Орален секс за успешна бременост!
Баталете ја предрасудата дека оралниот секс е ефикасен начин за избегнување на зачнувањето. Науката го тврди токму спротивното! Имено, според резултатите од едно истражување во Австралија, оралниот секс е одличен метод за подобра бременост бидејќи семето содржи елементи кои му помагаат на имунолошкиот систем на жената да ја прифати спермата на партнерот. Истражувачите тврдат дека редовната изложеност на жената на спермата на својот парнер (и тоа посебно преку устата!), му помага на нејзиниот организам да навикне на спермата а тоа е од особено вжност за текот на бременоста бидејќи најчестите проблеми се појавуваат поради борбата на имунолошкиот систем и фетусот кој некогаш може да биде детектиран како 'туѓо тело.' Професорот Густав Декер од Универзитетот во Аделаид тоа го објаснува вака: "Ако постои редовна изложеност на ист сигнал, при евентуалната бременост, ќелиите на жената ќе речат - 'Добро, го познаваме дечкото, се мота тука подолго време, дозволуваме бременоста да продолжи'". Според професорот, најдобри заштитни ефекти се постигнуваат ако спермата се голта.
Кој не верува, нека провери на
www.newscientist.com или на ABCnews. За останатите:
а) ако си девојка, тогаш те советуваме да ги послушаш скриените мајчински инстинкти кои ти велат дека треба да сториш се за доброто на твоето идно дете.
б) ако си машко, принтај ја веста и чувај ја секогаш при рака!
Задолжително земајте витамини во бременоста
Витамините во текот на бременоста и доењето се важни како за мајката така и за растот и развојот на плодот и за растот и развојот на новороденото.
Витамин А е липосолубилен (растворлив во маснотии). Главна функција му е за видот на човекот. Недостигот од него се изразува на ретината, но и на гликопротеинската синтеза и е промотер на растот и диференцијацијата на различните ткива. Се наоѓа во зелено и жолто обоено овошје и зеленчук. Дневна доза е 800 микрограми и е истата и во текот на бременоста. За време на лактација, дневната доза е 1.300 микрограми. Рутинска дополнителна дохрана не се препорачува. Алфа-каротен (прекурсор на витаминот А) не е тератоген.
Витаминот Б1 (тиамин) е хидродолубилен (водорастворлив) и е потребен за ослободување на енергија од клетките. Извори се млеко и сиров мешункаст зеленчук. Дневната доза е 1,1 мг, за време на лактација и бременост потребите се 1,5мг дневно. Со балансирана исхрана нема потреба од дополнително внесување.
Витаминот Б2 (рибофлавин) е водорастворлив, а е потребен за ослободување на енергија од клетките. Извори се зелени зеленчуци, млеко, јајца, риба и сирење. Дневната доза е 1,3 мг, а во тек на бременост се зголемува на 1,6 мг за најмногу да е во период на лактација - 1,8 мг. Со балансирана исхрана, во бременост и лактација дополнително внесување не е потребно.
Витаминот Б6 (пиродоксин) е водололубилен витамин и е потребен за метаболизмот на протеини, јагленохидрати и липиди (масти). Извор е зеленчукот, а дневната доза е 1,5 мг. Во тек на бременост и лактација потребите се зголемуваат на 2,2 мг, а во време на лактација 2,6 мг.
Витаминот Ц (аскорбинска киселина) е водорастворлив. Ги редуцира слободните радикали и помага во создавање на проколагенска синтеза. Извор се овошје и зеленчук, дневната доза е 60 мг, во бременост 90 мг и во лактација 95 мг.
Витаминот Е е маснорастворлив, потребен како антиоксиданс. Извор се анимални протеини и масти. Дефицитот предизвикува хемолитична анемија и кај новороденото. Дневна доза е 8 мг, во бременост 10 мг и во лактација 12 мг.
Витаминот К е растворлив во масти, потребен е за синтеза на факторите за коагулација VII, IX и X. Извор се зелени лисести зеленчуци, домати и јајца. Во текот на бременост транспортот на витаминот К од мајката кон плодот е ограничен. Дневната доза е 60 мг, а во тек на бременост и лактација 65 мг.
Фолната киселина, хидросолубилен витамин од групата на Б-комплекс, е важен е за ДНК-синтезата и репликацијата на ДНК. Извор се лисести зеленчуци, свежи или суви, грашок и грав. Дефицит кај бремената доведува до мегалобластна анемија и дефект на феталната неврална цевка. Дневна доза 0,2 мг, за време на бременост 0,4 мг и лактација 0,2 мг.
Ниацинот, хидросолубилен витамин, влегува во метаболизмот на енергијата во клетките. Извор се живина, риба и јаткасти плодови. Дневната доза е 15 мг, во бременост 17 мг и за време на лактација е 20 мг.