Берба на зеленчук и овошје во Грција и Македонија

AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Значи, драги мои форумџии и форумџивки, од немај каде и од слаба информираност (скоро никаква) се одлучив да пишам овде и да барам надежи за разрешување на моите дилеми!

Ова лето ќе ги имам полни 18 години. Моето семејство нема толкави економски и финансиски сили за да ги задоволи сите мои потреби (знаете како е да се биде млад), но немојте да помислите дека кој знае колку сум амбициозен, или па трчам по некаков луксуз, или па сакам некои скапи работи и бла бла бла, туку под потреби сакам да подразберите секојдневно излегување в град, в дискотека, на кафе, парфеми, модни додатоци... едноставно кажано во секој момент за се и сешто да ти се најдат пари во џебот! Е сега, поради тие причини, јако се одлучив за работа ова лето, сам да си заработувам, да можам да си уживам и да не претставувам товар на никого. Тоа што го барам од вас се информации во врска со овие бербите на портокали во Грција, на јагоди исто така; потоа информации во врска со земјоделските берби во Струмица итн.. Значи сакам да најдам некоја “надничарска работа“-секојдневна исплата, добро платена, без оглед на физичката тешкотија, да поработам отприлика еден месец (а можи и повеќе), сам да си го “спечалам“ одморот и сл. Ве молам за секоја информација што ја носите во вас во врска со оваа тема и за што поскори одговори. Секој ваш збор, може да спасе еден мој летен ден хixix

Ви благодарам уште од сега!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас одев како детиште во северниот дел на Грција за берење праски, тоа е во делот кај Јаница и се ми чино селото се викаше Милотопус или така нешто. Тогаш уште беше драхмата ама беа солидна пара за тогашни времиња. Знам дека одиш еден месец, бериш праски и со парите можеше да истераш месец одмор во Бугарија како Силвио Берлускони.
Исто во Ресен бараат за јаболка барење работници на есен, ама не знам колку се плаќа.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346

Иди боље конобар работи него ли на нива во Грција..........веруј.Бев кај роднини во Грција што имаат ниви и кај нив само албанци работат.Никој друг не им работи,сите ќе видат што е на нива да се работи одма бегаат.
 
AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Јас одев како детиште во северниот дел на Грција за берење праски, тоа е во делот кај Јаница и се ми чино селото се викаше Милотопус или така нешто. Тогаш уште беше драхмата ама беа солидна пара за тогашни времиња. Знам дека одиш еден месец, бериш праски и со парите можеше да истераш месец одмор во Бугарија како Силвио Берлускони.
Исто во Ресен бараат за јаболка барење работници на есен, ама не знам колку се плаќа.
Кога започнува сезоната на праските?? Ако си информиран ќе може малку повеќе да кажеш?? :))
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 12:19 ---

Значи тешко е да се најде таква работа... и сигурно бараат искуство, а јас досега освен над книга никаде не сум работел... затоа овие можности ми се некако попримамливи, ама не знам како да дојдам до контакт до сето тоа... ://
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Во тетовско има преку лето и есен садење и берба на грав,пченка,пиперки и сл.1000 ден. е дневница од сабајле до вечер.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Кога започнува сезоната на праските?? Ако си информиран ќе може малку повеќе да кажеш?? :))
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 12:19 ---

Значи тешко е да се најде таква работа... и сигурно бараат искуство, а јас досега освен над книга никаде не сум работел... затоа овие можности ми се некако попримамливи, ама не знам како да дојдам до контакт до сето тоа... ://
Аб гледај,ретко кој се нафаќа да работи по ниви таму,а да не е албанец.Чат пат некој од Бугарија и Македонија им доаѓа,али обично фармерите таму не ги сакаат таквите многу за на нива.Им биле мрзливи или кога ќе виделе што значи да се потиш цело лето таму самите си идат.Албанци од по селата у планина од Албанија им доаѓаат само за на нива.Најголем дел едни исти им доаѓаат секое лето (ако се задоволни од нив,ако не други зимаат) и тие си носат роднини,комшии......и сл.
Ти викам подобро најди работа како келнер таму.Ем полесна работа,ем на море.........
 
AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Значи велите дека залудни ми се плановите, а? А толку бев среќен што ќе почнам сам да си ги заработувам парите... Тух тух... :(((
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 23:14 ---
Во тетовско има преку лето и есен садење и берба на грав,пченка,пиперки и сл.1000 ден. е дневница од сабајле до вечер.
За смештај сам си се снаоѓаш или...?
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
да одиш, секое искуство во животот ќе ти вреди и добредојдено ти е, верувај ми.подобро да им носиш на семејството пари од гејлада, одошто да им бараш да трошиш по шопинг во солуна.вакви деца почитувам, да сакаат да работат и да заработуваат, не биди дремикур по форуми и да чекаш цело време од мама и тато.
со среќа :)
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Значи велите дека залудни ми се плановите, а? А толку бев среќен што ќе почнам сам да си ги заработувам парите... Тух тух... :(((
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 23:14 ---

За смештај сам си се снаоѓаш или...?
Е за смештај баце,сам.И аргатите се претежно овдешни луѓе.Немам слушнато од страна некој да дошол,има пуно ваму невработени.
 
AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
да одиш, секое искуство во животот ќе ти вреди и добредојдено ти е, верувај ми.подобро да им носиш на семејството пари од гејлада, одошто да им бараш да трошиш по шопинг во солуна.вакви деца почитувам, да сакаат да работат и да заработуваат, не биди дремикур по форуми и да чекаш цело време од мама и тато.
со среќа :)
Ахахахахахахахаха Гејлада хахахаха!! Каква морална подршка :))) Сакам да одам, ако успеам да дознам како се стига до таму :)));))
 
V

Vollstandig

Гостин
Треба да најдиш некој што оди на праски и други берби за овошја. Обично кога газда наоѓа еден работник или има еден што му посредува за стално тој со провизија најдува други работници од македонија. Ако газдата дава 10 евра, ти ќе земаш 9 евра, 1 евро ќе оди провизија за тој што ти нашол работа. Е сеа, значи треба да најдиш некој што работел, или работи или планира да работи на сигурно. Со 1 месец работа незнам колку ќе донесиш, али пошто е сезонска, сигурно се плаќа добро. Мој совет, да си го отседниш летото накај патра, калаврита, пошто е мало место и можиш да се снајдиш за работа, во секое време има без разлика на економската ситуација. Или пак ако успееш за кипар, сепак ќе најдеш нешто.

За во македонија ресен одаат на јаболка, порано дневница им беше 1000 денари, али сега се намалува полека, последно мој пријател беше ресен на јаболка и земаше 600 денари дневница. Кога ќе ви речат со смештај + ручет, тогаш тоа е дека ќе ви ја ослободи шталата или соба, дел од куќа, рушевина што во секој момент над глава може да ви падни. Ако има повеќе работници, спијат и во купатила, во када, кој на перална кој на земја, али откако ќе појдиш тој месец ќе видиш само берење и ништо друго. За хигиена зависи до газдата али повеќето, ви носат лонец со топла вода па да си ја делите со пријателите позади куќа капење. Имаш можност да пробаш и сам-варен сапун од свинска кожа , што би било искуство плус за тебе.
 
AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Ауууу нее... и за леб да умирам не одам на такво место со мизерни услови... :/// Ќе се распрашувам за Грција... мислам дека е најдоборооо! :)))
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Јас одев како детиште во северниот дел на Грција за берење праски, тоа е во делот кај Јаница и се ми чино селото се викаше Милотопус или така нешто. Тогаш уште беше драхмата ама беа солидна пара за тогашни времиња. Знам дека одиш еден месец, бериш праски и со парите можеше да истераш месец одмор во Бугарија како Силвио Берлускони.
Исто во Ресен бараат за јаболка барење работници на есен, ама не знам колку се плаќа.
Eee,пријателе,зборуваш за некои дамнешни времиња кога бугарите имаа пензии од 25 евра а плати од по 40-50 сегашни евра,а јас одев на одмор со 200 евра и се осеќав таму ко шваба:) тоа е периодот после осамостојувањето на Македонија до кај 1997-8.Да,тогаш се заработуваше дебело и во Грција,можеше да работиш било што,не само земјоделски работи и да заработуваш солидно,не само за џепарац или за еден одмор,се сеќавам луѓето куќи правеа работејќи таму,ама тие времиња поминаа,еве им ги секнаа парите од ЕУ-фондовите поради измами и злоупотреби и сега ја гледаме вистинската грчка економија на дело,расклатена и никаква.Сега не би му препорачал никому да оди таму на печалба поради економската криза,немирите а и поради малите надници за кои не се исплаќа да работиш.
--- надополнето: 19 февруари 2012 во 08:05 ---
Ауууу нее... и за леб да умирам не одам на такво место со мизерни услови... :/// Ќе се распрашувам за Грција... мислам дека е најдоборооо! :)))
Мислиш во Грција ти обезбедуваат поарни услови? Оние кои работеа порано таму,на пр.берба на тутун,се има случувано "грчкиот газда" да им отстапи и цела куќа,односно голема и солидно опремена вила на 7-8 аргати кои работат на полето,а тој да се појавува еднаш неделно само заради контрола,плус надница одлична за наши услови.Кога еден аргат го прашал "газдава" како може да прави така,овој му рекол дека има 3-4 такви вили со полиња тутун,а сето тоа му е од ЕУ-фондовите?!? И сега кога ги открија што прават и им ги секнаа парите,тешко им било,епа тешко е драги наши јужни соседи! Денес,вакви примери се мега-ретки,затоа гледај да работиш во др.земја,макар што мислам дека и во Словенија да отидиш ќе се зафркнеш затоа што саатнината пред екон.криза беше 6 а сега е 3 евра,што е неисплатливо за таму,поздрав ;)
 
AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Навистина не знам како да се снајдам, а да го преседам цело лето дома - НЕМА ШАНСИ! Ајде од Грција ќе се откажам, ама и за во Мк незз како да дојдам до тие работосопственици (на пр. имам слушнато дека Ресен има работа во текот на целата година, и е добро платена, ама ко незз како да стапам во контакт)... Ексиск се :///
 
Kajgana Shop

На врв Bottom