AnGeL.BoY
г-дин Дијамант Сваровски
- Член од
- 7 септември 2010
- Мислења
- 55
- Поени од реакции
- 14
Значи, драги мои форумџии и форумџивки, од немај каде и од слаба информираност (скоро никаква) се одлучив да пишам овде и да барам надежи за разрешување на моите дилеми!
Ова лето ќе ги имам полни 18 години. Моето семејство нема толкави економски и финансиски сили за да ги задоволи сите мои потреби (знаете како е да се биде млад), но немојте да помислите дека кој знае колку сум амбициозен, или па трчам по некаков луксуз, или па сакам некои скапи работи и бла бла бла, туку под потреби сакам да подразберите секојдневно излегување в град, в дискотека, на кафе, парфеми, модни додатоци... едноставно кажано во секој момент за се и сешто да ти се најдат пари во џебот! Е сега, поради тие причини, јако се одлучив за работа ова лето, сам да си заработувам, да можам да си уживам и да не претставувам товар на никого. Тоа што го барам од вас се информации во врска со овие бербите на портокали во Грција, на јагоди исто така; потоа информации во врска со земјоделските берби во Струмица итн.. Значи сакам да најдам некоја “надничарска работа“-секојдневна исплата, добро платена, без оглед на физичката тешкотија, да поработам отприлика еден месец (а можи и повеќе), сам да си го “спечалам“ одморот и сл. Ве молам за секоја информација што ја носите во вас во врска со оваа тема и за што поскори одговори. Секој ваш збор, може да спасе еден мој летен ден хixix
Ви благодарам уште од сега!