Балканска лига

  • Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Можеби би можела да профункционира ваква лига.
Еве како мислам дека би било најдобро да биде.Најдобрите 2 тима до Црна Гора,Македонија,БиХ и Словенија и најдобрите 4 од Бугарија,Хрватска и Србија.Се на се 20 претставници.А нациoналните првенства да бидат нешто како втора лига.Од првата лига би испаѓале последните 4 тима.А од националните првенства првите два тима би играле квалификации за прва лига(14 екипи во тие квалификации,од 7 првенства по 2 претставника) и најдобрите 4 одат во прва лига.Тогаш проблем па би биле местата за во евро куповите.

Многу тешко е остварлива ваква лига.Можеби некогаш ќе се направи некој турнир за време на пуза,но лига не верувам.
 
П

Паспарту

Гостин
В година турнир на балканските прваци!?

Турнир на кој ќе учествуваат прваците на Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Словачка, предлагаат словенските фудбалски челници, по состанокот што оваа недела се одржа во Блед. На состанокот на официјални претставници од федерациите на овие земји немало никакви конкретни решенија ниту дискусија за формирање регионална балканска лига. Идејата за балканска лига е дамнешна идеја, но засега останува далеку од реализација.

- Сега за сега нема ништо. Како многупати досега имаше само разговори. За реализација на ваквата замисла потребни се конкретни писмени предлози и решенија, по кои УЕФА дополнително би расправала и решавала - вели генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер, кој беше дел од состанокот во Блед.

Во отсуство на вистинска идеја и конкретни предлози за формирање на регионална лига, челниците на словенечка федерација предлагаат прво да се организира турнир на прваците на можните земји-учеснички во овој проект. Со овој турнир би се тестирал интересот за земјите потенцијални учеснички во балканската лига.

- Би можеле в година, кога нема да има ниту ЕП ниту СП, во мај да организираме турнир на прваците. На него би учествувале шампионите на лигите во овие простори, односно сите оние што би сакале да бидат дел од оваа лига. Со турнирот можеме да го опипаме пулсот на јавноста, медиумите, спонзорите и гледачите, кога е во прашање регионалната балканска лига - вели претседателот на Словенечката фудбалска федерација, Иван Симиќ.

Од УЕФА најавиле дека немаат ништо против формирање балканска лига, но мора да го разгледаат проектот. Од европската куќа велат дека би поддржале секаква лига која би била добра за фудбалот. (Т.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0B9D0298A4E1E74185B0B532AA7A8242
 
П

Паспарту

Гостин
Колку бедно размислување на овие од Звезда... Да беа некој екстра клуб, клуб кој може да помине неколку кола во Европа и кој без проблеми ќе ги поминува барем групите во купот на Уефа, па ајде човек да ги разбере, а вака... :toe: Ако одиме според нивното размислување, тогаш Динамо, Стеауа, Униреа, Клуж и уште неколку други, треба или да не учествуваат поради тоа што другите екипи се "слаби" или пак да си направат сопствена лига овие 4-5 клуба.

Балканска лига е потребна за подобрување на фудбалов во цела бивша Југославија, а приклучувањето на романски клубови ќе биде еден голем плус.

Од толку што е добра таа Јелен лига, стадионите се попразни и од нашиве...

Политичките проблеми ги ставам на страна, но да не се учествува поради тоа што според нив немало конкуренција, а замисли и самите они не се ништо повеќе отколку просечен балкански клуб, стварно не можам да сфатам...
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19

Комплетно се согласувам со тебе. Стварно се многу очајни овие од Ѕвезда, нека почне една година лигата без нив, сигурен сум дека од следната сезона ќе бараат да се приклучат. Смешни се, си мислат дека се некој квалитетен клуб, а реално не се ништо повеќе од останатите клубови од регионов.

Добро е што се повеќе се дискутира за ваква лига, да се надеваме дека конечно и ќе се случи во наредните години.
 
Фората е што Ѕвезда во балкнаската лига нема да има подобар пласман од 4 место,а богами и за тоа место ќе треба ептен да се избори.

Мене пак попримитивни ми се размислувањата на навивачите(дел од нив) кои не сакаат во лига едни со други.Ако треба ќе гледаат селски фудбал,ама со србин/хрват во иста лига не:tapp:Ги читав хрватските и спрските коментари пополно се исти,само што место срби пишува хрвати и обратно.
 
За да не ме сфатат другите погрешно, немам јас ништо против Звезда, само дадов свое размислување + факти зашто не би требало да ги омаловажуваат другите екипи. Тоа што биле некој и нешто пред 20 години, не го менува фактот дека сега не се ништо над балканскиот просек, сигурен сум дека само во Романија има 5-6 подобри екипи...

Не е во прашање само квалитетот на Звезда, туку општо на сите екс ју клубови. Сите се удираат во гради, а кога играат во некој европски куп не можат на екипи од Израел и Кипар да парираат (3то и 4то пласирани). Значи кога зборуваме за квалитет, сигурен сум дека на многу клубови ќе им помогне таквата лига.

Фората е што Ѕвезда во балкнаската лига нема да има подобар пласман од 4 место,а богами и за тоа место ќе треба ептен да се избори.

Мене пак попримитивни ми се размислувањата на навивачите(дел од нив) кои не сакаат во лига едни со други.Ако треба ќе гледаат селски фудбал,ама со србин/хрват во иста лига не:tapp:Ги читав хрватските и спрските коментари пополно се исти,само што место срби пишува хрвати и обратно.
Ги читав пред малку коментарите на линкот што го поставил Никола Те и искрено не знаев дали да се смеам или да плачам. Од 50 коментари, нема ниту еден поврзан со лигата, сите се со препукување, србите ова, хрватите она и обратно...

Најочајни коментари беа оние каде што кажуваат дека со формирање на таква лига би се изгубиле центрите како Ниш и Крагујевац, а од толку што се "форсираат" овие градови и нивните клубови, последниве неколку години се повеќе и повеќе тонат... Стадионот во Ниш е пред распаѓање, салата исто, клубот во 2 или 3 лига итн...
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ако се игра лигава на стадионите нема да има повеќе гледачи. Само мит е дека сите ќе се напалат на Динамо и Хајдук у Србија. Тоа едино кај нас може да се деси, као тотално неизживеани да се попалат да идат да ги гледаат Динамо или Партизан, а да ги боли уво кој игра за Вардар. У превод, би иделе да ја гледаат противничката екипа. Ебемти навијачи и симпатизери со такви ставови.
Повеќе од сигурен сум дека навијачките групи ќе го бојкотираат ова натпреварување. Па нека има бабускери по стадион, ако тоа го сакаат за појше пари да напраат.

Тоа што претставниците на клубовите го имаат како генерален став е само пуштање водичка. Да се види кој од останатите како ќе изреагира. И они забораиле за званичните ставови на навијачките групи. Досега само Мамиќ отворено кажа дека е ЗА, а БББ се строго против. Лукиќ од Звезда е крајно нормален,свесен и паметен да увиди дека Делије како радикална и националистичка група се против лигата. Оној Грубор од ПФЦ рекол дека е ЗА ... извини друже, на југ ќе имаш 0 гробари да те бодрат. Хајдук е исто неодлучен.
Овие ги прокоментирав затоа што се топ-4 екипи и нема потреба сеа од инсинуации од типот дека Звезда не сака да игра затоа што не би била успешна. На карти да не гледате кој како би изиграл?
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Не ми е јасно што бараме ние со вакви клубови да се брукаме во оваа евентуална балканска лига:toe:
 
vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Ако се игра лигава на стадионите нема да има повеќе гледачи. Само мит е дека сите ќе се напалат на Динамо и Хајдук у Србија. Тоа едино кај нас може да се деси, као тотално неизживеани да се попалат да идат да ги гледаат Динамо или Партизан, а да ги боли уво кој игра за Вардар. У превод, би иделе да ја гледаат противничката екипа. Ебемти навијачи и симпатизери со такви ставови.
Повеќе од сигурен сум дека навијачките групи ќе го бојкотираат ова натпреварување. Па нека има бабускери по стадион, ако тоа го сакаат за појше пари да напраат.

Тоа што претставниците на клубовите го имаат како генерален став е само пуштање водичка. Да се види кој од останатите како ќе изреагира. И они забораиле за званичните ставови на навијачките групи. Досега само Мамиќ отворено кажа дека е ЗА, а БББ се строго против. Лукиќ од Звезда е крајно нормален,свесен и паметен да увиди дека Делије како радикална и националистичка група се против лигата. Оној Грубор од ПФЦ рекол дека е ЗА ... извини друже, на југ ќе имаш 0 гробари да те бодрат. Хајдук е исто неодлучен.
Овие ги прокоментирав затоа што се топ-4 екипи и нема потреба сеа од инсинуации од типот дека Звезда не сака да игра затоа што не би била успешна. На карти да не гледате кој како би изиграл?
секојдневно го читам форумот на Гробари и не знам од каде ти е оваа идеја дека нема ич да идат на утакмиците на Партизан:toe:
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
секојдневно го читам форумот на Гробари и не знам од каде ти е оваа идеја дека нема ич да идат на утакмиците на Партизан:toe:

А пишале ли дека ќе идат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom