Бугарија испорача три услови на Македонија

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
ШТО САКА БУГАРИЈА? ЗАШТО ПОДМЕТНУВА КУКАВИЧКИ ЈАЈЦА?

РИСТО НИКОВСКИ


Бугарскиот претседател, Плевнелиев, на комесарот Филе му рекол дека во Македонија има “националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарски чувства и многу административни бариери за бугарскиот бизнис...”. Полошо не можел да каже ама ги измешал картите. Дел од оценките му се измислени а другите апсолутно важат за бугарскиот однос кон Македонија, не обратно. Министерот Младенов порача дека сме имале “малцински претензии...” и дека “Бугарија...нема да дозволи некој да и се плетка во нејзината историја”. Изразот “малцински претензии” е нов и бесмислен. Малцинставата или постојат, или не. Можат да се игнорираат, како што прават Софија и Атина, ама никој не може да ги измисли и со нив да “претендира”. Според премиерот Борисов, ако Македонија сака да биде во НАТО и ЕУ “треба да ги почитува вредностите што таму се признаваат”. Тие биле “Европа без граници, Европа на добрососедство...”. Најслучајно, не спомна дали и малцинствата се европски стандард? Паралелно, во Софија инсистираат заеднички да славиме историски настани.

Што, всушност се случува на нашиот исток? Пред четири, пет години, врвен британски експерт за Балканот, тукушто вратен од Атина, по малку изненаден, раскажуваше за грчките колеги кои го уверувале дека, во понатамошното македонско интегрирање во Европа, место од Атина, сопките се повеќе ќе доаѓале од – Софија. Еве, и тоа време дојде. Бугарија стапува на сцената. Ова беше најавено од нивни европратеници а во медиумите, веќе подолго време, нападите врз Македонија се се пожестоки.

Тоа не треба да изненадува. Позицијата на Софија кон Македонија, во основата, е полоша од таа на Атина. За вториве не е спорно дека ние сме посебна нација, со сопствен јазик... Сакаат само монопол на античкиот бренд “Македонија” и сите деривати. Не не посвојуваат туку сакаат “само” да не прекрстат. Ако прифатиме дека сме Северни, Нови, Горни... со соодветен јазик, тие веднаш ќе не подржат и помогнат. За првите, пак, ние не сме ништо друго освен – (неосвестени) “Бугари”. Зборуваме и бугарски јазик, без да го знаеме тоа. Тврдат дека Македонија е најромантичниот дел од нивната историја а како да забораваат дека токму за да ја освојат, во Втората светска војна, беа на страната на фашизмот и Хитлер. Тоа е сигурно најсрамниот дел од нивната историја ама Македонија им останала во рамките на романтиката. Чудно, многу чудно. Не треба да се заборава и дека Бугарија е крајно загрижена и поради ткн. “антиквизација”, која директно ги руши нивните фантазмагории за наши “бугарски” корени.

Филе наиде на студен прием во Софија. Неговиот последен извештај, со оценките дека Македонија води добра добрососедска политика, сериозно им пречи. Кај нас завладеа одредено задоволство што во извештајот (на “цели” две места) се користи придавката “македонски”. Арно ама, тоа е направено на најбезболен начин за Брисел: “македонски” се “владата” и “институциите” ама не народот, јазикот, црквата... што за нас е клучно. Така е направено за да се задоволат токму Атина и Софија. Ако Филе напишеше “македонски” народ, јазик..., ќе беше дочекан на нож и во Атина, и во Софија.

Идејата заеднички да славиме историски настани не е нова. Пред шест, седум години инсистираа така да се одбележи Илинден, што наиде дури и на разбирање кај тогашниот премиер. Начелно, замислата е навистина прекрасна. Зар има нешто поубаво од заедничко свртување кон историјата и тоа на Балканот? Да се одбира и потенцира тоа што не приближува и спојува а не тоа што (со векови) не конфронтира. Таков избор е можен. Историјата на сите народи во регионов е испомешана и заедничка по многу што. Меѓу Македонија и Бугарија и повеќе отколку кај другите. Немајки своја држава, голем дел од најистакнатите македонски национални дејци прибежиште наоѓале, живееле и твореле токму во Софија и Бугарија. Листата е предолга.

Меѓутоа, оваа бугарска понуда е класично подметнување кукавички јајца. Факт е дека, со поголеми или помали права, дел од историските личности и настани и двете држави ги сметаат за свои. И тоа не мора да биде ништо страшно ако се респектира другиот. Проблем е што целта на Софија е да славиме заедно ама сите како “Бугари”! Тие осознаени а ние (сеуште!) не. Сакаат индиректна потврда дека сме – “Бугари” и дека историјата ни е - заедничка! И, тука е куршлусот. Според истите историски синдроми, поради кои на почетокот на 1940-тите со оружје се обидоа да ја освојат Македонија, сега со итрина сакаат жедни да не пренесат преку вода. Тие не се подготвени да слават двата народа – македонскиот и бугарскиот.

Историски настани заеднички можеме да славиме само како Македонци и Бугари, со претходен усогласен проглас напишан на два рамноправни јазици – бугарскиот и македонскиот. Или, врз основа на договор за пријателство и соработка, кој сега е спорен. Јазиците ни се најблиски, историјата испреплетена ама, ако сакаме исчекор напред, а не назад, Софија прво мора да разбере и прифати дека нашиот македонски мајчин, бабин, прабабин... јазик не произлегува од нашиот Устав. Таму е само забележан како нешто свето и трајно. Дедо Ицо Попе, повеќе пати ни повторуваше дека и татко му и дедо му, кој бил роден некаде околу 1815 година, биле Македонци и зборувале македонски. Историските вистини, кои не се спорни за добронамерните, крајно време е да станат реалност и во Бугарија. Тогаш, никој во Македонија нема да има никакви резерви околу идејата. Ќе може веднаш да се направи најширок план за заеднички прослави, ако треба и за следните 10 години. Се додека Софија не третира како “Бугари” од Македонија, чука на погрешна врата. Таквите овде се малубројни.

Сеништата од минатото, никако да се тргнат од Балканот. Дури ни членство во НАТО и ЕУ не менува некои навики од 19 век. Дури, како да ги засилува? Мислевме дека зад нас е времето кога ни велеа – не гледајте што правиме, слушајте што ви зборуваме. Кога се тврдеше дека тази дупка, не е дупка. Не било баш така.

Непринципиелната политика кон Македонија, филувана со непочитување на меѓународниот правен поредок, која ја спроведуваат Атина и некои најважни светски фактори, е резил за сите нив. Неизбежно, таа имплицира антиисториски амбиции и на други соседи. Се реафирмира лешинарството, како една од најстарите практики. На почетокот на 1990-тите Софија покажа визија и прва ја призна целосно независната македонска држава ама веднаш застана. Не воспоставија дипломатски односи и не пратија амбасадор. Не поентираа. Калкулираа дека ќе се распаднеме и дека повеќе ќе ќарат.

Иако реториката не ни е секогаш сјајна, Македонците немаат негативни предиспозиции према Бугарите. Реагираат единствено во самоодбрана. Негативниот третман на Бугарија во македонските медиуми, не е ниту еден процент од кампањата против оваа земја, која постојано се води кај нив а сега ескалира. Македонскиот народ и неговиот јазик им останале тежок историски синдром. Факт е дека со векови сме се мешале ама сме биле различни. Бугарите биле во поповолна позиција бидејки имале своја држава а ние не. Врз таа основа, го злоупотребуваат тој дел од историјата. Дури и да зборуваме ист јазик не значи дека сме ист народ. Сетете се на Арапите, Латиноамериканците...

Македонците немаат негативни чувства ниту према Грците и покрај сите блокади, игнорирања и малтретирања кои ни ги сервираат веќе 20 години. Стотици илјади Македонци секое лето одат на летовање кај нив и трошат огромни суми пари.

Тоа е своевидна лекција за врвна толеранција. Дали, пак, тоа ни служи на чест, е друго прашање.

http://www.narodnavolja.com/articles2013/01/txt11.asp
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Па, не треба со нас ништо да разговараат, доволно ќе биде да ви објаснат зашто го славите 3. март.
јас се прашувам како не сте го прогласија за ваш главен празник, тоа е единственото време кога сите делови на Македонија се заедно и нема граници помеѓу нив! :rolleyes:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Бугарија прво нека си го среди нејзиниот двор исто како и Грција што неможе крајот да си го најде па после нека испорачуваат услови и нека се грижат за другите.

Еве каква држава е нашиот "мил" источен сосед, најголемата криминалистичка и идиотска држава во Европа и пошироко.

 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бугарија прво нека си го среди нејзиниот двор исто како и Грција што неможе крајот да си го најде па после нека испорачуваат услови и нека се грижат за другите.

Еве каква држава е нашиот "мил" источен сосед, најголемата криминалистичка и идиотска држава во Европа и пошироко.
Ти ни предлагаш БГ да не води надворешна политика докато не се средела внатре?Па извини,тоа и дилетант знае дека внатрешната и надворешната политика са поврзани и не можат една без туга.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
На Болгарите само едно прашање поставете им го и ќе видите како ќе почнат да зборат за придобивките на пластичните штипки во однос на дрвените. Од каде потекнуваат Болгарите, од каде доаѓаат Крум и Аспарух, дали имаат културни центри во тие места и кои се и какви се.

Штама!

Ги боли постоењето на Македонци во 21 век, ги потсетуваме какво предавство имаат извршено кон сопствениот Македонски народ. Блокирани се во умот, неможат да го разберат тоа.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И според тебе, тоа е тежкото прашане? :) Извини, но тоа ке ти отговорат деца от 1 клас.
Никоj ништо не го боли постоенето на коjто и да било,некои луге не сакат да разберат проблемот и затоа го префрлуват или се прават дека нема проблем.Истите тези се откажаа от бежанците си от Вардарска и Егеjска Македониja.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Tоа го кажувам и јас, одговорот ќе ви го дадат и деца од 1 одделение ама вие на бај Тошо се правите.

Ти го знаеш, можеш да ни го кажеш, сигурно...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Tоа го кажувам и јас, одговорот ќе ви го дадат и деца од 1 одделение ама вие на бај Тошо се правите.

Ти го знаеш, можеш да ни го кажеш, сигурно...
Вака е, едни на Тито, други на баj Тошо, трети на Брежнев. Судбина баджанак.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Кратко, терминот Болгар и Болгариа потекнуваат од таму и таму на Балканите доаѓа со тој и тој.

Ајде, просветли ги овие неписмени Болгари од Македонија.

Значи кратко, јасно, да можат да те разберат.
 
K

King_Stone

Гостин
Кратко, терминот Болгар и Болгариа потекнуваат од таму и таму на Балканите доаѓа со тој и тој.
Ајде, просветли ги овие неписмени Болгари од Македонија.
Значи кратко,јасно да можат да те разберат.
Само некој полуписмен Македонец,ако те прочита ќе ти поверува.Како прво во англискиот јазик постои голема разлика помеѓу тие називи,Bulgars, Bulgarians.Второ Bulgarians,се јужно словенски народ,така ги прифаќа целиот свет.И не го земаат тоа име во оригинал Bulgars,бидејќи постои разлика помеѓу нив.Трето помеѓу овие два назива,не постои ни Т од Татар,бидејќи тоа е назив на сосем друг народ(Иако вие од Белградската школа обожавате така да се изразувате).Која е поуката сега во 21 век,целиот свет да се смее на Македонски национализам,употребен преку АНТИКВИЗАЦИЈАТА
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Само некој полуписмен Македонец,ако те прочита ќе ти поверува.Како прво во англискиот јазик постои голема разлика помеѓу тие називи,Bulgars, Bulgarians.Второ Bulgarians,се јужно словенски народ,така ги прифаќа целиот свет.И не го земаат тоа име во оригинал Bulgars,бидејќи постои разлика помеѓу нив.Трето помеѓу овие два назива,не постои ни Т од Татар,бидејќи тоа е назив на сосем друг народ(Иако вие од Белградската школа обожавате така да се изразувате).Која е поуката сега во 21 век,целиот свет да се смее на Македонски национализам,употребен преку АНТИКВИЗАЦИЈАТА
И од каде потекнува терминот Болгари,Болгарија, кој го носи на Балканите.
Не ми го дрви сеа со антиквизација и со Македонците полу и цели.
Одговорете бе прецизно, толку ли е тешко прашањето.
Онака просто, да ве сфати полуписмениот Македонец.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Само некој полуписмен Македонец,ако те прочита ќе ти поверува.Како прво во англискиот јазик постои голема разлика помеѓу тие називи,Bulgars, Bulgarians.Второ Bulgarians,се јужно словенски народ,така ги прифаќа целиот свет.И не го земаат тоа име во оригинал Bulgars,бидејќи постои разлика помеѓу нив.Трето помеѓу овие два назива,не постои ни Т од Татар,бидејќи тоа е назив на сосем друг народ(Иако вие од Белградската школа обожавате така да се изразувате).Која е поуката сега во 21 век,целиот свет да се смее на Македонски национализам,употребен преку АНТИКВИЗАЦИЈАТА
Не издржа "срцето блгарско", а толку многу се напрегаше да лаже и да се претставува во друго светло со месеци наназад.

Море и неколку профили смени овде, и се бунеше кога јасно го посочував како бугарско стипендистче, и сега оп заедно со овој малоумниов трол да почнат во тандем да редат фекалии на форумов.

На секоја можна тема, и на секоја можна инсинуација и глупост му е соодветно одговорено, ама задача си е задача, мора стипендистчето благонадежно да си го одработи помочаниот пасош па коленичи и лиже ли лиже овде...

За да ги растераме фекалиите во постчево треба да покажеме само една слика и првата реченица под неа, што не е напишана од никаква "Белградска школа".
Лапај потатарено стипендистче:

 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ченто не ги учи брат.
Они нас историја ќе ни продаваат а не си го знаат коренот на нивното име.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom