Биоенергија, биоенергетичари (општо)

P

Princ

Гостин
Он топик, не ве бришам веќе.
Само морав да ве предупредам, да не испадне после едноумие (а кршиш правила на форум, упорно).
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Долга тема, конечно ја дочитав :). Тино нит го знам нит сакам да го знам, имам слушано за него од пријатели што го знаеле и не зборат баш најубо за таа негова работа, ама ај нема да судам за него. Од ова што ќе го пишам (кое мислам дека има допирни точки со темата) вие сами преценете си.

За тоа дали верувам
Имав близок роднина кој беше болен нешто повеќе од 10 години. За тие 10 години се лекуваше по препорака на лекар, ама паралелно на тоа имаше одено и на над 100 екстрасенси или бајачи. Не преувеличувам коа велам над 100. Тино не беше еден од нив, тогаш којзнае и дали ја имал "дарбата", па не можам да кажам за него, ама ниту еден од тие над 100 екстрасенси, бајачи, исцелители или како уште и да се викаат не го излечи мојот роднина нити пак придонесе за некакво видливо подобрување. Е сеа ако сите овие исцелители на коишто е одено се шарлатани, а Тино е некаков исклучок кој лекува тогаш ОК, ама не мислам дека е така.

За тоа колку наплаќа
Прочитав претходно дека мора да зема пари, па и на лекар се земало пари, тој живеел од тоа. Епа лекарот плаќа данок на државата, а сноси и одговорност ако нешто утне: парична казна, забрана за практикување, абе со еден збор може да го тужиш. Прашање до познавачите и бранителите на ликот и делото на Тино. Плаќа ли данок или све иде во негов џеб. Тино ако заебе кој ќе одговара после? Има ли законска можност да го тужиш. Шо ќе наведеш во тужбата ми фрли црна магија уште појќе се поболев. :tapp:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Не ми забегувајте во темава, со лични навреди :) кликнете си на аватар и шибајте по профили или ПП.
мал офтопик:
Јас не навредив никого. Тино можеби, ама пошо не е член на форумов, не се брои.
И не ми кани гости на профил, имам окце и не отварам :)
 
M

makedon^

Гостин
Моето прашање е:
Зошто Тино зема пари, т.е дали заради некој трошоци шо има или чисто за да заработи врз маката на безнадежните луѓе?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Моето прашање е:
Зошто Тино зема пари, т.е дали заради некој трошоци шо има или чисто за да заработи врз маката на безнадежните луѓе?
е ај па да не треба да заработи ... од шо ќе живее ...
тоа никој не го оспорува ...
само Тино има астрономски суми ... тоа е муабетот ... а зборува за хуманост, љубов, итн итн ... а наплаќа ко да си отишол во НАСА да се повозиш во некој ракетен симулатор :tapp: .. и сето тоа на грб на маката на народот ... јас тука не гледам ни љубов ни хуманост ..
 
M

makedon^

Гостин
е ај па да не треба да заработи ... од шо ќе живее ...
тоа никој не го оспорува ...
само Тино има астрономски суми ... тоа е муабетот ... а зборува за хуманост, љубов, итн итн ... а наплаќа ко да си отишол во НАСА да се повозиш во некој ракетен симулатор :tapp: .. и сето тоа на грб на маката на народот ... јас тука не гледам ни љубов ни хуманост ..
Мислам дека ако е од бога дадено тоа неговото, нека остави народот да даде колку милува, па сепак ќе извај некој денар за него. Сумњив ми е
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Според мене мастерот е биоенергетичарот Филев. Човекот е крај. Не зима ич пари колку ке му остаиш толку. Ама глеам има станувано луѓе од инвалидски колички и што уште не. Коа одев да се лечам кај него беше магично. Праевме разни муабети дека и помагал на Ѕвезда да биде шампион “позади кулисите“ им давал некоја енергија на фудбалерите. Верувам. Мене ми го сопре растењето на диоптерот. А за тино.. можеби е почетник но не се знае во што ке се изгради. Не вреди да се дискутира за сумата која ја бара затоа што само он си знае што ке му се парите.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
Мислам дека ако е од бога дадено тоа неговото, нека остави народот да даде колку милува, па сепак ќе извај некој денар за него. Сумњив ми е
Не е од бога дадено. Тој има диплома за неговата професија, телекинеза.
Исто ко лекарите што учат факултет така и он, учел и сега бара трудот да му се исплати. Тој не е нешто над обичниот човек.
Едноставно човек кој има знеање и вештина различна од секојдневните вештиони (ако тоа може така да се нарече).
Јас навистина не знам како тој лекува ама ми е доста сумљива работата. Тој самиот кон себе е контрадикторен. Од една страна збори за бог, љубов, мир, вера а од друга страна тој не го почитува она што бог нас не учи и не се однесува како верник, т.е како хуман човек.
Значи збори за љубов а љубов не дава, бидејки љубов не е ставање на екстремно високи цени, и ставање на материјалното пред духовното.Ако тој е толку хуман и има духовна моќ која лекува, како што тој си замислува, ке свати дека не треба да става цени и дека треба да остави луѓето сами да си проценат колку вреди услугата која тој им ја прави и колку тие се способни да платат, едноставно да си рече: - Колку господ ке ми даде толку, и со тоа да биде задоволен. Само така тој на мене ке ми личи на свет човек ориентиран кон духовното а не кон материјалното.

Затоа е целата таа збунка околу него, ама тоа е има луѓе кои ке се излажат да отидат. Поздрав.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Се чудам на сите глупости напишани погоре, дали бил некој кај Тино од вас или пишувате онака како што ќе ви текне. Еве јас сум бил и еве што и како навистина им помага на луѓето. Еве едно кратко објаснување за да може да ме разберете. Во текот на животот најголем дел од луѓето поминуваат низ најразлични негативни искуства , најповеќе стрес поради начинот на живот, потоа нервоза, страв, незадоволство и многу др работи. Кои на подолго време предизвикуваат создавање многу негативна енергија односно една негативна вибрација која се создава во душата и со тоа се намалува имунитетот на душата и потоа на физичко ниво ова ќе резултира со одредени болести или состојби било физички или психички или двете заедно, секако дека понекогаш се појавуваат болести и без вакви предходни искуства, но и во вакви случаеви се делува успешно. Начинот на кој Тино им помага е следниот во текот на терапијата Тино се поврзува со божествените сили и преку него се пренесува таа божествена енергија до луѓето на кои им е потребна. Која од мое лично искуство додека навлегува во човекот предизвикува незамисливо пријатни чуства. И после терапијата потребно е 48 часа енергијата што навлегла односно што е во нас да се впие во душата при што сета онаа негативна енергија во нас се преобразува во позитивна односно она негативното исчезнува, во текот на тие 48 часа додека енергијата се впива се чуствува хармонија, чуство на удобност голема леснотија чуство на лебдење и љубов затоа што таа енергија е со иста вибрација на љубовта , и потоа сето негативно од внатре ке се исчисти и замени со позитивно и тоа на физичко ниво ќе делува со здравје и благосостојба, тоа е моето искуство, затоа не пишувајте за нешто што незнаете ништо.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
:)))))))) па мора пари за да се снимаат спотчиња
Патетичен е типот, колку ги јебе сите у здрав мозок со најосновни психолошки трикови, тоа е чудо едно.

Ама пошто цела соба и студио му се со икони, крстови, саи баби и триста чуда, тогаш сосема оправдано е од “име на бога“ за да им помогнеш на луѓе тоа да ги кошта 25ден. минута + ддв нели :) или 1500 денари третман или колку и да е.


Имаше една студија направена од психолози, дадено им е на 7 луѓе од 7 различни држави писмо со нивен профил направен од „гатач“ (т.е они мислат дека некој видовит, иначе направен е од самите психолози). После некое време ги збираат сите во студио, им викаат кажете што мислите за текстот. Сите до еден викаат „леле не ми се верува, ова го пишувал некој што ме знае дефинитивно, баш мене и мои постапки ги опишуваше, итн итн..“
Се испоставува дека сите до еден добиле до збор идентичен текст, во кој што секој е**н човек на планетава ќе се пронајде. Доволно е само да ти се каже дека баш на тебе се однесува, другото е чиста психологија и автосугестија - си ги поврзуваш работите како што тебе ти одговара.



Браво за ова, плус точно така егзорцизам вршат исклучиво попови. И за крај ОВОЈ Е ТЕЖОК ПРЕВАРАНТ МАЈКЕ МИ! Аууууу......:vozbud:
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
дали некој знае како да го најдам овој Филев? ај ве молам ако знае некој нека пише тука или ПП, итно ми треба, благодарам
 
Член од
1 февруари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, Ве молам доколку некој може да ми пише број или адреса од Ѓорѓи Филев.
Благодарам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom