Бугарија се откажува од "Бургас-Александрополис", а "Белене" го замрзнува!

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
fmi напиша:
Такви приказки за подобруване на односите мегу РМ и РФ сме ги слушали,слушали... па неостварени се уште.
Оваа пролет во пробно производство се пушти новата когенеративна гасна термоцентрала „ТЕ-ТО“ АД-Скопје,прв независен производител на енергија во Македонија , акционерско друштво со 20 % учество на Топлификација АД Скопје , и 80 % учество на Интернационалната групација Синтез од Москва.Средногодишниот капацитет на станицата е 228 мегавати (колку еден блок на РЕК Битола) + како извор на топлина капацитетот на централата ќе биде најмногу 160 мегавати.

Со ова зависноста за увоз на струја се намали за 60%.

http://te-to.com.mk/index.html

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9309102541&id=10&prilog=0&setIzdanie=21800

При това което читам тук- и jaс мислам дека РМ нема потреба да инвестира во Белене,а уште помалце во своja нуклеарка. НО, се може да се промени при предпристапните преговори и ако ЕК не посака да се затворат некои термоцентрали от еколошки причини.
Академикот Григор Каневче на презентација на Нацрт-стратегијата рече дека таа води сметка за интересите на Македонија и дека во неа се вградени практитките и регулативите на Европската унија со уважување на сите обврски кои Македонија ги има преземено и потпишано.

Тој смета дека е неопходен период од две до три години за да се донесе одлука дали да се гради атомска централа во Македонија а потоа веднаш треба да започнат активностите за двете опции, со и без нуклеарна централа, за навреме да се избере која ќе се спроведе.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Академикот Григор Каневче на презентација на Нацрт-стратегијата рече дека таа води сметка за интересите на Македонија и дека во неа се вградени практитките и регулативите на Европската унија со уважување на сите обврски кои Македонија ги има преземено и потпишано.

Тој смета дека е неопходен период од две до три години за да се донесе одлука дали да се гради атомска централа во Македонија а потоа веднаш треба да започнат активностите за двете опции, со и без нуклеарна централа, за навреме да се избере која ќе се спроведе.
Се е убаво,но само за пример ке дадам до 2020 сите држави во ЕУ мора да произведуват 20% от своjaта струja от алтернативни извори.
Уште повеке термоцентралите не са желани много много во ЕУ и се затварат масово,ако не отговарат на интересите на ЕУ или на екологични изискваниja.Затова зборувам дека никоj не знае какви услови ке се постават пред РМ за термоцентралите. Само си представи,ако РЕК Битола биде затворена заради еколожки критериуми или стара технологиja... Точно ние сме си патили от ЕУ за централи и знаеме. Заради нивните критериуми толкова централи се затвориха,а и толкова уште ке мора да се затворат....
Затова велам-внимаваjте што договарате.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Вчера информацијата за вклучување на Романија ја оцени како руски маневар.

Како ќе ги коментираш последните информации за отповикувањето од должност на рускиот трговски претставник за Бугарија - Александар Томилин како и тоа дека Москва ќе бара високи компензации (кои може да достигнат и до 1 милијарда евра ) ако се откажете од АЕЦ Белене .

Односот на вашиот премиер при давањето на изјавата ми се виде доста ‘кафански‘ арогантен , тоа изгледа долеа дополнително бензин на оганот .

Стиуацијата ми се чини доста сериозна . Какви се реакциите на енергетичарите и другата стручна јавност кај вас ?
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
7
Бугарската нуклеарна централа може да почне да се гради малку подоцна, кога има инвеститор. Таа може да не биде руска, а на пример француска или канадскa. Добро е да се користи областа на Козлодуј за дополнителните капацитети, а не да се уништува нова област. Зашто во нуклеарната централа постои опасност од авариa, потреба од складиштето за нуклеарни отпадоци и зависност од производителот на нуклеарно гориво. За Македонија, можноста при несреќа да биде заразена целата територија, не е оправдано да се гради.
Јужен тек е планиран да биде алтернатива за цевките во Украина. Но сега, по смена на претседателот Јушченко и проруските чувства на новиот претседател, овој проект може да изгуби смисла, особено ако и Бугарија излезе од проектот. Зашто јужен тек од Русија треба да помине по дното на Црното Море во турски, а не украински води и да излезе на бугарскиот брег, за да биде независен од Украина. Во спротивно, се повторува трасата преку Украина, но многу поскапо.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Бугарската нуклеарна централа може да почне да се гради малку подоцна, кога има инвеститор. Таа може да не биде руска, а на пример француска или канадскa. Добро е да се користи областа на Козлодуј за дополнителните капацитети, а не да се уништува нова област.
Тоа е ваше внатрешно прашање .
Понудата за инвестирање во АЕЦ Белене најверојатно беше разгледана со сета должна почит, меѓутоа интересите не ни се сретнаа.


Зашто во нуклеарната централа постои опасност од авариa, потреба од складиштето за нуклеарни отпадоци и зависност од производителот на нуклеарно гориво. За Македонија, можноста при несреќа да биде заразена целата територија, не е оправдано да се гради.
Јас кога пишувам за атомска централа во Македонија имам во предвид state-of-the-art технологија со највисок степен на безбедност како и на искористеност.Најголема пречка во остварувањето на оваа замисла нема да биде еколошкиот аспект туку потребната согласност од југ , тој товар најверојатно ќе падне врз потенцијалниот градител на истата .
Бидејќи кај нив постои голем отпор кон нуклеарното производство медиумите кај нас нафрлија можност за заедничко учество . За мене тоа е неприфатливо од очигледни причини.

Ако не се успее во изградбата на автохтона македонска а.централа треба да се продолжи со варијантата за изградба на три ТЕЦ .

Јужен тек е планиран да биде алтернатива за цевките во Украина. Но сега, по смена на претседателот Јушченко и проруските чувства на новиот претседател, овој проект може да изгуби смисла, особено ако и Бугарија излезе од проектот. Зашто јужен тек од Русија треба да помине по дното на Црното Море во турски, а не украински води и да излезе на бугарскиот брег, за да биде независен од Украина. Во спротивно, се повторува трасата преку Украина, но многу поскапо.
Толку ли не се разбираме на оваа тема .
На русите им одговара да имаат што повеќе коридори .
Ако сегашната украинска власт е про - руска , значи ли тоа дека ќе биде за вјек и вјекова . Путин сигурно не спие на тоа уво .

Нема да помине многу време за да видиме каков исход ќе добие целиов проект .
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Русија е разочарана од повлекувањето на Бугарија од двата клучни руски проекти, па може да ја исклучи и од „Јужен тек“, предупреди шефот на „Газпром“, Алексеј Милер



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62310959305&id=11&setIzdanie=22015

--- надополнето ---

Неодамнешните изјави на премиерот Борисов дека Бугарија се повлекува од два руски енергетски проекти ги доведуваат во прашање „специјалните врски“ меѓу Софија и Москва. Истовремено, односите со Вашингтон се во подем, а доказ за тоа е и најавената подготвеност на Бугарија да прифати елементи од планираниот штит на САД во Европа

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=618101415332&id=23&prilog=1&setIzdanie=22015
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Русија е разочарана од повлекувањето на Бугарија од двата клучни руски проекти, па може да ја исклучи и од „Јужен тек“, предупреди шефот на „Газпром“, Алексеј Милер



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62310959305&id=11&setIzdanie=22015

--- надополнето ---

Неодамнешните изјави на премиерот Борисов дека Бугарија се повлекува од два руски енергетски проекти ги доведуваат во прашање „специјалните врски“ меѓу Софија и Москва. Истовремено, односите со Вашингтон се во подем, а доказ за тоа е и најавената подготвеност на Бугарија да прифати елементи од планираниот штит на САД во Европа


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=618101415332&id=23&prilog=1&setIzdanie=22015
Доста стара информациja...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Както веке писав - има посета на руски заменик министар и еве ги новините от днес
Тази недела ке се подпише договора за "Jжен поток"
http://www.dnes.bg/politika/2010/07/06/podpisvame-za-iujen-potok-tazi-sedmica.93974
Нуклеарката Белене - Србиja ке има миноритарен дел(водат се преговори),а цената на Белене ке биде намалена за около 40%
http://news.ibox.bg/news/id_791017237
http://business.actualno.com/news_305546.html

--- надополнето ---

Бургас-Александруполис - почти сигурно БГ се откажува.
http://www.vesti.bg/index.phtml?tid=40&oid=3107031
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Кога ќе ми текне само колку сереа од А1 зошто македонската влада не инвестирала во Белене:helou:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Коjто се интересира за Белене еве ви повеке информациja
http://www.belene-npp.com
Мажоритарен собственик на Белене ке биде НЕК( национална електрическа компаниja,коjaто е во склоп на БЕХ (бугарски енергиен холдинг)).
http://www.bgenh.com
http://www.nek.bg
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Работите на енергетски план засега се движат по многу поволна линија за Македонија.Од последната статија на нова Македонија


Во септември параф за „Јужен тек“ низ Македонија

Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, доаѓа да го потпише договорот. Вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра. Само во делот што ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми




Меѓудржавниот договор за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ низ Македонија ќе биде потпишан во септември кога во нашата земја ќе допатува првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, дознаваме од дипломатски извори од Руската Федерација. Македонија со тоа во последен час успева да фати приклучок кон еден исклучително важен енергетски проект, за кој сé повеќе лобира и Романија. Покрај влегувањето во мапата на европските енергетски коридори, вклучувањето во „Јужен тек“ за Македонија ќе значи енергетска преродба, поконкуретно производство и пониски трошоци за сите.

- Првиот човек на „Газпром“ беше особено заинтересиран за овој проект и во септември се планира негова посета на Македонија, кога ќе биде потпишан и договорот.

Во меѓувреме, оперативни групи составени од неколку експерти ќе ја посетат Македонија, за да направат анализи каде ќе биде приклучокот, за кој временски рок ќе се изгради кракот, вредноста на инвестицијата, економската оправданост и слично. До крајот на август треба сé да биде готово - ни изјави Илија Исајловски, македонски амбасадор во Москва.

Од владини извори дознаваме дека во тек се преговорите со „Газпром“ и договорот што ќе се постигне мора да се ратификува во парламентот, бидејќи се работи за меѓудржавен договор. Она на што посочуваат од амбасадата во Москва е да не се меша затворањето на клириншкиот долг од 60 милиони долари и изградбата на „Јужен тек“ низ Македонија, иако „Газпром“ учествува и во двете работи.

- Сега партнер на македонската влада е Владата на Русија. Во втората фаза македонската влада треба да потпише посебен договор или инструмент со „Газпром“ за целиот проект - објаснува амбасадорот Исајловски.

Во однос на дилемата дали руска компанија може да гради во Македонија, тој тврди дека тоа е надминато преку договорот за враќање на клириншкиот долг. Станува збор за поранешен долг што се третира како стоки и услуги и тука е најдена правната можност „Газпром“ да го гради кракот кај нас, што исто така се третира како стоки и услуги. Во втората фаза, токму преку тој инструмент што треба да го потпишат македонската влада и „Газпром“, ќе се знаат и деталите за тоа кој ќе биде партнерот од македонска страна и како ќе се затвори финансиската конструкција - нагласува Исајловски.

За експертите, прашањето за сопственоста на земјиштето каде што ќе поминува гасоводот не може да биде предмет на договарање со „Газпром“. Сопственик на земјиштето е македонската влада или некое домашно јавно претпријатие, задолжено да стопанисува со трасата и со гасоводот. И од Министерството за финансии нагласуваат дека нема барање од Русија за сопственост врз земјиштето каде што би поминувал гасоводот.

- Тоа не е ниту правно можно. Во однос на изградбата, само во делот кој ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми - ни изјави Ивана Билбиловска, портпаролка во Министерството за финансии.

Реализацијата на вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра. Со „Газпром“ се преговара и за учество во изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електрана. Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, смета дека за Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија.

- Доколку еден крак од „Јужен тек“ оди низ Македонија, се отвора можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем. Во ваков случај, Македонија би имала пристап до два гасовода, постојниот од Бугарија и новиот преку „Јужен тек“ - нагласува тој. Сегашниот гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат 2 милијарди кубни метри гас годишно и токму кракот на „Јужен тек“ може да го обезбеди тоа количество гас што недостига.

Автор: Александар С. Димковски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710106519&id=10&prilog=0&setIzdanie=22027


[/COLOR]Бургас-Александруполис - почти сигурно БГ се откажува.
http://www.vesti.bg/index.phtml?tid=40&oid=3107031
Одлични вести. Честитам.:vozbud:
Овој проект беше од значителна важност за Грција. Очекувајте ги во ‘гости‘ , сигурно ќе се обидат да ве премислат .
Се што треба да направите е стратегиски да го држите задниот анатомски дел спрема ѕидна бариера и се ќе биде во ред.:icon_mrgr

ПС. Само уште Америте да избуткаат АМБО да се реализира и грчето ќе пукне од мака.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Одлични вести. Честитам.:vozbud:
Овој проект беше од значителна важност за Грција. Очекувајте ги во ‘гости‘ , сигурно ќе се обидат да ве премислат .
Се што треба да направите е стратегиски да го држите задниот анатомски дел спрема ѕидна бариера и се ќе биде во ред.:icon_mrgr

ПС. Само уште Америте да избуткаат АМБО да се реализира и грчето ќе пукне од мака.
Да ти кажам и АМБО има голема вероватност да не стане. Никоj не сака во моментот да гради станциja некаде во морето и да заплаши туризма, една гранка,коjaто носи около 5-7 милиарда евро во државата. Уште повеке имаше референдум во Бургаскиja регион и хората категорично рекоха НЕ.

Мене ми е чудно, РМ от каj ке се вклучи во Jжен поток? Има 2 можности...
Планот беше таков

Сега може и да се смени,не знам. Ке имаме повеке информациja на 16 този месец.
Треба да се знае,исто така дека Бугариja договори гас предназначен за Jжен поток да минава и през старите гасоводни системи на БГ,кои са си 100% бугарски. Може како ништо да се окаже дека Русиja ке ви дава гас преку старите гасоводи...
Проекта предвидува 63 милиарда кубни метра гас,а от нив 17 милиарда ке поминуват преку старите гасоводи...
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Да ти кажам и АМБО има голема вероватност да не стане. Никоj не сака во моментот да гради станциja некаде во морето и да заплаши туризма, една гранка,коjaто носи около 5-7 милиарда евро во државата. Уште повеке имаше референдум во Бургаскиja регион и хората категорично рекоха НЕ.
Јас верувам дека има голема веројатност проектот АМБО да се реализира .

Пропаста на проектот Бургас - Александропулис е поради интересот на САД.Еколошката заштита е само привремена маска. Тоа е барем моето мислење .

Кога Амерот и референдум ќе бидат ставени во релација обично резултатот нема врска со демократското право на слободно изјаснување. Ние тоа најдобро знаеме како изгледа .

Малку прочепкав по вашите информативни агенции.
На ниедно место не видов Борисов (или било кој друг ) да го спомне проектот АМБО во заедничко друштво со Бургас-Александрополис како проект опасен по животната средина. Зарем тоа не е малку чудно ако имаме во предвид дека и од АМБО произлегуваат истите потенцијални закани за вашиот туризам.

Пред неколку поста кажа дека за тебе АМБО е мртов проект и дека нема никакво движене (никоj не дава пари за него).
Според информациите што нас ни ги сервисираат изгледа дека не е така .

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121891031285&id=10&prilog=0&setIzdanie=21865

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123413
 

Kajgana Shop

На врв Bottom