Бебешка исхрана

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Среќна и бериќетна да ни е новата година!

Јас сум мајка на 10 месечно бебе и како и секој родител секојдневно се соочувам со нови предизвици. Потребен ми е совет за начин на преминување на тврда храна (јадење со лажичка). Имено ќерка ми се навикна повеќе на исхрана со шише и сега и е многу тешко да јади со лажица. Ќе проба само 3-4 пати и толку е, не сака да јади повеќе со лажичето. Ве молам помогнете ми како да ја одучам од шише и да почни да јади со лажица. Деновиве ми се разболе и не сакам да ја измачувам ама штом ќе се подобри ситуацијата сакам да почнам да ја одвикнувам пополека.
Секој совет е добредојден
Ви благодарам :salut:
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Ќе пробаш да и го отргнеш шишето полека, повеќе на лажица. Кога се огладнети јадат и со рака а не со лажица :))) И малку си закаснила со тврдото, јас на моите од 6 месец почнав со лажица. Купувај на почеток готови вочни, тие се потечни и благи, или пасирај да не биде со парчиња, дека ако не е навикнато ќе му се гади од парчињата :)
Ако ти треба рецепт за храна прашај :)))
 
Б

Бат Елохим

Гостин
добро а кашички до сега како јадеше бебето бе? не му ги даваше со лажичка?

инаку моите деца јадеа кашички од 4 месеци, од 6 кашички со месо, а син ми на 8 месеци јадеше парчиња месо поситно пример, стек или бифтек.

Инаку совет: секогаш кога ќе почнеш да ја одвикнуваш од нешто или обратно, не престанувај. И во периодот додека е болно бебето, не се откажувај. Не е тоа малтретирање :)
Можеби е време и шишето тотално да го исфрлиш и да почнеш со чашка со усте (јас имав на nuk). Само нормално со трпение. И што порано тоа подобро. Колку поголеми се, тоа поголем отпор ќе покажуваат.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Исто и јас од 5месец го хранев со разни кашички,готови или житни,не дека многу ги сакаше,ама моравме да се учиме и ни беше голем проблем јадењето каши.
Сега има две години и тоа што сака го јаде сам,со рака или лажица,а тоа што не му се допаѓа баш многу му го давам јас,т.е сеуште го хранам јас.

Секој ден скратувај и од млекото,и давај и кашички.
Со тек на времето и сама ке почне да не
сака млеко,ке сака нешто ново.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom