Македонеро
Домаќин
- Член од
- 15 декември 2008
- Мислења
- 3.451
- Поени од реакции
- 1.791
Бојда: Има Македонци муслимани, а не Торбеши
Македонците муслимани се под постојан притисок и обид за денационализација на Македонците муслимани во етнички Бугари, Албанци, Турци и Бошњаци само не Македонци –реагираше Исмаил Бојда по формирањето на таканаречениот торбешки форум и барањето за промена на преамбулата на уставот муслиманското население со мајчин македонски јазик да влезе како посебна етничка група торбеши.
- Жалиме што пратеникот Фијат Цановски заборави дека пред да влезе во Собранието се декларираше за Македонец, а со верификацијата на мандатот заборави тоа што е, рече Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.
На организираната трибина професорите по етнологија, антропологија и историја го објаснија потеклото на Македонците муслимани и политиката што се спроведувала за ставање на оваа група луѓе заедно со Турците или Албанците во Македонија.
- Истражувачот испрашува брачен пар, жената вели дека е Турчинка, а мажот Албанец, но и двајцата освен Македонски јазик друг не зборуваат. Значи самата исламизација и влијанието направило да припаѓаат кон народот кој има муслиманска вероисповед, вели Проф. др. Мирјана Мирчевска, раководител на Институтот за етнологија и антропологија.
Бојда апелира до државните институции да не заборават дека освен Македонци православни и католици има и Македонци со муслиманска вероисповед.