- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Бугарија на прво место според злоупотребата на европските фондови
17.07.2010 - 13:01 |
Брисел ја рангираше Бугарија на првото место поради тоа што пријавите за нерегуларности во 2009 година во однос на претходната година се зголемени за 134 отсто.
Во извештајот на Европската комисија, објавен во медиумите во Софија, се прецизира дека нерегуларностите не се злоупотреби и измами, туку нарушување на финансиската дисциплина на Европската унија.
Комисијата посебни забелешки има на користењето на средствата од претпристапните фондови ФАР, ИСПА и САПАРД. Од средствата според проектот САПАРД, Бугарија треба во европскиот буџет да врати 41 милион евра, а сите останати држави-членки заедно - 20 милиони евра.
Брисел не е задоволен бидејќи Бугарија не дејствувала превентивно, туку чекала ревизија по што ги признала нерегуларностите. Во Брисел се надеваат дека драстичниот пораст на неправилностите и случаите на злоупотреба ќе се намалат по завршувањето на судските процедури во наредните години.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/bugarija-na-prvo-mesto-spored-zloupotrebata-na-evropskite-fondovi