоа што, човеков од сите аспекти ја разработи тематиката на реалните шоуа, а тоа е - ПРИБИРАЊЕ ПРОСТ НАРОД, ДА ГЛЕДА ПРОСТА ПРОГРАМА, ЗАТОА ШТО НЕМА МЕНТАЛЕН КАПАЦИТЕТ ДА ВОСПРИЕМИ ДРУГА. . До душа, можам да прифатам дека не ти се допаѓа Ефтов, но без аргумент зошто, не.

Каков речник, Новинарке? Асистент можеш на „стенкачов“ да му бидеш, ако вака продолжиш... Околу моралните вредности... Ми е гајле и за Вики, и за татко и, и за Истетовираниот, па во истиот кош - и за Ефтов. Сите можат да си прават што сакаат каде сакаат, тука спаѓа сексање пред камери, лупање глупости пред камери, правење бистар пред камери. Особено за вики и татко и ми е сеедно. Повеќе ме јаде тоа што ти и добар дел од другите сметаат дека Ефтов е некаков паметен чичко со добри намери кои ја направи емисијата за да, исто акко и тебе - не просветли, нас, кутрите.

Не си ги преиспитувам нормите. Сакам да си продолжам импулсивно да реагирам, на се. Извини.
За мојот речник, ич да не береш гајле, повеќе потруди се околу твојот телевизискиот избор. Инаку, во болд ти ги приложувам примерите преку кои веројатно сакаш да ме подучиш како да се изразувам... :)
Зошто не е добар? Затоа што и` го кажа на онаа цурана, тоа што 90 проценти дури и од оние шо ја гледаат го мислат? Затоа што ни` го рече, дека повеќе сме под влијание на српската, отколку на македонската традиционална музика? Затоа што за некои, Аца Пејович си некој ако го дочув убоо, пеел боље од Павароти? За каква нација овде се дискутира? За експериментална глупоштина, необразовани калапи. Затоа што знаеш, многу е лесно да изгледаш една бљувотина од видот на реално шоу, додека некој документарец или содржајна емисија - е тоа е умешност да се гледа, за да се истренира нивото на квалитетна восприемлиовост. Не само пари ќе праиме од реклами и ајт! Не сум изгледала ниту 5 минути од ниту едно реално шоу освен Милионер, кое има ОБРАЗОВНА ФУНКЦИЈА.

Сполај ти.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Да гледавте документарци, онолку колку што гледате голи газови, немаше да има потреба да ве просветлувам.

Се рачуна документарецот на Хитлер? Тоа е единственото нешто во серии кое го изгледав, го даваа на а! пред некои 5, 6 години!
Па на „ти“ и „ние“, иако нагласив дека никогаш не сум гледала ништо вакво... Имено, благодарение на Ефтов дознав за постоењето на ВИки.

Инаку, да, тие се психолози истакнати во своите професии, универзитетски професори, комуниколози и убаво кажаа дека реалните шоуа се еден зоолошки експеримент кој треба да анимира некоја публика која што не сака да гледа содржајни емисии, пошто наводно „се презаситила од содржини“ во и онака не многу содржајниот живот. Ако тебе ти изгледа во ред, тоа што гледателските навики на еден Македонец се сведени на јебана дневна политика и јебано реално шоу кое нема никаква, ама буквално никаква функција (освен еротска), тогаш ти се согласуваш да бидеш дел од нација која нема никакво ниво ниту вкус за еманципација, да не речам, наследуваме некоја си про - бугарска телевизиска навика и очекувања. Иначе, фала што ми кажа дека сме ние луѓето воајери. Мене ми е сосема јасно дека да му дадеш на некого реални шоуа уз мезе, цел ден ќе седи и ќе се теши како „живее прекрасен живот“ и ѕирка во интимата на другите кои имаат „срање - живот“. И цела колекција од Џејмисон да даваш во ударно време, гледаноста ќе биде голема. Тоа нема да ја направи порнографијата општествено полезна, драга моја, слично како што нема да ги направи овие кловнови признаени „претставници“ на нашата земја.

Жално е ако ти требаше Ефтов да ти каже за да воочиш нешто толку просто... Не ни го коментирам тој момент, мислам дека е прилично јасен само по себе.

Нацијата како целина ако имаше вкус немаше секое второ ќоше да биде искористено за кафана, немаше да се девојчињата облечени како Анелија, немаше Роџер Брадрс да се хит, немаше „Крема“ да се купува.. Да продолжам?

На страна од тоа, нацијата како целина и не се очекува да има некаков блескав вкус и некои комплицирани потреби. Треба да биде проста, послушна и продуктивна. Ние сме само послушни на погрешни луѓе и прости до немајкаде. За тоа ми е многу повеќе жал отколку за Вики и Беберот.

А многу ме разочара ако секој што излегува на телевизија за тебе е претставник на државава! Сериозно многу

Можам да приметам дека има еден куп школувани дибеци, од фактот што и покрај тоа што имаат јаки просеци, седат и чекаат да видат што тоа Вики Кики Сики и не знам кој тоа таму ќе направи, па уште и гласаат мајке ми, гласаат човече, да го избереле својот идол
.
И повеќе од очигледно е дека, не си баш компетентна да судиш за добро и лошо како и сензационалистичко новинарство, затоа што, човеков од сите аспекти ја разработи тематиката на реалните шоуа, а тоа е - ПРИБИРАЊЕ ПРОСТ НАРОД, ДА ГЛЕДА ПРОСТА ПРОГРАМА, ЗАТОА ШТО НЕМА МЕНТАЛЕН КАПАЦИТЕТ ДА ВОСПРИЕМИ ДРУГА. . До душа, можам да прифатам дека не ти се допаѓа Ефтов, но без аргумент зошто, не.

Ќе беше олеснето ако ми ги имаше прочитано сите мислења на назад, малку ми е папагалски да се повтортувам сега. Не ми се допаѓаат ни МкДоналдс, и за тоа да не треба да аргументирам. Прашање на вкус е, нели се согласивме. Масата го сака Ефтов - јас не. Масата гледа Биг Брадр - јас не. Масата ја доживува Вики негативно - мене ми е гајле совршено многу за неа...:))

За мојот речник, ич да не береш гајле, повеќе потруди се околу твојот телевизискиот избор. Инаку, во болд ти ги приложувам примерите преку кои веројатно сакаш да ме подучиш како да се изразувам... :)
Зошто не е добар? Затоа што и` го кажа на онаа цурана, тоа што 90 проценти дури и од оние шо ја гледаат го мислат? Затоа што ни` го рече, дека повеќе сме под влијание на српската, отколку на македонската традиционална музика? Затоа што за некои, Аца Пејович си некој ако го дочув убоо, пеел боље од Павароти? За каква нација овде се дискутира? За експериментална глупоштина, необразовани калапи. Затоа што знаеш, многу е лесно да изгледаш една бљувотина од видот на реално шоу, додека некој документарец или содржајна емисија - е тоа е умешност да се гледа, за да се истренира нивото на квалитетна восприемлиовост. Не само пари ќе праиме од реклами и ајт! Не сум изгледала ниту 5 минути од ниту едно реално шоу освен Милионер, кое има ОБРАЗОВНА ФУНКЦИЈА.

Сполај ти.
Еј еј... Ти во болд ми предложи места каде јас велам педер, ама не гледам како е тоа битно. Јас во најдобар случај ќе работам во банка, иначе ќе сум таму некое трговче. Ти од друга страна, бугати, треба Новинар да бидеш, да го развиваш ВКУСОТ на нацијата, да го подобриш КРИТИЧКОТО ОКО на масите, да внесеш ОБЈЕКТИВИЗАМ по телевизиите. Не е исто, не зезај.
Папагал момент, пак - ми е гајле што ни гледа нацијата:)) Ми е гајле каква музика слуша, каков алкохол пие, што весници чита. Не сум хипокрит, доволно сум искрена за да кажам дека сериозно не ме боли воопшто за вкусот на масата. Било тоа масата во Македонија, Србија, Франција, Америка. Аман со популистичките моменти за тоа како треба да го науччиме Македонецот што е добро, дрн, дрн. Ако се учел од што е добро така лесно немаше блага ерекција да добие на секое појавување на Бранко/Грујо на митинг.
п.с. Милионер сакс донки болс:))))

Добра ноќ, пријатно гледање тв!
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
А шо куро има врска музиката со национално чуство и патриотизам. Па стварно треба да си ептен закрепостен сељак за толку инфантилни предрасуди да имаш. Јас слушам секаква музика, се шо ми е пријатно за слушање и на никој логичен начин то не можи да се поврзи со моето национално чуство.

Мислам стварно треба да си ограничен да прајш вакви екцеси. Јас убеден сум дека овај Ефтов нема вистински пријател, барем не некој шо е ментално стабилен да го посоветува искрено.
По моето, а бар и како што можев да разберам по негово гледиште, предметот е нискиот вкус на македонската, балканската, а богами и светската публика за вакви, како што ги нарекува почитуваната професорка д-р Вујовиќ, безсодржински наслови како Големиот Брат. Џигал тоа го оправдува со потребата на нашиот народ да гледа лесни содржини кои премногу не би го оптеретувале мозокот на просечната македонска индивидуа. И навистина, ако погледнете наоколу така е. Ретки се луѓето кои сакаат да гледаат епизода од Southpark и да се насмеат слатко на нивниот остар сарказам и безусловен напад на тоа што тие сметаат дека треба да биде нивна мета. Ретки се и луѓето кои наслови како Crash, Pursuit of Happyness, Angels in America и слични ги оставиле со воопшто било какви впечатоци.

Тоа според мене е она што треба да не замисли нас публиката и медиумите, а не дали Васко Ефтов не можел да ги дослуша своите соговорници или пак овие биле ментално, морално и етички оспорени.
Тоа со музиката нема никаква врска, али влијае на ситуацијата . Можеби ти Синдикат, слично како и јас слушаме све што ни душа сака.Али, има фаци кои слушаат само еден вид музика(знаеш која), гледаат еден вид на тв-програми и кои се вклопуваат во профилот на Ефтов. Тоа е она што смета, таман работа една вечер у кафана на некого да му засмета и ради тоа да биде осуден .
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Бранам по линија на телевизиски гледач. Право да му замери на Ефтов за „бербер тетовиран ко таписерија“, има оној кој не ги гледа реалните шоуа. Ако не ви пречи, таму да гледате во живо, експлицитни порки во ударни термини, пцовки и останати префинети „сегменти од забавен карактер“, тогаш изјавата на Ефтов е за вас - пичкин дим, да ми прости софрава. Страшното е што, на празнолетниците им се главна тема ликовите - херои, нивните role модели од телевизија, па не можат да симнат очи од телевизорот. Ех, златна Црвенкапа.
Црвенкапа за деца до 7 години.И не руши ѕид со глава.Имај доблест и признај дека В.Е претера за некого да кажува дали е бербер добра професија или не.Ако ме праша мене може и ќе му дадам факти зашто и неговата професија не ми се допаѓа?А баш ме интересира што деца ќе има тој.Последен што го памтам е дека Џери Спрингер во неговите емисии даваше ум на другите а и самиот беше разведен:pos2:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Црвенкапа за деца до 7 години.И не руши ѕид со глава.Имај доблест и признај дека В.Е претера за некого да кажува дали е бербер добра професија или не.Ако ме праша мене може и ќе му дадам факти зашто и неговата професија не ми се допаѓа?А баш ме интересира што деца ќе има тој.Последен што го памтам е дека Џери Спрингер во неговите емисии даваше ум на другите а и самиот беше разведен:pos2:
Васко Ефтов е аксиома на самостојност и неговите ставови се поклопуваат со моите во врска со темава. Воопшто и нема што да се дискутира бре, за реалните шоуа. Не можам да поверувам дека треба да се дебатира за новинарството на Ефтов заради емисија за реални шоуа... Каква неприкосновеност. Погледај малце од тоа емисиите што ги има за банкарските системи, мафија, политика, па кажи... Човекот има храброст и го бива. Зошто какви деца ќе има? Затоа што не му се допаѓаат моми во реални шоуа? Дај не зезај. За критика е исклучиво репликата „бербер истетовиран ко таписерија“. За се` останато, го цитирам и поддржувам човекот порт - паролски.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
За критика е исклучиво репликата „бербер истетовиран ко таписерија“.
Мило ми е дека тука се сложуваме.
Не му ја оспорувам неговата претходна работа.

http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120
Погледнете ја емисијата во Центар каде што гостинка беше Вики
Пријателе а темава за кого е?
За Васко со Лила?:)
Темава е: Васко Ефтов vs. Вики Ралева, Големиот Брат и останатите "реални" шоуа и фејк личности
Поздрав
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Е мамата клета ќелешка.

ко шо беф нервозен и заникојникаде, па уште и морав да кликнам на темава и да кликнам на видеана со Васконо Ефтов.

Поарно ми беше додека бев неузнаен и не знаев кој е морлоков, како и морлочкана росписка цигојнерска.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom