РАКОТ Е МИСТЕРИОЗНА ПОЈАВА КОЈА 600 МИЛИОНИ ГОДИНИ НАСТОЈУВА ДА ГО УБИЕ ЦЕЛИОТ ЖИВОТ
Медицинарите се почесто ги повикуваат на помош, во битката со ракот физичарите. Ним им треба поинаков поглед кон оваа болест за која САД даде повеќе пари отколку во всленската програма Еден од оние кои фрлаат ов поглед кон оваа болест е славниот астрофизичар Пол Дејвис, кој изнесе нова теорија за потеклото на канцерот
Ракот е еволуциски остаток од времето на древните форми на живот што се појавиле пред 600 милиони години, тврди славниот физичар, космолог и астробилог Пол Дејвис (66). По потекло Британец, тој со години е професор на Државниот универзитет на Аризона. Таму го втемели Beyond Center for Fundamental concepts. Тој е извонреден научен комуникатор а напишал 19 книги од популарната наука, од кои две - "Како да се направи временска машина" и "Петото чудо" се преведени на хрватски. Пред неколку дена Дејвис организираше конференција за ракот ,каде викна врвни стручњаци од различни профили, вклучувајќи ја и младата хрватска научна ѕвезда, д-р Томислав Домазет Лоша од Институтот "Руѓер Бошковиќ".
КВАНТНА МЕХАНИКА "Томислав е еден од клучните учесници на конференцијата. Неговата работа е пресудна за нашите настојувања да го следиме генетското потекло на туморот од пред стотина милиони години" - ми вели Пол Дејвис. Бидејќи постојано го опседнуваат новинари од целиот свет, а и самиот пишува за лондонски "Гардијан", до Дејвис не се оди директно, туку преку неговата асистентка. Таа не ми даде многу надеж дека Дејвис ќе има време за мене следната недела. Но, пресуди фактот што сум хрватска новинарка, бидејќи, Дејвис беше заинтригиран од истражувањата на Домазет Лоша за тоа како генетските болести кај човекот се човеково дамнешно еволуциско наследство.
- Тој вид на истражување треба да се прошири, бидејќи, Томислав го откри она што го сметаме за важен клуч за потеклото на ракот во нашата праисторија - ми вели Дејвис. Но, бидејќи е Дејвис физичар, преокупиран со настанокот на вселената и потрагата за живот надвор од Земјата, прашање е како тој се заврте кон историјата на ракот?
- Пред четири години ме повика Ана Баркер, тогаш заменичка на директорот на Американскиот институт за рак во Бетешди. Ми рече дека ми треба моја помош во нејзината "војна со туморите", објавена пред 40 години од страна на претседателот Никсон. Иако во оваа војна се вложени огромни пари, многу поголеми од оние во НАСА за освојување на вселената, непријатна е вистината дека шансите за преживување кај пациентите со метастатски тумори е малку подобар од пред 40 години. Баркер ме викна и ме праша дали како физичар можам да помогнам во борбата со ракот, признавајќи дека бил шокиран со поканата.
- Па, јас се бавам со космологија и квантна механика и не знам ништо за канцерот - и реков на Баркер, која подготвена на оваков одговор веднаш ми рече дека токму тоа би и помогнало - како физичар имам свеж пристап кон болестите, неоптоварен со медицинските истражувања - вели Дејвис. Националниот институт за рак кон крајот на 2009 година втемели 12 институти каде физичарите на чело со онколозите ги проучувале туморите. Иако е во доба кога научниите главно планираат пензија, Дејвис ентузијастички приде кон истражувањето, за задно со австралискиот колега Чарлс Линевивер, неодамна во едно научно списание (Physical Biology) ја лансираат новата теорија за ракот.
ЕНИГМАТА НА РАКОТ "Најстрарите траги на животот датираат од пред 3,5 милијарди години, додеке покомлексните, повеќекелиски организми се развиле пред 1 милијарда или 600 милиони години. За едноќелиските животни императивот бил да се размножуваат и тие се практично бесмртни - вели Дејвис. -
Ние развивме теорија дека ракот е еволуциски атавизам, заостанат од нашите најрани претци - еднокелиските организми, кои започнале да развиваа повеќелиски организми и органи. Гените кои ги контролирале тие однесување на повеќекелиските организми се уште се во нас, иако нашите клетки сега ги контролираат поновите гени. Кога тие нови, котролирачки гени ќе ме издадат во некој миг, стариот механизам го зема приматот и ќелијата започнува неконтролирано да се дели, па така се развива туморот - смета Дејвис.
Дека ракот е наше древно еволуциско наследство, смета и Томислав Домазет Лошо, кого го фатив во авион, кога се враќавме во Хрватска. -
Ракот е стар најмалку колку и претците на животните, околу 600 милиони години. Тоа неодамна го покажав и во своите трудови - рече Домазет Лошо, кој на конференцијата во Аризона говореше за еволуцијата, ембриологијата и туморите. - На конференцијата се обидоме да отвориме нови погледи кон туморските истражувања низ аголот на еволуционата биологија. Мислам дека тука физичарите можат многу да помогнат. Имено, ние имаат добро истестиран научен приод и можат да видат нешто што медицината го пропуштила премногу блиско седејќи до проблемите со ракот. Науката е единствена, поделбите се повеќе работа на административна органзиација - трди Домазет Лошо.
Пол Дејвис пак демонстрираше конкретен пример како физичарите можат да помогнат во борбата со ракот:
- Околу 90 отсто од смртноста на ракот се резултат на метастазите. Но, кога ќелии на канцерот ќе се создадат во некои оддалечени делови на телото, тие таму можат да стојат со децении. Само со манипулација со некои елементи како што е влажноста или темпертурата можеме да направиме тие ќелии на микротумори таму и да останат подолго. Ракот, доколку се повторува по 50 години е помал проблем отколку ако се повтори после пет години! - вели Дејвис кој додава дека на ракот треба да гледаме како на состојба која треба да се контролира, отколку како на болест која треба да се лекува. Нашиот разговор го продолживме на темата на колонизацијата на вселената и вонземниот живот. На оваа тема тој има многу контраверзни текстови и книги.