Богомилите? Богомилија?

Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Малко за богомилите ;-)

Знаете ли коj е този?



Св. Гавриил Лесновски - известен в Богомилската историjа като Гомелил Кратовски. Роден в село Осиче, Паланешко - Македониjа ;-)

Сега тази тема е популарна в Бугариjа. Ходеха нашенци да изследват што са правили катарите вав Франциjа и вр`зката на катарите с богомилите.

В Македониjа популарна ли е тази тема?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Кој би рекол дека малите народи коишто последни се ослободуваат од туторството и од подреденоста на поголемите народи имаат некакви привилегии?

Во случајот со Македонија состојбата е сосема јасна. Соседите многу пред нас го имаа "фатено возот" и успеаја да создадат држави со апаратура и со институции, со свои истории како средства за доминација над другиот, помалиот, необичниот.

Навистина, ако историските дискурси на нашите соседни држави успеат да се согласат околу една историска вистина во врска со Македонија и Македонците, без притоа, што се вели, меѓусебно да се исколат, верувам дека ние ќе ја прифатиме истата и ќе ставиме крај на веќе здодевната и бесмислена игра со нашиот идентитет. Во еден повеќевековен процес, нам меѓу последните ни се падна во задача да создаваме држава и историја.

Но, според Блаже Ристовски, тоа и не е толку лошо, па дури е и одлично. По сиот хаос на балканските препукувања, ние ја имаме привилегијата да создадеме објективна историја, со што помалку идеологизирање. Bо таа насока, може да се говори и за привилегирана ситуација во однос на истражувањето на сите феномени на тлото на Македонија кои се од духовна природа - философии, движења, учења - но и во однос на расветлувањето на природата на врската на Македонецот со овие феномени.
Сепак, артефактите на духот создавани во минатото, погледнати низ оптикумот на една музејска естетика, и не се нешто битно, затоа што немаат никакво дејствено значење за човекот кој живее сега и овде.

Значи, само онаа традиција којашто има вредност, живот и доволно универзалност за да биде модерна и денес, може генетички да ја врзуваме со нас. Сј друго е само предмет на специјализираните науки за минатото. Но, тоа не значи дека ако нешто се случило во минатото и ако било во врска со народот, дека тоа мора да биде традиција којашто - сама по себе - ќе има вредност и за нас сега.

Тргнувајќи од самата местоположба на Македонија, јасен е фактот дека на нејзиното тло се одигрувале многу општествени превирања и потреси, промени на етникуми и мешање на култури, што резултирало со усвитена духовна атмосфера во којашто се раѓале мноштво идеи, философии и религиски толкувања на животот и на смислата на човековото постоење. Во историската наука, дури и на светско ниво, во последните децении од минатиот век се зголемува интересот за т.н. еретички религиски движења. Нивната литература и другиот вид културни артефакти веднаш го привлекоа вниманието на книжевната историја, но и на етнологијата, антропологијата и археологијата.

Во таа смисла, Македонија станува доста интересна поради постоењето, во текот на историјата, на еден оригинален општествен и културен феномен на нејзино тло - богомилството. Прифатен е ставот дека еден од центрите на ова еретичко движење - патем речено, ерес е она учење што отстапува од официјалните догми и откриени вистини на црквата, не со моќите на разумот, туку преку Божјо откровение во рамките на соборноста - била Македонија. Оттука богомилството се ширело на Запад, преку Босна и Сицилија.

Во Македонија интересот за богомилите бил присутен во зависност од индивидуалните афинитети, но и од идеологијата. На пример, во 1970 година Драган Ташковски ја издава книгата Богомилското движење со класична антицрковна заднина, каде што богомилското движење е прикажано како политичко движење за ослободување на македонските Словени од јаремот на црковната Византија, а попот Богомил е небаре Гоце Делчев во 10 век. Таквото "читање" на движењето, се разбира, е многу дискутабилно, бидејќи прашање е колку во тоа време може да се говори за некаква национална свест.

Но, минатата, 2003 година, во печат се појавија две сериозни студии што го третираат богомилството. Тоа се книгата Богомилското движење во Македонија од авторите Вера Стојчевска-Антиќ и Драгољуб Драгојловиќ, којашто претставува реиздание на истражувањето објавено во 1978 година, во рамки на МАНУ, и делото Дуалистички слики на Никос Чаусидис, коешто го испитува богомилството во медиумот на сликата. Покрај тоа, во припрема за печат е и докторската дисертација Богомилството и неговиот одраз во духовната култура на Македонија на Маја Ангеловска-Панова. Овие три студии - заедно со некои поранешни студии на Драгојловиќ - би требало да го синтетизираат знаењето на богомилството и да дадат релевантна слика за неговата природа, но и за односот и врската на македонскиот народ кон и со него.

Чаусидис смета дека, за разлика од порано, сега има поголем квантум на интересенти. "Во тоа време постоеја само чисто научнички иницијативи да се проучува богомилството и тоа не излегуваше надвор од рамките на науката. Но, самиот факт што денес се продаваат книги и реизданија за богомилите, покажува дека општата културна јавност е позаинтересирана за проблемот", вели тој.

Богомилството се јавило во 9-10 век во тогашното царство Бугарија во чиишто граници била и Македонија, и се смета дека траело до 16 век. Словените како пагани давале отпор кон покрстувањето, но и кон црковната хиерархија, којашто главно се состоела од Грци. Можеби и поради тоа богомилската ерес им била средство за дефинирање на идентитетот наспроти другиот.

За творец на богомилството се смета поп Богомил од Македонија, но многумина сметаат дека попот Богомил не е историска личност, туку дека е лик од легендите. Ангеловска - Панова е сигурна во постоењето на попот Богомил од Македонија којшто бил свештеник во официјалната црква. Припаѓал на нижото духовенство (народот би рекол "селски поп"), но сепак бил многу образован и се залагал за реформи и искоренување на феудализмот и експлоатацијата на народот.

Никос Чаусидис укажува на фактот дека името Богомил може да има и древно-пагано-словенска традиција. Во 9 век во Новгород, Русија, е забележан пагански жрец кој давал отпор кон покрстувањето на Словените, а се нарекувал Богомил. Ова укажува дека зборот богомил има словенска традиција, и не значи мил на Бога (богумили) туку богомолец, врач, оној којшто е задолжен да се моли на Бога.

Главниот постулат на богомилството е дека постојат две космички начела: Бог, како апсолутно добро, и ѓавол, како апсолутно зло, па затоа ваквото верување се нарекува дуалистичка ерес. Целиот видлив свет е творба на ѓаволот, вклучително и човекот, како тело коешто поседува душа којашто, пак, има божествена природа. На овој начин е воспоставена дихотомија, поделба во светот и во човекот којашто не може да се надмине (современата наука ја покажа неодрживоста на поделбата на човекот на две супстанци - тело и душа).

Богомилите не ги почитувале верските храмови, бидејќи ги сметале за човечка креација, односно, во подлабока смисла, за ѓаволско дело, бидејќи ѓаволот бил господар на светот. Сј што е од светот за богомилите имало негативна конотација. Не верувале ниту во бракот и пропагирале живот без сексуални односи (некои богомилски групи оделе голи и практикувале оргијазам, што може да се толкува и како недоследност, но и како еден вид анархистички антидогматизам.

Чаусидис во врска со ова тврди дека таквите постапки ги оправдувале во тежнеењето да се поистоветат со предгрешниот Адам).
Тие ги отфрлале сите свети тајни на црквата, ги палеле иконите, а го почитувале само Новиот завет, којшто го толкувале онака како што сакале, во духот на индивидуалното толкување што подоцна ќе стане основен принцип на протестантите.

Богомилите имале свои космогониски митови со кои го објаснувале настанокот на светот и го гледале во светлината на дуализмот на двете космички сили што се борат за превласт. Поставката за две антагонистички космички сили коишто го устројуваат светот е преземена од манихејците.

Бидејќи пишаните книги на богомилите, како и апокрифите на другите дуалистички учења, се изгубени и запалени од страна на институциите на црквата, секогаш изворите за учењето на богомилите се делата на нивните опоненти.
Драгојловиќ и Антиќ сметаат дека богомилите се одликувале со борбен дух, кој се гледал во нивната кампања против тогашните цареви и богати феудалци кои го угнетувале сиромашното население, што може да се земе како доказ дека богомилството имало нагласена социјална димензија.

Замислете ја ситуацијата на Словените пагани кај кои владеела нагласена родовска демократија, доколку при покрстувањето им се натурал феудализам. Нормално е да се претпостави дека тие и без многу да навлезат во учењето на православната црква, имале одбивност кон неа, пред сј кон надворешната форма на институционализирање на слободата.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Филмот Јад на Кирил Ценевски се обидува да го реконструира токму овој сегмент од животот на паганските Словени.

Познато е дека цар Самуил имал ерменско потекло, а бил наклонет кон богомилите. Неговата ќерка Косара, по сј изгледа, според убедувањето била богомилка. Затоа не е чудна свирепата одмазда на Византијците. Тие ги ослепиле Самуиловите војници со алузија на нивната наклонетост кон богомилската ерес.

Испитувајќи ја паганската религија на Словените, Чаусидис поставува хипотеза дека старите Словени уште во старата татковина дошле во допир со иранското манихејство и дуализам, така што е многу веројатно дека кога дошле на Балканот тие, според своето убедување, веќе биле дуалисти.

Во допир со сите други дуалистички учења на манихејците, масалијаните, павликијаните коишто бегале од прогоните на Црквата и се населувале на Балканот, во еклектички занес се родило богомилството. На поставеното прашање дали богомилството е автентичен македонски феномен роден на тлото на Македонија, професор Чаусидис експлицитно одговори: Не. "Според сега познатите научните факти на богомилството не може да му се залепи епитетот македонско, тоа не е еминентно македонски феномен. Изворите говорат дека има јасни аргументи дека големите јадра на ова учење се наоѓаат во Мала Азија, Бугарија, Босна. Така што мораме да се заштитиме од патриотистичкиот елемент кој не ни служи воопшто", вели Чаусидис.

Наспроти Чаусидис, Ангеловска - Панова смета дека богомилството е автентично движење на македонските словени, "еден вид народна религија за искажување на идентитетот. Сите влијанија од другите еретички учења заедно со влијанија од Античката философија богомилите ги синтетизирале во една целина заедно со паганските елементи на словените. Таа целина претставувала оригинална религиско-идеолошка програма."

И во поглед на самата природа на учењето и од аспект на неговите философски и етички импликации, сепак богомилството не било оригинално учење. Еклектицизмот не може во принцип да содржи оригиналност во себе. Затоа богомилството и често се мешало со другите еретички учења во тогашна Византија, како манихејството, масалијанството и павликијанството, кои со својот дуалистички концепт за космосот влијаеле и врз богомилите. Фактот дека недостигаат оригиналните извори на дуалистите, говори за проблемите со коишто се соочуваат научниците, бидејќи мора да реконструираат врз основа на податоци коишто не се изворно богомилски.

Проблемот на богомилството е ставен во една незгодна ситуација бидејќи се смета за опонент на ортодоксното христијанство, смета Чаусидис. "Живееме во култура на православието, па е нормално да биде присутна и одредена самоцензура кај оние кои го истражуваат и проучуваат богомилството." Чаусидис пишува: "Во Македонија и во регионите околу неа, дуалистичките религии се провлекувале низ маргините на пишаните историски извори. Затоа во нив има премалку и особено премалку точни и релевантни податоци, врз основа на кои денес би можела да се напише нивната историја. Оскудноста и двосмисленоста на овие факти им оставала преголем простор на предубедувањата на истражувачите и на научните школи на кои тие им припаѓале. Овие предубедувања, често базирани врз пристрасноста кон некој етнички, културен ентитет, религиски или научен концепт, непотребно го стеснувале погледот и пристапот на истражувачите, насочувајќи ја нивната методологија во одредена, најчесто однапред поставена теза и цел" (курзив - Р.С.).

Искажувањето на авторот е сосема точно, бидејќи е навистина отворено прашањето дали воопшто може да постои научна методологија што нема да има однапред поставена теза и цел или што нема да биде во врска со субјективната перцепција и ограниченост на истражувачот? Дали навистина овој народ бил толку силно поврзан со дуалистичките ереси или, пак, тие се појавувале на овие простори како што се појавувало сј друго? Дали тоа било поприродна и поприфатлива религија отколку православното христијанство?

Како, тогаш, ова второто сепак останало во непосредна врска со душевноста и практиката на овој народ, а првото исчезнало? Ангеловска - Панова мисли дека Македонците-муслимани се, всушност, богомилите коишто со доаѓањето на Турците на Балканот примиле ислам поради неговата едноставност и непочитување на икони наспроти сложеноста и раскошот на православната црква.

Пред оваа хипотеза се исправа еден проблем како дуалистички настроените богомили прифатиле една монотеистичка и монистичка религија? Црквата ги гонела и ги изгонила еретиците, но сепак народот останал овде, а бил еретички настроен?

Самиот народ вели: "Секој човек, башка будала". Научната генерализација за тоа дека "Македонија е лулка на богомилството" е тенденциозност. Во Дуалистички слики има егзактно проследување на постоењето на дуалистички артефакти на тлото на Македонија. Но, се чини дека треба да се остави времето и следните генерации истражувачи да покажат дали се премногу смели толкувања на Чаусидис на феноменот на Богородица со Христос од црквата Св. Софија.

Имено, некои украсни детали на иконостасите и царските двери во црквите, Чаусидис ги толкува во богомилска насока, но исто така тие можат да се толкуваат и од апсолутно ортодоксна христијанска перспектива. Користењето на две зооморфни фигури една наспроти друга може да се гледа и како чист уметнички акт на украсување, воден од принципот на естетското доживување на симетријата, но и во согласност со концепцијата на Црквата за природата како творба Божја која е дел од рајот. Или, пак, симбол на борбата на доброто и на злото, но не нужно на космичко ниво.

Фолклорот може да се гледа како голем хард-диск што меморира сј. Ако народот органски се врзе за нешто, тогаш тоа засекогаш останува дел од него. Во студијата на Драгојловиќ и Антиќ поглавјето за дуалистичките елементи во македонскиот фолклор би требало да ја лоцира врската со богомилството. Но, се чини дека научниците забораваат дека во фолклорот имаме работа со уметнички видови и дека таму повеќе важат законите на уметноста.

Постојат приказни за Бог и за ѓаволот како другари, па и браќа, коишто говорат за врските со дуалистичките учења.
Народот раскажувал и создавал фабули од чисто уметничка побуда, а не за да задоволи една, а да негира друга идеологија.
Естетски се дразнел со интересното, фантастичното, надреалното, та не е ни чудо што користел сј што ќе му дошло при рака.
Бог и ѓаволот се субјекти на фабулата и се во служба на истата.

Приказната за средбата на Адам со ѓаволот, кој му вели дека тој ја повела земјата и бара од Адам да му ја продаде душата, не мора да се толкува само богомилски, туку може и фаустовски. Врската на народот со природата и со "природното", сфатено како здравје и виталност, говори за тоа зошто богомилството не опстанало на овие простори. Ако ја проследите културата на селанецот ќе видите еден естетски однос кон природата и кон материјата, кој по егзалтација е пагански, но е далеку од богомилски. За народот убавината на природата, телесната љубов меѓу мажот и жената и раѓањето на човечки личности е "божева хубавина". Значи, творец на светот и на човекот е сепак Бог, а не ѓаволот. Дуализмот се чини природен за умот на човекот. Немоќта да се објасни злото и страдањето го гонело човекот да претпостави и космички принцип на злото од којшто тоа произлегува.

Во игра е и т.н. систем на бинарни опозиции: добро-зло, душа-тело, дух-материја, разум-емоција, маж-жена, каде што секогаш вториот член е подреден и со негативна конотација. Овој систем на мислење е радикално критикуван од најновите философско-политички погледи (постмодернизам), како анахрона основа за отуѓување и за потчинување на жените, послабите и на природата.

Секој феномен е комплексен и бара интердисциплинарна анализа. Останува во времето што доаѓа темелно да се расветлат сите недоумици околу богомилството во Македонија. Отвореноста на Македонија како крстопат може навистина да се толкува како привилегија, затоа што човекот овде научил да биде толерантно и плуралистички настроено суштество. Да не прифаќа сј толку лесно, но и да дозволи да постои другиот и другото. Понекогаш се чини дека најнепостојаното битие коешто никако не може да се дофати е токму народот. Народот кој родил гении со широка душа за да му создадат "универзитет", како св. Климент и Наум Охридски, и во исто време група богомили кои со стапови сакаат да им ја искршат главата.



Ова најверојатно од блогот на анавено е :)
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
За творец на богомилството се смета поп Богомил од Македонија, но многумина сметаат дека попот Богомил не е историска личност, туку дека е лик од легендите.
Ангеловска - Панова е сигурна во постоењето на попот Богомил од Македонија којшто бил свештеник во официјалната црква.
Ммммм, мерси много :) Значи и при вас се говори. А за това има ли нешто повече да се прочете. При нас се знае само че е проповjадвал по времето на Петар І (927 -969 г. - синот на Симеон Велики)
 
A

anaveno

Гостин
Историчарот на уметност Донка Барџиева - Трајковска ја промовираше монографијата за познатата скопска црква "Свети Пантелејмон" во Нерези, прва книга од македонски автор, како антологиско дело на византиската уметност во Македонија...

Како што вели авторката на монографијата, изборот на светители се поврзува со богомилството како еретичко учење, бидејќи во тој период тоа е многу силно, не само во Македонија, туку е распространето низ цела Византија.

Цели два века, XI и XII, се вршени судења на еретичките учења на богомилите, на поединците кои го проповедале тоа.

"Бидејќи станува збор за црква - објаснува Барџиева - Трајковска - изградена на територија каде што е родено богомилството, каде што било најсилно, а ктиторот бил исклучително православен, значи богословски образован, сметам дека има основа да се поврзат програмата и одредени теми во Нерези, како антологија на официјалниот став на црквата во однос на еретичките учења, не само на богомилството туку и на сите други учења кои имале дуалистичка основа.

Да не се сфати погрешно. Ниту една црква не се гради за да може преку неа да се одговори на ерес.

Оттука ктиторот на црквата, Алексеј Комнен нарачал фрескопис како одговор на официјалната црква во Византија на еретичките движења во тоа време. Во борбата против богомилите, како израз на политиката на Византија, на зографите кои работеле во храмот им било побарано да направат посебна програма. Им кажале кои светци да ги насликаат и како да ги групираат, и кои сцени од Библијата да ги претстават".


Brainwashing и пропаганда имало отсекогаш.

.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
111
Поени од реакции
0
А ова дека богомилството опфака и други земи на Балканот е факт. Имам слушнато дека се до 19век во Босна на вопрос ваква национална свест имаат,обичните лјуде имали речено-"..мио смо богомилци...."
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Se nadevam deka ova nema da ja iskomplicira temava, megutoa spored mene slednoto e mnogu vazno. Ednas za sekogas mora da se prestane da se razmisluva za Slovenskite pagani. Kako pred Hirstijanstvoto da ne postoel svetot. Ama toa ti e propaganda.

http://cura.free.fr/xxx/29robts.html

The practice of astrology all but died out in Europe after the fall of Rome, succumbing to both the condemnation of the Church and the lack of the necessary mathematical skills. At least, that seems to be the general consensus.

Christianity absorbed the sacred time-keeping traditions of the pagans, co-opting and Christianising their neighbours' calendars, festivals, zodiacs, et al, amidst the simultaneous emergence of the Church in the image of Imperial Rome.
Many contemporary Christians would hotly dispute the idea that their religion has any connection with astrology at all, but that is an entirely modern delusion.

Thinking Christians found themselves in a bit of a dilemma. While wanting to differentiate themselves from the gullibility and excesses of their pagan neighbours, who were generally quite fond of horoscopes.

Early Christians did take astrology seriously. In part, because their cultures had longstanding astrological traditions, but also because the greatest minds among them were struggling to resolve fundamental theological issues, such as where Christianity fit within the cosmos, and vice versa, and how to differentiate from their pagan neighbours, while co-opting and appropriating the best of the pre-Christian world into their "new" world view.
The official condemnation and exclusion of astrologers began with the Romanisation of the Church. This period, dating from the reign of Constantine, gave rise to a new breed of Christian leader, less concerned with the love and forgiveness of the gentle Nazarene, and emulating instead the heathen Emperors of Imperial Rome.

......

Augustus began to publicize his own birth chart, and to stamp his coinage with the sign Capricorn. Augustus completely identified himself and his empire with the 10th sign, exalting it above the other eleven. After his triumph over Antony at Actium in 29 BC, Augustus minted dozens of coins and commissioned ubiquitous artworks that permanently enshrined his name with Capricorn in splendour among the traditional symbols of Rome. The irony is that Augustus was actually a Libra.

Capricorn was probably his moon sign, but it was also the birth sign of the Sun at the winter solstice. In crafting his Imperial image, Augustus carefully cultivated associations with the sun and Apollo.

With such encouragement in high places, astrology became very popular.

Augustus moved to cement his control over the power of astrology. In 11 AD, he issued the first decree proscribing its use, prohibiting any private consultations without witnesses, and any discussions regarding death, especially his own.

Was there any real difference between astrology under the heathen emperors, and astrology under the Christian emperors? Barton remarks on the "...continuities between pagan and Christian emperors as regards their attitudes to astrology. We hear of an attempted coup involving the astrologer Heliodorus under a Christian emperor in 371. Valens, following the example of Ptolemy Seleucus, seems to have made the offender his court astrologer.
Constantine was an astonishing syncretist, who united, within his reign, the monotheistic Sun God of both the official state cult and popular Mithraism, with the Judeo-Christian God, in, to quote David Ewing Duncan, "a move that would soon fuse the political and military might of a still-potent empire with what would become an even more potent state religion." [12] Forget St. Peter. This was the birth of the Roman Church.

Constantine made three major changes in the Julian calendar. He proclaimed Sunday a holy day, inserted the 7-day week of the planetary gods, and included official Christian holidays with both fixed, solar dates, like Christmas, and movable, lunar dates, like Easter.
In 321 AD, Constantine made the controversial choice of the Sun's day as the first in the week, and as an official day of worship and rest. Constantine ordered all citizens, except farmers, to abstain from work, ordered the courts closed for litigation, and told his armies to limit military exercises so the soldiers would be free to worship.

Now Christ's official birthday was fixed at the winter solstice, the birth of the Sun. Constantine's calendar encapsulates crucial concepts in the emerging Christian cosmology.

The proud, new Roman Church continued to condemn astrologers and astrology.

Vo vremeto na "Vizantija" se zgolemuva uste poveke pritisokot vrz paganastvoto. Mototo e PAX CHRISTIANA, site da stanat hristijani, t.e. poslusni gragani. I taka vo 6 vek pocnuvaat nemirite (oficijalnata nauka gi narekuva, preselbite na slovenite).



Freska od Lesnovskiot Manastir, Zodijackite znaci.
Najlevo SLCE-SOLNCE, potoa OVN-OVEN, BIK, RAK, podolu BLIZNC-BLIZNACI, LV-LAV, DEVICA

Sto majka bara horoskop vo ortodoksna crkva, taa go zabranuva istiot. Crkvata gi otfrla povekeboznite veruvanja, Zvezdite ne odlucuvale, tuku samo eden semoken bog vo liceto na ISUS.

Od denesna distanca, hristijanite gi otfrlaat vrskite so paganstvoto. Ortodoksnoto ucenje vesto gi sokriva vrskite so paganstvoto, datite se promeneti, no obicaite se istite. Palenjeto ogan na kolede se znae zosto e i kakov obicaj e. Potoa Vasilica, Veligden -jajca, kult kon plodnosta i mnogu drugi pretopeni vo likovite na svetcite.

Dokolku sega nekoj rece, oficijalna religija na Evropa e muslimanstvoto i se ukinuva hristijanstvoto, posle deset veka nekoj ke kaze. Dojdoa od Amerika hristijani i tesko go primaa islamot.:pos2:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
Ватикан наметнува своја политика во Македонија, Цариград својата, традиционалните Македонци не сакаат да го сменат ниту писмото ниту јазикот, даваат отпор и бараат двете страни да ги почитуваат.

Богомилите биле палени и јавно мачени за да се уплаши народот. Македонското писмо преживеало благодарејки на нивната истрајност, сите богомили биле писмени (мажите, жените и нормално децата ).

Затоа до ден денешен ние сме Македонци.

Тајната книга...
 

bluu

Доктор по општесвени науки
Член од
22 февруари 2007
Мислења
213
Поени од реакции
4
ako moze da sa dobijat nekoi podetalni informacii za bogomilite i bogomilijata...sto e toa,koj bile vodaci itn,i dali gradot Bogomila vo centralna Makedonija ima nesto vrska so bogomilite...


pozz:helou:
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Филмот Јад на Кирил Ценевски се обидува да го реконструира токму овој сегмент од животот на паганските Словени.

Познато е дека цар Самуил имал ерменско потекло, а бил наклонет кон богомилите. Неговата ќерка Косара, по сј изгледа, според убедувањето била богомилка.

Затоа не е чудна свирепата одмазда на Византијците.
Тие ги ослепиле Самуиловите војници со алузија на нивната наклонетост кон богомилската ерес.

Еј го имате гледано фимов. Јас се утепав од барање и одговор добив дека само во архива на МТВ го има. Имам една фотографија видено од филмот.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Богомилство - првата Ренесанса

Многумина од вас го гледале „Кодот на Да Винчи“, ја читале книгата на Ден Браун, прочитале некоја друга книга или гледале документарна емисија за катарите, темпларите, трубадурите и другите предвесници на европската Ренесанса. Но, колкумина од вас знаат дека идејата за хуманизам и културна преродба се родила токму тука, во Македонија?

Кон крајот на деветиот век, 600 години пред Да Винчи да ја наслика својата „Тајна вечера“, на ридестиот Балкан се појавува Богомилството, духовно и социјално движење на кое по своето влијание и значење во модерната европска историја му нема рамно. Многу од придобивките на слободните демократски и секуларни општества, кои денес ги сметаме за неприкосновени права и привилегии на секој човек, се резултат на повеќевековната борба што ја започнале токму богомилите.

Историјата на богомилите би можела да се раскажува на долго и на широко, но неколку значајни податоци би ви биле доволни да создадете претстава за што станува збор.

Богомилството се појавило во Македонија, на рабовите на тогашна Византија, во време на политички и религиозни превирања. На овие подрачја често се менувале државни и религиозни власти, па затоа тие претставувале идеална почва за раѓање и развивање на независни, слободоумни идеи. Од тука, со текот на годините, богомилството се раширило низ целиот Балкан (во средновековна Босна тоа било и државна религија), а оттаму во Северна Италија и во Јужна Франција.

Богомилите се познати во историјата под многу имиња. Во Србија се нарекувани бабуни, во Босна патарени, а во Северна Италија и во Јужна Франција - албигојци и катари. Доказ за тоа дека сите овие се само различни имиња на богомилството, претставува фактот дека на големиот „еретички“ собор во Сан Феликс де Караман претседавал драговитскиот богомил Никита и дека, според известувањата на Бонакурс од Милано, еретичките заедници на Запад биле организирани по углед на драговитската. Драговитија се нарекувала територијата околу и западно од Солун, што значи територијата на Јужна Македонија, која била населена од Драговитите, средновековно македонско племе. Драговитите, заедно со другите македонски племиња (Сагудати, Ринхини, Смолјани, Струмјани, Брсјаци, Велегизити, Војнити и др.), потпаѓаат под бугарска власт дури кога на чело на бугарското царство застанува Симеон (893-927). Се дотогаш, тие живееле во племенски сојуз со децентрализирано демократско општествено уредување. По нивното освојување, Симеон почнува да ги уништува родовско-племенските форми, а со тоа и демократскиот начин на живот. Бидејќи сето тоа се случувало непосредно пред и за време на појавата на богомилското движење, сосема е логично, богомилското социјално учење за еднаквоста на сите индивидуи да се набљудува, во извесна мера, како реакција на Симеоновите обиди за централизација и хиерархизација на општеството.

Влијанието на богомилското движење може да се забележи во македонската архитектура, литература и уметност. Примери има многу, а за илустрација може да ни послужи мијачката традиција. Според етнолошките истражувања, Мијаците се доселиле во реканскиот крај помеѓу 9 и 12 век, од областа околу Солун и се смета дека се дел од поголемата племенска групација на Драговитите. Бидејќи не се мешале со луѓе надвор од своето племе, како и заради непристапноста на краиштата во кои се населиле, традиционалната култура кај нив се одржала во чиста форма се до почетокот на 20 век. Тие го задржале родовско–племенското уредување; одлуките ги донесувал племенскиот совет, а последниот познат собир на племенските старешини бил одржан во 19 век.

Најголема потврда за длабоката врска помеѓу нив и драговитските богомили е традиционалното мијачко почитување на богомилските симболи и нивното сочувување, особено во нивната архитектура и уметност.

Мијачките градители го употребувале бигорот како градежен материјал, иако го немало во тој крај во големи количини, па тие го носеле со коњи од Кичевско и Охридско. Фактот што бигорот е порозен и не обезбедува долготрајност, за разлика од различните видови на седиментни карпи и гранити, кои ги има во изобилство во реканскиот крај, покажува дека тој е користен заради симболиката, а не од други причини. Инаку, како религиозна параферналија богомилите на себе носеле само бигорен камен што ја симболизирал чистината на срцето.

Секоја мијачка куќа имала параклис. Параклис е мала просторија која служи за лична молитва, без никакви знаци и обележја. Богомилите биле иконокласти, што значи дка не прифаќале никакви визуелни претстави на божественото.

Племенското знаме на мијаците е полумесечината со ѕвезда, уште еден богомилски симбол што недвосмислено ја потврдува моќта на традиционалната богомилска духовна култура, која останала недопрена од туѓи влијанија во овие тешко пристапни краишта.

Богомилството било првото масовно движење, кое директно се спротивставило на Црквата како врвен авторитет во духовниот живот. Всушност, богомилите воопшто немале официјална црква, ниту свештенство, па затоа излегувале од вообичаената шема на еретички учења. Прогонот на богомилите почнал уште на самиот почеток на нивното делување, од страна на византиските авторитети, а достигнал кулминација во Четвртата крстоносна војна, насочена против еретиците во Јужна Франција.

Според богомилите, хармоничен соживот и општа благосостојба може да се достигне во овоземскиот живот, во праведна општествена организација. Тие се залагале за активизам, а не ја признавале ниту тогашната световна власт, која според нив не се засновала на праведни принципи и не подразбирала еднаквост за сите. Бидејќи не признавале никаква предодредена хиерархија, би можело да се каже дека богомилите биле првите комунисти, односно, првите анархисти.

Богомилите учеле на толеранција, разбирање и еднаквост на сите луѓе. Најголемата доблест што човек може да ја поседува според богомилите била трпението. Тоа подразбира мирен дух, отпорност на искушенија и одмереност.

Во богомилските заедници мажите и жените имале еднакви права и статус. Жените можеле да ги извршуваат сите функции во општеството, вклучувајќи ја и свештеничката. Се разбира, бидејќи кај богомилите немало строго определена црковна хиерархија, под свештеник се подразбирало човек кој го шири знаењето со збор и во дело.

Богомилите учеле на ненасилство. За нив пролевањето крв било најголем грев. Тие не убивале ниту животни. Така, за време на крстоносниот поход против катарите и албигојците во Каркасон, Јужна Франција, католичката инквизиција го злоупотребила овој податок во својата кампања на гонење и убивање еретици. Имено, богомилите воопшто не го сметале формалното изјаснување на припадност за важно, па ги поттикнувале своите припадници да лажат за нивната вероисповед, ако нивниот живот или животот на некој друг зависи од тоа. Кога инквизицијата го освоила Каркасон, стотици од нив се изјасниле како католици. Но, како доказ за тоа инквизицијата побарала од секој поединечно да заколе куче. Згрозени од идејата да одземат туѓ живот, повеќето од нив одбрале доброволна смрт. Во истата војна против еретиците, кога заповедникот на освојувачите, Arnaud бил запрашан за тоа како да се разликуваат катарите од католиците, тој одговорил: „Caedite eos. Novit enim Dominus qui sunt eius.“ (Убијте ги сите, Бог ќе ги познае своите.)

Богомилите се нарекувале себе „христијани“ или едноставно „добри луѓе“. Тие учеле дека вистински христијанин се станува само во срцето, а не преку ритуали и формална припадност кон црквата.

Љубовта ја сметале за врвен принцип преку кој човек може да се продухови и да се оствари во потполност. Тие не го гледале телото како грешно, ниту пак физичката љубов и репродукцијата. За нив животот бил божји дар, кој треба со мудрост да се искористи. Богомилското влијание во европската хуманистичка преродба е несомнено. Тие први го воздигнале човекот до ниво на нешто свето врз кое треба да се сконцентрира сета духовна и креативна енергија. Ако се запрашате што се случило со богомилството по последните прогони, ќе наидете на мистериозност и недостаток на факти. Мое мислење е дека со хуманистичката преродба во Ренесансата и постојаниот напредок оттогаш наваму, богомилството успеало и со тоа престанала потребата од негово постоење.

Денеска, ние (за жал не и сите луѓе на земјата) живееме во општества кои со закони ги гарантираат нашите лични слободи, ја подразбираат еднаквоста на сите граѓани, постои световен суд, не е дозволена полна, расна или било каква друга дискриминација и уште ред други нешта. Фактот што едно такво движење се родило во Македонија и оттука го раширило добриот збор низ Европа треба да ни претставува гордост, но и потсетување за тоа колку овие придобивки се свети и колку треба со внимателност да ги чуваме и да ги негуваме.


Напишано од Драган Стојковски
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
17
Поени од реакции
0
Епа луѓе, ако ова не е доволно за богомилите, јас незнам што е.

Мислам, секако во контекст на скратена информација. Многу добро напишано. Поздрав голем до авторот.

Едно прашање до Драган: Каде можам да најдам повеќе информации за богомилите? Сум слушнал дека во Светиот грал, светата крв имало нешто за катарите-богомилите ама не знам ништо повеќе освен ова што го прочитав сега.

:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Оваа книга е напишана од Ана Комнена, Византиска царица и историчарка.

ٍٍВо неа има делови каде што се зборува за Богомилите, за Александар за Филип, за Македонци, за Македонија и слично:

http://www.fordham.edu/halsall/basis/AnnaComnena-Alexiad00.html
 

Kajgana Shop

На врв