Јас не сум лингвист, но доста ме интересираат јазиците, пред се, македонскиот јазик.
Тоа што ти го нарекуваш ,,чуваш едно, а пишеш друго,, - на македонски би било ,,слушаш едно, а пишуваш друго,, (чуваш има друго значење) - во македонскиот јазик се нарекува едначење по звучност.
Тоа е - слушаш ЛЕП ама пишуваш леб. Потоа, во деминутив од леб, оди во лепче.
Се едначи, односно постигнува една до друга да стојат звучна и безвучна согласка. Ако последната буква во зборот е звучна согласка, најчесто се слуша како безвучна.
Можеби не објаснив најдобро, но.. се обидов
--- надополнето: 25 март 2012 во 04:25 ---
Единсвен глас кој
нема свој знак во македонскиот јазик е (на албански) самогласката ë. Не знам во другите јазици како се пишува, затоа ја напишав на албански. Во денешниот македонски јазик, честа е примената на овој глас во изговорот (а и практично е невозможно да ја нема, освен ако не ја заменува друга самогласка). Пример е зборот Р`т. (Р`тот на Добра Надеж). Р е независна (спаѓа во согласки, но може да има функција на самогласка), но меѓу Р и Т се изговара - ë. Во литературниот јазик нема многу вакви примери, но во дијалектите се многу чести П`т (пат), Д`лг (долг) Сл`нце (сонце) К`д (кога), С`г (сега) итн.