Борис Сарафов - национално свесен Македонец, но каков е неговиот удел во револуционерното дело?

Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
Ајде малку и еден друг аспект кој не го опфатив.

Мисирков во времето на писаниево е долго години отсутен од Македонија и тешко дека ги познава состојбите во истата. Подоцна тој лично ќе го отфрли ова гледиште. А ако знаеме за парадите на Cарафов и обичајот да се кити со туѓи пера овој напис на Мисирков воопшто не е чуден.

А доколку се сеќаваш кој му беше компањон на Сарафов кога беше убиен? Основачот на бугарските револуционерни братства Иван Гарванов.

Сарафов е една од најштетните фигури во МРО и вистинскит предизвикувач на раздор во организацијата која подоцна ја предизвика и нејзината т.н. поделба на две крила.

Поради сето тоа барем јас сметам дека му се дава премногу публицитет кој не го заслужува по ниеден основ. Исто би било Петре Лигушев или Коте од Руља да го прогласиме за херој и заслужен Mакедонец.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Оваа изјава е дефинитивно изречена од страна на Сарафов, во тоа не треба никој да има сомнеж



... Подоцна тој лично ќе го отфрли ова гледиште. А ако знаеме за парадите на Cарафов и обичајот да се кити со туѓи пера овој напис на Мисирков воопшто не е чуден.
...
Ова не ти го разбирам, на самиот Мисирков или на Сарафов мислиш?

Инаку да, апсолутно знам кој и каков бил Иван Гарванов.

Поради сето тоа барем јас сметам дека му се дава премногу публицитет кој не го заслужува по ниеден основ. Исто би било Петре Лигушев или Коте од Руља да го прогласиме за херој и заслужен Mакедонец.
"Публицитетот" му е даден уште во времето додека бил жив, и тој се должи делумно на неговата лична амбиција да биде главен во МРО, ама повеќе на перфидните игри на Софија и полуписмените препишувачки новински агенции по светот, коишто заради неговото предходно претседателство со врховниот комитет го правеа тоа што тој ни од далеку не беше на терен.
По странските весници дури и за Илинденското востание ќе најдеш цели статии од божемни дописници коишто тврдат дека е тоа дигнато и водено од Цончев и врховистите.

И дај да не претеруваме, споредбата со Петре Лигушев и Коте од Руља е непримерна.
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
За амбицијата апсолутно се согласувам. Но треба ли да потсетам дека Сарафов извесно време беше на чело на Врховниот Комитет? Иако изгледа дека Цончев и Сарафов не се во пријателски односи, од друга страна настаните го кажуваат спротивното.


'Во есента 1902 година се случуваат преговори меѓу МРО и ВМК на барање на другарот на Сарафов (Гарванов) преку Татарчев и Матов за идна соработка и закопување на секирите т.е. при организација на востание во наредната година.

Иако ова востание никој од внатрешните дејци не го поддржал Гарванов си одржува еден нелегитимен конгрес во Солун (I.I.1903 година) на кој добива дозвола за кревање на востание. Иако сите региони освен Костур(кој најмногу настрадал од врховистичката провокација на полковникот Јанков во септември 1902 година) се против ваквото востание, Сарафов при доаѓањето во Македонија во сите места каде што поминал агитирал за востание.

Претходно во Солун ги финансира гемиџиите и ги побрзува во нивните акции, иако Гоце Делчев бара од нив да ги синхронизираат своите акции со идните акции на МРО(заборавив да спомнам претрходно дека никој не ја поддржал идејата за отворено востание со официјална објава, туку ситебиле за засилена активност на четите и зголемување на терористичките и диверзантски акции).

Иако веќе споменатиот концепт за востание во Смилево сепак ќе има отворена објава на востанието и запоседнување на места во кои турската војска подоцна жестоко ќе се пресмета.

За изјавата на Сарафов: Точно тој имаше обичај да дава такви изјави, да парадира по светот и да се фали со туѓите достигнувања. Во претсмртното писмо на Христо Узунов, Узунов бара казнување на Сарафов и неговите следбеници кои довеле до предавства и раздор во организацијата (алудирајќи на Лигушев, кој во тој момент е секретар на МРО за битолскиот реон).

Низ документацијата и низ спомените на голем број македонски револуционери од овој период отворено е кажано дека Лигушев е човек на Сарафов(а сигурен сум дека знаеш кој се настрада од истиот Лигушев).

За споредбата со Коте Христов од Руља не беше ли тој истиот Борис Сарафов кој преговараше со Српската влада за испраќање на српски чети во внатрешноста на Македонија? Нели беше тој Борис Сарафов кој ги снабди Глигур Соколовиќ и неговите четници со акредитивни писма за префрлање во Порече и Азот? Или имаше друг Борис Сарафов?

Човекот не заслужува никакво внимание ниту пак некој да го рехабилитира. Тоа е мојот став (а верувајте за ова прашање многу сум читал па малку и пишувам), а од друга страна не би ги коментирал "сезнајковците" од типот на Александар Донски и партиските историчари кои и од најголемите македонски душмани и крвници сакаат да направат херои и патриоти(независно дали се од десна или лева провиниенција, пробугарски или просрпски).

Поздрав и секое добро
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.426
Поени од реакции
572
Ти праша кога за напишани и ти одговорив. Напишани се во 1905 година.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.426
Поени од реакции
572
?
Од каде ти е таа информација дека се напишани 1905 година? Од бугарската вики ли?
Пишува го во спомените. Дури не си направил труд да ги прочиташ.
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
20
Поени од реакции
1
Предговор
Помина година и половина од прогласувањето на Илинденското востание, во кое Борис Сарафов зеде активно учество....
....
Љ. М.
--- надополнето: 12 јули 2013 во 18:20 ---
...И така на 23 јануари 1905 година дома кај мене започнаа нашите средби, што се повторија неколкупати, како што покажуваат датите на тие средби во понатаму објавените спомени. Сарафов ја сфати намената на моите записи, и ми даде збор дека ќе биде искрен и објективен, и со готовност ми раскажа за сe позначајно од неговата бурна дејност, сосем соодветна на
 
E

emission

Гостин
Во ред така пишува во предговорот.


Меѓутоа во истиот предговор пишува и за убиството на Сарафов кое е 2 години подоцна 1907 година.

Како и да е, Милетич има пишувано „спомени“ често и после смртта на македонски дејци и повеќе од сигурно е дека си додавал Бугари од него, бидејќи има лични изјави и интервјуа од истите дејци во кои самите се делат од Бугарите и се изјаснуваат Македонци, како што може да се види и на оваа тема.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.426
Поени од реакции
572
Повеке од сигурно? Докази?

Предговорот е напишан во 1927 година, тој е на Лјубомир Милетиќ (така е и потпишан). Собирал е спомените на дејци за да ги издаде по нивната смрт. Поради оваа причина постојат многу инкриминирачки во злосторства спомени, но луѓето биле сигурни дека ќе се издадат по нивната смрт и нема да бидат судени. За тоа овие спомени се толку вредни. Книгата е издадена од Македонскиот научен институт, меѓу кои создадели и членови е родниот брат на Борис - Крсте Сарафов (1976 - 1951). Мислиш ли дека родниот му брат (само 4 години помал) не знае каков бил Борис по народност? Мислиш дека не ја прочитал книгата издадена од Институтот, на кој бил член и создател? Ами другите браќа на Сарафов - поголемиот брат, полковникот Ангел Сарафов (1867-1932) не ги прочитале овие спомени? Ако не биле согласни дека го "направил" Бугарин зошто не се противипоставили?
 
E

emission

Гостин
1. Повеќе од сигурно ти е тоа што има изјави забележани од Македонци и странци во кои јасно се сепарира од Бугарите и кажува дека Македонците не се ни Бугари ни Срби ни Грци туку Македонци а не некакви редактирани спомени години и години после смртта на некој човек објавени во Софија.

2. Толку ли немаат капацитет од 7 милиони народ да изберат некој нормален и барем просечно интелигентен татар што би си го заработувал лебот со ширење лаги на македонските форуми? На едни теми да пишуваат дека не е важно роднините што кажале за националноста а на други теми да кажуваат дека е важно истото. Еве што пишува цитираниот член на една тема:
Што вели изкуфелата му ќерка е без значење.
Почитувај самоидентификациjа на човекот :) Нели сепак за тоа се борат денешните Македонци?
а што на оваа
Мислиш ли дека родниот му брат (само 4 години помал) не знае каков бил Борис по народност? Мислиш дека не ја прочитал книгата издадена од Институтот, на кој бил член и создател? Ами другите браќа на Сарафов - поголемиот брат ......
Излишно е да се дебатира со луѓе што не знаат што всушност бранат и што сакаат да докажат.
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom