Не ме сфаќај погрешно, ама мене ми е проблемот тоа што и самата федерација до сега ми делувала глуво за се останато освен за бодибилдингот како спорт во теретана , и од единствена причина што им е лукративно. Не се осеќам како да направила ништо битно во врска со физичката култура кај нас.
Така ми делува и формирањето на федерацијата за олимписко кревање, која искрено мислам дека го уби спортот уште пред да почне да го развива поради давањето на лиценци на сосема грешни луѓе. Но тоа е само мое мислење, не мора да сум у право. Дај боже да не сум.
Не сум објективен на темава, јасно ми е, ама мене физичкото здравје ми е професија ,а со тоа и приоритет. Поради тоа што во мојата пракса гледам луѓе со повреди од теретана, тренирани од страна на луѓе кои завршиле факултет за физичка култура, па и до сега неколку пати тренирани од страна на луѓе кои освојувале и титули кај нас, имам страв дека истото би се случувало и од страна на полуспремни кадри.
Сфаќам дека е основата, ама затоа и треба на лиценцата да седи „основен степен“ или некаков друг показател за регуларните граѓани да знаат за што ги даваат парите, односно за што вреди самиот курс.
Кога веќе не сме Америка, па да се тужиме при повредување, бар да сме фер и да знаеме на што сме од старт. Почитувам тоа што се обидувате да ја средите ситуацијата со тренерите кај нас, и признавам дека реален одговор на проблематиката како да се реши или почне да се решава - немам да понудам.
Меѓутоа сметам дека многу внимателно треба да се пристапи кон истото. И колку и да не се сложувам и ми делува непотребно „да се вработени како тренери бар 6 месеци“ , јасно ми е зашто го правите. Немаме капацитет за истовремена обука на илјадници луѓе колку што верувам би биле заинтересирани да земат лиценца кај нас од еднаш.
Во моментов, физичката култура и физичкото образование ни е на толку незавидно ниво што требаат генерации да пројдат пред да може било каква реална разлика во вакви спортови да се почувствува. Ама некако се осеќам како уште да не сме почнале .
- Одам по ред. Она за кое е формирана федерацијата е промовирање на бодибилдингот како спорт, организирање на систем на натпревари, натпревари и преставување на државата надвор од нејзините граници. Основа се клубовите и нејзините тимови на натпреварувачи. И од основата секогаш се гледа, не од врвот. За жал, кај нас секојпат се бара грешката од горе.
- Незнам какви лиценци давала и кому федерацијата за кревање на тегови. Не сум запознаен за делење лиценци.
- Да. На документот, сертификатот кој ќе се добие со завршување на било кој степен. ќе стои степен и звање. Тоа е очигледно и основно.
- За тужење, немора да сме во Америка, може и овде да се покрене процес, ако некој плаќа, тогаш треба да знае што плаќа. Зашто луѓето кај нас не покренуваат процеси, тоа е генетски проблем.
- Она кое МОРАМЕ да го завршиме како процес на самиот почеток е да ги регулираме статусите и состојбите на клубовите кои се членови на федерацијата. Во интерес на самата федерација е сите тие курсеви да се од отворен тип, како би се дошло и до корист од нивното постоење, финансиски. Штом тоа се затвори како тема, а е веќе при крај на реализација, курсевите ќе се од отворен и општ карактер. Само, се разбира дека сепак ќе има услови, кај одредени степени.
- Физичка култура, физичко образование не сме успеале да наметнеме, популаризираме 100 години наназад. Затоа спортот во МК е на тоа ниво на кое се наоѓа. За жал. Физичката култура е за опша популација и рекреативци. Врвниот спорт е научен пристап за спортски научници, работници и стручњаци. Се се успева на периоди, некако на сила. Ама за тоа основата е проблем, после нејзината наградба. А тоа е културата и почитта.
Ама, да бидеме оптимисти. Ќе не биде.